Апелационен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 16:34:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Апелационен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелација се правда: И казната од осум години за Ангелче е највисока досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/#respond Tue, 15 Aug 2023 12:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=866970

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица. – Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација. Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности. – Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација. Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци. – Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/feed/ 0
Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на обвинителот Рајчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/#respond Fri, 19 May 2023 07:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=836161

Апелацискиот суд Скопје денеска го одби барањето на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, за иземање на обвинителот Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. На изминатата расправа во Апелација обвинетиот Стаменковски, побара иземање на обвинителот Рајчев, бидејќи, според него, тој соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди. По поднесеното барање одлучуваше Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи, вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, исто така, беше споменат во барањето. На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал. При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/feed/ 0
Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата од 20 години затвор за кавадарчанецот Хамза Сафет за убиство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsioniot-sud-skopje-ja-potvrdi-presudata-od-20-godini-zatvor-za-kavadarchanetsot-hamza-safet-za-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsioniot-sud-skopje-ja-potvrdi-presudata-od-20-godini-zatvor-za-kavadarchanetsot-hamza-safet-za-ubistvo/#respond Wed, 17 May 2023 13:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=835391

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата од 20 години затвор за кавадарчанецот Хамза Сафет за убиство, донесена од Основен суд Кавадарци, потврди денеска за МИА, претседателот на Судот, судијата Лазар Нанев. Според пресудата на Основен суд Кавадарци, кавадарчанецот е виновен за кривично дело „убиство". Тој е роден 1976 година во Неготино и бил осудуван и досега. Во пресудата пишува дека е виновен, бидејќи на 15 ноември 2021 година, околу 23.30 часот, во дворот пред куќа во Кавадарци, лишил од живот едно лице, кое пристапило да раздели двајца во меѓусебна тепачка, од кои едниот бил токму обвинетиот. Обвинетиот, со голем кујнски нож долг 31 сантиметар, со остро рамно сечиво долго 16 сантиметри и широко 3.3 сантиметри, со дрвена рачка замотана со црна трака за изолирање, го прободел лицето што се обидело да ја прекине тепачката меѓу обвинетиот и друго лице. - Свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со што му задал повреда - убиден канал во срцето со должина од 18 сантиметри, а од која починал на пат до Службата за итна помош при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, пишува во пресудата. Оштетените, за остварување на своето оштетно побарување, се упатени на граѓанска парница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsioniot-sud-skopje-ja-potvrdi-presudata-od-20-godini-zatvor-za-kavadarchanetsot-hamza-safet-za-ubistvo/feed/ 0
Апелацијата одлучи: Зеќири останува во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-odluchi-zekjiri-ostanuva-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-odluchi-zekjiri-ostanuva-vo-pritvor/#respond Tue, 31 May 2022 12:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=684247

Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Ова е конечната одлука на Апелацискиот суд. Според нив, Обвинителството е во право со мислењето дека ексгенералниот секретар на Владата може да се даде во бегство или да влијае на сведоци. По јавната седница во петокот, одлуката е донесена денеска. Зеќири не успеа да ги убеди судиите на јавната седница дека и со куќен притвор или гаранција во имот, ќе се обезбеди негово присуство, односно дека нема да ја попречува истражната постапка. - Ниту имам намера, ниту имам зошто да бегам и да се кријам од органите на прогон. Сакам да напоменам дека бев во тек со предистражната постапка поради функцијата што ја вршев. Јас потпишав да се дадат сите документите што ги побараа од мене, беше експедитивно процесуирано. Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Првиот пат кога беше предложена мерката притвор поднесов оставка, за да не ја попречувам истрагата што се води против мене. Не размислувам ниту имам зошто да бегам. Фамилијарен човек сум, се грижам за четири деца, имам две од првиот брак и имам двегодишна ќерка и посинокот на мојата сопруга, кој е малолетен. Во однос на родителите на сопругата, кои живеат во Германија, сакам да посочам дека тие сега живеат во Македонија, имаат регулиран престој. Тие живеат заедно со нас. Немам намера, ниту имам зошто да бегам. Сакам во фер постапка да докажам дека сум невин, кажа Зеќири пред судот. Сега, треба да одлучува кривичниот суд. Пред судија на претходна постапка е гаранцијата во имот вредна околу 280 илјади евра, која Зеќири ја понуди за да добие слобода. Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. - Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на буџетот на Р Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacijata-odluchi-zekjiri-ostanuva-vo-pritvor/feed/ 0
Апелација ја потврди пресудата за Боки 13 и Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-potvrdi-presudata-za-boki-13-i-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-potvrdi-presudata-za-boki-13-i-katica-janeva/#respond Wed, 21 Jul 2021 12:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=539734

Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. -Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, информираат од Апелационен суд Скопје. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-potvrdi-presudata-za-boki-13-i-katica-janeva/feed/ 0
Двајца судии од апелација позитивни на корона, членовите на ДКСК утре на групно тестирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-sudii-od-apelacija-pozitivni-na-korona-chlenovite-na-dksk-utre-na-grupno-testiranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-sudii-od-apelacija-pozitivni-na-korona-chlenovite-na-dksk-utre-na-grupno-testiranje/#respond Tue, 23 Jun 2020 14:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=361641

