Археолошки истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 12:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Археолошки истражувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најнови археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovi-arheoloshki-istrazhuvana-na-lokalitetot-mali-dol-selo-tremnik-kaj-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovi-arheoloshki-istrazhuvana-na-lokalitetot-mali-dol-selo-tremnik-kaj-negotino/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=846161

Најновите, годинешниве археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино, се одвиваат во две фази, информираа денеска од Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија. На фејсбук страната на установата, беше потсетено дека некрополите на Мали Дол во село Тремник, Неготино, се откриени во 2009 година. -Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во соработка со Музеј на град Неготино, систематски истражува повеќе од една декада на простор од околу 500 квадратни метри и досега се откриени 92 погребувања кои припаѓаат на два хоризонта, што имаат различен оптег на дисперзија во просторот во различни временски периоди. Постар хоризонт, односно некропола која егзистирала во доцното бронзено време и раното железно време и помлад хоризонт, односно некропола од средниот век (13-11век). Локалитетот се протега на околу три хектари, а истражувањата се одвиваат на лозјата во сопственост на Пео и Коле Колев, соопштија од Музејот. Оттаму додадоа дека локалитетот во континуитет претрпува мали оштетувања поради континуираната земјоделска активност на просторот кој се истражува и истражувањата во целост имаат заштитетен карактер. Во 2021 година беа направени снимања со георадар на просторот кој не е истражен, со што веќе е одредена динамиката со приоритет на истражувањата. Првенствено, се наведува дека улогата на овие ископувања е да се заштити некрополата од нејзино оштетување со земјоделските активности на просторот, а потоа и да се одреди нејзиниот карактер, да се дефинира изгледот, големината, да се утврди нејзината позиција во однос на соседните локалитети (на пример населбинските остатоци на локалитетот Чаир Рид) и поставеност во просторот, односно да се одреди целосно просторот на нејзиното протегање. - Овогодинешните истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино се изведуваат во две фази. Првата фаза беа истражувања на простор од околу 20 квадратни метри во периодот од 20 мај до 10 јуни, кога беа откриени осум погребувања и тоа две погребувања во урни и една јама од периодот на крајот на доцното бронзено време и две цисти и три јами од средновековниот период. Во втората фаза која ќе се одвива во периодот од јули до октомври 2023 година, ќе се обработува движниот археолошки материјал и ќе се изведуваат радиокарбон и антрополошки анализи на материјалот. Целта на овие истражувања е да се утврди дали постојат разлики кај покојниците во однос на нивниот социјален статус, преку гробните форми и позицијата на гробовите во рамки на некрополата, да се утврди густината и распоредот на гробовите на овој дел на некрополата, како и да се направат радиокарбон анализи за утврдување на староста на скелетните покојници - инхумации и да се направи антрополошка анализа на новооткриените погребувања, појаснија од Музејот. Во овогодинешната кампања учествуваа д-р Александра Папазовска – раководител на проектот, м-р Александра Чевреска, Никола Хаџи Николов, Гордана Младеновска, Илија Бошковски, Стојанче Атанасов, Костадинка Филипова - археолози и д-р Фаница Велјановска – антрополог. Проектот се одвива како дел од годишната програма за работа на Археолошкиот музеј за 2023 година, поддржан од Министерството за култура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najnovi-arheoloshki-istrazhuvana-na-lokalitetot-mali-dol-selo-tremnik-kaj-negotino/feed/ 0
Почнаа археолошките истражувања на локалитетот Кула https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/#respond Mon, 30 May 2022 08:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=683361

Почнаа археолошките истражувања на локалитетот од доцноантичкиот период Кула во близина на селото Калузлија во општина Карбинци. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов, вели дека локалитетот Кула претставува населба и утврдување од доцноантичкиот период. Се наоѓа на два километра југозападно од село Калаузлија, на издаден гребен кој на западниот крај стрмо се издига над коритото на десната страна на Козјачка Река. -На врвот има зарамнето јазичесто плато опкружено со остатоци од темели на бедем. На пониските коти под овој бедем е регистриран градежен материјал од објекти и остатоци од уште еден бедем што укажува на двојно утврдување.