апчиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 08:36:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апчиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ризични по здравјето на граѓаните: Запленети 4 тона апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/#respond Thu, 07 Sep 2023 08:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=875615

Спречена нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства. Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија и е различно декларирана. Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје. Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце. -Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови. Во оваа насока, ќе продолжиме да дејствуваме против нелегална трговија која претставува опасност за нашите граѓани. Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност, велат од Царина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/feed/ 0
Со лековите бидете посебно внимателни во лето: Каде треба да ги чувате апчињата, а каде капките и кремите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-lekovite-bidete-posebno-vnimatelni-vo-leto-kade-treba-da-gi-chuvate-apchinata-a-kade-kapkite-i-kremite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-lekovite-bidete-posebno-vnimatelni-vo-leto-kade-treba-da-gi-chuvate-apchinata-a-kade-kapkite-i-kremite/#respond Sun, 30 Jul 2023 13:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=861716

Кога станува збор за безбедноста на лековите, почесто се зборува за чување на лековите подалеку од дофат на деца или строго следење на пропишаната доза. Кујната е необично место за чување лекови, за нив нема место ниту во спалната соба, што значи дека бањата е логичен избор. Но, фармацевтите велат дека тоа е веројатно најлошото место за домашна аптека. Лековите таму се изложени на висока влажност, што веројатно ќе предизвика губење на ефикасноста, според здружението на германски фармацевти BAH. -Ова исто така важи и за неотворена кутија со лекови. Наместо тоа, повеќето лекови претпочитаат ладни и суви места, што значи температура меѓу 15 и 25 степени Целзиусови, пренесува ХИНА. Лековите не треба да се изложуваат на високи температури или висока влажност. Лековите за кои е потребно ладење го имаат ова наведено на пакувањето или вашиот лекар ќе ви го привлече вниманието на тоа. Кога живата во термометарот ќе надмине 25 степени Целзиусови, најдобро би било повеќето лекови и козметички производи да бидат на ладно место, заштитено од директна топлина, светлина и влага. Доколку лекот не е соодветно складиран, активните супстанции може да се распаднат и со тоа да се намали ефикасноста на лекот. Во исто време, може да дојде до промена на органолептичките својства, односно промена на бојата, конзистентноста, мирисот и вкусот. Антибиотиците треба да се чуваат во фрижидер кога температурите се високи, бидејќи, на пример, би ја изгубиле стабилноста и ефективноста на собна температура. Капките, вагиналните таблети, инхалаторите, инсулинските инјекции треба да се чуваат на температура од два до осум Целзиусови степени. Експертите предупредуваат дека лековите не треба да се чуваат на температура под нулата бидејќи ќе замрзнат, што ја намалува нивната ефикасност. Ако е крема, ќе биде сомнително ако има грутки. Промената на бојата и чудниот мирис треба да се сметаат за предупредувачки знаци дека нешто не е во ред и со мастите или геловите. Во основа, ако лекот изгледа поинаку од вообичаеното, не треба да се користи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-lekovite-bidete-posebno-vnimatelni-vo-leto-kade-treba-da-gi-chuvate-apchinata-a-kade-kapkite-i-kremite/feed/ 0
Има лекови кои никако не смеете да ги кршите на пола кога ги пиете, дознајте КОИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-lekovi-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-krshite-na-pola-koga-gi-piete-doznajte-koi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-lekovi-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-krshite-na-pola-koga-gi-piete-doznajte-koi/#respond Mon, 05 Dec 2022 15:42:07 +0000 https://kurir.mk/?p=771353

Кршењето на таблетите на два или три дела може сериозно да го намали ефектот, бидејќи на тој начин пациентот може да внесе во организмот помала или поголема количина медикамент. Ако сте добиле рецепт за некој лек, сигурно докторот ви рекол дека после одредено време не мора да ја земате целата доза ако се чувствувате подобро. Ова понекогаш може да биде многу поздрав и поевтин начин на лекување, но постои опасност да дојде до несакани реакции. Дозволено е да ги кршите апчињата кои на својата половина имаат исцртана линија. Не смеете да ги кршите таблетите за спиење. Доколку сакате да го намалите нивниот ефект, бидејќи кај овие и поедини други апчиња, здравите состојки „пливаат“ во самото апче, па со нејзиното кршење не добивате рамномерна количина од лекот кој би требало да помогне. Иако некои апчиња е дозволено да се кршат, најдобро е секогаш да се консултирате со докторот или фармацевтот, особено ако имате работа со потешки медикаменти. Никако не смеете да ги кршите обложените апчиња, гел капсулите и таблетите со продолжено пакување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-lekovi-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-krshite-na-pola-koga-gi-piete-doznajte-koi/feed/ 0
Суплемент кој го зголемува ризикот од коронавирус, но само кога се пие во големи дози https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/suplement-koj-go-zgolemuva-rizikot-od-koronavirus-no-samo-koga-se-pie-vo-golemi-dozi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/suplement-koj-go-zgolemuva-rizikot-od-koronavirus-no-samo-koga-se-pie-vo-golemi-dozi/#respond Sat, 03 Sep 2022 16:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=728261

