арда мустафаоглу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 May 2018 07:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арда мустафаоглу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/#respond Wed, 02 May 2018 07:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=48494

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место на меѓународниот он-лајн музички натпревар „EMuse“ организиран од меѓународната асоцијација за уметност „The Muse“ од Атина. Дваесет и седум членови на меѓународното жири меѓу кои Petras Genusas (Литванија), Elena Kuznetsova (Русија), Lydia Frumkin (САД) и Boris Rozin (Русија), одлучија петнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу како првонаграден да настапува на концерт во византискиот музеј во Атина на 30 јуни 2018 година. Натпреварот „EMuse“ е единствен натпревар во Грција со меѓународни размери за класични музичари од сите возрасти и националности, поради што е поддржан од грчкото Министерство за култура и Министерството за туризам. На овој натпревар, од 2005 година до сега учествувале 920 учесници од 87 држави. Арда Мустафаоглу, покрај настапот во византискиот музеј во Атина, деновиве ќе настапува и во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, а ќе има и солистички концерт во Париз. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/feed/ 0