археолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 07:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png археолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Египетски и германски археолози дојдоа до погребните простории на фараонот Сахура од 25. век п.н.е. https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-i-germanski-arheolozi-dojdoa-do-pogrebnite-prostorii-na-faraonot-sahura-od-25-vek-p-n-e/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-i-germanski-arheolozi-dojdoa-do-pogrebnite-prostorii-na-faraonot-sahura-od-25-vek-p-n-e/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=885388

Кај египетските археолошки наоѓалишта истражувачите постојано откриваат нови мистерии за испитување и одгатнување, соопшти тимот научници од Универзитетот Јулиус Максимилијанс од Вирцбург во Германија кои работат на пирамидата на фараонот Сахура којашто датира од 25. век п.н.е. Имено, археолозите од Египет и Германија открија нови простории во гробницата. Истражувањето е предводено од египтологот д-р Мохамед Исмаил Калед, и може да фрли ново светло на времето на вториот владетел од Петтата династија на Древен Египет, се вели во објавата на Универзитетот. Ископувањата почнаа 2019 година, кога истражувачите почнаа да работат на стабилизирање на подструктурата за да се обезбеди истражување без опасности. Се чини, овојпат тимот конечно успеа да дојде до погребните одаи на фараонот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-i-germanski-arheolozi-dojdoa-do-pogrebnite-prostorii-na-faraonot-sahura-od-25-vek-p-n-e/feed/ 0
ФОТО: Археолози во Перу открија мумија стара повеќе од 3.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/#respond Fri, 23 Jun 2023 20:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849110

Група перуански археолози открија добро сочувана машка мумија стара повеќе од 3.000 години во областа Римац за време на ископувањата на антички локалитет. Ова откритие е дел од програмата за обновување и валоризација „Huaca La Florida“, предводена од перуанската општина Римац, со поддршка на Националниот универзитет во Сан Маркос. Мумијата е пронајдена во одлична состојба во камена гробница, завиткана во гробно снопче направено од домороден памук. До мумијата биле откриени неколку предмети, вклучувајќи ѓердани, пченка и семиња. Министерството за култура им даде дозвола на археолозите да продолжат со ископувањата, овозможувајќи подлабоко разбирање на историјата на овој археолошки локалитет, кој е признат како светско културно наследство. „Huaca La Florida“ е предхиспански храм во форма на буквата У, кој датира од пред околу 4.000 години, што го прави еден од најстарите споменици во метрополитенската област Лима и најстариот во долината Римак. Откриената мумија е поврзана со последната фаза од изградбата на храмот и се проценува дека е стара помеѓу 3.000 и 3.500 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/feed/ 0
Откриена желка која може да ги расветли последните години на Помпеја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/#respond Mon, 27 Jun 2022 08:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=696211

Археолози од Италија открија остатоци од желка во разурнатата Помпеја во Стар Рим, стари речиси 2.000 години. Животното најдено меѓу остатоците од древниот град под вулканот Везув во Јужна Италија, живеело и во 62. година н.е. – по разорниот земјотрес, но пред вулканската ерупција во 79. година што засекогаш го уништила градот. Откритието можеби ќе помогне да се расветлат последните години на градот Помпеја, т.е. периодот на повторена изградба по земјотресот, смета управителот на археолошкиот парк, Габриел Зухтригел. Според археолозите, оваа желка не е прва откриена на наоѓалиштето. Сепак, она што е посебно за овој примерок е тоа што не е пронајден во градината на некогашниот град, каде што се откриени другите. – Очигледно, не биле преизградени сите куќи, а средишните области на градот исто така биле напуштени, па станале собиралиште за диви животни, појасни Зухтригел. Научниците пронајдоа и јајце во внатрешноста на желката, што води до претпоставки дека желката можеби копала за да најде место за да го изведе, рече управителот, додавајќи дека ова е вообичаено за видот „тестудо хермани“ (testudo hermanni). Желката била пронајдена во областа на Термите на Стабија, а била закопана во пепел, кал и лава во 79. година, поради што и е делумно зачувана. Помпеја била повторно откриена во 18 век, а како археолошко наоѓалиште денес е и една од најпопуларните туристички атракции во Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Оловен саркофаг откриен под Нотр Дам https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=648110

Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 13. век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година. – Во трансептот на катедралата – преграда поставена попречно на надолжните делови што го одвојуваат светилиштето од остатокот од црквата – откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет… Истражувањата продолжуваат од 25 март, изјави француската министерката за култура, Розелин Башело. Кристоф Бесние од Националниот археолошки институт на Франција, објасни дека тоа го откриле со мала камера. – Внатре таа детектира остатоци од ткаенина и органска материја, влакна и остатоци од растенија. Фактот што растенијата се сѐ уште таму, укажува дека содржината е многу добро сочувана, појасни тој. Археолозите веруваат дека саркофагот веројатно припаѓал на некој висок големец и потекнува од 14 век, што доколку се потврди, би било спектакуларно откритие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/feed/ 0
Пронајдена најстарата позната жртва од напад на ајкула https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-najstarata-poznata-zrtva-od-napad-na-ajkula/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-najstarata-poznata-zrtva-od-napad-na-ajkula/#respond Wed, 18 Aug 2021 07:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=551968

Археолози од Оксфорд веруваат дека ја откриле засега најраната жртва од напад на ајкула на светот. По поподробен преглед, беше откриено дека лузните се многу длабоки и нерамни… Коските се добиени од Универзитетот на Кјото, Јапонија. Истражувачите Алиса Вајт и професорот Рик Шултинг проучуваат остатоци од човек со трауматски повреди пронајдени во внатрешноста на Јапонско Море. Станува збор за скелет стар најмалку 3.000 години, на којшто истражувачите изброиле барем 790 повреди. Во својот извештај, истражувачите објаснуваат дека „повредите на жртвата се наоѓаат главно на рацете, нозете и предниот дел на градите и стомакот“. Со елиминирање, отфрлени се сите други видови смрт, освен напад од ајкула. Конечните заклучоци од испитувањето на примероците ќе станат јасни наредниве месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdena-najstarata-poznata-zrtva-od-napad-na-ajkula/feed/ 0
Кумановските археолози ги завршија годинешниве истражувања на Градиште во Бислим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/#respond Mon, 28 Dec 2020 09:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=449294

Завршија овогодишните истражувања на локалитетот Градиште во кумановско Бислим, соопштија денеска надлежните од Националната Установа Музеј Куманово. Откриени се ѕидови за кои се претпоставува дека се остатоци од ранохристијанска црква. Раководителот на истражувањата, Дејан Ѓорѓиевски истална дека ископувањата биле насочени кон источната страна на локалитетот каде што постоеле две кули-правоаголна и пентагонална. – Во нивна непосредна близина, внатре во населбата, преку ископувањата се откри градба со поставеност запад-исток, која покрај добро сочуваниот северен ѕид имала и стилобат (подлога за поставување на столбови) со остатоци од три рудиментирани столба. Подот на градбата бил квалитетно поплочен со тули, поставени на глинеста супструкција и хоросан малтер. Очигледно е дека станува збор за квалитетна градба која имала должина поголема од 20 метри, па со анализа на резултатите претпоставуваме дека се работи за ранохристијанска црква. Ова е веќе трета ранохристијанска црква која е проучувана од археолошкото одделение на музејот, преку која се надеваме да добиеме значајни информации за ширењето на христијанството во регионот во периодот на доцната антика, изјави Ѓорѓиевски. Градиште претставува најсочувана тврдина во околината на Куманово, со ѕидини високи преку два метри, а потекнува од доцноримскиот-рановизантиски период (4-6 век). Се наоѓа во живописната клисура на Пчиња во Бислим, од сите страни опкружен со стрмни карпи и ридови, до која се пешачи по козји патеки околу 40 минути од селото Пчиња. Поради ваквата изолираност, утврдувањето е мошне добро сочувано, со антички градби кои сè уште се видливи на теренот. Инаку, Бислимската Клисура претпоставувала алтернативен пат од северот кон Вардарскиот пат, па затоа била многу важна за контрола, што резултирало со укрепување на неколку позиции и создавање на населбински центри од страна на римските војски. Иако, средствата предвидени за проектот во рамките на годишната програма на музејот биле само педесет проценти финансирани, екипата успеала да ги изведе предвидените активности, додава Ѓорѓиевски, појаснувајќи дека тоа подразбирало подготовки на теренот за ископување, отстранување на густата вегетација, како и изведување на геофизички истражувања од страна на Археолошкиот музеј, со цел да се добие попрецизна слика за точните точки за ископување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskite-arheolozi-gi-zavrshija-godineshnive-istrazuvanja-na-gradishte-vo-bislim/feed/ 0
Струмички археолози бараат исчезнати средновековни населби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichki-arheolozi-baraat-ischeznati-srednovekovni-naselbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichki-arheolozi-baraat-ischeznati-srednovekovni-naselbi/#respond Sat, 14 Nov 2020 10:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=429394

