арета френклин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 07:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арета френклин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот го призна тестаментот на Арета Френклин од 2014 година https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-go-prizna-testamentot-na-areta-frenklin-od-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-go-prizna-testamentot-na-areta-frenklin-od-2014-godina/#respond Wed, 12 Jul 2023 07:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=855663

Записот од пејачката Арета Френклин од 2014 година, пронајден во нејзиниот кауч по нејзината смрт во 2018 година, е важечки тестамент, според Законот во американската сојузна држава Мичиген, заклучи денеска поротата на крајот од судењето што ги подели синовите на „Кралицата на соул-музиката“. Имено, адвокатите на Кекалф и Едвард Френклин тврдеа дека документот напишан 2014 година има предност пред тестаментот од 2010 година, којшто беше откриен речиси во исто време во заклучен плакар - во домот на Арета Френклин што се наоѓа во предградието на Детроит. Браќата Кекалф и Едвард се здружија против третиот брат Тед Вајт Втори кој тврдеше дека валиден тестамент од 2010 година се чува под клуч и дека тој документ е многу поважен и поверодостоен од „хартиите“ пронајдени во каучот. По краткото судење кое почна во понеделникот, поротата расправаше помалку од еден час. Кога беше прочитана пресудата, се радуваа Кекалф и Едвард и нивните деца. Има разлики меѓу верзиите на тестаментот од 2010 и 2014 година, иако и двата документи укажуваат дека четирите сина на Арета треба да ги делат приходите од нејзината музика и авторските права. Според тестаментот од 2014 година, Кекалф и неговите деца ќе го наследат главниот дом на неговата мајка во Блумфилд Хилс, што во мигот на нејзината смрт беше проценет на 1,1 милион долари, но денес вреди многу повеќе. Инаку, четвртиот син Кларенс живее во дом за лица со попреченост, под старателство и не учествуваше во судењето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-go-prizna-testamentot-na-areta-frenklin-od-2014-godina/feed/ 0
Дали Арета Френклин оставила тестамент- се чини не еден, туку три https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dali-areta-frenklin-ostavila-testament-se-chini-ne-eden-tuku-tri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dali-areta-frenklin-ostavila-testament-se-chini-ne-eden-tuku-tri/#respond Wed, 22 May 2019 20:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=200945

Три рачно напишани записи се пронајдени во домот на соул-дивата Арета Френклин, неколку месеци по нејзината смрт лани во август. Кога почина, нејзиното семејствто соопшти дека Арета не оставила никаков тестамент. Меѓутоа, овој месец беа најдени дури три – два се од 2010 година и биле заклучени во орманче, а еден од 2014, скриен под перница во дневната соба, изјави адвокатот Дејвид Бенет. Тој нагласи дека делови од напишаното е тешко да се дешифрира, а некои зборови се пречкртани, па допишани по маргините. Бенет, кој над 40 години бил адвокат на Арета Френклин, заввчера ги предаде записите на судот и притоа изјави дека не е сигурен дали се во согласност со законите на американската сојузна држава Мичиген. Судското рочиште е закажано за 12 јуни, а двајца од нејзините четири сина веќе ги оспоруваат тестаментите. Нејзиното нето богатство беше проценето меѓу 80 и 100 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dali-areta-frenklin-ostavila-testament-se-chini-ne-eden-tuku-tri/feed/ 0
По смртта на кралицата на соул музиката: Пронајдени три тестаменти, синовите не ги прифаќаат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kralicata-na-soul-muzikata-pronajdeni-tri-testamenti-sinovite-ne-gi-prifakjaat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kralicata-na-soul-muzikata-pronajdeni-tri-testamenti-sinovite-ne-gi-prifakjaat/#respond Tue, 21 May 2019 13:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=200404

