арбр адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 12:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арбр адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Адеми: Двајца пратеници повеќе не се дел од пратеничката група на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-dvajtsa-pratenitsi-poveke-ne-se-del-od-pratenichkata-grupa-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-dvajtsa-pratenitsi-poveke-ne-se-del-od-pratenichkata-grupa-na-dui/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=857736

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи. На прес - конференција во Собранието, на новинарско прашање за тоа дали од денеска тројца пратеници од ДУИ веќе не се дел од нивната пратеничка група и дали тоа значи дека се распаѓа пратеничката група на оваа партија, Адеми посочи дека станува збор за двајца пратеници, а третиот Кастриот Реџепи делувал како независен пратеник, и бил на листата на СДСМ, изразувајќи при тоа жалење што за тоа биле информирани од медиумите. -Жалиме што преку медиуми сме информирани дека наши двајца пратеници го избрале овој пат. Тие добро биле третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба во ДУИ за да бидат на таа институционална одговорност, така што за причините за нивното самоотстранување од ДУИ треба нив да ги прашате. Но, во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Така што на истите тие бројки што сме биле пред и во моментот на формирањето на оваа Влада, на истите тие бројки сме и сега. Само изразуваме жалење за сето ова што се случува, а за причините треба да се прашаат нашите колеги, изјави Адеми. Прашан дали има доволно пратеници во парламентарното мнозинство, тој рече дека тоа е дневнополитичко прашање, бидејќи има опозициски политички партии кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива. -Дали некој пратеник ќе биде или нема да биде дел од парламентарното мнозинство, ова прашање, апропо најзначајното стратешко прашање е минорно, вели Адеми. Во однос на посетата на Вајмарската тројка, тој кажа дека имале конструктивна средба со министрите за европски прашања од Германија, Франција и Полска и оти добиле јасни пораки. -Сите пораки беа јасни. Ако сакаме да и се спротивставиме на Русија тогаш ќе гласаме за уставните измени. Тоа беше главната порака. Ако не сме со Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени. И така ќе се отвори патот кон членството на нашата земја во европското семејство и така ќе продолжи подобрувањето наше, на нашата држава и општество на повеќе полиња, кои се поврзани и со процесот на преговорите. Така што имавме директни пораки како никогаш до сега имајќи ги предвид последниве средби што треба да направиме, потенцира Адеми.. Тој при тоа изрази очекување дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе носат одлуки, со кои ќе ги хармонизираат нивните политики со отворање на нови перспективи за сите граѓани и оти нема да се водат од тесни партиски интереси кои се поврзани со следните избори. -Дискутиравме за сите околности, особено околностите кои се креирани од минатата година после руската агресија во Украина, и забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука Северна Македонија и Албанија. Очекувам дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе носат одлуки, ќе ги хармонизираат нивните политики со отворање на нови перспективи за сите граѓани и нема да се водат од тесни партиски интереси кои се поврзани со следните избори. Сите ние кои сме европски ориентирани политичари и политички партии кои ги претставуваме, секако дека го споделувавме нашето видување дека час поскоро треба да се изгласаат уставните измени. Претседателот Џафери, меѓу другото, кажа да не се занимаваме со историјата, туку конкретно да се фокусираме на градење нови можности и перспектива за нашите граѓани, рече координаторот на ДУИ Арбр Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-dvajtsa-pratenitsi-poveke-ne-se-del-od-pratenichkata-grupa-na-dui/feed/ 0
Адеми од трибина на ДУИ: Трајанов и сличните нему се против европскиот фронт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-od-tribina-na-dui-trajanov-i-slichnite-nemu-se-protiv-evropskiot-front/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-od-tribina-na-dui-trajanov-i-slichnite-nemu-se-protiv-evropskiot-front/#respond Wed, 25 Jan 2023 14:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=791776

