арена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 14:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: „Таурон Арена“ спремна за „Фалангата“, Македонија се враќа во Краков https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/#respond Thu, 12 Jan 2023 14:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=786551

Нешто повеќе од еден ден на нè делат од уште едно големо натпреварување за македонската репрезентација. Најдобрите ракометари од цел свет ќе бидат дел од престојното првенство во Полска и Шведска. „Таурон арената“ е спремна за нов ракометен спектакл во наредните две недели. Погледнете ја внатрешноста на салата пред почетокот на првенството. Капацитетот на арената е 15.030 седишта за спортски настани, додека за концерти може да достигне и до 22.000 гледачи. На Европското првенство во 2016 година Македонија играше во истата сала кога беше во група со Франција, Полска и Србија. Годинава Македонија ќе започне на 13 јануари против Норвешка, додека последниот натпревар од првата фаза треба да биде на 17 јануари против Аргентина. Според најавите „Фалангата“ ќе ја обои големата арена и Македонија ќе има најмногу приврзаници на Светското првенство, во групите во Краков.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-tauron-arena-spremna-za-falangata-makedonija-se-vraka-vo-krakov/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Полицијата го проверува Арена центар во Загреб, целосна евакуација по дојавата за бомби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-policijata-go-proveruva-arena-centar-vo-zagreb-celosna-evakuacija-po-dojavata-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-policijata-go-proveruva-arena-centar-vo-zagreb-celosna-evakuacija-po-dojavata-za-bombi/#respond Fri, 22 Apr 2022 14:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=666910

Арена Центар во Загреб е целосно евакуиран поради дојави за бомби. Вработените и посетителите го испразнија центарот по известувањето. Полицијата е на терен и работи по пријавата. -Дојавата беше за можна експлозивна направа, полицијата се уште проверува, велат од полицијата во Загреб. Трговскиот центар останува затворен до наредно информирање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-policijata-go-proveruva-arena-centar-vo-zagreb-celosna-evakuacija-po-dojavata-za-bombi/feed/ 0
Вознемирувачко видео: Бик избоде до смрт гледач на борба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-bik-izbode-do-smrt-gledach-na-borba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-bik-izbode-do-smrt-gledach-na-borba/#respond Fri, 04 Jan 2019 10:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=148277

На шокантна снимка беше фатен моментот кога бик избоде до смрт човек кој од публиката некако успеа да се симне во арената на фестивал за борба со бикови во северозападна Колумбија. Уште не се знае како човекот успеал да влезе во арената каде го испровоцирал бикот и животното повеќе пати го избодело со роговите. Во инцидентот што настана потоа во обид да се извлече телото на мажот, беа повредени околу 30 луѓе, од кои неколку се деца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-bik-izbode-do-smrt-gledach-na-borba/feed/ 0
По пет победи на пет натпревари: Хокеарската репрезентација бара хокеј арена во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/#respond Thu, 22 Nov 2018 10:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=130741

Македонската хокеарска репрезентација вчера постигна огромен успех, откако го освои „Девелопмент Купот“ што се одржа Фисен, Германија со победа против Португалија од 9-3. Македонија запиша пет победи на пет натпревари и покажа дека има талент и треба да се вложува во овој спорт. Па, по освојувањето на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени, се јави претседателот на хокеарската федерација на Македонија, Никола Тасев, кој порача дека ни треба хокеј арена. Тој апелираше: НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!! Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup. ГО ОСВОИВМЕ!!! Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови. Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!! 15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена! НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка. Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!! Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА - НИ ТРЕБА АРЕНА!!! Веднаш по него се огласија и македонските херои, кои ја израдуваа јавноста со златниот медал, па испратија јасна порака - „НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pet-pobedi-na-pet-natprevari-hokearskata-reprezentacija-bara-hokej-arena-vo-makedonija/feed/ 0
ШОК ВО ЗАГРЕБ: Неочекувана драма за групата во која е Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shok-vo-zagreb-neochekuvana-drama-za-grupata-vo-koja-e-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shok-vo-zagreb-neochekuvana-drama-za-grupata-vo-koja-e-makedonija/#respond Tue, 09 Jan 2018 18:33:52 +0000 http://kurir.mk/?p=8525

На три дена до стартот на Европското ракометно првенство во ракомет, организаторот се соочува со сериозни проблеми поради заканата на компанијата Ингра дека загрепската арена нема да може да се користи. Хрватските медиуми денеска излегоа со шокантни вести, фирмата Ингра, која ја изгради Арената во Загреб, не дава таа да се користи додека не и се исплати долг. Европското првенство почнува во петок, а првиот меч во загрепската арена е во сабота. Токму во таа сала е групата на Македонија заедно со Црна Гора, Словенија и Германија. -Потребно е Владата и Град Загреб да ја потврдат исплатата за да се предаде арената. Но според нашите сознанија некои во Владата смета дека треба да ни се плати значително помалку, и тоа го проверуваат, а веќе трае шест месеци. Поучени од претходните искуства кога по Светското ракометно првенство ни останаа должни 1,4 милини куна кои никогаш не ги исплатија, се одлучивме на ваков потег, доколку не добиеме потврда за исплата на потребниот износ, арената нема да се користи, изјави Игор Опенхајм, претседател на фирмата Ингра. Покрај натпреварите од нашата група, во загрепската арена ќе се играат и дуели од втората фаза, а предвидено е таму да се игра и завршницата. Капацитетот на арената е 15.000 гледачи, и најголем дел од влезниците се веќе распродадени. Голем проблем ќе биде доколку натпреварите се пренасочат во друга сала. Организаторот се надева дека ќе се најде решение до стартот на Европското првенство, во спротивно скандалот ќе биде огромен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shok-vo-zagreb-neochekuvana-drama-za-grupata-vo-koja-e-makedonija/feed/ 0