Три рачно напишани тестаменти биле пронајдени во домот на Арета Френклин во предградието на Детроит, месеци по смртта на кралицата на соул музиката, вклучувајќи и еден кој бил откриен под перниците во дневната соба, изјавил нејзиниот адвокат Дејвид Бенет во понеделникот. Последниот тестамент е од март 2014-та година и изгледа дека според него имотот на славната пејачка по нејзината смрт, треба да им припадне на членовите на семејството. Меѓутоа, некои делови се многу тешки за дешифрирање, а на четири страни има зборови напишани на маргините, пренесува "AP". Арета Френклин имала 76 години кога починала минатиот август од рак на панкреасот. Адвокатите и членовите на семејството тогаш изјавиле дека нема тестамент, но овој месец биле откриени три тестаменти напишани рачно. Два тестаменти од 2010-та година биле откриени заклучени во фиока. Верзијата од 2014-та година била напишана во спирален тефтер кој бил најден под перници, вели Бенет. Бенет, кој повеќе од 40 години ѝ бил адвокат на Арета Френклин, ги објавил тестаментите во понеделникот. Тој рекол дека судијата не е сигурен дали се тестаментите полноважни по законот на државата Мичиген. Рочиштетео е закажано за 12-ти јуни. Бенет рекол дека тестаментите се поделени на четирите сина на пејачката или нивните адвокати, но дека и натаму не е постигнат договор за тоа дали некој од нив се смета за полноважен. Во соопштението се наведува дека двајца од синовите не ги прифаќаат овие тестаменти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kralicata-na-soul-muzikata-pronajdeni-tri-testamenti-sinovite-ne-gi-prifakjaat/feed/ 0
Откриен ужасен скандал: На познатата пејачка ѝ украле 178.000 долари додека лежела на смртна постела https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrien-uzasen-skandal-na-poznatata-pejachka-ukrale-178-000-dolari-dodeka-lezela-na-smrtna-postela/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrien-uzasen-skandal-na-poznatata-pejachka-ukrale-178-000-dolari-dodeka-lezela-na-smrtna-postela/#respond Sun, 03 Mar 2019 09:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=170494

Властите во Детроит истражуваат дали некој ја измамил пејачката Арета Френклин, уновчувајќи чек на 178.000 долари пред да почине во август минатата година. Главниот помошник на обвинителот во округот Окланд, Пол Волтон, вели дека Френклин во јуни поднела жалба до полицијата во Блумфилд Тауншип по повод исчезнувањето на чекот. Умрела неколку недели подоцна од рак на панкреасот на 76 години. Волтон изјавил дека смртта на Френклин влијаела на истрагата. Тој рекол дека било тешко да се утврди дали таа му дала чек на некој што имал дозвола да го уновчи. Тој чек би можел да стане посебна тема за адвокатите, членовите на семејството и доверителите вклучени во имотот на Френклин на Окружниот суд во Окланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkrien-uzasen-skandal-na-poznatata-pejachka-ukrale-178-000-dolari-dodeka-lezela-na-smrtna-postela/feed/ 0
Скандал на погребот на Арета Френклин: Свештеникот се занесе додека познатата пејачка пееше во нејзина чест и ја фати за градите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/skandal-na-pogrebot-na-areta-frenklin-sveshtenikot-se-zanese-dodeka-poznatata-pejachka-peeshe-vo-nejzina-chest-i-ja-fati-za-gradite-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/skandal-na-pogrebot-na-areta-frenklin-sveshtenikot-se-zanese-dodeka-poznatata-pejachka-peeshe-vo-nejzina-chest-i-ja-fati-za-gradite-video/#respond Sat, 01 Sep 2018 08:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=94991

Пејачката Аријана Гранде запеа во чест на легендарната Арета Френклин на нејзиниот погреб. Аријана ја запеа песната „A Natural Woman“ и ги расплака присутните, а потоа нејзе и пријде свештеникот, Чарлс Х.Елис за да и се заблагодари што и оддала почит на Арета. Сепак, на светските медиуми нешто друго им падна при око. Свештеникот на гушна Аријана, а на социјалните мрежи се шири снимка во која тој ја фаќа во пределот на нејзините гради.
Коментарите на корисниците на Инстаграм се дека свештеникот премногу ја допирал Аријана, а дали е тоа така, проценете сами. Во секој случај, илјадниците луѓе кои го следеа погребот на Арета Френклин го осудија потегот на свештеникот. Тој подоцна се извини поради ситуацијата, велејќи дека не му ни паднало на памет дека таа прегратка би можела да се сфати како пипкање гради. Тој објасни дека во текот на осумчасовната церемонија за погребот на Арета Френклин, го прегрнал секој кој се појавил на бината.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/skandal-na-pogrebot-na-areta-frenklin-sveshtenikot-se-zanese-dodeka-poznatata-pejachka-peeshe-vo-nejzina-chest-i-ja-fati-za-gradite-video/feed/ 0
Бил Клинтон ќе биде меѓу говорниците на погребот Арета Френклин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-klinton-kje-bide-megju-govornicite-na-pogrebot-areta-frenklin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-klinton-kje-bide-megju-govornicite-na-pogrebot-areta-frenklin/#respond Sat, 25 Aug 2018 07:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=91818