Координаторот на пратеничката група на ДУИ и потпретседател на партијата, Арбер Адеми синоќа од партиска средба со симпатизери од тетовските шарпланински села упати порака дека коалицискиот партнер Павле Трајанов е против создавање на сојуз „За Европа“ бидејќи, рече, просто – математички брои функционери Албанци. Адеми реагира на изјавата на Трајанов според која тој би поддржал проширување на Владата со Алијанса за Албанците доколку не се наруши „правичната етничка застапеност“ и доколку само ДУИ на Алијанса ѝ отстапи свои позиции во власта. „Нашиот лидер Али Ахмети има за цел да се постигне напредок во општеството, младите иднината да ја гледаат тука, за тоа ни е потребен и сојуз внатре во земјата за да се отворат вратите на ЕУ. Не ни е потребен сега луксуз па да го сопираме европскиот пат заради партиски интереси. И не треба сега да ѝ се наштети на партиската организација на ДУИ. Но, од друга страна, слушнавме ‘хејтерска’ изјава на Павле Трајанов, како и на некои други, кои велат дека можело да има најмногу пет или шест Албанци како министри. Со нивната ‘правична заастапеност“ тие се прикажуваат дека се против создавање на заеднички европски фронт. Но ние можеме и треба да го следиме нашиот претседател кој работи на унапредување на позицијата на Албанците, но и на сите луѓе во општеството, затоа повикуваме на единство, не на поделба“, рече Адеми. „Со еден старец разговаравме за 2001 година. Тој мене ми даде многу добра реплика. Правиш грешка, ми рече. Времето не треба да се дели на тоа пред и тоа по војната, туку на времето пред и по Али Ахмети“, рече во своето обраќање Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ. „Ве охрабрувам да го поддржиме фронтот ‘За Европа’ низ оваа пред-кампања, затоа што оваа земја и овој народ заслужуваат да бидат во Европа, Но, без да ги напишеме нашите домашни задачи таа работа ќе оди многу тешко. Затоа ни е потребно единство во политиката, единство во државата“, рече во обраќањето пред членовите, симпатизерите и граѓаните на неколку села над Тетово лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-od-tribina-na-dui-trajanov-i-slichnite-nemu-se-protiv-evropskiot-front/feed/ 0
Мисајловски до Адеми за фуснотата за македонскиот јазик: Зошто Албанија нема таков услов за старт на преговорите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-ademi-za-fusnotata-za-makedonskiot-jazik-zoshto-albanija-nema-takov-uslov-za-start-na-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-ademi-za-fusnotata-za-makedonskiot-jazik-zoshto-albanija-nema-takov-uslov-za-start-na-pregovorite/#respond Mon, 04 Jul 2022 19:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=699977

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното свое гостување побара одговори од сите гости во емисијата кои што се за францускиот предлог што точно ќе содржи бугарската изјава во врска со македонскиот јазик. Мисајловски исто така го запраша пратеникот од редовите на ДУИ Арбр Адеми, зошто и Албанија нема ваков услов. -Претходни рековте дека постои услов, а истото ми го спомнавте и на паузата, што значи таа фуснота и што ќе содржи изјавата на Бугарија за македонскиот јазик? Еве зошто Албанија нема таков услов за почеток на преговорите? го запраша Мисајловски својот колега од ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-ademi-za-fusnotata-za-makedonskiot-jazik-zoshto-albanija-nema-takov-uslov-za-start-na-pregovorite/feed/ 0
Џафери во одбрана на Адеми: Немам надлежност да побарам одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-vo-odbrana-na-ademi-nemam-nadleznost-da-pobaram-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-vo-odbrana-na-ademi-nemam-nadleznost-da-pobaram-odgovornost/#respond Wed, 29 Jun 2022 10:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=697228

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите коментирајќи го последното случување од пред два дена во Комисијата за европски прашање рече, дека не го оправдува однесувањето на претседателот на оваа Комисија Арбр Адеми, меѓутоа, според него, немилиот настан бил испровоциран. -Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собрание, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место, рече Џафери, додавајќи дека инцидентот не го предизвикал Адеми, туку, како што рече „тие кои отидоа на говорница и кои го искорнаа микрофонот“, пренесе Алсат. Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува. -Никој не треба да реагира така, ни власта, ни опозицијата. Тој е поединец, не оправдувам, туку упатувам порака да не се повторува, да не се случува, а нема да се случи ако никој не испровоцира. Ова е Законодавен дом тие се пратеници и имаат индвиидуална одговорност, тоа се прописите, рече Џафери. Според Џафери, настанот треба да се гледа во целина, а не само во „исечоци“. Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-vo-odbrana-na-ademi-nemam-nadleznost-da-pobaram-odgovornost/feed/ 0
Џафери: Немилиот настан со Адеми е испровоциран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-nemiliot-nastan-so-ademi-e-isprovociran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-nemiliot-nastan-so-ademi-e-isprovociran/#respond Wed, 29 Jun 2022 09:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=697215