Струмички археолози ги бараат исчезнатите средновековни населби во регионот и од мај годинава, кога почнало истражувањето, успеале да откријат десет рурални населби, кои во средниот век постоеле на подрачјето на регионот. Според археологот, д-р Душко Цветанов, струмичкиот регион уште во средниот век бил најгусто населен и еден од најразвиените, што било условено од поволните услови за живот и близината со еден од најурбаните центри на Балканот, градот Солун. – Во Струмичката Котлина во урбана средина единствено прераснува градот Струмица околу кој егзистирале голем број рурални населби. Тие егзистирале од средниот век, па сè до денес, но дел од нив од различни причини исчезнуваат. Токму тие населби се предмет на наше истражување. Податоци за овие исчезнати населби ние добиваме од достапните историски извори, односно од повелбите на светогорските манастири Иверион, Хиландар и Пантелејмон. Од нив дознаваме за самите населби и за локалните цркви. Од турските пописни тефтери, пак, добиваме значајни податоци и факти конкретно за популацијата во овој регион, а од топонимијата, која оставила траги и до ден-денешен, добиваме значајни податоци што нè насочуваат да ги лоцираме самите населби, како и колективните преданија што оставиле трага врз локалното население, вели Цветанов. Врз основа на тие податоци почнале со истражувањата и лоцирање, а проектот го именувале „Потрага по изгубените средновековни населби во струмичкиот регион“. – Ние ги лоцираме изгубените населби со помош на „џипиес“, правење опфат на самите локалитите, односно определување на нивната големина, фотодокументација, а со помош на површинскиот материјал ја определуваме хронолошката рамка на самиот локалитет. Успеавме да откриеме десетина нови археолошки локалитети, кои не се познати за стручната јавност. Тие не се евидентирани во археолошката карта на Република Македонија. Тоа се села, населби, кои егзистирале во средниот век, а денес не постојат, објаснува археологот д-р Душко Цветанов. Тој наброја неколку од изгубените населби: селото Превалец во близина на денешното Рич, Рајанци во близина на браната Турија, Искреник во близина на селото Сушица, Пот во влизина на селото Габрово и други. – Сите овие локалитети ние ги откривме со помош на овој проект, односно рекогносцирањето. Овој тип истражување за разлика од класичните археолошки ископувања чини финансиски многу помалку, но сепак и со нив можеме да добиеме значајни податоци, додава Цветанов. Сите изгубени населби што археолозите од струмичкиот Музеј ги откриле во изминатиот период се наоѓаат во планински предели. Токму тоа била една од причините за нивното исчезнување, бидејќи биле отсечени од главните комуникации и од центарот Струмица. Населението во овие исчезнати населби во најголем дел се занимавало со земјоделство и сточарство, а неколку од нив, кои биле поблиску до градот, имале и занаетчиски работилници. По завршувањето на истражувањата се планира издавање монографија „Струмица и Струмичко во средниот век“ и организирање изложба на која ќе бидат претставени фотографии и мапи од локалитетите. Проектот за истражување на изгубените средновековни населби е финансиран од Министерството за култура, а се реализира како дел од годишната програма на Завод и музеј Струмица. Ристо Тасев МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichki-arheolozi-baraat-ischeznati-srednovekovni-naselbi/feed/ 0
Египетски археолози ископалe 20 саркофази со уметнички мотиви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-arheolozi-iskopale-20-sarkofazi-so-umetnichki-motivi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-arheolozi-iskopale-20-sarkofazi-so-umetnichki-motivi/#respond Thu, 17 Oct 2019 08:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=252750

