апелација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 14:03:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апелација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Укината првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“, предметот вратен на повторно постапување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/#respond Tue, 17 Oct 2023 14:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889875

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик- Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. - Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ.од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се вели во соопштението од Апелационен суд Скопје. Од Апелација, посочуваат дека вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21.12.2022 година. Основниот кривичен суд во Скопје во април 2022 година го осуди на казна затвор од 3 години и 6 месеци првоосомничениот за случајот „Топлик“, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Претседателот на Комисијата Томе Ѓурчиловски доби затворска казна во траење од три години, додека останатите членови на комисијата добија условни казни затвор од две години. Според обвинението за предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/feed/ 0
На 5 јуни нова јавна седница за кривичниот предмет „Меѓународен сојуз” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-5-juni-nova-javna-sednitsa-za-krivichniot-predmet-megunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-5-juni-nova-javna-sednitsa-za-krivichniot-predmet-megunaroden-sojuz/#respond Tue, 25 Apr 2023 08:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=827258

Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз" закажана за ден 24.04.2023 година се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција, соопштија денеска од Апелациниот суд Скопје. Во соопштението се наведува дека Б.Ј. се уште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега. - За обвинетата J.Е. нема уредна достава, за во судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е до бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса. Заради тоа судот насрочи нов термин за јавна седница на 05.06.2023 година во 11:00 што странките и присутната јавност беа усно известени, информираат од Апелација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-5-juni-nova-javna-sednitsa-za-krivichniot-predmet-megunaroden-sojuz/feed/ 0
Извештајот од работната посета на Апелација денеска на седница на Судски совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-od-rabotnata-poseta-na-apelatsija-deneska-na-sednitsa-na-sudski-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-od-rabotnata-poseta-na-apelatsija-deneska-na-sednitsa-na-sudski-sovet/#respond Wed, 11 Jan 2023 06:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=785754

Судскиот совет на денешната 427 седница треба да го разгледа извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија. Одлуката за работна посета, Судскиот совет ја донесе на итна седница на 19 декември минатата, година, по реакциите во јавноста, откако скопска Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина“ и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК. На дневен ред на 427-та седница на Судскиот совет, меѓу другото, се и разгледување на Извештај од работна посета на Апелационен суд Гостивар и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-od-rabotnata-poseta-na-apelatsija-deneska-na-sednitsa-na-sudski-sovet/feed/ 0
И САД се огласи за одлуките на Апелација за укинување на пресудите во случајот Таргет-тврдина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/#respond Mon, 19 Dec 2022 11:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=777549

Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушкување и „Трезор“, двата со укинати пресуди од Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков. Оттаму не навлегуваат во коментирање на ваквите одлуки на судиите. Но се децидни дека Мијалков останува на т.н. црна листа на САД. “Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет-тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила“, велат од Амбасадата на САД за „А1он“. Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна. Претходно Мијалков беше ослободен за случајот „Трезор“. Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/feed/ 0
Апелација појаснува зошто ја укинала пресудата за „Таргет-Тврдина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/#respond Mon, 19 Dec 2022 10:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=777531

Советот на Апелациониот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелациониот суд, утврдил дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда е укината поради сторени суштествени повреди на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11, став 2 и став 3 од ЗКП како и повреди на кои судот внимава по службена должност во смисла на член 427 в.в. член 375 од ЗКП, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Воедно, како што посочуваат од Апелациониот суд Скопје, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема. Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“. Апелациониот суд Скопје, во петокот, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. За случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, Ковачевски го ослободи миленикот на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravdata-so-sdsm-na-vlast-e-mislovna-imenka-kovachevski-go-oslobodi-milenikot-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravdata-so-sdsm-na-vlast-e-mislovna-imenka-kovachevski-go-oslobodi-milenikot-na-zaev/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=626314

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката со која на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски му е укинат домашниот притвор. Од партијата истакнуваат дека правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, доказ за тоа е и ослободувањето на Драги Рашковски. -Пиунот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев. Рашковски се смее на правдата во лице, наместо во затвор му се укина и куќниот притвор. Останаа недоговорени прашања по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850.000 евра за багери!? Рашковски е човек кој што го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а којшто не е одговара на системот на камери, се наведува во соопштението на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Рашковски го негираше и „Леонардо“, па излезе аудио-снимка којашто ја потврди. Скандалот ШИК Јелак како и другите останаа нерасчистени. Советот на Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор. Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот. Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција. -Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои во одлуката на Апелациониот суд Скопје. Исто така, во образложението на одлуката се вели дека Мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба од тоа, а најдолго до правосилноста на пресудата, а судот по службена должност на секои два месеци преиспитува дали има потреба за траење на мерката на претпазливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pravdata-so-sdsm-na-vlast-e-mislovna-imenka-kovachevski-go-oslobodi-milenikot-na-zaev/feed/ 0
Апелација ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-gi-ukina-pritvorite-za-dragi-rashkovski-i-trajko-veljanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-gi-ukina-pritvorite-za-dragi-rashkovski-i-trajko-veljanovski/#respond Thu, 03 Feb 2022 07:53:25 +0000 https://kurir.mk/?p=626227

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељановски, објави МКД.мк. Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-gi-ukina-pritvorite-za-dragi-rashkovski-i-trajko-veljanovski/feed/ 0
Апелацијата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/#respond Wed, 22 Dec 2021 12:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=611647

Сашо Мијалков и дефинитивно заминува дома. Како што потврдија од судот, на него му била прифатена гаранција од 11 милиони евра дека ќе биде достапен за судскиот процес кој се води против него. Покрај гаранцијата, Мијалков е должен еднаш неделно да се јавува во Судот а издадена е забрана да му биде издаден пасош. Мијалков во случајот „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а за што Обвинителството предложи да му биде изречен притвор. Во случајот „Таргет – тврдина“, пак, Мијалков со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против него се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство, токму по предлог на Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-ja-prifati-garancijata-od-nad-11-milioni-evra-mijalkov-izleguva-od-pritvor/feed/ 0
Апелација ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/#respond Wed, 28 Jul 2021 11:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=543043

Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 3“, ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, и ја укина првостепената пресуда. – По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје. Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година. Судијката Марија Клетничка при објавување на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/feed/ 0
Апелација ќе расправа за жалбите за затворските казни за Боки 13 и Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-kje-rasprava-za-zalbite-za-zatvorskite-kazni-za-boki-13-i-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-kje-rasprava-za-zalbite-za-zatvorskite-kazni-za-boki-13-i-katica-janeva/#respond Mon, 10 May 2021 06:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=508241

Апелацискиот суд во Скопје денеска на седница треба да ги рагледа жалбите за првостепената пресуда за случајот „Рекет“ со која Бојан Јовановски – Боки 13 е осуден на девет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, или предметот да го врати на повторно судење. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори во јули, а судењето почна во ноември 2019 година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се водеше судска постапка во Основниот кривичен суд – Скопје во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството. Пресудата со која Јовановски доби девет, а Јанева седум години затвор беше изречена на 18 јуни 2020 година. Јовановски и Јанева во моментов се наоѓаат во домашен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-kje-rasprava-za-zalbite-za-zatvorskite-kazni-za-boki-13-i-katica-janeva/feed/ 0