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите коментирајќи го последното случување од пред два дена во Комисијата за европски прашање рече, дека не го оправдува однесувањето на претседателот на оваа Комисија Арбер Адеми, меѓутоа, според него, немилиот настан бил испровоциран. – Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собрание, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место, рече Џафери, додавајќи дека инцидентот не го предизвикал Адеми, туку, како што рече „тие кои отидоа на говорница и кои го искорнаа микрофонот“. Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува. – Никој не треба да реагира така, ни власта, ни опозицијата. Тој е поединец, не оправдувам, туку упатувам порака да не се повторува, да не се случува, а нема да се случи ако никој не испровоцира. Ова е Законодавен дом тие се пратеници и имаат индвиидуална одговорност, тоа се прописите, рече Џафери. Според Џафери, настанот треба да се гледа во целина, а не само во „исечоци“. Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата. Прашан во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се расправа за разговорите со Бугарија, Џафери рече дека при поднесување на иницијативата не е испочитувана процедурата за доставување на материјалот до соодветното тело. – Пратениците на 24-ти пратиле заклучоци од Брисел до Комисијата за европски прашања. Фактички деловникот пропишува дека сите нешта се доставуваат преку претседателот на Собранието и таков материјал не сум примил, ниту е адресиран таков материјал до мене. Материјалот е адресиран директно до Арбер Адеми, кој не е надлежен да споделува материјал, кој е дојден до него. Според Деловникот сите материјали се доставуваат до претседателот на Собранието, кој веднаш, најдоцна до три дена треба да го прати до пратениците и да почне законодавната постапка. На самата седница може да се дополни дневниот ред, но материјалот треба да е дојден до мене, да ја добие постапката, процедурата да се почитува, нагласи Џафери. Во однос на денешната седница за пратенички прашања и за утрешната поднесена интерпелација за него, Џафери рече дека очекува атмосферата да биде парламентарна, без оглед кој ќе биде видот и начинот на поставување на прашањето. – Не очекувам да има никаков проблем, по однос на редот во пленарна сала. Утре истоветно, зошто би имало проблем, кога интерпелацијата се однесува на мене, рече Џафери. Одговарајќи на прашање околу изјаснувањето на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, дали припаѓа на мнозинството или опозицијата, Џафери рече дека штом во поднесената изјава дека се изјаснува како независен пратеник, како што рече, „по дифолт испаѓа дека тој припаѓа на мнозинството“. – Тој се изјасни дека излегува од партијата Алтернатива и од дента кога ми пушти писмо, тој се изјасни како независен пратеник во смисла дека веќе не почитува партиски одлуки од Алтернатива. Фактот што не се изјасни по однос на мнозинство или опозиција, значи останува официјално во мнозинството, бидејќи не се изјаснил по тој статус. Тој само се издвоил, заклучи Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-nemiliot-nastan-so-ademi-e-isprovociran/feed/ 0
Водечките балкански медиуми известуваат за нападот во македонското собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechkite-balkanski-mediumi-izvestuvaat-za-napadot-vo-makedonskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechkite-balkanski-mediumi-izvestuvaat-za-napadot-vo-makedonskoto-sobranie/#respond Tue, 28 Jun 2022 12:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=696825

Вчера во македонското собрание се случи инцидент до невиден размер, каде пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, нападна пратеници од опозицијата меѓу кои имаше и жени. Имено тој со невиден без и гнев маваше со што ќе стигне по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска и Драган Ковачки, како по пратеникот од редовите не АА. За ваквите напади од страна на Арбр Адеми известуваат и водечките балкански медиуми. Па така index.hr напиша: Денес во собранието на Република Северна Македонија дојде до физичка пресметка. Арбр Адеми кој ја застапува коалицијата на ДУИ и СДСМ физички ги нападна опозициските пратеници, а ги маваше и со шољи за кафе, шише со вода... Српски Н1 пак на својата веб-платформа објави текст во кој се вели: Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Арбр Адеми со шоља за кафе го погоди пратеникот на АА, Халим Азири. Ваквиот инцидент кој го предизвика пратеникот на ДУИ предизвика бурни реакции во јавноста, а осуди за неговата постапка сигнаа до сите страни. Тој денес во изјава за некои медиуми изрази жалење за неговата постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechkite-balkanski-mediumi-izvestuvaat-za-napadot-vo-makedonskoto-sobranie/feed/ 0
Арбр Адеми излезе со своја верзија на вчерашната тепачка, еве што кажа тој за инцидентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/arbr-ademi-izleze-so-svoja-verzija-na-vcherashnata-tepachka-eve-shto-kaza-toj-za-incidentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/arbr-ademi-izleze-so-svoja-verzija-na-vcherashnata-tepachka-eve-shto-kaza-toj-za-incidentot/#respond Tue, 28 Jun 2022 10:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=696781

