апликација за следење Ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Jun 2020 12:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апликација за следење Ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Французите масовно ја деинсталираат апликацијата за следење на ширењето на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuzite-masovno-ja-deinstaliraat-aplikacijata-za-sledenje-na-shirenjeto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuzite-masovno-ja-deinstaliraat-aplikacijata-za-sledenje-na-shirenjeto-na-kovid-19/#respond Wed, 24 Jun 2020 12:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=362065

Речиси половина милион Французи кои првично ја инсталираа мобилната апликација за следење на ширењето на Ковид-19, ја избришаа апликацијата на своите мобилни телефони во изминатите неколку дена. Министерот за дигитални работи на Франција, Седрик О’Нил истакна дека е бришењето на апликацијата е резултат на фактот дека ширењето на вирусот, а со тоа и стравот од инфекција, се намалува. Кон крајот на мај, Франција им обезбеди на граѓаните да го следат ширењето на вирусот преку апликација на мобилните телфони, а повеќе од два милиони луѓе ја инсталираа апликацијата. Апликацијата овозможи 68 лица да откријат дека се позитивни на новиот коронавирус, а 14 лица добија известување дека биле во контакт со заразени лица. Во многу земји во Европска Унија е воведена апликација за следење на вирусот, но апликациите на различни земји на ЕУ не се поврзани.  На пример, ако некој е на одмор во друга земја, не може со домашната апликација да следи дали е во контакт со заразено лице, надвор од својата земја. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuzite-masovno-ja-deinstaliraat-aplikacijata-za-sledenje-na-shirenjeto-na-kovid-19/feed/ 0