апелациски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Oct 2021 07:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апелациски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американскиот Апелациски суд со одлука дека може да продолжи протерувањето на мигрантските семејства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=571115

Американскиот Апелациски суд одлучи администрацијата на Џо Бајден да може да продолжи со протерување на мигрантските семејства фатени на американско-мексиканската граница. Американските центри за контрола и превенција на болести, предводени од поранешниот претседател Доналд Трамп, во март 2020 година издадоа декрет, познат како член 42, во кој се наведува дека е неопходно да се ограничи ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, федералниот судија на 16 септември одлучи дека мерката не може да се примени за мигрантските семејства, но администрацијата на претседателот Бајден ја обжали одлуката. Во неговата првобитна пресуда против администрацијата на Бајден, американскиот судија Емет Саливен од Окружниот суд во Колумбија изјави дека законот за јавно здравје врз основа на кој се заснова политиката од член 42, не дозволува протерување мигранти. „Протерувањето на барателите на азил им ја одзема „можноста да бараат хуманитарни придобивки“ на кои тие имаат право според законот за имиграција“, напиша тој. Наредбата на судијата важеше само за семејствата, а не и за самците. Уредбата требало да стапи на сила во четвртокот, но администрацијата на Бајден поднела жалба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/feed/ 0
Апелација денеска не расправала за притворот на Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-deneska-ne-raspravala-za-pritvorot-na-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-deneska-ne-raspravala-za-pritvorot-na-boki-13/#respond Mon, 02 Dec 2019 19:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=272373

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски. Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда. -Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд. Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“. Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, кои се наоѓаат во домашен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-deneska-ne-raspravala-za-pritvorot-na-boki-13/feed/ 0
Апелација потврди- Јанева останува во Шутка поради можност за бегство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-potvrdi-janeva-ostanuva-vo-shutka-poradi-moznost-za-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-potvrdi-janeva-ostanuva-vo-shutka-poradi-moznost-za-begstvo/#respond Tue, 01 Oct 2019 11:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=246639

Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена. Но апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари. Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспитра одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор. Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-potvrdi-janeva-ostanuva-vo-shutka-poradi-moznost-za-begstvo/feed/ 0
Адвокат Дангов: Преседан е да се донесе решение без можност за жалба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-dangov-presedan-e-da-se-donese-reshenie-bez-moznost-za-zalba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-dangov-presedan-e-da-se-donese-reshenie-bez-moznost-za-zalba/#respond Tue, 10 Apr 2018 14:03:19 +0000 https://kurir.mk/?p=38664

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет. Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби. Да се донесе решение без можност за жалба, е преседан според адвокатот Дангов. - Според членот 440 став 1 барам да ми се овозможи рок за жалба против ова решение. Според член 36 од КЗП треба да ми биде дозволена жалба во даден рок. Понатамошните дејствија би биле преземени со повреда на процесната постапка, рече Дангов. Изземање на судскиот совет побара и адвокатот Боро Тасевски, кој своето барање го образложи дека постои сомнеж кај него за пристрасност на судиите. Судијата Кацарска го одби барањето на Дангов, а за барањето на Тасевски даде пауза од нови 20 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-dangov-presedan-e-da-se-donese-reshenie-bez-moznost-za-zalba/feed/ 0
Одбиени барањата за изземање на Џолев и Судечкиот совет за „Тенк“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-baranjata-za-izzemanje-na-dzolev-i-sudechkiot-sovet-za-tenk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-baranjata-za-izzemanje-na-dzolev-i-sudechkiot-sovet-za-tenk/#respond Tue, 10 Apr 2018 12:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=38607

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет. Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено. Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува. Адвокатите на обвинетите укажаа дека секој од нив поединечно има право да поднесе барање за изземање. Претходното барање за изземање, како што образложија адвокатите, беше поради тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани. Во случајот „Тенк„ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-baranjata-za-izzemanje-na-dzolev-i-sudechkiot-sovet-za-tenk/feed/ 0