апостол симовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Apr 2022 09:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апостол симовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Симовски: Податоците за непопишаните 132.000 лица од терен се земени од регистрите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-podatocite-za-nepopishanite-132-000-lica-od-teren-se-zemeni-od-registrite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-podatocite-za-nepopishanite-132-000-lica-od-teren-se-zemeni-od-registrite/#respond Thu, 07 Apr 2022 09:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=659601

За 132.000 лица кои не беа опфатени со теренското спроведување на пописот, податоците се преземени од регистрите и тие се дел од пописот, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски. Симовски во гостување на „Утрински брифинг“ ги појаснува причините поради кои овие лица не биле опфатени со теренското попишување на статистичката операција. – Тие 132.000 лица што се споменуваат се неопфатени со теренското спроведување на пописот. Никој не посакуваше да биде толкав број. Во случајов методот што го користевме поентата беше да не изоставиме никого и тоа го направивме. Причините за тие лица се неколку. Прво, спроведувавме попис во месец кога луѓето беа на одмор после пропуштено лето поради Ковидот. Втора работа, кога се активностите во земјоделство и луѓето беа по нивите и доаѓаа доцна дома. Требаше да го продолжиме пописот и до 9 часот навечер, но не можете да натерате некој да се попише тогаш. Трета работа, имавме и сокриен бојкот, како и ковид-кризата, вели Симовски. Според него, за овие лица се преземени податоци од регистрите и тие се дел од пописот, односно не се непопишани. -Јас уште од старт говорев граѓаните да не подлегнуваат на лажните податоци. За жал, повеќе ги слушале тие кои притискаа за бојкот, мислејќи дека нема тоа да се случи, рече Симовски. Тој информира дека попишувачите се враќале по неколку пати во домовите за да ги најдат граѓаните кои во моментот не биле присутни. -Немаше станови во кои живеат по 30 луѓе. Се проверуваше, се оставаше информација дека бил попишувачот и порака за контакт за понатаму. Ние не можевме да упаднеме во становите со сила, потенцира првиот човек на ДЗС Апостол Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-podatocite-za-nepopishanite-132-000-lica-od-teren-se-zemeni-od-registrite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Симовски призна грешка, колку уште грешки има пописот за да биде комплетен? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-simovski-prizna-greshka-kolku-ushte-greshki-ima-popisot-za-da-bide-kompleten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-simovski-prizna-greshka-kolku-ushte-greshki-ima-popisot-za-da-bide-kompleten/#respond Tue, 05 Apr 2022 06:30:04 +0000 https://kurir.mk/?p=658493

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат уште колку грешки има пописот за да биде комплетен откако Апостол Симовски призна грешка. -Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е  корегиран.Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од партијата. Посочуваат дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-simovski-prizna-greshka-kolku-ushte-greshki-ima-popisot-za-da-bide-kompleten/feed/ 0
Симовски: Направена е техничка грешка, но корегирана е и се извинивме за тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravena-e-tehnichka-greshka-no-koregirana-e-i-se-izvinivme-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravena-e-tehnichka-greshka-no-koregirana-e-i-se-izvinivme-za-toa/#respond Mon, 04 Apr 2022 18:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=658399

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва се осврна на техничката грешка во однос на податоците од верската определба во Пописот за 2021 година, за која кажа дека се извиниле и дека таа е искоригирана. – Во однос на верската определба искорегиравме една техничка грешка која што ја направивме првиот ден на објавување на соопштението. Ни се промакна да не приметиме дека сме направиле пермутација во полето за атеисти и евангелисти методисти. Луѓе сме и ние од крв и од месо и може да се погреши а човечки е и да си ја признаеме грешката и да се извиниме. Апсолутно ни е жал што настана таква грешка и затоа си ја признаваме и се извинуваме. Не сакавме тоа да се случи, меѓутоа се случи, не можеме да го вратиме филмот назад, рече Симовски во гостувањето во Тема на денот на Сител. Запрашан за бројката од 242.579 граѓани кои на пописот се изјасниле само како христијани рече дека како одговориле граѓаните така е запишан нивниот одговор. -Попишувачот не смееше да се меша во одговорот на испитаникот. Им беше забрането да се мешаат и да сугерираат одговори. Како е даден одговорот, така се запишало. 240 илјади и кусур граѓани се изјасниле како христијани претпоставувам мислејќи дека се подразбира кога ќе кажат христијани на што се мисли меѓутоа ние мораме да го запишеме податокот прецизно, изјави Симовски. Според првично објавените пописни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), беше наведено дека вкупно 355 лица се изјасниле како атеисти, но сега е направена корекција и нивниот број е 8 764 лица. ДЗС денеска соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните. -Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС. Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор. -Се извинуваме за направената грешка, стои во соопштението на ДЗС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravena-e-tehnichka-greshka-no-koregirana-e-i-se-izvinivme-za-toa/feed/ 0
Симовски: Направивме печатна грешка со атеистите и ја исправивме, другите податоци од пописот се во ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravivme-pechatna-greshka-so-ateistite-i-ja-ispravivme-drugite-podatoci-od-popisot-se-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravivme-pechatna-greshka-so-ateistite-i-ja-ispravivme-drugite-podatoci-od-popisot-se-vo-red/#respond Mon, 04 Apr 2022 09:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=658079