Најновата студија покажа дека популарниот витамински додаток на храна во прекумерни количини тројно го зголемува ризикот од смрт од корона вирусот, пишува „Експрес“. Студијата за здравствени податоци од Велика Британија покажа дека фолната киселина е поврзана со зголемен ризик од разболување и смрт од ковид-19. Истражувањето беше објавено во списанието „BMJ Open“ и откри загрижувачка поврзаност на фолната киселина со ризикот од корона вирус. Луѓето кои земале фолна киселина имале 1,5 пати поголеми шанси да заболат од Ковид, како и 2,6 пати поголема веројатност да умрат од корона вирусот во споредба со контролната група. Истражувачкиот тим анализирал голема група пациенти запишани во голема биомедицинска база на податоци која содржи здравствени информации на половина милион луѓе. – Испитавме дали дијагнозата и смртта на Ковид-19 се поврзани со висока доза на фолна киселина – пет пати поголема од безбедната горна граница, која им беше препишана на пациентите поради голем број медицински одобрени индикации. Откривме дека постои значителен ризик од инфекција и смрт од ковид-19 во групата третирана со фолна киселина – изјави Ралф Грин, експерт за витамини и угледен професор на Катедрата за патологија и лабораториска медицина. Фолната киселина е синтетичка форма на витамин Б9, познат и како фолна киселина. Фолната киселина му помага на телото да создаде здрави црвени крвни зрнца и се наоѓа во одредени видови храна. Фолната киселина е пропишана за различни состојби, вклучувајќи српеста анемија, високоризични бремености и напади. Фолната киселина се користи и за намалување на некои несакани ефекти кај пациенти кои земаат метотрексат, лек кој се користи за лекување на неколку видови рак и некои автоимуни болести. Истражувачите објаснуваат дека корона вирусот ја „киднапира“ фолната киселина на домаќинот за вирусна репликација. Авторите на студијата велат дека лекарите треба да бидат внимателни при прекумерното внесување на фолати и дека нивните резултати треба да се земат предвид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/suplement-koj-go-zgolemuva-rizikot-od-koronavirus-no-samo-koga-se-pie-vo-golemi-dozi/feed/ 0
Фејсбук и Инстаграм ги забранија објавите за апчиња за абортус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-i-instagram-gi-zabranija-objavite-za-apchinja-za-abortus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-i-instagram-gi-zabranija-objavite-za-apchinja-za-abortus/#respond Wed, 29 Jun 2022 10:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=697253

Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците кои нудат пристап до апчиња за абортус. Официјално, причината е кршењето на правилата за фармацевтски производи. Откако американскиот Врховен суд го укина правото на абортус, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои се нудат пилули за абортус и испраќање по пошта на луѓе кои веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе бидат оневозможени. Но, објавите набрзо беа отстранети, а тоа го покажала и тест-објавата на некои западни медиуми, која била отстранета за една минута. Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така забранети, со истите правила на „Мета“. Сепак, во тестот на „Верџ“, на пр., со намерна објава поврзана со испраќање марихуана по пошта, таа не била отстренета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-i-instagram-gi-zabranija-objavite-za-apchinja-za-abortus/feed/ 0
Малолетничка од Куманово се предозирала со апчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-od-kumanovo-se-predozirala-so-apchinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-od-kumanovo-se-predozirala-so-apchinja/#respond Mon, 11 Feb 2019 07:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=162466

Надлежните од одделението за педијатрија од кумановската болница пријавиле во полиција дека вчера кај нив родители донеле 14-годишно девојче од Куманово, кое испило 20 таблети. Како што соопшти денеска СВР Куманово, девојчето било донесено во болницата во 10 часот и по укажаната лекарска помош е испратено во Клинички Центар Скопје. За случајот известен е и јавен обвинител]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-od-kumanovo-se-predozirala-so-apchinja/feed/ 0
Жител на Градско испил апчиња со алкохол- во кома пренесен на Токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-gradsko-ispil-apchinja-so-alkohol-vo-koma-prenesen-na-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-gradsko-ispil-apchinja-so-alkohol-vo-koma-prenesen-na-toksikologija/#respond Thu, 05 Apr 2018 10:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=36794

Ч.П. (58) жител на Градско испил апчиња со алкохол и во тешка здравствена состојба во кома бил однесен во Клиниката за токсикологија во Скопје. Како што информираат од СВР Велес, на 3 април годинава вечерта околу 19:30 часот од дежурниот лекар на Итна медицинска помош Велес кај нив било пријавено дека лицето Ч.П било донесено во тешка здравствена состојба предизвикана со испивање на поголема количина апчиња и алкохол. Тој бил во кома и веднаш бил упатен на лекување во Клиника за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека станува збор за 58 годишник од Градско кој е психички болен и непресметлив. Тој веќе еднаш си ја палел куќата, а по овој настан, според нив, треба да биде згрижен во соодветна установа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-gradsko-ispil-apchinja-so-alkohol-vo-koma-prenesen-na-toksikologija/feed/ 0