АППТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 12:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АППТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневски: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/#respond Thu, 24 Aug 2023 12:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=870486

Бројките за првите шест месеци од годинава се оптимистички и значат опоравување на туристичката индустрија во државава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, во однос на претходната, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто, изјави денеска директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Во првите шест месеци од годинава, се бележи зголемување на бројот на ноќевања за 18,8 отсто во однос на истиот период лани, при што кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските зголемување за 32,9 отсто. Развојот, како што истакна на денешниот настан на кој ги презентираше програмските активности, согласно Стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година, ќе биде насочен, како кон зголемување за бројот на туристи и развојот на нови продукти, така и кон нови туристички капацитети. -Предизвиците на туризмот значат мотивација за постигнување позитивни резултати кои не можат да се постигнат без заедничка работа на сите работници во туристичката индустрија. Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП каде што во 2011 година изнесувал 0,4 отсто, во 2018 година е 2,4 отсто, додека во 2022 година изнесува 3,6 отсто, достигнувајќи 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали на приливот од туризмот, во последните пет години, и покрај пандемијата која започна во 2020 година, нема забележано пад, што не може да се случи, доколку изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ, рече Јаневски. За првпат годинава, посочи во првиот квартал туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари, што е за 19 отсто повеќе од истиот период од минатата година, односно за 41 отсто повеќе од 2019 година. -Тоа со право не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите и да продолжиме кон целта, за да можеме да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања, вели Јаневски. Тој напомена дека главниот фокус е претставен, и на туристичките сегменти, како што се: културен туризам, еко – туризам, рурален туризам, како и ено – гастро туризмот, нудејќи ја македонската кујна позната по нејзината разновидност и автентичност. Според него, визијата на АППТ е насочена кон реорганизација на институцијата, со поголеми ингеренции, со професионален тим, партнер и сервис на стопанството со влијание во туристичката дејност, кој е главен промотор на туристичката понуда на РСМ и двигател на клучните процеси во туризмот. -Реархитектуриањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4 отсто од БДП, како и повеќе од 45.000 вработени во туристичко-угостителската дејност. Последните две години, како што оцени, го рангираа македонскиот туристички сектор на многу високи места според Светската туристичка организација (СТО). Во 2019 година земјава со раст од повеќе од 25 проценти на бројот на ноќевањата беше втора во Европа, во 2021 година и покрај пандемијата бевме петти во светот според растот на странските туристи, а во 2022 година во првите 10 според девизниот прилив и туристичкиот промет во туристичката индустрија. -Тековнава 2023 година го покажа своето дијаметрално различно лице во туризмот, односни имаме пазари во кои бевме во минус и се уште сме во минус поради субјективни и објективни причини и пазари кои дадоа дополнителен скок и веќе се надминати резултатите од 2019 година. Сега по многу нешта 2019 година веќе не е референтна во туристичката индустрија, бидејќи туристичките текови и случувањата во туризмот веќе ги надминуваат очекувањата на најоптимистичките стручњаци и експерти на ова поле, порача Јаневски. АППТ според стратешкото планирање за 2023 година, додаде, очекува да има девизен прилив од туризмот во износ од 530 милиони долари. За годинава најмногу ноќевања, околу 200 илјади се планира да се остварат од туристите од Турција. Најмногу туристи во земјава доаѓаат од Турција, Србија, Грција, Германија и Бугарија. Токму кај туриститите од Бугарија има пад од 60 проценти што се должи на моменталните политички односи и попречувањето на нашите евроинтеграциски процеси. Најголем дел од туристите, пак, учествуваат во таканаречените кружни тури во земјите од регионов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/feed/ 0
АППТ изработи гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/appt-izraboti-gastronomska-karta-i-gastronomski-vodich-za-traditsionalni-spetsijaliteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/appt-izraboti-gastronomska-karta-i-gastronomski-vodich-za-traditsionalni-spetsijaliteti/#respond Thu, 17 Aug 2023 12:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=867870

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата. Периодов што следи ќе бидат изработени и видеоматеријали за истата намена, најавуваат од агенцијата. - Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патниците на гурманска тура низ С. Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Северна Македонија, културата за неа, храна или друг пијалак кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата, велат од АППТ. Од агенцијата посочуваат дека гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на Република Северна Македонија, преточени преку приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја. - Рецептите се специфични од аспект на потекло, како се подготвуваат, кој производи се потребни за традиционалниот специјалитет, легенди за одредени локални традиции, информираат од АППТ. Оттаму известуваат дека, освен во печатено издание брошурата: „Вкусот на мојата земја“ е поставена на веб-страница. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите осум плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион. - Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти, соопштуваат од АППТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/appt-izraboti-gastronomska-karta-i-gastronomski-vodich-za-traditsionalni-spetsijaliteti/feed/ 0
Скопје домаќин на Европско одбојкарско првенство, се очекуваат до 20.000 ноќевања од странски туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/#respond Fri, 21 Jul 2023 11:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=858731

Дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи го очекуваат Скопје кој е еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, се очекува зголемен број навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји. -Скопје очекува значително зголемен број туристи за Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и септември, очекуваме дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од дестинации - навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора и други земји, истакна Јаневски на средба со новинарите. Според него, се покажува дека спортскиот туризам, како и авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур оператори на светско ниво, даваат резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/feed/ 0
Јаневски: Град Скопје не е доволно конкурентен поради немање јасна програма за дочек на Новата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=779166

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети. -Голем бројна домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски. Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ. -Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/feed/ 0
Јаневски: Туризмот забрзано закрепнува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/janevski-turizmot-zabrzano-zakrepnuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/janevski-turizmot-zabrzano-zakrepnuva/#respond Thu, 14 Apr 2022 11:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=662961

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија. Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и гостите од регионот – Полска, Косово, Србија, Албанија и Турција. Проекциите на АППТ, потенцира Јаневски, се дека до 2025 година македонскиот туризам ќе достигне над пет милиони ноќавања и преку 600 милиони долари прилив. -Во 2022 ќе имаме и повеќе чертери. Од средината на мај од Холандија, во јуни од Полска, кон крајот на мај стартува новата линија Тел Авив – Скопје, во почетокот на јуни и новата линија Измир – Скопје, а се очекува и уште една нова линија, а тоа е Марибор – Скопје, истакна Јаневски. Тој најави дека во 2022 година ќе почне и новата стратегија во туризмот. АППТ планира и да ја брендира земјава како туристичка дестинација, да креира ново лого кое ќе се развие во државна кампања во 2023 година, како и да го зголеми присуството на државата на традивционалните пазари со кампања која ќе почне во средината на мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/janevski-turizmot-zabrzano-zakrepnuva/feed/ 0
Јаневски: Годинава ја дочекавме неподготвени, не изградивме одржлива дестинација, туризмот ќе го спасуваат домашните гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-godinava-ja-dochekavme-nepodgotveni-ne-izgradivme-odrzliva-destinacija-turizmot-kje-go-spasuvaat-domashnite-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-godinava-ja-dochekavme-nepodgotveni-ne-izgradivme-odrzliva-destinacija-turizmot-kje-go-spasuvaat-domashnite-gosti/#respond Fri, 09 Jul 2021 05:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=534189

