археолошки локалитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 13:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png археолошки локалитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/#respond Wed, 31 May 2023 13:42:19 +0000 https://kurir.mk/?p=840899

Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци. Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, во тие рамки денеска за посетителите беше прикажана Демонстрација на изработка на мозаик од страна на конзерваторот на мозаици Томе Филов од НУ Стоби. Посетителите имаа можност низ Стоби да ги води стручно лице археологот Димитар Николовски, кој подетално ги запозна со досегашните и најнови истражување во археолошкиот локалитет Стоби. Во рамки на програмата се одржа и јавна дискусија за културното наследство на која учествуваа соработници во проектот македонски стручни лица и од соседна Грција. - Целта на денешниот Отворен ден во Стоби беше да се презентира проектот,воедно и да промовира културното наследство во Стоби, потенцира Џунова. Инаку, проектот е поддржан од Европската Комисија преку тело за управување и развој на ИПА прекуграничната програма меѓу двете земји. Проектот го реализира Национапната институција за управување со археолошкиот локалитте Стоби-Градско,CISS Cooperazione Regional Develpment Foyt of Central Macedonia-Region of Central Macedonia i Ephorate of Antiqes of Kilkis. ад/цр]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/feed/ 0
Истрага за уништување на археолошкиот локалитет Влаху во Живојно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-unishtuvane-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlahu-vo-zhivojno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-unishtuvane-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlahu-vo-zhivojno/#respond Mon, 06 Mar 2023 14:36:54 +0000 https://kurir.mk/?p=808693

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот како одговорно лице во правното лице презел дејствија со кои ја уништил источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно. Локалитетот претставува регистрирано недвижно добро – дел од арехолошката мапа на Македонија и се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлуката на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на осомниченото правно лице. Иако првопријавениот знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште во кое не смее да се врши експлоатација, сепак во горенаведениот период, без да ги почитува одредбите од член 13 од Договорот за концесија и насоките дадени од претставниците на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, ангажирал подизведувач на кого му дал насоки да започне со експлоатација на минерална суровина – јаглен. Како резултат на тие активности во целост е уништена источната периферија на археолошкото наоѓалиште, што е констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерка за обезбедување спрема правното лице – забрана за вршење дејност вадење на камен јаглен. Ваквата забрана е побарана бидејќи понатамошното ископување на земја од подрачјето може да доведе до целосно оштетување на целиот археолошки локалитет Влаху. Имено, Основното јавно обвинителство Битола во поднесениот предлог му укажа на Судот дека заради исклучително длабокиот укоп кој веќе е направен и со кој е уништена источната периферија на локалитетот, возможно е еродирање на археолошките содржини и дополнително уништување на други делови од археолошкиот локалитет. Дополнително, во рамките на истото концесиско поле има уште два локалитети кои подлежат под истиот режим на заштита. Со оглед на тоа што концесионерот, со своето однесување покажа дека нема намера да ги почитува законските и договорните обврски за заштита на културното наследство, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност и овие други локалитети да бидат неповратно уништени доколку ископот не се забрани.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-unishtuvane-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlahu-vo-zhivojno/feed/ 0
ЦИП: Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsip-prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsip-prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno/#respond Wed, 01 Mar 2023 13:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=806625

Археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно и понатаму се оштетува поради експлоатација на јаглен. За жал, и покрај укажувањата на Управата за заштита на културно наследство и Завод и музеј - Битола да се запре оштетувањето на локалитетот до негово истражување, противзаконски се продолжи со копањето за јаглен во рамки на оваа значајна неолитска населба, реагираат денеска од Центар за истражување на предисторијата (ЦИП). Како резултат на овој чин, како што посочуваат, целосно е уништена источната периферија на локалитетот, со што е оневозможено негово истражување и трајно се изгубени битни информации поврзани со животот во неолитот. -При девастирачките работи со багери, оштетени се неколку ровови и повеќе неолитски куќи, а исфрлени се и илјадници остатоци од керамички садови, фигурини, алатки. Благодарение на резултатите добиени од геомагнетното скенирање, може да се увиди кои делови од локалитетот се уништени и оштетени, што претставува несовесно и намерно остранување на евидентни археолошки содржини. Направениот укоп за јаглен во источниот дел на локалитетот ќе предизвика натамошен одрон на археолошките слоеви што се наоѓаат до него, како и континуирано оштетување на локалитетот, соопштија од Центарот. Оттаму потенцираат дека ваквото неодговорно уништување на археолошки локалитети е недозволиво, особено што нашата држава е потписничка на Фаро конвенцијата иницирана од Советот на Европа, при што државите се заложуваат да го заштитат културното наследство. Како што посочуваат, оштетувањето на локалитетот Влахо веќе предизвикува остри реакции од страна на меѓународните институции и стручњаци кои го осудуваат овој вандалски чин. Тоа воедно дава и лоша слика за земјата во која не се почитуваат законите за заштита на културното наследство. -Поради своето големо значење и екслузивност, најновите сознанија за локалитетот Влахо неодамна беа публикувани во угледното научно списание Антиквити кое го издава Универзитетот во Кембриџ. На тој начин, на врвно светско ниво се афирмираа извонредните обележја на оваа неолитска населба, односно нејзиното основање околу 6400 години п.н.е. и присуството на десетина ровови, што го прави овој локалитет еден од најстарите во неолитот во Европа и мошне редок поради својата просторна организација, се вели во соопштението на ЦИП. Од тие причини, потенцираат од ЦИП, неопходно е Влахо кај Живојно да се заштити и да се прекине неговото целосно уништување во иднина, а воедно и да се овозможи негово темелно истражување поради значењето што тој го има.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsip-prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno/feed/ 0
Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/#respond Wed, 27 Jul 2022 11:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=710798

Археолошкиот локалитет „Баргала“ конечно ќе биде осветлен. Директорот на НУ Завод и музеј – Штип Митко Штерјов вели дека реалзиацијата на проектот ќе се случи на есен. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој. Штерјов појаснува дека минатата година конкуриле со два проекти, првиот е за реконструкција на штипската Саат кула, а вториот и осветлување на локалитетот „Баргала“. – По неколку процеси за вреднување на проектите, на крајот остана да се реализира само проектот за осветлување на „Баргала“, а проектот за реставрација и конзервација на Саат кулата не помина. Можеби, е до финансиските средства, не ја знаеме причината. Меѓутоа, ние сме задоволни кога ќе помине барем еден проект. Сепак, сите проекти заслужуваат и во понатамошниот период се надеваме дека ќе дојде ред и за овој, вели Штерјов. Очекува активностите на „Баргала“ да почнат во септември, со цел поголема безбедност на овој значаен локалитет во источниот регион. -Тоа е процес којшто треба да се одвива, се надевам дека од есен ќе почне да се реализира, бидејќи така се и проектните програми со Источно-планскиот регион и со Општина Карбинци. Се надеваме дека во септември или октомври ќе почне со реализација овој проект. Ние, како Завод и Музеј имаме неколку проекти коишто ги конкуриравме и понатаму ќе ги конкурираме, што заедно со општините, така и на меѓународни проекти, проекти од Министерството. Тоа е реставрација и конзервација на „Св. Илија“, односно „усамедин Пашина џамија, а и оној што сите сакаме да се реализира е за конзервација на тврдината Исар, додава Штерјов. Штипската саат кула со помош на волонтери беше ставена во функција во 2018 година, кога и повторно се слушна отчукувањето на саатот од кулата. Инаку, според пишаните документи, овој споменик на културата е изграден од турски бег во 1650 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/feed/ 0
Наскоро виртуелна посета на археолошкиот локалитет Стоби преку апликацијата „Стоби Еду“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/#respond Thu, 19 Nov 2020 09:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=431567

Создадена новата мобилна апликација „Стоби Еду“, преку која децата ќе можат да го разгледаат културното наследство на археолошкиот локалитет Стоби. -Апликацијата која наскоро ќе биде достапна за преземање ќе овозможи преку користење на мобилните телефони да се искуси посета во римскиот театар на Стоби и да се доживее минатото на еден сосема нов начин. Достапноста на новите технологии дава можност апликацијата „Стоби Еду“ да се користи и во рамките на самиот образовен процес. Апликацијата може да ја збогати наставната содржина во повеќе предмети во основното и средното образование преку интерактивно визуелно доживување на културното наследство, велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. „Стоби Еду“ е резултат на соработката меѓу Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и националниот Институт Стоби, а проектот се реализира со поддршка на Министерството за Култура на Република Северна Македонија. -Самата апликација претставува продолжеток на заложбите да се внесат иновативни дигитални алатки кои ќе овозможат интерактивни и визуелни раскажувања на приказните од минатото. Користењето на новите технологии, како виртуелната реалност, овозможуваат еден сосема нов, уникатен начин за доживување на културното – историското наследство, велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/feed/ 0
Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/#respond Fri, 03 Jul 2020 09:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=368073

