арбен таравари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 10:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арбен таравари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таравари: Уште денес ќе излеземе од Владата ако се изгласаат уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865460

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го бара за да гласаат за уставните измени. - Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори, рече Таравари, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21. Оставките на министрите и функционерите на ДУИ, Таравари ги оцени како детска игра. -  Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. АА е партија сама по себе и носи свои одлуки во партиските органи на АА, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството, но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија, рече Таравари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Таравари: Не го гледам како ризик формирањето на новиот политички субјект на Меџити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/#respond Mon, 07 Aug 2023 12:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=864252

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска, коментирајќи ги најавите на Изет Меџити за формирање на нов политички субјект, рече дека ова политичко движење не го гледа како опасност за неговата партија. - Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така што засега не гледам никаква опасност, секој има своја траекторија во политиката, рече Таравари во изјава за медиумите по настанот на кој беа доделени дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица. На Меџити му посака успех и изрази надеж дека ќе го реализира она што го планира. Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде промовирано на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици што можат да се појават во меѓувреме. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/feed/ 0
Таравари: Би било најдобро АА да оди сама на избори, најголема грешка ни е поддршката за Арсовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/#respond Sun, 09 Jul 2023 18:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=854713

Претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари верчерва изјави дека партијата се уште нема одлука како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори. -Низ партиските тела ќе ги анализираме сите околности како е најдобро за нашата партија, рече Таравари во интевју за Сител. На прашањето дали е во игра заеднички настап со актуелната владината коалиција, рече дека не исклучува ништо. Меѓутоа, смета дека АА би било најдобро да излезе сама на избори. -Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опшции за комбинации, рече Таравари. Алијанса за Албанците, како што вели, со сите политички партии има коректни односи. -Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари. За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“. -Мора да се функционира и сега некако функционираме овој период до следните збори заедно со ДУИ и СДСМ. Меѓутоа, морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа, рече Таравари. Потврди дека е се уште на истиот став за ДУИ. -И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција, рече тој. Таравари истакна дека е задоволен од работата на министрите на Алијансата на Албанците. Поинакви сме и чисти, додава тој. Потенцира дека министерот за правда Кренар Лога, според него, прави револуција во правниот систем, а тоа го гледа во повеќе настани што порано биле цензурирани, а, како што вели, сега веќе е отворен правниот систем и транспарентен. -Ако имало некогаш нешто да се случува во фелата на правото, тоа е сега во овие четири месеци. Законот за избори, меѓународна конференција за ветинг, отворање на повеќе проблеми кои што беа под тепих, едно од тоа е и изводот на родени во кое ќе стои графата за националност. Јас мислам дека не е ништо трагично. Ако се вратиме назад тоа е зкаон кој што уште функционира, рече Таравари. Според претседателот на Алијанса на Албанците не се отвора проблем, туку се превенира проблем со изводот за матична евиденција. -Ова што го работи Кренар е превенција. Што има лошо во изводот да стои Македонец или Албанец. Многу Македонци ќе бидат внимателни и нема да се запишат како Бугари, вели Таравари. Тој укажа на злоупотреби што се прават со балансерот за вработување. -Оваа драма што се прави сега дека ќе се злоупотреби од Бугарите мислам дека нема врска, дури може да се превенира. Освен ако законските норми предвидуваат дека ова треба да запре ние не сме против тоа, но ако е во склоп на зкаонот зошто да не, вели Таравари. За состојбите во градот Скопје, каде деновиве се соочуваме со штајк на вработените во Комунална хигиена, вели дека околу една година немаат комуникација со градоначалничката Арсовска. -Најголема грешка што сме ја направиле последните години како политичка партија е што сме ја поддржавме Данела Арсовска, изјави Таравари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/feed/ 0
Таравари: Има јасни сигнали дека земјава ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/#respond Tue, 13 Jun 2023 16:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=845366

Има јасни сигнали дека Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари при денешната посета во Куманово. Одговарајќи на новинарско прашање што ја чека државата доколку не се изгласаат уставните промени, Таравари истакна дека не е важно како ќе изгледа следната влада, туку, како што посочува, важно е дека се даваат јасни сигнали дека земјава најверојатно ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија. -Не е важно како ќе изгледа следната влада, или како ќе се организира владата во следните шест месеци, тоа што е важно е дека се даваат јасни сигнали дека Северна Македонија најверојатно ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија, изјави Таравари. Тој посочува дека воопшто не би било добро доколку државата не ги започне преговорите со Европската Унија, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на евроинтеграциите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/feed/ 0
Таравари: Ние ќе бараме остранување на 20 проценти во Уставот кои ги негираат албанскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nie-ke-barame-ostranuvane-na-20-protsenti-vo-ustavot-koi-gi-negiraat-albanskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nie-ke-barame-ostranuvane-na-20-protsenti-vo-ustavot-koi-gi-negiraat-albanskiot-identitet/#respond Mon, 12 Jun 2023 11:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=844841

Додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ различно си ги толкуваат заклучоците од лидерската средба, а ДУИ одлучува да ја напушти Владата за да не го кочи процесот кон ЕУ, коалицискиот партнер во власта на Димитар Ковачевски, Арбен Таравари вели дека тие и покрај сите случувања, тие како партија ќе продолжат да го туркаат своето барање за отстранување на 20 проценти во Уставот. – Ние како Алијанса за Албанците ќе продолжиме да го туркаме напред нашето барање за отстранување на 20 проценти кои го негираат албанскиот идентитет и воведување на албанскиот јазик во Уставот на земјата – рече Таравари на прес-конференција. Останатите две пораки на лидерот на Алијанса за Албанците се : „Прво, иако нивните услови се конфузни и надвор од реалноста, ја поздравуваме новата волја на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени. Како што сите знаеме, нашата преговарачка рамка одобрена од 27-те земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, првин усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите. Затоа, оценувам дека условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е едноставно неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Уставните измени треба стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција. Второ, во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албанските партии од владата, сакам да нагласам дека нас нè интересира завршувањето на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации. Алијансата за Албанците реши да влезе во владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени“. Алијансата за Албанците до крајот на неделата ќе одржи состанок на раководството на партијата од каде ќе излезат со усогласен став во партиските органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nie-ke-barame-ostranuvane-na-20-protsenti-vo-ustavot-koi-gi-negiraat-albanskiot-identitet/feed/ 0
Таравари: Никој не го разреши Јовев како доктор во клиниката, без политичка функција ќе има повеќе време за своите пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/#respond Wed, 07 Jun 2023 13:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=843251

Никој не го разреши Сашко Јовев од работното место како доктор во клиниката, дури и мислам дека кога немаш политичка функција имаш повеќе време да им се одадеш на твоите пациенти, изјави претседателот на партијата Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одговарајќи на прашање поврзано со докторот Сашко Јовев и дали неговото разрешување е начинот кој партијата се обидува да ги задржи младите и стручни лица од заминување од државата. Тој на денешната прес конференција каде што, придружен од владини претставници, ги претстави постигнатите резултати од првите сто дена работење во владината коалиција, рече дека доктор Јовев е тораковаскуларен хирург кого го цени многу и директор е на Клиниката за кардиохирургија, но даде пример и дека тоа би било исто како Фатмир Меџити како невролог да биде директор на Клиниката за неврохирургија. - Да го направев ова гарантирам дека ќе ме критикувавте „Зошто невролог е директор на Клиниката за неврохирургија?“. Зошто не ме прашувате „Зошто тораковаскуларен хирург е директор на Клиниката за кардиохирургија?“, посочи Таравари. Во однос на трансплантацијата, Таравари подвлече дека учествувале уште осум доктори и потенцираше дека не тврди дека Јовев нема придонесено ништо, но рече дека нема да се остави туку така доколку има незаконитости. -Јас не сакам да кажам лоши зборови за мојот пријател Јовев. Нека продолжи и нека работи како доктор, нека придонесе таму. Меѓутоа доколку еден систем, без разлика дали се работи за партија, министерство, општина или држава зависи од една величина, тоа не е систем, тогаш тоа е пропаст. Ве охрабрувам да причекате и да ги гледате сите извештаи, а доколку ние сме згрешиле, знаеме да бараме и извинување, меѓутоа слушнете ги и двете страни и после да донесеме заедничка одлука, истакна претседателот на Алијанса за Албанците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/feed/ 0
Таравари стравува од реприза на „Букурешт“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-stravuva-od-repriza-na-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-stravuva-od-repriza-na-bukuresht/#respond Fri, 26 May 2023 09:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=838978

