археолошки локалитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 09:27:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png археолошки локалитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четиричасовен прекин со работа најавија чуварите на археолошките локалитети во Грција поради топлотниот бран https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirichasoven-prekin-so-rabota-najavija-chuvarite-na-arheoloshkite-lokaliteti-vo-grtsija-poradi-toplotniot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirichasoven-prekin-so-rabota-najavija-chuvarite-na-arheoloshkite-lokaliteti-vo-grtsija-poradi-toplotniot-bran/#respond Wed, 19 Jul 2023 09:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=858036

Археолошките локалитети во Грција од утре до недела, деновите за кога е најавен нов топлотен бран во земјата, ќе бидат четири часа затворени поради прекинот со работа на чуварите на археолошките локалитети, со цел да се заштити здравјето на вработените и посетителите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Грчкото здружение на службениците- чувари на археолошките локалитети соопштија дека во следните четири дена, четиричасовен прекин на работата од 16 часот ќе има во археолошките локалитети со работно време од 8 до 20 часот и двочасовен прекин во локалитетите и музеите што се отворени во претпладневните часови, што ќе започне во 13.30 часот. -Поради проблемите со кои се соочивме претходните денови во археолошките локалитети, а особено во археолошкиот простор на Акропол едногласно беа донесени мерки за заштита на здравјето на колегите чувари на археолошките локалитети, како и на посетителите, соопштија од Здружението. Дополнително посочија дека и покрај екстремните услови со температури од над 45 степени, во моменти кога на Акропол имале повеќе од 20 случаи на посетители кои се онесвестиле, тие одговорно си ја вршеле нивната работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirichasoven-prekin-so-rabota-najavija-chuvarite-na-arheoloshkite-lokaliteti-vo-grtsija-poradi-toplotniot-bran/feed/ 0
Завршени геофизички истражувања на два археолошки локалитети во кумановско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrsheni-geofizichki-istrazuvanja-na-dva-arheoloshki-lokaliteti-vo-kumanovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrsheni-geofizichki-istrazuvanja-na-dva-arheoloshki-lokaliteti-vo-kumanovsko/#respond Wed, 09 Nov 2022 14:06:41 +0000 https://kurir.mk/?p=758045 Заврши проектот „Дигитализирање на археолошки содржини на локалитетот Градиште – Младо Нагоричане и Црквиште, Клечовце“ кој го спроведуваше Националната установа Музеј Куманово во партнерство со Археолошкиот Музеј, информираа денеска од Музејот.

Во рамки на проектот извршено е скенирање на повеќе од осум километри површина со користење на најсовремена технологија на георадар во сопственост на Археолошкиот музеј.

-Геофизичките методи се вообичаена методологија при истражување на археолошките локалитети односно со помош на таа опрема којашто се користи во самите истражувања даваат резултати кои индицираат што би требало да се работи на локалитетите. Георадарот е направа која преку радарски бранови овозможува да се утврдат аномалиите коишто ги има во земјата, а најчесто структури, ѕидови, подови и слично. Врз основ на тој простор кој ние ќе го поминеме, скенираме се прави мапа, таа претставува цртеж на она што се наоѓа под земја. На тој начин ние можеме многу попрецизно да ги насочиме нашите ископувања. Точно да знаеме, во иднина каде да поставуваме сонди, и точно да знаеме кој дел од локалитетот што би можел да претставува, изјави археологот Дејан Ѓорѓиевски.

Тој додава дека методологијата веќе се применува во други држави, а Археолошкиот музеј ја поседува потребната апаратура која е достапна за изнајмување и со нив се спроведени истражувањата. Преку овој метод, додава, се штеди време и средства. Според Ѓорѓиевски многу полесно е работата на „Црквиште“ во Клечовце кое е рамница, додека потешко е истражувањето во Градиште Младо Нагоричане поради конфигурацијата на теренот. Сепак, истражувањата завршиле на двете места.

-Секогаш сакаме да кажеме дека никогаш не знаеш што крие земјата, колку и да го познаваме Црквиште, Клечовце, како римски град или Градиште како хеленистички град, колку и да го знаеме начинот на којшто се градени секогаш има некој детал којшто ќе нè изненади и кој ќе се појави на неочекувано место. Така што овие истражувања, ни се токму во таа насока да добиеме една попрецизна мапа за диспозицијата на градбите на самите локалитети, вели Ѓорѓиевски.

Кумановскиот музеј наредната година ќе аплицира до Министерството за култура со проект за снимање со дрон, ласерска технологија која ја отстранува вегетацијата и ги детектира и најмалите аномалии на земјата.

-И очекуваме комбинираниот пристап да ни даде уште поконкретни резултати, вели Ѓорѓиевски.

Инаку, и двата локалитети и претходно беа цел за геофизички снимања, како од средства на Министерството за култура, така и од меѓународната соработка. НУ Музеј Куманово останува една од ретките институции која е посветена на употреба на модерните технологии во склоп на археолошките истражувања, како пракса која веќе со децении е воспоставена во развиените земји.

Истражувањата беа финансирани од Министерство за култура, под раководство на Дејан Ѓорѓиевски и Мирослав Петковски, а со георадарот работеше Радомир Ивановиќ од Археолошки Музеј.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrsheni-geofizichki-istrazuvanja-na-dva-arheoloshki-lokaliteti-vo-kumanovsko/feed/ 0