Поранешниот претседател Бил Клинтон, кој долги години одржуваше пријателски односи со кралицата на соул музиката Арета Френклин, ќе биде меѓу говорниците на нејзиното погреб на 31 август, пренесоа американски медиуми. Другите говорници ќе бидат поранешниот главен обвинител Ерик Холдер, музичкиот магнат Клајв Дејвис, свештеникот Џеси Џексон, градоначалникот на Детроит Мајк Дуган, музичарот Смоуки Робинсон и други. Кралицата на соул музиката почина на 16 август на 76 години од рак на панкреасот. Погребната церемонија ќе биде во црква во Детроит. Френклин ќе биде погребана на локалните гробишта. На погребот ќе пеат Стиви Вондер, Шака Кан, Фејт Хил и други. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bil-klinton-kje-bide-megju-govornicite-na-pogrebot-areta-frenklin/feed/ 0
Животот на Арета Френклин: Мајка на 13 години, омажена за макро на 19, најдобриот вокал на 20.век https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-areta-frenklin-majka-na-13-godini-omazena-za-makro-na-19-najdobriot-vokal-na-20-vek/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-areta-frenklin-majka-na-13-godini-omazena-za-makro-na-19-najdobriot-vokal-na-20-vek/#respond Sun, 19 Aug 2018 18:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=89558