Националната установа „Стоби“ соопшти дека од денеска е отворен за сите посетители археолошкиот локалитет Стоби. Отворениот простор на локалитетот овозможува физичко дистанцирање и безбедна прошетка, а при посетата треба да се почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19.
Програмата на Националната установа Стоби за 2020 година опфаќа повеќе проекти, од кои шест директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати.
Меѓу планираните проекти од областа на заштита на недвижното културно наследство се конзервација и реставрација на дислоцираните мозаици од археолошкиот локалитет Стоби., археолошки доистражувања и изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонските остатоци на Градбата со арки во Стоби, археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби, конзерваторско-реставраторски работи на Полукружниот плоштад и дуќаните на Виа Сакра (Via Sacra), изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедем и археолошки доистражување на портата и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида. Во 2020 година се планирани и проекти од областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство и инвестиции во одржување, адаптација и набавка на опрема за установата. Вкупно 15 проекти се финансирани од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за 2020 година. Поради кризната состојба наметната од пандемијата, одложени се два проекта од издавачката дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/feed/ 0
Археолошки локалитет „Градиште” во село Град https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/arheoloshki-lokalitet-gradishte-vo-selo-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/arheoloshki-lokalitet-gradishte-vo-selo-grad/#respond Thu, 26 Sep 2019 10:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=247006

Во селото Град, лоцирано на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Откриените археолошки остатоци сведочат за постоење на една голема, во поширокиот регион најзначајна населба која егзистирала од праисторијата, па до денес. Од времето на неолитот, пронајдени се вредни археолошки предмети како стилизирана женска фигура од печена земја, енолитска куќа со огниште и керамички садови (5500 год. п.н.е). На истиот локалитет регистрирани се наоди кои сведочат за континуитетот на живеење низ бронзеното време, железното време, римскиот период, доцната антика, како и средниот кога било изградено и обновено утврдувањето од кое дел може да се види и денес – три кули и дел од фортификацијата кои се конзервирани. Пронајдени се голем број на монети од римскиот период и рано византиско време, керамика од сите периоди, а откопани се и голем број на питоси, бронзени крстови и многу други артефакти. Дел од артефактите, како и макета од конзервираните кули можат да се видат во археолошката-етнолошка поставка сместена во Спомен домот АСНОМ, во Делчево. Град, е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преку селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кон планината Обел, Поминувал пат кој водел за долината на Струма, а од таму за Константинопол. Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна. Со поранешите истражувања, во атарот на селото ео откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време. На самиот рид на Градиштето се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси. Со археолошките истражувања во селото од 2001 година Градиштето било датирано како доцноантички град, 1-4 век по Христос. Според археолоштите наоди тоа било добро обезбедена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади. До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеке цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година дознаваме дека станува збор за голема и организирана населба. Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата “Свети Георги” во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година. Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата. Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство. Превземено од Брегалнички.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/arheoloshki-lokalitet-gradishte-vo-selo-grad/feed/ 0
Презентација на реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар во Скупи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/#respond Wed, 11 Jul 2018 06:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=75408

Управата за заштита на културното наследство денеска на археолошкиот локалитет Скупи ќе ги презентира досегашните реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар и планираните идни активности кои се под нејзина надлежност. Реализираните и идните активности ќе ги презентира директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова-Митевска. Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанското Кале во општина Карпош. Градот Скупи за време на римското владеење е населен со римски воени ветерани, со што добива статус на колонија, највисок ранг на град надвор од Рим. Како единствена римска колонија на територија на Република Македонија, локалитетот Скупи е еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Последните систематски истражувања на театарот во Скупи се реализирани во период од 2013 до 2016 година, од страна на Музејот на град Скопје во соработка со Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во август 2016 година почнаа конзерваторско-реставраторски работи на гледалиштето на античкиот театар на Скупи, а прекинаа во септември 2017 година поради немање дозвола за градба согласно постоечкиот Основен проект за конзервација, реставрација и реконструкција на гледалиштето. Поради тоа, а заради соодветна заштита на остатоците од античкиот театар, изработен е Анекс на основниот проект со кој ќе се извршат сите потребни конзерваторско-реставраторски работи согласно со Законот за заштита на културното наследство, информираат од Управата за заштита на културното наследство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/feed/ 0