Пандемијата ја покажа суровата реалност, дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет, а не на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да си ја префрламе топката едни на други, ниту меѓусебно да се обвинуваме, туку да понудиме нешто и заеднички да градиме здрав туристички сектор, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во интервју за МИА, Јаневски оценува дека годинава ја дочекавме неподготвени. Туризмот и овојпат ќе го спасуваат домашните гости, но, сепак, се очекуваат и туристи од регионот, а ќе има и од други земји. Можеме да стигнеме блиску до 300 милиони долари прилив иако е рано со сигурност да се каже колку ќе бидат исполнети ваквите предвидувања поради новиот корона сој и правото секоја земја да воведува свои мерки за заштита. Како што информира директорот, на 19 јули пристигнуваат првите туристи од Холандија. Ќе слетаат со чартер во Охрид. Тој уште еднаш порачува дека руралниот, авантуристичкиот, алтернативниот, еко и еко-гастро туризмот треба да бидат наш приоритет. Сите дестинации кои работеле со овие форми на туризам лани не забележале пад. Домашниот туристички сектор, пак, мора да ја смени матрицата и да работи на мали туристички групи зашто таков е трендот во светот и интересот за овој вид туризам последниве години бележи раст од 20 до 50 отсто. Производот, нагласува Јаневски, е многу битен. Ние немаме авто-кампови, немаме сместување со еко ѕвезди, немаме понуда за фото сафари, за посматрање птици, флора, фауна,… На тоа мора да се работи. – Пандемијата и последиците од неа не треба да ни бидат изговор за она што ќе го понудиме сега, па и понатаму. Дали вистински создадовме атракции и производи за пазарите кои ни беа и ни се достапни? Јас мислам, не доволно, истакнува Јаневски. Според него, годинава треба да покаже малку поинакво лице и поголем оптимизам- дека пандемијата ќе отвори нови граници, хоризонти и нови моности. -Во моментов состојбата е следна: секоја држава си одлучува за своите туристи. И покрај новата линија Варшава – Охрид или рестартираната Варшава – Скопје, полската Влада донесе индивидуална одлука незваисно од ЕУ, сите нејзини граѓани кои патуваат надвор при враќањето во земјата да одат во десетдневен карантин. Тоа е всушност причината за помалиот број гости од очекуваниот. Значи, засега не можеме да кажеме колку и дали ќе се остварат годинашните проекции, зашто гледаме каква е состојбата со новиот КОВИД делта сој и со преголемата загриженост околу неговото ширење. Сметам дека капацитетите повторно, и оваа година, ќе бидат полни со домашни туристи, како и со гости од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија, Косово. Ќе има мал дел и од Полска и Холандија. Во септември се очекуваат по 5.000 – 6.000 туристи од Холандија и од Полска, но ќе мора да ја следиме коорна ситуацијата и да се прилагодиме, нагласува директорот на Агенцијата. Во интервјуто кое ќе биде објавено утре, Јаневски открива и дека само 200 угостителски објекти, тур-оператори, хотели и давачи на сместувачки услуги аплицирале и добиле маркичка „сигурно патување“ (Safe Travel), што не значи дека во останатите заштитните КОВИД-мерки не се почитуваат. Тој се осврнува и на субвенционирањето, на соработката со Украина, Молдавија и Белорусија – пазар за кој, вели, во следните пет години може сериозно да се размислува, на недостигот на кадар во туристичкиот сектор, но и на се уште актуелниот проблем со непријавувањето гости во сместувачките капацитети и неплаќањето данок. Јаневски истакнува и дека само три отсто од сите тур-оператори во земјава работат инкам туризам, како и дека се уште немаме национална стратегија за рурален туризам. Последниот таков документ бил со „рок на траење“ до 2017-та. Само 13 домаќинства досега, потенцира, се категоризирани со т.н. рурален цвет. Директорот на АППТ заклучува дека не можеме и не треба да им бидеме конкуренција на земјите кои имаат море, никогаш така не треба да размислуваме, ниту да се споредуваме со држави како Хрватска, Грција, Египет, Турција, не треба да ги копираме во понудите, туку треба да создадеме наша, оригинална приказна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-godinava-ja-dochekavme-nepodgotveni-ne-izgradivme-odrzliva-destinacija-turizmot-kje-go-spasuvaat-domashnite-gosti/feed/ 0
Туристичко-угостителскиот сектор го реафирмира барањето за итна смена на директорот Јаневски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelskiot-sektor-go-reafirmira-baranjeto-za-itna-smena-na-direktorot-janevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelskiot-sektor-go-reafirmira-baranjeto-za-itna-smena-na-direktorot-janevski/#respond Fri, 20 Nov 2020 09:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=432100

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) го реафирмираат барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Како што соопшти ССК, ова е став на над 95 отсто од претставниците на туристичко-угостителскиот сектор. Тие подолго време укажуваат на некооперативност, дисфункционалност и непродуктивност на ресорната институција одговорна за промоција и поддршка на туризмот, за што, потсетува ССК, на 28 октомври 2020 година јавно побараа итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а кон ова барање се приклучи и Независната угостителска комора (НУК). -Последните години директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причинува штета која континуирано ја прикрива преку театрална симулација на активности, ги занемарува и не ги извршува обврските со што се нарушува вршењето на дејноста од интерес на Агенцијата, што отвора сомнежи за незаконско постапување. Како последица на ваквиот однос во прашање е доведена функционалноста на институцијата која со вакво раководење нема капацитет соодветно, прецизно и навремено да ја информира Владата за состојбите во реалниот сектор, ниту поседува авторитет да ја претставува Владата пред стопанството и јавноста, со што се предизвикува штета со големи последици која се заканува да ги обезвредни сите досегашни мерки и заложби на Владата посветени на туризмот, стои во соопштението. Според туристичко-угостителските работници, високата институционална ефективност и ефикасност, односно неопходноста од подготовка и реализација на план за ревитализација на секторот, претставуваат потреба од највисок степен за опстанок и развој во периодот кој следува. -Затоа бараме позицијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да биде на предлог на реалниот сектор преку стопанските комори и туристичките асоцијации, за што постои подготвеност веднаш да се достави консензуален предлог од страна на стопанството за носител на функцијата директор при АППТ кој ќе биде кооперативен пред се со реалниот сектор, а секако и задолжително со Владата и другите државни институции. Воедно бараме Владата итно да го конституира Комитетот за туризам како владино тело од највисок ранг кое ќе ги разгледува предложените мерки, студии, проекти од областа на туризмот кое ќе дејствува како механизам за изнаоѓање решенија и надминување на пречките за развој на туризмот особено во кризни ситуации, наведува ССК и додава дека прифаќањето на барањето на бизнис секторот ќе претставува јасна политика на поддршка на секторот, но и поддршка на секторот кон државните политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turistichko-ugostitelskiot-sektor-go-reafirmira-baranjeto-za-itna-smena-na-direktorot-janevski/feed/ 0