При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика. Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо евангелисти - методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица). Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика. МКД.мк и во петокот побара одговор од Статистика за бројот на атеисти, изразивме можност дека е направена печатна грешка имајќи предвид дека 355 лица е неверојатно мала бројка, но тогаш до крајот на денов не добивме одговор. А исправката дојде во деновите на викендот. Симовски утрово ни рече дека и нему му беше чудна тогаш презентираната бројка на атеистите. Сепак, некои периферни податоци кои би го оптовариле целиот извештај, не беа наведени, како на пример неколку лица кои се изјасниле како марсовци или побарале да биде запишана некаква друга реално непостоечка припадност, вели Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-napravivme-pechatna-greshka-so-ateistite-i-ja-ispravivme-drugite-podatoci-od-popisot-se-vo-red/feed/ 0
Симовски: Тие што повикуваа на бојкот на пописот, не и мислат добро на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-povikuvaa-na-bojkot-na-popisot-ne-i-mislat-dobro-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-povikuvaa-na-bojkot-na-popisot-ne-i-mislat-dobro-na-drzavata/#respond Wed, 30 Mar 2022 18:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=655942

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва изјави дека неопафтеното население со Пописот 2021, од 7,3 отсто или 132 илјади граѓани не е неочекувано ако се земат предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот. Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со КОВИД-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и на немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не ги наоѓале овие луѓе, иако им оставале пораки. – Иако дадовме можност за сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој, кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, изјави Симовски за Канал 5. Доде дека овие 132 илјади граѓани влегуваат во делот на резидентно население, кое се попишува според законот. Според него, ова е нормална појава и секаде се случува. Прашан за повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно. -Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одзваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски. Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации. Симовски рече дека не сака да споменува политички партии или други структури кои повикуваа на бојкот на Пописот 2021. – Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-povikuvaa-na-bojkot-na-popisot-ne-i-mislat-dobro-na-drzavata/feed/ 0
Симовски: Резултатите од Пописот кон крајот на март, нема простор за сомнеж во податоците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-rezultatite-od-popisot-kon-krajot-na-mart-nema-prostor-za-somnez-vo-podatocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-rezultatite-od-popisot-kon-krajot-na-mart-nema-prostor-za-somnez-vo-podatocite/#respond Wed, 02 Mar 2022 11:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=639366

Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци. Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС. Прашан дали има потреба да се брани интегритетот на податоците од Пописот, директорот на ДЗС посочи и дека Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и оти нема потреба да се брани интегритетот на институцијата, не само за податоците од Пописот, туку и генерално за сите податоци што ги произведуваат. – За тоа дали јавноста ни верува или не, доволен показател е бројот на корисници на статистички податоци кои секојдневно ја посетуваат нашата веб-страна и Макстат базата и ги користат нашите податоци, додаде Симовски. Тој заклучи дека ДЗС е професионален во обработка на статистичките податоци кои ги произведува и при обработката ги почитува сите меѓународни стандарди, процедури и методологии за обработка на податоците, поради што претставува официјална статистика што е меѓународно споредлива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-rezultatite-od-popisot-kon-krajot-na-mart-nema-prostor-za-somnez-vo-podatocite/feed/ 0
Симовски: Тие што се вишок на избирачкиот список се надвор од земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-se-vishok-na-izbirachkiot-spisok-se-nadvor-od-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-se-vishok-na-izbirachkiot-spisok-se-nadvor-od-zemjata/#respond Sat, 16 Oct 2021 07:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=580050

