апокалипса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jul 2020 11:08:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апокалипса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си-Ен-Ен: Нов Зеланд – прибежиште за богати во случај на апокалипса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-nov-zeland-pribezishte-za-bogati-vo-sluchaj-na-apokalipsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-nov-zeland-pribezishte-za-bogati-vo-sluchaj-na-apokalipsa/#respond Thu, 16 Jul 2020 11:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=377053

Новозеландскиот град Квинстаун, кој честопати се споредуваше со Аспен во Колорадо, САД, поради популарноста кај скијачите, со години беше предмет на гласини дека странските државјани купуваат добро опремени бункери за да служат како засолништа во случај на апокалипса, наведува Си-Ен-Ен. Иако има малку докази дека под семејните домови таму навистина има бункери како оние што се изградени за иста цел во САД и Европа, угледот на Квинстаун, а со тоа и на Нов Зеланд како пожелно засолниште за светските богаташи во деновите пред евентуално да настапи крај на светот не е целосно неосновано. Американскиот милијардер Питер Тил и поранешниот шеф на медиумската куќа НБЦ Мет Лауер веќе купиле куќи во Квинстаун, а поради пандемијата на коронавирус овој град со 40.000 жители повторно стана интересен за луѓето кои бараат нов, побезбеден дом – со или без бункер, наведува Си-Ен-Ен. За оние кои сакаат да имаат такво засолниште таму, специјализирана американска компанија нуди добро опремени бункери со целосно функционални кујни, простории за одмор, системи за надзор и производство на електрична енергија од сончеви извори, а цените се движат од околу 40.000 американски долари до неколку милиони. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-nov-zeland-pribezishte-za-bogati-vo-sluchaj-na-apokalipsa/feed/ 0
Ова се трите најбезбедни држави во случај на катаклизма, трета светска војна и пандемија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-trite-najbezbedni-drzavi-vo-sluchaj-na-kataklizma-treta-svetska-vojna-i-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-trite-najbezbedni-drzavi-vo-sluchaj-na-kataklizma-treta-svetska-vojna-i-pandemija/#respond Thu, 17 Oct 2019 09:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=252832

Универзитетот Отаго во градот Данидин, Нов Зеланд, објави истражување околу тоа кои места на земјата би биле најбезбедни и со најголеми шанси за спасување и преживување во случај на катаклизма, трета светска војна и посебно при пандемија. „Инфицираните можат лесно да ги минуваат копнените граници, па така- затворен остров каде има доволно залихи, би можел да прифати население кое потоа, по катастрофата, може повторно да ја насели планетата,” се вели во анализата. Во таа смисла, малите острови се неповолни како засолништа. Според научниците, за обновување на цивилизацијата ќе биде неопходно меѓу одбраните преживеани да има и научници, технички експерти и научни специјалисти. Според тоа, местата без копнени граници, каде што населението надминува 250.000 луѓе, се најпогодни за спас на човештвото. Во трудот, предвид се земени и политичките и социјалните услови, како и квалитетот и количеството на природните извори и климата. Така, најбезбедни земји при евентуална апокалипса, се Австралија, Нов Зеланд и Исланд. Според новозеландските научници, овие држави најуспешно ќе се справат со катаклизма или пандемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-trite-najbezbedni-drzavi-vo-sluchaj-na-kataklizma-treta-svetska-vojna-i-pandemija/feed/ 0