Двајца судии од Апелациониот суд се заразени со коронавирус. Позитивни на тестот се судии кои работат во кривичниот оддел. Претседателот на судот, Лидија Димчевска, за Сител вели дека еден од судиите позитивен тест пријавил минатата недела по што била направена анкета за контактите кои ги имал судијата во текот на работата. По ова уште еден судија пријавил дека неговиот тест покажал дека е заразен со вирусот. Од судот велат дека во моментот се прави анкета за тоа со кои од вработените контактирале двајцата судии во изминатиот период.. Поради ова, до крајот на неделава, се одложени судењата за кои треба да постапуваат судии кривичари. „Се одлагаат сите јавни седници и расправи закажани во Кривичниот оддел на Апелационен суд Скопје за деновите 24, 25 и 26 јуни 2020 година. Дополнително странките ќе бидат известени за днеот на одржува на одложените седници“, се вели во известувањето од Апелациониот суд. Утре пак сите вработени во Антикорупциска ќе бидат тестирани откако неодамна со вирусот беа заразени четворица од техничкиот персонал. Првиот човек на комисијата вели дека до сега никој од членовите не пријавил симптоми. Ивановска вели дека ситуацијата може да влијае врз работата на антикорупциска но уверува дека будно ќе ја следат предизборната кампања. Ивановска додава дека и до сега членовите на комисијата се придржувале до мерките за заштита поради што и подолго време седниците ги одржувале без јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajca-sudii-od-apelacija-pozitivni-na-korona-chlenovite-na-dksk-utre-na-grupno-testiranje/feed/ 0
Адвокатите бараат одложување на сведочењето на Нинџа поради сомнеж дека повторно тргува со обвинителството како во случајот „Ровер“ – барањето одбиено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-baraat-odlozuvanje-na-svedochenjeto-na-nindza-poradi-somnez-deka-povtorno-trguva-so-obvinitelstvoto-kako-vo-sluchajot-rover-baranjeto-odbieno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-baraat-odlozuvanje-na-svedochenjeto-na-nindza-poradi-somnez-deka-povtorno-trguva-so-obvinitelstvoto-kako-vo-sluchajot-rover-baranjeto-odbieno/#respond Tue, 09 Jun 2020 09:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=355550