Ако ни се случи да не ги спроведеме уставните промени, вчера го слушнав албанскиот премиер Еди Рама како рече дека може ќе се разделат патиштата на Македонија и Албанија кон ЕУ. Тоа не е убаво за нас. Ако мисли македонската опозиција дека ќе победат на избори и ќе сменат нешто, треба да знаат дека ова не е договор меѓу Македонија и Бугарија, туку меѓу Македонија и ЕУ, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во синоќешното гостување на емисијата „Клик плус“. Таравари стравува дека може да ни се повтори „букурешко сценарио“ од 2008 година. -Да не ни се повтори тоа кога Албанија и Хрватска станаа членки на НАТО, а ние останавме уште 10-11 години. Со овој тренд на бегање на млади луѓе, започнувањето на преговори е некаква надеж за нашите граѓани. Повеќето граѓани посакуваат и очекуваат оваа година да ги започнеме отворањето на поглавјата, додаде претседателот на АА. Најблиску до НАТО бевме во 2008 година, на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, иако влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат со Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни 2018, вратата за НАТО се отвори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-stravuva-od-repriza-na-bukuresht/feed/ 0
Таравари: Албанскиот јазик да влезе во Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-albanskiot-jazik-da-vleze-vo-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-albanskiot-jazik-da-vleze-vo-ustavot/#respond Wed, 17 May 2023 09:45:28 +0000 https://kurir.mk/?p=835217

Претседателот на владеачката Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека не треба да се пропушти момемнтот при отворање на Уставот за внес на Бугарите во Преамбулата да се замени и формулацијата 20 отсто со албански јазик. Тој во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон изјави дека за тоа не гледа дека би имале против ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, ни шефот на државата. „Де факто и де јуре албанскиот јазик е јазик којшто се користи секојдневно во Македонија во сите институции. Целата филозофија која што ја дебатираме сега е дали ќе стои албански или ќе стои бројка дваесет проценти. Ние сметаме дека ова е момент кога нашите сограѓани Македонци и нивните претставници политичките партии ќе видат дека е стварно моментот да ја тргнеме таа бројка. Како што инсистирам и македонскиот јазик да се користи така како што треба кога се напаѓа од било која држава, така и албанскиот сметам дека не треба да стои како проценти туку само тие 20 проценти да се заменат со албански јазик. Од албанските партии апсолутно сите се за тоа, и од македонските јас не гледам поголема пречка и СДСМ и ВМРО и декларативно. Меѓутоа и меѓу нас кога зборуваме, па дури и претседателот на државата пред неколку дена кажа дека е апсурдно да се користат проценти за еден јазик кој што и формално и правно се користи во државата. Така да се надевам дека овој е моментот кога ќе ги направиме овие промени заедно со воведување на Бугарите во преамбулата и тераме понатаму со европската агенда која што нема друга алтернатива за нашата држава во која што живееме“, кажа Таравари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-albanskiot-jazik-da-vleze-vo-ustavot/feed/ 0
Таравари: Дојде моментот да се отстрани „јазикот 20% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dojde-momentot-da-se-otstrani-jazikot-20/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dojde-momentot-da-se-otstrani-jazikot-20/#respond Fri, 31 Mar 2023 09:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=818435

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Северна Македонија. Претседателот Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари. Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски. „Особено г. Ковачески и г. Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dojde-momentot-da-se-otstrani-jazikot-20/feed/ 0
Градоначалникот на Тирана стана почесен граѓанин на Гостивар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-tirana-stana-pochesen-graganin-na-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-tirana-stana-pochesen-graganin-na-gostivar/#respond Wed, 22 Mar 2023 18:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=815196

Со симболично предавање на клучот на градот, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај стана почесен граѓанин на Гостивар. На пригодната церемонија пред зградата на општина Гостивар гостинот од Албанија се заблагодари на укажаната чест и порача да се напуштат позициите на национализам и иднината да се гради според потребите на младите. - На нашиот регион не му треба национализам, туку да ја градиме иднината за младите ако сакаме тие да останат во татковината. Додека постарите зборуваат за минатото, младите во училиштата зборуваат за информатичките технологии, за уметност, зборуваат странски јазици, рече Велиај. Во обраќањето тој напомена дека е подготвен да финансира ученици од Гостивар кои сакаат да стекнуваат знаења преку обуки и креативни работилници кои се организираат во Тирана. Во поздравниот говор, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, за гостинот кого го нарече братот од Тирана, нагласи дека тој е политичар со многу вредности и позитивна енергија и дека е вистинска чест неговото доаѓање. Валбон Лимани, претседавач на Советот на општина Гостивар искажа благодарност до колегите советници кои едногласно ја изгласаа одлуката со која Велиај беше прогласен почесен граѓанин на Гостивар и во нивно име му врачи плакета со симболот на градот. На свеченоста, гостинот беше придружуван од амбасадорот на Албанија, Фатос Река, а присуствуваа и повеќе претставници на институции, верски заедници и пратеници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-tirana-stana-pochesen-graganin-na-gostivar/feed/ 0