арафат муареми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 05:18:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арафат муареми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русковска суспендирана додека трае постапката по поднесена кривична пријава, Муареми се повлече https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=719556

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата, а Арафат Муареми вчера се повлече од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Рускоска и Муареми претходно јавно разменија меѓусебни обвинувања откако Oбвинителството изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопштија од Јавното обвинителство. Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми, пак, вчера информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. – Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција. Од Управата, исто така, посочија дека одлуката на јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Муареми на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, откако беше извршен претрес во Финансиската полиција. По оваа најава шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Русковска ги повика сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави“. Русковска во реакцијата наведе дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласи тогаш, меѓу другото, Русковска. Таа воедно побара и европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откако е таа на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми. На повикот на Русковска реагираа Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ во Скопје. -Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, истакна американската Амбасада за Тв Телма. Упатување прашањето да го решат надлежните органи изнесе и Делегацијата на ЕУ во земјава. -Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се додава дека спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за ЕУ. -Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата. Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. На повикот на Русковска тогаш реагираше и Муареми, кој побара од неа доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не да изнесува „празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува“. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми во реакцијата. Тој на брифинг со новинари на почетокот на месецов најави дека ќе поднесе кривична пријава против трите обвинителки за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“, појаснувајќи дека претставки до јавниот обвинител, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел поради начинот и незаконитоста во постапувањето на ОЈО ГОКК. Според него, ОЈО ГОКК во барањето до Судот навело дека сторил кривично дело и оти располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело, а на денот на претресот заедно со наредбата за претрес му било врачено и барање за доставување податоци за тоа колку анонимни пријави се доставени до управата почнувајќи од 2018 година до денот на давањето на одговорот. Муареми тврдеше дека претресот во Финансиската полиција бил исклучиво и со цел да му се наруши личниот углед, угледот на Управата и да се попречи неговото работење. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-suspendirana-dodeka-trae-postapkata-po-podnesena-krivichna-prijava-muaremi-se-povleche/feed/ 0
По суспендирањето на Русковска: Арафат Муареми се повлече од функцијата директорот на Управата за финансиска полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-suspendiranjeto-na-ruskovska-arafat-muaremi-se-povleche-od-funkcijata-direktorot-na-upravata-za-finansiska-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-suspendiranjeto-na-ruskovska-arafat-muaremi-se-povleche-od-funkcijata-direktorot-na-upravata-za-finansiska-policija/#respond Tue, 16 Aug 2022 14:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=719378

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. -Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција. Од Управата, исто така, нагласуваат дека денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. Како што информираа денеска од Јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, денеска поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство. Врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јовески, исто така, донел Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-suspendiranjeto-na-ruskovska-arafat-muaremi-se-povleche-od-funkcijata-direktorot-na-upravata-za-finansiska-policija/feed/ 0
Директорот на финансиска полиција утре ќе поднесе кривична пријава против Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-finansiska-policija-utre-kje-podnese-krivichna-prijava-protiv-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-finansiska-policija-utre-kje-podnese-krivichna-prijava-protiv-vilma-ruskovska/#respond Sun, 07 Aug 2022 16:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=715340

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми се очекува утре до Обвинителството да ја поднесе кривичната пријава против обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал, поради како што вели, злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи. Според Финансиската полиција, обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка. Обвинителката Вилма Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја. Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-finansiska-policija-utre-kje-podnese-krivichna-prijava-protiv-vilma-ruskovska/feed/ 0
Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми штетно влијаат врз довербата во институциите, смета Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanjata-megju-ruskoska-i-muaremi-shtetno-vlijaat-vrz-doverbata-vo-instituciite-smeta-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanjata-megju-ruskoska-i-muaremi-shtetno-vlijaat-vrz-doverbata-vo-instituciite-smeta-spasovski/#respond Fri, 05 Aug 2022 17:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=714756

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека  обвинувањата меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми штетно влијаат врз доверба во институциите. -Ова предизвикува штета на граѓаните заради тоа што вербата во институциите се губи и секој кој носи било каква функција, мора да носи одговорност – етичка, морална…. Не може да се дозволи да се растурат институции од било кого и за тоа треба цврсто да застане секој заради тоа што ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем. Така што мора да се размислиме зошто институциите, обвинителство, судство имаат осум отсто доверба. Не верувам дека ова е начинот на којшто ќе ја зголемуваме довербата, изјави вечерва Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија. Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми траат извесен период, а Рускоска ги повика надлежните институции во државата и меѓународните институции и амбасади „да ги проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. Нејзината реакција уследи откако директорот на Финансиската полиција најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Од Европската комисија во изјава за МИА порачаа дека внимателно ги следат сите случувања со меѓусебните јавни обвинувања меѓу Рускоска и Муареми и дека ова прашање треба да го решат надлежните институции.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanjata-megju-ruskoska-i-muaremi-shtetno-vlijaat-vrz-doverbata-vo-instituciite-smeta-spasovski/feed/ 0
ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-prashanjeto-povrzano-so-ruskovska-i-muaremi-treba-da-go-reshat-nadleznite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-prashanjeto-povrzano-so-ruskovska-i-muaremi-treba-da-go-reshat-nadleznite-organi/#respond Fri, 05 Aug 2022 10:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=714535

Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје во врска со повикот на јавната обвинителка Русковска упатен до надлежните државни институции и странски амбасади и меѓународни организации. – Спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за Европската Унија. Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата. Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. – Ова прашање треба да го решат надлежните органи, се додава во одговорот. Шефицата на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. Во писмената реакција по завчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, на кој тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, Русковска нагласи дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешањето во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата. Во одговор на повикот на Русковска вчера Амбасадата на САД оцени дека станува збор за тековен процес и е прашање што треба да го решат надлежните органи во државата. – Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со повикот на Русковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-prashanjeto-povrzano-so-ruskovska-i-muaremi-treba-da-go-reshat-nadleznite-organi/feed/ 0
Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=713907

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува. Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош“- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми. Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. – Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/muaremi-dokolku-ruskovska-raspolaga-so-soznanija-i-informacii-neka-podnese-obvinitel-akt/feed/ 0
Муареми: Очекуваме нападите и притисоците да продолжат и во наредните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=711368

Директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми денеска се огласи преку соопштение во кои вели дека тој и вработените во Управата се свесни дека, како што рече, намерно исценираните и неосновани напади доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата. -Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција. Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред целно смислени напади и сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности, информира Муареми. Додава дека објавите во одредени медиуми дека Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против директорот на Управата се лажни и невистинити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ochekuvame-napadite-i-pritisocite-da-prodolzat-i-vo-narednite-denovi/feed/ 0
ФОТО: Кривична пријава за директорот на Управата за финансиската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/#respond Wed, 27 Jul 2022 21:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=711038

Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривчно дело „насилство“, Основното јавно обвинителство денеска поднело кривична пријава против Арафат Муареми, шефот на споменатата владина институција, ексклузивно дознава НетПрес кој имаше увид во соодветните документи. Инаку, претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција изврши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми. Информацијата во понеделникот ја потврди и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. -Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, рече тогаш Русковска. Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот. Од обвинителството, исто така, известија дека постапуваат по кривична пријава која била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/feed/ 0
Муареми ја обвини Рускоска за самоволие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ja-obvini-ruskoska-za-samovolie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ja-obvini-ruskoska-za-samovolie/#respond Mon, 25 Jul 2022 19:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=710116

Претседателот на Агенцијата за финансиска полиција, Арафат Муареми, реагира на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која тврди дека претставката за претрес на просториите на агенцијата е поднесена минатиот вторник до обвинителот Љубомир Јовески, а нејзиното соопштување сега во јавноста го смета за директен притисок врз работата на обвинителството и судот. Уште кога го пишував соопштението свесен бев дека Русковска ќе го злоупотреби институтот на „ наводен притисок“ врз институциите, но сепак, Обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите, реагира Муареми. Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, рече Русковска. Муареми, претходно во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна на 18 јули, денеска соопшти дека има суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување. Поради „низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција, до Јавниот обвинител е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, се вели во соопштението. Муареми оценува дека со овие дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, но и на неговиот углед како директор. Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела влезе во Управата за финансиска полиција. Првичните информации беа дека наредбата е издадена по пријава на група граѓани против директорот. Тој појаснува дека со наредбата дале квалификација основано соменение, а Русковска вели дека само проверуваат наводи по пријава, ваква мерка и кфалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/muaremi-ja-obvini-ruskoska-za-samovolie/feed/ 0
Судир во полициско-обвинителниот врв: Финансиската полиција на Арафат Муареми лута на ЈО на Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-vo-policisko-obvinitelniot-vrv-finansiskata-policija-na-arafat-muaremi-luta-na-jo-na-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-vo-policisko-obvinitelniot-vrv-finansiskata-policija-na-arafat-muaremi-luta-na-jo-na-vilma-ruskovska/#respond Mon, 25 Jul 2022 12:14:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709922

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството. Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“. Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата. Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“. Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, се посочува во соопштението. Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен. Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudir-vo-policisko-obvinitelniot-vrv-finansiskata-policija-na-arafat-muaremi-luta-na-jo-na-vilma-ruskovska/feed/ 0