Египетски археолози открија над 20 дрвени саркофази близу градот Луксор, а на нив сѐ уште се видливи остатоците од живописни бои. Саркофазите се откриени во некрополата Асасиф која се наоѓа на западниот брег на реката Нил. Биле сместени во два реда, еден над друг. Египетското Министерство за антиквитети го оцени ова откритие како „едно од најголемите и најважни” последниве неколку години. Повеќето древноегипетски гробници во некрополата се од периодот 664. – 332. година пр.н.е. Меѓутоа, таму се наоѓаат и закопани луѓе и предмети од 18-тата династија (1550. – 1229 г.пр.н.е.), како што се Хатчепсут, Аменхотеп Трети и Тутанкамон. Министерот за антиквитети минатата седмица соопшти дека во Западната Долина на Луксор се откриени објекти за складирање и чистење погребна опрема и многу ќерамика од 18. династија. Повеќе податоци околу новите наоди се очекува да бидат соопштени до сабота.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipetski-arheolozi-iskopale-20-sarkofazi-so-umetnichki-motivi/feed/ 0
ФОТО: Астерикс навистина постоел, пронајден неговиот гроб https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-asteriks-navistina-postoel-pronajden-negoviot-grob/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-asteriks-navistina-postoel-pronajden-negoviot-grob/#respond Tue, 23 Jul 2019 09:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=221501

Случувањата на Астерикс и Обеликс, двајцата симпатични галски другари, со децении ги забавуваа луѓето низ стриповите, цртаните и играните филмови. За Астерикс и Обеликс сите знаат дека се измислени ликови, но новите научни откритија покажуваат дека таков галски војник навистина постоел. Археолозите на тлото на Велика Британија, во западен Сасекс, пронашле гроб на маж за кого се верува дека бил галски војник кој дошол во Британија да се бори против Цезар. Според зборовите на археолозите се работи за „најдобро опремениот гроб на некој војник кој некогаш е пронајден во Англија“. Во гробот биле пронајдени галски шлем, оружје односно меч кој во Британија во тоа време ретко кој го има. -Ние веројатно никогаш нема да го дознаеме неговото име, но она што можеме со сигурност да го тврдиме е дека се работи за Гал кој се борел против Цезар. Дилемата е само дали е некој од источна Англија кој се борел во ваква опрема или станува збор за Французин, кој дошол да се бори на оваа територија, односно Астерикс од вистинскиот живот кој на Британците им делел знаење, стратегија, тактика, како и ги откривал слабите точки на Цезар, изјавува археологот Мелани Џил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-asteriks-navistina-postoel-pronajden-negoviot-grob/feed/ 0
Египетски археолози пронајдоа сфинга во Асуан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/egipetski-arheolozi-pronajdoa-sfinga-vo-asuan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/egipetski-arheolozi-pronajdoa-sfinga-vo-asuan/#respond Mon, 17 Sep 2018 16:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=102227

Египетски археолози пронајдоа скулптура на сфинга при истражувања во храмот Ком Омбо во градот Асуан. Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека склуптурата на митското суштество со човечка глава и тело на лав е направена од камен. Скулптурата е широка 28 сантиметри, а висока 38 сантиметри. Таа најверојатно потекнува од периодот на династијата на Птоломеидите, кои владееле со Египет од 305 година пред новата ера до 30 година пред новата ера. Неодамна во овој храм беа пронајдени и два рељефи на фараонот Птоломеј Петти. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/egipetski-arheolozi-pronajdoa-sfinga-vo-asuan/feed/ 0