Северно од бедемот е лоцирано уште едно зарамнето плато со остатоци од бедемско утврдување видливо од северната и источната страна. Двете платоа ги дели длабок преслап – ров, вештачки проширен за одбранбенската намена на тврдината, изјави Штерјов. Посочува дека населбата и тврдината се меѓу бројните одбранбени пунктови распоредени околу доцноантичкиот град Баргала. Пронајдена е и голема цистерна за вода, простории, стаклени пасти за ѕидни мозаици и голем број гробови. -Со археолошките истражувања во 2005 година, на северното платао е откриена црква – датирана од 4 до 6 век. Црквата со своето карактеристично архитектонско решение (необични широки ѕидови, однадвор украсени со бројни пиластри) претставува единствен примерок на ранохристијанска црковна градба од четврти до шести век, не само во Брегалничкиот регион и на територијата на цела РСМ и на Балканот, додаде Штерјов. Археолошките истражувања на локалитетот Кула ќе се одвиваат околу еден месец, а Министерството за култура за нив има издвоено 200.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/feed/ 0
Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Кале“ кај село Стари Град https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshija-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kale-kaj-selo-stari-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshija-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kale-kaj-selo-stari-grad/#respond Tue, 26 Oct 2021 06:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=585448

Археолошка екипа од локалната установа Народен музеј од Велес од средината на септември до средината на октомври изведe археолошки истражувања на локалитетoт Кале каj село Стари Град. Годинашните истражувања ја потврдија констатацијата дека археолошкиот локалитет Кале – Стари Град поради својата геостратешка положба егизистирал низ долг хронолошки период од енеолитот па сè до средновековниот период. Неговите истражување во голема мера ја отсликува состојбата на античката населба која условно кажано претставувала дел од мрежата на тврдини односно воени упоришта поставени на стратешки места на просторот на средното Повардарие во периодот на последните три века од старата ера кои покрај својот воен карактер постепено прераснуваат во населби кои егзистирале се’ до крајот на антиката, информира за МИА археологот д-р Анита Василкова Мидоска, кустос советник, раководител на истражувањата. Локалитетот е лоциран на најнискиот северен огранок на планинскиот масив Соколчица кој е само продолжение на планината Руен на десната страна на реката Бабуна во непосредна близина на новоформираната населба Стари Град. Таа појаснува дека главниот фокус на годинашните археолошки истражувањата на овој локалитет претставувале продолжување на археолошкото истражување на локалитетот започнато уште во 2018 и 2020 година и се одвивале на два сектора. Сектор 4 кој е лоциран на просторот северно од акрополата-највисокиот дел од градот и претставува еден вид на премин од акрополата кон подградието. -Истражувањата на овој сектор започнаа уште во 2015 година, а според добиените сознанија и археолошките истражувања сугерираат дека дека посочениот простор бил населен подолго време. Засега според археолошките наоди можеме да констатираме траги на интензивно живеење во периодот од 2 век п.н.е. па се’ до средновековниот период односно до 14 век н.е, појасни Василкова Мидоска. Таа информира дека со претходните истражувања делумно биле откриени архитектонски остатоци (ѕидови) кои сугерираат постоење на најмалку три објекти изведени во различна техника на градење со употреба на камен и кал со неколку фази на ремоделација на објектите. Мидоска појаснува и дека движните археолошки наоди главно припаѓаат на перидот на 3-5 век од н.е. иако има спорадични наоди и од 2-1 век п.н.е. ососбено во рамките на нумизматичкиот материјал. -Оваа година беше откриен уште еден објект за домување, кој заради големите димензии беше само делумно истражен. Откриените ѕидови се градени во техника на сувоѕид со користење на кал и камен, а на одредени места има и траги од ремоделации. Овој објект кореспондира со објектите кои се откриени во претходните истражувања. Според движните археолошки наоди, тој бил во употреба во перидот од 3-5 век н.е. и имал функција на објект за домување. Мидоска информира и дека оваа година таа со екипата прв пат направиле и сондажни истражувања на просторот на акрополата односно на највисокиот дел од населбата и притоа биле откриени два објекти. – Нивната функција и намена засега останува енигма затоа што тие се делумно откриени и се надеваме дека во понатамошните истражувања ќе добиеме попрецизни резултати. Ѕидовите се со големи димензии, а камењата се обработени и поврзани со кал и малтер. Според нумизматичките наоди објектите припаѓаат на 4 век н.