Вчерашниот инцидент во Собранието доби помирно продолжение денеска, во кое повторно се истите актери, но на друг начин и со постудени глави. Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми (ДУИ), еден од учесниците во инцидентот се извини за настаните вчера, а Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш да се поднесе оставка. Во изјава за „Слободен печат“ Адеми изрази жалење за инцидентот, но вели дека настаните биле испровоцирани од опозицијата. „Тоа не требаше да се случи. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и не треба да потпаѓаме на вакви провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенти за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за закон кој овозможува владеење на правото и затоа опозицијата сакаше да го оневозможи неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени“, вели Адеми. Тој вели дека опозиционерите се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и дека имало насилство врз него. „Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење“, вели Адеми и за целиот инцидент го обвинува Антонио Милошоски. „Тој (Милошоски) е под влијанија на странски служби и ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Познато е дека е против албанското образвование и дека е бугарофил“, вели Арбер Адеми за „Слободен печат“. Дафина Стојаноска денеска оцени дека Адеми не правел ништо добро за пратеничката група на на ДУИ, иако е нејзин координатор, и дека по вчерашниот инцидент треба веднаш да си поднесе оставка. Зборувајќи за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Стојаноска уште рече дека нема зошто да преговараме околу францускиот предлог. „Кои се Ковачевски и Османи да преговараат во наше име“, рече Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/arbr-ademi-izleze-so-svoja-verzija-na-vcherashnata-tepachka-eve-shto-kaza-toj-za-incidentot/feed/ 0
Твитерџиите добро ја искористија вчерашната тепачка во македонското собрание, еве со какви видеа тераа мајтап со Арбр Адеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviterdziite-dobro-ja-iskoristija-vcherashnata-tepachka-vo-makedonskoto-sobranie-eve-so-kakvi-videa-teraa-majtap-so-arbr-ademi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviterdziite-dobro-ja-iskoristija-vcherashnata-tepachka-vo-makedonskoto-sobranie-eve-so-kakvi-videa-teraa-majtap-so-arbr-ademi/#respond Tue, 28 Jun 2022 10:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=696777

Вчерашната тепачка во Собрание во која главната улога ја имаа пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми и група пратеници од ВМРО ДПМНЕ е голем срам. Оваа тепачка е топ тема на социјалните мрежи, особен о на Твитер. Погледнете дел од твитовите, кои оваа тажна македонска приказна се обидоа да ја прикажат во хумористично светло. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviterdziite-dobro-ja-iskoristija-vcherashnata-tepachka-vo-makedonskoto-sobranie-eve-so-kakvi-videa-teraa-majtap-so-arbr-ademi/feed/ 0
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ademi-da-si-podnese-ostavka-negovoto-odnesuvanje-e-sramno-za-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ademi-da-si-podnese-ostavka-negovoto-odnesuvanje-e-sramno-za-sobranieto/#respond Tue, 28 Jun 2022 08:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=696729

Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат, по вчерашните случувања во македонското собрание каде пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми вербално и физички ги нападна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и нејзе вели дека Адеми под итно треба да си поднесе оставка од пратеничката функција. Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор, изјави Стојаноска. Во однос на францускиот предлог, Стојаноска вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јасни ги исцртале македонските црвени линии. Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име, праша Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-ademi-da-si-podnese-ostavka-negovoto-odnesuvanje-e-sramno-za-sobranieto/feed/ 0
Дезинтегративни интегративци и СДСССС „стокхолмци“ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dezintegrativnite-integrativci-i-sdssss-stokholmcite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dezintegrativnite-integrativci-i-sdssss-stokholmcite/#respond Tue, 28 Jun 2022 08:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=696703