Александар Василевски - Нинџа да сведочи откако Апелациониот суд ќе донесе правосилна пресуда за настаните од 27-ми април, бидејќи има сомнеж дека обвинетиот повторно тргува преку лажни изјави во корист на обвинението со цел да избори поволности за себе како што тоа го правел и во минатото. Ова е барањето на адвокатскиот тим во процесот за организација на настаните на 27-ми април поднесен вчера, а изложен денес на рочиштето на кое треба да сведочи познатиот „сведок соработник“ Нинџа. Одбраната констатира дека во пошироката јавност се уште е присутна дилемата во однос на давањето на исказот на Нинџа само 15 дена пред изрекувањето на пресудата за предметот за т.н. „терористичко загрозување на уставниот поредок“ со кој на 211 години затвор беа осудени 16 лица. Василевски беше осуден на 8 години затвор, две години под минималната, за разлика од луѓето кои според пресудата тој ги организирал и координирал и добија по 12, 13, 15 години затворски казни. Поради овој факт, но и поради гласните коментари за сомнителните изјави на Василевски пред обвинителството и пред судот менувани три пати со драстични разлики во секоја изјава, како и поради историјата на Василевски за сомнителни сведочења во случаи додека против него се водат други постапки, адвокатскиот тим поднесе барање за одложување на сведочењето на Нинџа. Адвокатите наведуваат дека ова барање доаѓа „поради перцепцијата дека со давањето на трета различна изјава на две недели пред изрекувањето на пресудата Нинџа „си обезбедил“ најмала казна од судот иако е осуден од Добрила Кацарска како главен организатор на патриотските здруженија за упадот во Собранието“. Одбраната се сомнева дека бидејќи во моментов се води жалбената постапка пред Апелациониот суд за случајот во кој е Нинџа осуден, тој со своето сведочење во овој случај би дал нов невистинит исказ во полза на тврдењата на Обвинителството, како што постои сомневање базирано на факти дека тоа го правел и во минатото, на пример во случајот „Ровер“. „Судската пракса покажала дека исказите на Нинџа биле во насока да добие олеснувања во однос на преиначување на полесни правни квалификации на кривично дело или олеснувања во однос на изречени казни затвор во предмети каде што бил обвинет, па оттука се поставува дилемата кај нас, а и во јавноста дали со сведочење кое оди во прилог на теоријата на случајот на Обвинителството, пред да биде правосилен претходниот предмет во кој Нинџа е осуден, тој ќе си обезбеди дополнителни олеснувања непосредно пред изрекувањето на пресудата на Апелациониот суд во Скопје, а на штета на утврдување на вистината поврзана со овој кривично правен настан.“ За потсетување, Нинџа во судењето за „Ровер“ во 2013 година одеднаш ја менува својата изјава дадена 12 години претходно во која тврди дека не ги видел убијците на Марјан Тушевски и Киро Јанев. На 6-ти февруари 2013-та Нинџа одеднаш „се сетил“ кои се убијците, што за правниците и јавноста беше чудно и осуетено уште тогаш, особено затоа што пред ова сведочење Нинџа беше обвинет за обид за убиство врз Драганчо Стојменов (клучниот сведок во случајот „Детонатор“), а по ова сведочење, делото на Нинџа беше преквалификувано во „нанесување тешка телесна повреда“. „По 12 години молчење, Нинџа со свежа меморија во судот раскажува за кобниот ден и повторно преку лажни изјави за потребите на теоријата на случај на обвинителството беа осудени голем број на лица меѓу кои и поранешниот министер Љубе Бошковски, за што при повторената постапка судот не довери верба во оваа изјава и е донесена ослободителна пресуда“, стои во барањето на одбраната. Одбраната наведува дека Василевски е лице со дебело криминално досие кое има сторено многу кривични дела како Злоупотреба на доверба, Измами, Изнуда и употреба на огнено оружје, Предизвикување опасност со помош на експлозив, Употреба на огнено оружје, Присилување со употреба на физичка сила, Напад со оружје и други кривични дела. Адвокатите ја истакнуваат и јавната изјава на ед ен од бранителите на Нинџа во врска со неговите изјави во случајот за т.н. „теористичко загрозување на уставниот поредок“, во која се вели дека „обвинителството му понудило заштита бидејќи неговиот исказ опфатил моќни личности но не си го одржало зборот“. Друг негов бранител на јавната седница на апелациониот суд истакнал дека неговиот штитеник во текот на јавната седница на Апелациониот суд соопштил дека барал спогодување со судот, односно да добие статус на сведок-соработник, но обвинителството ова барање формално го одбило и му понудило да биде обвинет со поволности во постапката. Поради сето ова адвокатите на луѓето кои се на суд за наводно организирање на настаните на 27-ми април се сомневаат дека Нинџа повторно тргува со обвинителството нудејќи лажни искази во корист на обвинението, со цел да добие поволности при изрекување на пресудата од Апелација. Затоа предложија неговото сведочење да се одложи по изрекувањето на пресудата од Апелација, а судењето да продолжи со изведување докази. Ова нивно барање беше одбиено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-baraat-odlozuvanje-na-svedochenjeto-na-nindza-poradi-somnez-deka-povtorno-trguva-so-obvinitelstvoto-kako-vo-sluchajot-rover-baranjeto-odbieno/feed/ 0
Почнува јавната расправа во Апелацискиот суд Скопје за случајот 27 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-javnata-rasprava-vo-apelaciskiot-sud-skopje-za-sluchajot-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-javnata-rasprava-vo-apelaciskiot-sud-skopje-za-sluchajot-27-april/#respond Wed, 27 May 2020 07:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=350591

Апелацискиот суд Скопје, од денеска до петок во големата сала на Врховен суд, ќе одржи јавна седница за случајот 27 април каде обвинети се поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков и 15 други лица. Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок“ 16 обвинети беа осудени на 211 години затвор. Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разунавање. Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинити полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во Собранието, но не презеле ништо за да го спречат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-javnata-rasprava-vo-apelaciskiot-sud-skopje-za-sluchajot-27-april/feed/ 0
Боки 13 вратен во „Шутка“, Апелација решава за притворот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-vraten-vo-shutka-apelacija-reshava-za-pritvorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-vraten-vo-shutka-apelacija-reshava-za-pritvorot/#respond Mon, 02 Dec 2019 10:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=272060

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ и вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор. Јовановски беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. Во меѓувреме, Апелацискиот суд денеска треба да одлучи дали тој и натаму ќе остане во притвор. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба. Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор. Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-vraten-vo-shutka-apelacija-reshava-za-pritvorot/feed/ 0
Апелацискиот суд за куќниот притвор на Јанева: Обвинетата е жена, самохрана мајка и треба хигиена во домашни услови и е невработенa https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelaciskiot-sud-za-kukjniot-pritvor-na-janeva-obvinetata-e-zena-samohrana-majka-i-treba-higiena-vo-domashni-uslovi-i-e-nevrabotena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelaciskiot-sud-za-kukjniot-pritvor-na-janeva-obvinetata-e-zena-samohrana-majka-i-treba-higiena-vo-domashni-uslovi-i-e-nevrabotena/#respond Thu, 21 Nov 2019 21:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=267365

Апелациониот суд Скопје го објави решението за преселбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од истржниот затвор Шутка во домашен притвор. Судскиот совет кој решавал и ја прифатил нејзината жалба за мерката притвор во образложението напишал: „Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението. Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација. На Јанева и е одземен пасошот и неможе да добие нова патна исправа. „Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, “ се вели во решението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelaciskiot-sud-za-kukjniot-pritvor-na-janeva-obvinetata-e-zena-samohrana-majka-i-treba-higiena-vo-domashni-uslovi-i-e-nevrabotena/feed/ 0