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, вели дека оние што ги има на Избирачкиот список а не се попишале на неодамнешниот национален попис се надвор од земјата. Апсурдот е тоа што за утрешните локални избори, списокот на гласачи брои нешто повеќе од 1,8 милиони, а приближна иста е бројката, заедно со малолетници, на резидентни граѓани евидентирани на пописот. „Да, ама во пописот се и децата и малолетните, а во списокот не се. Значи каде се тие што се во Избирачкиот список? Надвор од државата, многу едноставно и просто. Ние на крајот ќе излеземе со податок колку од нашето население е надвор. Нема да знаеме за сите каде се и колку време се, но ќе знаеме бројка, колку се во земјата, а колку се надвор“', вели Симовски во интервјуто за МКД. Првиот човек на ДЗС вели дека за пописот се набавени 5.650 компјутери, но дека само 250-260 ќе останат кај нив. Еден вреди околу 650 евра, а платени се вкупно околу 3,5 милиони евра за нив. „Секако нема да стојат во нашиот магацин, ќе бидат дадени да имаат и натамошна употребна вредност и Владата ќе одлучи каде конкретно и кому ќе бидат дадени. Наше е да ги предадеме и со задоволство констатираме дека и натаму ќе се користат, бидејќи да ги чуваме овде нема цел“, вели Симовски. Тој додава дека целокупниот попис би чинел 8,5 милиони евра или евентуално нешто повече и изрази големо разочарување од бојкотирањето на пописот од страна на Македонците кои живеат во прекуокеанските земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-tie-shto-se-vishok-na-izbirachkiot-spisok-se-nadvor-od-zemjata/feed/ 0
Симовски во Дебар: До утре очекуваме да бидат попишани милион граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-vo-debar-do-utre-ochekuvame-da-bidat-popishani-milion-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-vo-debar-do-utre-ochekuvame-da-bidat-popishani-milion-gragjani/#respond Fri, 17 Sep 2021 11:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=564795

Пописот на населението, домаќинствата и становите на целата територија на државата се одвива со посакуваниот интензитет, без проблеми и убедени сме дека успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар. – До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече меѓу другото Симовски. Заедно со соработниците тој имаше средба со пописната комисија, како и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. – Целта на нашата посета беше одблску да се запознаеме со текот на пописните активности во пописен реон 24, што ги опфаќа општнте Дебар  Центар Жупа. Можам да кажам дека овдека пописот се одвива според планираата динамика. На ова подрачје до сега не е регистриран случај на одвивање да биде попишан, рече тој. Истата оценка ја изнесе и за општина Маврово и Ростуше, каде биле пред да дојдат во Дебар. И претседателот на пописната изборна комисија Решат Ќормемети искажа идентична оценка околу текот на пописот во општините Дебар и Центар Жупа, каде досега се попишани над осум илјади граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-vo-debar-do-utre-ochekuvame-da-bidat-popishani-milion-gragjani/feed/ 0
Симовски: Постојано е хакирана нашата веб страница и системот за попишување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-postojano-e-hakirana-nashata-veb-stranica-i-sistemot-za-popishuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-postojano-e-hakirana-nashata-veb-stranica-i-sistemot-za-popishuvanje/#respond Wed, 15 Sep 2021 05:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=563759

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени. -Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, истакна Симовски синноќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 Тој рече дека има групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат но, како што вели, не може да разбере зошто овие групации се против пописот. Според Симовски, никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот. – И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме е наша работа и никој не се обидел да се меша, рече Симовски. Првиот човек на ДЗС вели дека досега повеќе од 600.000 граѓани се попишани. – Задоволен сум, но не ме прави комфорен и нема да бидам комфорен и нема да бидам се до последниот ден од пописот, посочи Симовски. Според него, само вчера се попишани над 100.000 граѓани. – Со ова темпо пописот ќе се забрза и очекувам на време да ги завршиме сите работи, додава Симовски. Пописот, како што рече, може да покаже 1.800.000 граѓани, но не сакаше да прејудицира пред неговото завршување. – Не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да почекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози, рече Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simovski-postojano-e-hakirana-nashata-veb-stranica-i-sistemot-za-popishuvanje/feed/ 0
Казна од 300 евра за тие што ќе одбијат да се попишат, мал број граѓани ги “избркале“ попишувачите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-od-300-evra-za-tie-shto-kje-odbijat-da-se-popishat-mal-broj-gragjani-gi-izbrkale-popishuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-od-300-evra-za-tie-shto-kje-odbijat-da-se-popishat-mal-broj-gragjani-gi-izbrkale-popishuvachite/#respond Tue, 14 Sep 2021 20:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=563745

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека минорна е бројката на оние граѓани кои одбиле да се попишат. -Бројката на оние кои одбиваат е многу мала, би рекол минорна. Не би можел да кажам конкретна бројка, но десетици, дали се и десет. И со тие што првично одбиваат по дополнителни разговори најчесто прифаќаат да се попишат. Ќе продолжиме да разговараме со сите граѓани кои ќе одбијат, иако имаме и право на одредени санкции. На крајот, оние што дефинитивно ќе одбијат да се попишат ќе бидат санкционирани. Станува збор за прекршочна казна од 300 евра, вели Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-od-300-evra-za-tie-shto-kje-odbijat-da-se-popishat-mal-broj-gragjani-gi-izbrkale-popishuvachite/feed/ 0