аранжмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Oct 2020 09:05:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аранжмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistichkite-agencii-vo-srbija-od-deneska-ne-prodavaat-aranzmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistichkite-agencii-vo-srbija-od-deneska-ne-prodavaat-aranzmani/#respond Thu, 01 Oct 2020 09:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=410983

Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата на Ковид 19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ. Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат. – Туристичките агенции, поради неможноста да плаќаат за осигурување, од денеска немаат лиценци и можат да продаваат само поединечни услуги, билети или сместување во хотел, бидејќи тоа е осигурено на друг начин, рече Сеничиќ. Тој истакна дека осигурителните компании не се согласиле да ги осигураат аранжманите на агенциите дури и под услов да ги зголемат цените на полисите и дека тоа го објавиле пред само две недели така што „туристичките агенции се ставени пред свршен чин“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turistichkite-agencii-vo-srbija-od-deneska-ne-prodavaat-aranzmani/feed/ 0
Турција воведува такса за престој, еве за колку ќе поскапат аранжманите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/turcija-voveduva-taksa-za-prestoj-eve-za-kolku-kje-poskapat-aranzmanite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/turcija-voveduva-taksa-za-prestoj-eve-za-kolku-kje-poskapat-aranzmanite/#respond Thu, 23 Jan 2020 10:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=293502

Аранжманите за Турција претстојното лето ќе бидат поскапи за 20 до 30 евра по лице, бидејќи земјата од април воведува такса за престој за странски туристи. Таксите ќе се наплаќаат на рецепција, а најскапата ќе биде за оние кои ќе престојуваат во хотели со пет ѕвездички. Тие ќе плаќаат околу 3 евра (18 лири) дневно по лице. Таксата за престој во хотелите со 4 ѕвезди ќе изнесува 2 евра (12 лири) дневно, во хотелите со 3* таксата ќе биде 1,5 евро и со 2* туристите ќе плаќаат помалку од евро. Од оваа такса ќе бидат ослободени само децата до 12 години, а ќе почне да се наплаќа од туристите кои во Турција ќе отпатуваат од април. Локалните власти се надеваат дека од наплатените такси ќе го збогатат буџетот за најмалку 400 милиони евра. Имено, минатата година хотелите со четири и пет ѕвезди реализирале 144 милиони ноќевања, а 80 милиони имало во хотелите со три ѕвезди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/turcija-voveduva-taksa-za-prestoj-eve-za-kolku-kje-poskapat-aranzmanite/feed/ 0