Аптив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 18:36:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аптив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалникот на Илинден Георгиевски оствари средба со менаџментот на компанијата за автомобилски делови „Аптив“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-ilinden-georgievski-ostvari-sredba-so-menadzmentot-na-kompanijata-za-avtomobilski-delovi-aptiv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-ilinden-georgievski-ostvari-sredba-so-menadzmentot-na-kompanijata-za-avtomobilski-delovi-aptiv/#respond Fri, 18 Mar 2022 18:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=649741

Денес ја посетив компанијата „Аптив“, една од најголемите компании во Европа за автомобилски делови која е лоцирана во ТИРЗ 1, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски. На средбата со менаџментот на компанијата разговаравме за постоечката воена криза во Украина, пришто изразив длабоко жалење за ситуацијата во која се наоѓа оваа компанија, која работи како странски инвеститор таму и има 4 фабрики. Исто така, се понудивме, како Општина Илинден, дека стоиме на располагање како потенцијална локација за изградба на нови производствени капацитети и проширување на постоечките. Како Општина целосно сме фокусирани на создавање на најдобри можни услови за странските инвеститори, во соработка со централната власт. Тие вклучуваат градежно земјиште без трошоци и подготвено за инвестиции со солидна инфраструктура, поволна средина за даноци и локални комунални такси, брзи и транспарентни административни услуги, достапна квалификувана работна сила и политичка и економска стабилност, меѓу другите фактори, пишува во својата објава Георгиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-ilinden-georgievski-ostvari-sredba-so-menadzmentot-na-kompanijata-za-avtomobilski-delovi-aptiv/feed/ 0