Том Ленард, дописник на Дејли Меил од Њујорк, напишал не толку розова приказна за неодана починатата Кралица на соул музиката – од срушен дом и татко свештеник швалер, преку бременост на 13 години до светска слава и животна борба со алкохолот и демоните од минатото. Арета Френклин почина од рак на панкреасот, болест која и била дијагностицирана во 2010 година. Денови претходно таа била хоспитализирана. Иако здравјето со години наназад и било нарушено поради алкохол, цигари и храна, таа дури минатата година објави дека се повлекува од музиката. Пеела на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година, но и на инаугурацијата на Барак Обама, повеќе од 40 години подоцна, во 2009 година. Иако беше најпозната по хитовите како што се „Respect“ и „You Make Me Feel Like) A Natural Woman“, шаренилото на нејзиниот звук и жанрови биле неверојатни. Кога во 1998 Лучано Павароти го откажал настапот на доделувањето на „Греми“ наградите поради болест, таа втрчала да го замени 20 минути пред почетокот и ја отпеала аријата „Nessun Dorma“. Дете од растурен дом, ќерка на свештеник кој ги сакал жените, а својата служба ја претворил во оргии. Забременила на 12 години, а до 15 веќе имала две деца од двајца разнични мажи. Најголем дел од животот се борела со алкохолизмот. Поради недостиг на самодоверба, таа љубоморно се расправала со ѕвездите, учествувала и во неверојатни кавги со настапи на бес со колеги и членови на семејството. Постојаноодрекувала дека има проблеми со однесувањето и давала се од себе да го сокрие приватниот живот од јавноста. Се излегло на виделина по објавата на неавторизираната биографија во 2014, чиј пишувач е Дејвид Рич. Тој бил решен да ја открие нејзината вистинска приказна и да ја отфрли претходната 15 години стара верзија која била објавена, а која ја одобрила пејачката. Новата верзија Арена ја опишала како „лаги и уште повеќе лаги“, но ниту еден извор вклучително и нејзините најблиски не демантирал ниту едно изнесено тврдење. Кларенс Френклин, таткото на Арета е највлијателната личност во нејзиниот живот. Бил неверојатно успешен свештеник. Наречен „свештеникот со златен глас“, со проповедање започнал кога на 15 години слушнал глас од даска која гори., Арета била едно од петте деца родени во Мемфис, но семејството се отселило во Детроит кога таа имала четири години. Станала дете-гениј во госпелскиот хор на својот татко. Нејзиниот татко бил близок со Мартин Лутер Кинг, возел кадилак и носел скапи одела со чевли до алигаторска кожа. Неговата слава само го разгорела неговото промискуитентно однесување, па забременил 12 годишно девојче. Црквата му била параван за оргиите кои тој ги правел. Кога Арета имала шест години, мајката ги напуштила и заминала во Бафало, бидејќи повеќе не можела да ги трпи неверствата на сопругот. Починала кога Арета имала девет година, а децата ги воспитувале и за нив се грижеле девојките и секретарките на татко им. Под траума од смртта на мајка си и можеби под влијае на однесувањето на таткото, Арета станува секуално активна од мала. Соул пејачот Сем Кук навестил дека тие имале врска кога Френклин имала 12, а тој 23 години. Првиот од четирите сина го родила два месеци по својот 13 роденден и го нарекла Кларенс, по татка си. За репутацијата на нејзиниот татко говорат и гласините дека тој е таткото на нејзиното дете. Подоцна било откриено дека таткото е момче од нејзиното училиште. Одлучна да успее како пејачка, Арета го напушта училиштето на 12 години и се приклучува кон патувачкиот госпел караван на нејзиниот татко каде пеела и свирела на клавир. Децата и ги одгледувала нејзината баба. Се сеќава дека често се соочувале со расна дискриминација и дека смееле да јадат само во одредени ресторани и застанувале на бензиска пумпи каде знаеле дека смеат да користат тоалет. На 18 години Арета заминува во Њујорк и потпишува договор со „Атлантик рекордс“. Музичкиот успех ја следи приватна катастрофа. Прв пат се омажила за Тед Вајт во 1961 година кога имала 19. Бруталниот уличен криминалец и макро од Детроит, Вајт, ја финансирал нејзината кариера заработувајќи од проститутки. Според зборовите на продуцентот Отис Тејлор „тој не се воздржувал и ја шамарал без да се грижи дали некој ги гледа.“ Арета пиела и јадела компулсивно. Алкохолот и помагал да ја потисне болката од ужасниот брак. Додека ја пеела „Respect“ во 1967 година на еден концерт, полупијана паднала на сцената и ја скршила раката. Подоцна тврдела дека била заслепена од светлината на рефлекторите. Била апсена за непочитување на редот и законот и неочекувано откажувала концерти. -Толку многу пиеше што мислевме дека е на работ на нервен слом, изјавила нејзината сестра Керолин. Третиот син го добила 1964 година со Вајт од кого се развела во 1969 година. Следната деценија успеала алкохолот да го држи под контрола, но не и апетитот. Сексуалниот живот и натаму и бил хаотичен, а исто како и на нејзиниот татко, славата и „удрила во глава“. -Беше Кралица на соулот и мислам дека понекогаш своите момчиња ги третираше како слуги, изјавил Денис Едвард. Со својот менаџер Кен Канингам во 1970 добила уште еден сим, а во 1978 година се омажила за актерот Глин Терман. До тогаш нејзините први хитови почнале да пресушуваат со актуелност, но се борела да ја задржи релевантноста кај публиката. Менталното здравје и било кревко и често се чувствувала преуморно поради притисокот од музичката индустрија. -Се плашеше дека не е доволно добра како пејачка, доволно убава како жена и доволно посветена како мајка. Не знам како тоа да го наречам освен длабока несигурност. Се бранеше така што или пиеше додека не престане нејзината анкциозност или кога тоа ќе престане да делува, на некое време ќе исчезне, ќе се прибере и ќе застане повторно на сцената со круна на недостижна дива, вели сестрата Керолин. Изиритирана од приказните за нејзината ментална нестабилност, ги хранела медиумите со лажни приказни за својот совршен живот, измислувала мистериозни љубовници. Еднаш објавила дека се мажи за човек кој за тоа ништо не знаел. Била многу љубоморна на останатите ѕвезди особено на Барбара Страјсенд и Дајана Рос. Пријателствата со колегите траеле кратко. Во 1989 година испеала дует со Витни Хјустон, а самата Витни во една прилика изјавила дека Френклин делувала непријателски и резервирано. Откако дуетот не го постигнал очекуваниот успех, Арета ја обвинила Витни. Не омалку арогатнта била и со машките колеги. -Расправиите беа нејзина специјалност, изјавила Рут Боуен, нејзина пријателка и агент. Имала недоразбирања и со семејството, а на двете сестри се обидувала да им ја закочи кариерата, иако биле талентирани за пеење. Со сестрите се скарала околу згрижувањето на нивниот татко кој последните пет години од животот ги поминал во кома, откако бил застрелан во обид за грабеж. Решена да не покаже слабост, Арета никогаш не побарала професионална помош од психијатар иако нејзиното семејство било убедено дека и е потребна. -Таа цело свое страдање го претвораше во гнев. Беше како кралица на драмата. Тешко е и да се носи со екстремна тага и губиток. Наместо тоа, таа прави сцена, беснее без причина. Тоа е лудо, изјавува нејзиниот брат. Со тек на време таа почнала да се плаши од патувања и летање. Последен пат влегла во авион во 1982 година. Патувала со автобус на специјализирани турнеи и дури и тогаш одбивала да се вози преку планини или по лошо време. Неможноста да пее во странство или во западниот брег на САД серионо го намалил нејзиниот успех. Нејзиното его и кариера, од сите луѓе, ја спасил Бил Клинтон. Посакувајќи да привлече гласови од афроамериканците, ја замолил да пее на националната конвенција на Демократската партија во 1992 година. Кога станал претседател, и ја вратил услугата и ја повикал на својата инаугурација, да настапува во Белата куќа и на други поводи. Публицитетот повторно ја покренал нејзината кариера. Навиката да не се појавува на концерти или во студио ја загрозило нејзината финансиска состојба. Познатата модна куќа. „Saks Fifth Avenue“ ја тужела за долг од 262.000 долари за чевли и бунда. Тоа била само една од 30-те тужби поднесени од водоинсталатери, цвеќари, готвачи и други поради неплатени извршени услуги. Дали сите овие приказни на крајот имаа смисла, ќе се прашаат обожавателите, а со оглед дека беше еден од најголемите гласови на 20 век. -Ако кралицата Елизабета може да биде кралица до крајот на животот, зошто не може и кралица Арета?, и рекла еднаш Арета на својата сестра. Ретко кој би влегол во расправа со неа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zivotot-na-areta-frenklin-majka-na-13-godini-omazena-za-makro-na-19-najdobriot-vokal-na-20-vek/feed/ 0
Почина кралицата на соул музиката, Арeта Френклин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-kralicata-na-soul-muzikata-areta-frenklin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-kralicata-na-soul-muzikata-areta-frenklin/#respond Thu, 16 Aug 2018 14:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=88660

Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години. На легендарната пејачка во 2010 година и беше дијагностициран рак на панкреас, а лани објави дека се пензионира од музиката. Родена во 1942 година, Френклин ја освои титулата „Кралица на соул музиката” за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-kralicata-na-soul-muzikata-areta-frenklin/feed/ 0
Арета Френклин на смртна постела, обожавателите се молат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/areta-frenklin-na-smrtna-postela-obozavatelite-se-molat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/areta-frenklin-na-smrtna-postela-obozavatelite-se-molat/#respond Mon, 13 Aug 2018 10:12:36 +0000 https://kurir.mk/?p=87284

Дел од светските медиуми јавуваат дека соул кралицата Арета Френклин е на смртна постела опкружена со семејството и пријателите. Сепак, официјална потврда за овие информации нема. Не е познато ниту дали 76 годишната пејачка се наоѓа во својот дом или во болница. Не е прецизирано ниту од која болест таа боледување, бидејќи медиумите јавуваат дека е тешко болна. Според новинарските извештаи, Арета не е почината, но не се чувствува најдобро во овој момент. Веста експресно се прошири на социјалните мрежи, а дел од корисниците помислија дека таа е веќе почината. Дејли Меил известува дека пејачката е сериозно болна и е опкружена со семејството кое ги повикало нејзините обожаватели да с емолат за неа, но и да ја почитуваат нејзината приватност. Изминатите години Арета имала одредени здравствени проблеми, но во јавноста не кажувала од што боледува. Во 2010 година се појави информација дека и е дијагностициран рак на панкреасот, но таа набрзо демантираше. -Толку многу се пишува, а многу од тоа вопшто не е вистина. Затоа почувствував потреба да и се обратам на јавноста. Не знам од каде дојде веста дека боледувам од рак на панкреасот. Тоа го прочитав во еден весник во кој се наведува дека тоа е изјавено до член на моето семејство. Никој од членовите на семејството тоа не го кажал, изјави Арета тогаш. Во мај минатата година, Френклин изјави дека се бори со респираторни инфекции. Од лани таа се нема појавено во јавноста, последниот настап го имаше на 2 ноември во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/areta-frenklin-na-smrtna-postela-obozavatelite-se-molat/feed/ 0