е. односно во периодот на наследниците на Константин Велики, појасни Василкова Мидоска. Додава дека од наодите најмногу е застапена керамиката односно садови кои биле во употреба во секојдневието на античкиот човек и во најголема мера се локална продукција која ги отсликува тогашните трендови на производство и креација, а се откриени и наоди од метал. Археолошките истражувања на локалитетот Кале кај село Стари Град претставуваат дел од Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес за 2021 година на Министерството за култура, во висина од 160 илјади денари. Истражувањата на локалитетот се започнати уште од 2005 година со повремени паузи и заедно со годинашните се реализирани шест истражувачки кампањи (2005, 2006, 2015, 2018 и 2020 и 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshija-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kale-kaj-selo-stari-grad/feed/ 0
Почнаа археолошките истражувања во Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=369739

Поради пандемијата со задоцнување од три месеци, НУ „Стоби“ на 1 јули почна со програмските активности од годинашните археолошки истражувања на локалитетот Стоби. Ќе се доистражува Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида, а ќе има конзервација и доистражувања на Римскиот театар во Стоби. Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски за МИА изјави дека станува збор за проекти одобрени во програмата за 2020 на Министерството за култура. Се работи проектот „Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од Римската порта и сегмент од југоисточен бедем“. Истовремено има и археолошки доистражувања на Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида“, а проектот го раководи археологот Јован Радњански. –Интересно е што таму досега никогаш не било ископувано и затоа очекуваме интересни наоди и научни заклучоци во врска со функционирањето на градот, најави Перовски. Вторите истажувања се „Конзервација, реставрација, реконстукција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар во Стоби“, а проектот го раководи археологот Гоце Павловски. Перовски најави дека потоа ќе работат на сцената на театарот, а ќе се прави и нова рампа за влез на товарни возила во близина на сцената и од каде директно се слегува во делот на театарот. Директорот на НУ „Стоби“ планира сите програмски активности предвидени за годинава во Стоби и поддржани од Министерството за култура во рамки на матичните дејности во целост да бидат реализирани до крајот на годинава. Тој информира дека поради кризата предизвикана од Ковид-19, НУ Стоби донела одлука да врати во државниот буџет 980 илјади денари, пари кои им беа доделени од Министерството за култура за два проекта – „Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков“ во визуелни уметности архитектура и дизајн за која беше доделен буџет од 800 илјади денари и „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019. Едиција: Студии за старините на Стоби, серија монографии книга II“, Гоце Павловски, во издавачка дејност, 180 илјади денари. -Заинтересираноста на луѓето за Стоби, посветената работа, духот на тимот вработени и времено ангажирани, дава за право сите ние да се увериме дека поседуваме локалитет кој е рамо до рамо со светските археолошки локалитети, паркови и музеи од оваа област, потенцира Перовски. Додаде дека Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престанала со активности за популаризација и презентација на Стоби. Перовски потенцира дека во овие услови посебно била активна веб-платформата и социјалните мрежи и дека интересот бил уште поголем. Доказ за тоа, рече, е што нивните постови за разни ископини и предмети од Стоби имале повеќе илјади прегледи. Интересно е што еден од тие постови за само еден ден имал 16 илјади прегледи. Станува збор за пост на 3 јули со кој беше соопштено дека локалитетот се отвора за посетителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го уништува и културното наследство- нема пари за археолошките локалитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-sdsm-go-unishtuva-i-kulturnoto-nasledstvo-nema-pari-za-arheoloshkite-lokaliteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-sdsm-go-unishtuva-i-kulturnoto-nasledstvo-nema-pari-za-arheoloshkite-lokaliteti/#respond Mon, 09 Sep 2019 11:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=238549

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на Фејсбук во кои пишуваат дека СДСМ го уништува културното наследство во Македонија. СДСМ ГО УНИШТУВА И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО - НЕМА ПАРИ ЗА АРХЕОЛОШКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ !!! Откако го закопавте историското наследство, ги грабнавте лопатите и почнавте да го копате гробот и за културното наследство! Македонскиот народ стана и повеќе од свесен дека воопшто не ве интересира ниту судбината, ниту иднината на Македонија! Тоа го докажавте со односот кон историјата, а денес го потврдувате и го запечатувате и со односот кон културата!
