арапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арапи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=893206

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година. Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата. Може ли Бајден да го загуби Мичиген? Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт. Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти. -Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд. Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа. „Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X. „Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој. Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат. „Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија. Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“. Хина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/feed/ 0
Тие можат да го купат целиот свет: Ова се најбогатите живи Арапи (ФОТО ГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tie-mozat-da-go-kupat-celiot-svet-ova-se-najbogatite-zivi-arapi-foto-galerija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tie-mozat-da-go-kupat-celiot-svet-ova-se-najbogatite-zivi-arapi-foto-galerija/#respond Fri, 25 May 2018 12:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=58257

Жителите на арапските држави важат за најбогати луѓе на светот. Како што многумина тврдат, Арапите се уште не се сретнале со цена која не им одговара, така што секогаш се облечени во најнова мода, иако поради традиционалната облека ние тоа не го гледаме. Тие носат најскапи Ролекс часовници, возат уникатни автомобили правени по мерка, се забавуваат на јахти, во приватни авиони, претседателски апартмани и се она што според нивното мислење им доликува на најбогатите луѓе на светот. Листата на најбогати Арапи оваа година содржи неколку националности од арапските земји, а нивното вкупно богатство е проценето на 76.7 милијарди долари. Еве кои се тие: Насеф Савирис Со вкупно богатство проценето на 6.6 милиони долари е потомокот на најбогатото семејство во Египет. Тој ја предводи ОЦИ, една од најголемите компании на светот во полето на производството на азотно ѓубриво, со погони во Тексас и Ајова. Покрај тоа, има удел и во Лафарџ Холцим компанијата, која се занимава со производство на цемент, а акции има и во компанијата Адидас. Хусеин Сајвани Со богатство од 4.1 милијарди долари, тој е претседател на компанија Дамак Пропертис од Дубаи, која се занимава со развој на луксузни недвижнини, фирма која тој ја основал во 2002 година. Тој своето работење го започнал во прехранбената индустрија, спремајќи храна за војската на САД. Исад Ребраб Со богатство вредно 4 милијарди долари, тој основач на ЦЕО Цевитал компанијата, најголемата приватна компанија во Алжир. Цевитал ја поседува една од најголемите рефинерии за шеќер на светот, со производен капацитет од два милиони тони годишно. Нагуиб Сивирис Со богатство од 4 милијарди долари, тој исто така е наследник на најбогатото семејство во Египет, а неговиот брат Насеф е споменат веќе погоре. Тој до своето богатство стигнал преку телекомуникациската индустрија додека покрај тоа поседува скоро 20 проценти од австралиската компанија Еволушн Мининг, која се занимава со ископување злато. Наџиб Микати Неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари, а тој е соосновач на инвестиционата фирма М1 Груп од Бејрут, заедно со својот брат Тах. Тој поседува удел во јужноафриканската телекомуникациска компанија МТН, модниот бренд Пепе Џинс, како и недвижнини во Њујорк, Лондон и Монако. Азиз Аканоуч Вреди 2.2 милијарди долари, а мнозински сопственик е на Аква груп, мултимилијардерскиот конгломерат кој го основал неговиот татко, а кој работи со нафта, гас и хемикалии, по пат на јавни купувања низ компанијата Африкиа Гас и Магхреб Оксиџен. Аканоуч инаку е и министер за земјоделие и риболов во Мароко. Мухамед Ал Фајед Роден е во Александрија, во Египет и поседува богатство проценето на 1.6 милијарди долари. Во средината на 60-тите години Ал Фајед се преселил во Обединетото Кралство, каде стекнал се што поседува. Најпознат е по фактот што некогаш ја поседувал лондонската стоковна куќа Херодс, која ја продаде на Катарец за 2.4 милијарди долари пред осум годни. Сега во негова сопственост е познатиот Риц Париз хотел. Отман Бенџелум Со вредност од 1.6 милијарди долари, тој е сопственик БМЦЕ Банката на Африка, која има присуство во повеќе од 20 африкански држави. Неговиот татко бил акционер во РВА Ватања, мароканска осигурителна куќа, која со неговото водење стана водечка. Сад Харири Неговото богатство се проценува на 1.5 милијарди долари. Тој е премиер на Либан. Харири оваа позиција ја презема во 2016 година, а претходно на истото место беше од 2009 до 2011 година. Харири е наследник на дел од Сауди Огер, градежна компанија која неговиот татко ја довел од позициите на една од најголемите во Саудиска Арабија. Фаисал Бин Квасим Ал Тани Со вредност од 1.6 милијарди долари, тој претседава со компанијата Ал Фаисал Холдинг, еден од најголемите катарски конгломерати, основан во 1964 година. Тој поседува повеќе од 20 хотели ширум светот, вклучувајќи го Сент Реџис во Вашингтон и Мајами, како W хотелот во Лондон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tie-mozat-da-go-kupat-celiot-svet-ova-se-najbogatite-zivi-arapi-foto-galerija/feed/ 0