Арамко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 09:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Арамко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саудиската компанија Арамко го зголеми профитот за 90 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiskata-kompanija-aramko-go-zgolemi-profitot-za-90-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiskata-kompanija-aramko-go-zgolemi-profitot-za-90-otsto/#respond Fri, 02 Sep 2022 09:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=727614

Саудиската нафтена компанија „Арамко“ соопшти за зголемување на нето добивката од цели 90 отсто во вториот квартал и рекордни полугодишни резултати. Информацијата ја пренесе списанието „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија. „Арамко“ соопшти дека поволните пазарни услови помогнале нејзиниот нето-приход во вториот квартал да изнесува 48,4 милијарди долари, во однос на 25,5 милијарди долари една година претходно. Според компанијата, полугодишниот нето-приход пораснал на 87,9 милијарди долари, значително надминувајќи ги резултатите на другите големи нафтени компании, вклучувајќи ги Exxon Mobil, Chevron и BP и другите членки на таканаречениот Big Oil Club. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiskata-kompanija-aramko-go-zgolemi-profitot-za-90-otsto/feed/ 0
Ги надмина Алибаба и Епл: Нафтениот гигант стана највредна компанија во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-nadmina-alibaba-i-epl-nafteniot-gigant-stana-najvredna-kompanija-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-nadmina-alibaba-i-epl-nafteniot-gigant-stana-najvredna-kompanija-vo-svetot/#respond Fri, 06 Dec 2019 09:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=274132

Првичната јавна понуда на саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ ќе биде најголема во историјата. Сепак, ќе биде значително помала од 2 билиона долари како што најави принцот Мохамед бин Салман. „Арамко“ го проценува своето ИПО на 32 риала по акција, соопшти компанијата, која собра 25,6 милијарди американски долари, надминувајќи го рекордот на кинескиот гигант „Алибаба“ во 2014 година од 25 милијарди долари. Пазарната вредност на „Арамко“ е 1,7 трилиони долари, со што го надминува „Епл“ како највредна компанија во светот. Сепак, излезот на саудиската берза, што се очекува кон крајот на овој месец, ќе биде многу поскромен отколку што најави Бин Салман. Странските инвеститори не брзаат за акции на „Арамко“ поради загриженоста во врска со климатските промени, политичкиот ризик и немањето транспарентност, поради што Саудијците се откажаа од своите амбиции да соберат до 100 милијарди американски долари за 5 проценти од акциите. Наместо тоа, „Арамко“ ќе се фокусира на продажба на 1,5 отсто од акциите на саудиските инвеститори и богатите држави од Заливот. Саудиските банки исто така понудија евтини кредити на граѓаните за купување акции. Засега Ријад не откри каде и кога „Арамко“ ќе излезе на берзата во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-nadmina-alibaba-i-epl-nafteniot-gigant-stana-najvredna-kompanija-vo-svetot/feed/ 0