Кратејќи над 11 милиони денари на име Заштита на културното наследство, со еден потез ги уништувате генерациите пред нас, како и цели генерации кои доаѓаат после нас! Археолошките локалитети на кои кратите 2.500.000 денари, публикациите за најзначајните вредности на културното и природното наследство, како и археолошкиот катастар на кои им одземате 2 милиони, се најдрагоцените сегменти од нашето културно наследство, сегменти кои со одговорна влада би ја зголемувале вредноста до непроценливост со текот на годините. Понатаму, со кратењето на 2.500.000 денари за туристичка промоција на културното наследство истовремено го оштетувате и туризмот, затоа што има милиони и милиони луѓе кои истражуваат, проучуваат и патуваат токму за да се запознаат со културното наследство на еден богат народ како нашиот. Ако не сте знаеле, светот токму преку промоција на културното наследство привлекува милиони туристи и со тоа обезбедува огромни приливи од средства во општинските буџети и државите! Над 67те милиони помалку за одржување на објектите и опремата во областа на културата сведочат за вашата апсолутна негрижа кон минатото, исто како и кон иднината на оваа земја, затоа што вложувањето во културата во исто време значи и вложување во иднината на поединците и на општеството во целина. Фактот што на Античкиот тетар Скупи му кратите над 18 милиони денари, на музејската дејност цели 50 милиони днари, за во исто време Албанскиот театар во Скопје да добие плус 50 милиони денари, е податок кој нема да го коментираме и ќе оставиме граѓаните да го оценат и судат. Едно е сигурно - Владата која не го познава фактот дека културното наследство е необновлив ресурс кој мора да се зачува за генерациите кои доаѓаат, е во опасност да ја загрози иднината на своите граѓани и затоа таквата влада мора што побрзо да си замине!!! #Оставка! #ПредвремениПарламентарниИзбори!, стои во нивниот пост на Фејсбук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-sdsm-go-unishtuva-i-kulturnoto-nasledstvo-nema-pari-za-arheoloshkite-lokaliteti/feed/ 0
Археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“ во кривопаланечко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-vo-krivopalanechko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-vo-krivopalanechko/#respond Wed, 28 Nov 2018 08:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=132941

Одбран тим археолози, историчари на уметност и останат кадар работи интензивно на годинашната сесија истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај село Градец, Крива Паланка, во рамки на Годишната програма за проекти од национален интерес во културата на Министерство за култура на Република Македонија. Ископувањата се дел од проектот „Заштитни археолошки истражувања на археолошки локалитет –Градиште во село Градец 2018 година“, финансиран од Министерството за култура. -Овие истражувања се резултат од повеќегодишните напори на Локалната установа Градски музеј, Крива Планка за истражување на локалитетот, негова валоризација и туристичка презентација во контекст на туристичкиот комплекс во село Градец. Локалитетот се наоѓа во особено значаен сакрален простор, покрај црквата „Св. Никола“ која датира од 19 век, а северно од Градиште, исклесана во карпа се наоѓа и испосницата на путиножителот Св. Јоаким Осоговски, што дополнително ја зголемува комплексноста и атрактивноста на наоѓалиштето, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски. Посета на каде е лоцирана и испосницата на пустиножителот, свети Јоаким Осоговски. Увид во работите на терен денеска изврши и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој заедно со тим од општината и градскиот мувеј одблиску се запозна со активностите кои тековно се реализираат, истакнувајќи ја важноста од продолжување на проектот кој е во функција на зачувување на културно-историското наследство на регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshki-istrazuvanja-na-lokalitetot-gradishte-vo-krivopalanechko/feed/ 0