Во овие години на опасно собраниско живеење, се шушка дека пратеничката група на СДСССССС спрема инстант промена на Собранискиот деловник. Се разбира, со европско знаменце. Со нив, Таљо, Арбрррр и сите други народни дезинтегративни избраници ќе можат да тепаат, да пцујат и да се закануваат до „миле волје“ во законодавниот дом. Се разбира, кого сакаат и каде сакаат. По итна постапка и за мир во коалициска куќа. Планирана е и парламентарна верзија на името во галовно ДУИТПС (демократска унија за интеграција на тепање и пцуење во собрание). Измените во Деловникот (за кои Кацарска експресно со уставен декрет кажала дека заради итноста  се доволни само 12 пратеници за да ги изгласаат) претполагаат дека деструктивците кои најмногу ќе тепаат и пцујат  ќе добијат и плус на плата за своите садистички, тепачки, пцујачки и омаловажувачки навики и афинитети, а најважно е што по нивното усвојување, истите ќе можат лагодно да се интегрираат во дезинтегрираното општество и парламент без никаква одговорност за стореното физичко и психичко насилство. Проценката на СДСССССССС, чија врхушка и пратеници јавно се фалеле со Стокхолмскиот синдром кој станал услов за членска книшка, била дека со ваков коалициско-увиѓаен потег и измени на Деловникот, се дава силен придонес и на патот кон ЕУ, која токму со Францускиот антимакедонски предлог јасно и гласно ја прокламираше својата слабост кон безобразлук, насилие и поддршка на страната на посилниот и малтретирачот. Вака, одобрувајќи го садизмот на пулените на Алија и на неговиот гаваз и престолонаследник Артан Нежни, кој случајно направи кариера тепајќи малолетни деца на Калето, СДСССС со нов Деловник само уште еднаш ќе покажеле дека предлогот на Сол Макарон Сол Феро е воодушевувачки и дека не смејат да го прифатат само и само затоа што после јако ќе треснат од власт, а власта од тендерски причини не смеела никако да се изгуби. Тепање изведено од претседател на Комисија за ЕВРОПСКИ прашања било оценето како полн погодок, солидарност и силна јавна поддршка на Бриселското нецивилизациско насилие  кон Македонците. Велат, Вархеји се подготвувал преку видео-врска да го поздрави потегот на Адеми... Во план е и собраниска Анкетна комисија за провокаторот Милошоски, кој, само замислете, со сиот ум му рекол на Арбрррр дека Али не е најубав и најумен, а на Ваљмир дека Бујар е бааги подобар во правење орлиња со рачињата и нивно летање. Кацарска пукнала од мака што не е во Кривичен и не може да го осуди Антонио на барем 20 години затвор, но Алексовска-Стојановска трлала раце. Русковска чекала во позиција на низок старт. Истовремено, се подготвува и СДССССС собраниско тело кое редовно ќе заседава и во иднина со акламација и гласна овација ќе ги одобрува тепањата, пцуењата, заканите и омаловажувањата од врхушката на Алија. Ќе го раководи Мисовски, нормално. Кампањата, пак, дека да се биде тепан од ДУИ и не е ништо страшно, а пцуен уште помалку, ќе ја финансирале Анѓушев, Пуцко и Вице, а силна поддршка е најавена и од НВО секторот. Велат дека Кацарска им подготвувала и алиби-одобрување од Уставен суд, тапија со која секој вистински терорист (не оние лажните и наместените од 27-ми април) ќе може да тепа и пцуе и надвор од Собранието и да помине неказнето. Иако ДУИ ја зезнале и тоа веќе го правеле. Ако не верувате, прашајте го Нефи... Во план е и на местото на објектите планирани за градинки, да се отворат вежбални за дезинтегративни тепачо-пцујачи. Вербалното загревање ќе го почнувал Таљо, кој ќе ги учи на уметноста на пцуењето, редовни професори ќе биле Арбррррр, Ваљон и Нежни, а за вонредни професори биле планирани Фрчко и Дудуш. Почесни членови на „Боречкиот клуб“ ќе биле Али и Црпко, а Таче ќе му ја наследел почесната титула тогаш кога Зоче ќе решел да се пензионира...   П.С. Секоја сличност на ликовите од собраниската траги-пародија кои кореспондират со ликови од иреалниот по име протекторат кој не толку одамна беше и држава е тотално и апсолутно неслучајна....]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dezintegrativnite-integrativci-i-sdssss-stokholmcite/feed/ 0