арапска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 20:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арапска лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД ја критикуваа одлуката за враќање на Сирија во Арапската лига https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-kritikuvaa-odlukata-za-vrakane-na-sirija-vo-arapskata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-kritikuvaa-odlukata-za-vrakane-na-sirija-vo-arapskata-liga/#respond Mon, 08 May 2023 20:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=832015

САД денеска ја критикуваа одлуката на Арапската лига за повторен прием на Сирија, повеќе од единаесет години откако таа беше протерана поради задушување на народниот бунт кој се претвори во војна. - Мислиме дека Сирија во овој момент не заслужува повторно да биде членка на Арапската лига, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Министрите за надворешни работи на Арапската лига вчера одлучија да ја вратат Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија, објави нејзиниот портпарол. Одлуката беше донесена на затворен состанок на министрите во седиштето на Лигата во Каиро, изјави Гамал Рошди, портпарол на генералниот секретар на организацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ja-kritikuvaa-odlukata-za-vrakane-na-sirija-vo-arapskata-liga/feed/ 0
Завршен дводневниот Самит на Арапската лига, потврдена поддршката за Палестинците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshen-dvodnevniot-samit-na-arapskata-liga-potvrdena-poddrshkata-za-palestincite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshen-dvodnevniot-samit-na-arapskata-liga-potvrdena-poddrshkata-za-palestincite/#respond Wed, 02 Nov 2022 20:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=754817

Арапските лидери од дводневниот самит во Алжир ја потврдија својата „апсолутна поддршка” на Палестинците, во време кога се чини дека Бенјамин Нетанјаху ќе се врати на власт во Израел благодарение на сојузот со екстремната десница. Поддршката беше изразена во завршната декларација на првиот арапски самит организиран откако неколку членки на 22-члената Арапска лига го скршија табуто и ги нормализираа односите со Израел. Обединетите Арапски Емирати ги нормализираа односите со Израел во 2020 година како дел од серијата договори со посредство на Вашингтон. Следеа Бахреин, Мароко и Судан. Палестинскиот претседател Махмуд Абас во својот говор побара зголемена арапска поддршка против Израел, кого го обвини дека систематски го поткопува решението за две држави и не се придржува кон потпишаните договори. Во Алжирската декларација објавена на крајот од дводневниот самит, се нагласува важноста на палестинското прашање и се дава целосна поддршка за правото на Палестинците да имаат „независна и суверена држава” на териториите окупирани од Израел во 1967 година, со главен град источен Ерусалим. Без експлицитно прозивање на државите од Арапската лига заради нивното проближување приближување со Израел, во завршната декларација се повторува посветеноста кон Арапскиот мировен план од 2002 година, што нормализацијата на односите со Израел ја условува со повлекување на еврејските трупи од окупираните арапски територии. На самитот, исто така, беше изразена поддршка за напорите на палестинските власти да стане полноправна членка на ОН и да го гони Израел пред меѓународните судови за „воени злосторства и злосторства против човештвото извршени врз палестинскиот народ“. Покрај израелско-палестинскиот конфликт, финалната декларација го потврдува отфрлањето на странското мешање во арапските работи во која било форма, со очигледна алузија на Иран и Турција. Самитот ги поддржа и напорите за решавање на кризата во Либија, со меѓулибиско решение што ќе ги гарантира единството и суверенитетот на земјата. Лидерите ја истакнаа потребата од колективна арапска улога во напорите за окончување на граѓанската војна во Сирија. Како поддршка на Саудиска Арабија, тие ја поздравија балансираната политика на ОПЕК во гарантирањето на стабилноста на светските пазари. Државите од „ОПЕК плус“ – 13 земји извознички на нафта предводени од Ријад и нивните десет партнери предводени од Русија, на 5 октомври одлучија да ги намалат квотите за производство на нафта. Таа одлука предизвика гнев кај американскиот претседател Џо Бајден, кој го обвини Ријад дека игра во корист на Русија, во финансирањето на руската војна против Украина. Алжир го организираше 31-от самит на Арапската лига под мотото „собирање”, но неколку земји не беа претставени од нивните шефови на држави, меѓу кои Саудиска Арабија, Мароко и Емиратите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshen-dvodnevniot-samit-na-arapskata-liga-potvrdena-poddrshkata-za-palestincite/feed/ 0
Прв самит на земјите од ЕУ и Арапската лига https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-samit-na-zemjite-od-eu-i-arapskata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-samit-na-zemjite-od-eu-i-arapskata-liga/#respond Sun, 24 Feb 2019 09:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=167616

Околу 50 шефови на држави или влади од ЕУ и Арапската лига денеска и утре ќе учествуваат на првата средба на врвот на која ќе разговараат за јакнење на економската и политичката соработка, миграцијата и безбедносни прашања. Самитот во Шарм ел Шеик, на египетскиот полуостров Синај, е првиот состанок на највисоко ниво во историјата на овие две организации, а со него ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Меѓутоа, во подготовките за Самитот, ЕУ не успее да обезбеди единство во врска со клучните прашања за кои треба да се дискутира на самитот, како што се миграцијата или нестабилноста на Блискиот Исток. Земјите-членки на ЕУ, исто така, не успеаја да се договорат за заедничка политичка декларација на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и арапските земји, а која би требало да биде усвоена на Самитот. Најголемиот дел од декларацијата е усогласен, но Унгарија имаше забелешки на делот каде се спомнува Глобалниот договор за миграциите од Маракеш. Од европска страна, на Самитот ќе присуствуваат 24 од 28 шефови на држави или влади. Францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот премиер Педро Санчез, летонскиот премиер Кришјанис Каринш и литванската претседателка Далија Грибаускаите ќе ја пропуштат средбата. Добар дел од лидерите своето присуство го потврдија дури откако се дозна дека на Самитот не доаѓаат суданскиот претседател Омар ал-Башир и саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман. Саудиската делегација ќе биде предводена од кралот Салман. Од Самитот нема големи очекувања во смисла на конкретни резултати, туку ќе биде симболична потврда за досегашната соработка. Членките на ЕУ во последниве години тесно соработуваат со арапските земји за прашања кои најмногу ги загрижуваат. Северноафриканските земји се особено важни партнери на ЕУ во управувањето со миграциските текови и размена на информации за тероризмот, и од европска перспектива, оваа соработка носи резултати. Бројот на мигранти што влегуваат во ЕУ преку Средоземното Море значително се намали во споредба со 2015 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-samit-na-zemjite-od-eu-i-arapskata-liga/feed/ 0