Архиепископ г.г. Стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Apr 2023 10:31:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Архиепископ г.г. Стефан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Г.г. Стефан: Овој Велигден го славиме во канонско единство, да се чуваме од поделби и да бидеме духовно и национално обединети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-ovoj-veligden-go-slavime-vo-kanonsko-edinstvo-da-se-chuvame-od-podelbi-i-da-bideme-duhovno-i-natsionalno-obedineti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-ovoj-veligden-go-slavime-vo-kanonsko-edinstvo-da-se-chuvame-od-podelbi-i-da-bideme-duhovno-i-natsionalno-obedineti/#respond Sun, 16 Apr 2023 07:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=824415

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. Возљубени празникољупци, Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие. Кога гревот, кој е беззаконие, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание. И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси, умирајќи за нашите гревови, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта! Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение. Возљубени чеда во Господа, Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот. Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата. Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство. Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година. Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент. Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе! † СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски Велигден, 2023.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-ovoj-veligden-go-slavime-vo-kanonsko-edinstvo-da-se-chuvame-od-podelbi-i-da-bideme-duhovno-i-natsionalno-obedineti/feed/ 0
Г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов, да не се откажуваме од она што ни е дар Божји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-da-ne-se-otkazuvame-od-ona-shto-ni-e-dar-bozji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-da-ne-se-otkazuvame-od-ona-shto-ni-e-dar-bozji/#respond Fri, 07 Jan 2022 08:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=616634

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,ЗАЕДНО СОСВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него1. Возљубени чеда во Господа, Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој се помириja небото и земјата и денот кога Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Денес предвечниот Бог „стана човек заради човекот“ и „Бог се вочовечи за ние да се обожиме“3. Денес, на овој величествен ден, Милостивиот Господ го ослободи човековиот род од ропството на гревот и му ги отвори вратите на рајот. Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен. А човекољубивиот Бог уште на почетокот го избрал човековиот род за спасение, посиновувајќи го преку Својот Единороден Син – Господ Исус Христос, со што дал можност …сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Тоа единство меѓу Бога и човекот било посакувано и очекувано од сите праведни и богољубиви луѓе во старозаветната историја. Уште многустрадалниот Јов копнеел да биде во близина на Бога, воскликнувајќи: О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! Но дури кога се исполнило времето, Бог Го испратил Својот Син, Кој се родил од Пресвета Дева Марија и како Богочовек го спасил паднатиот во грев човеков род. Возљубени празникољупци, По милоста Божја, еве, и годинава се удостоивме да го дочекаме Празникот на нашето спасение, па затоа да Му благодариме на Бога за непроценливиот дар на љубовта, дарот даден како белег на оние коишто се фалат со Неговото име. Токму во овие денови на празнувања, во време на дарови и во време на прославување, повикани сме да ја побараме смислата на празникот, смислата на дарувањето, смислата на славењето, да ја откриеме пораката не само на човековите обичаи, туку и на човековиот живот, и на неговата определба и цел. Зашто, има ли некаква корист за човекот празнувањето на Божик без Бога? Која е ползата од чествувањето без духовна радост? Божествениот Златоуст вдахновено го осмислува празнувањето: „Бидејќи сите се веселат од радост, и јас сакам да се веселам, сакам да играм, сакам да торжествувам. Но… наместо музички инструменти, ги носам даровите Христови. Зашто тие ми се надеж, тие ми се живот, тие ми се спасение…“. Ваквото разбирање на празниците, ваквите зборови што придонесуваат за духовен спокој, се вистинскиот начин што ни е потребен во ова време на предизвици. Даровите Христови му ја донесоа на човекот надежта дека ќе празнува со Бога и во Бога и му ја објавија смислата на животот, што ја беше загубил поради престапот на прародителите. И, еве, во време кога светот ги слуша само оние нешта коишто сака да ги чуе, Светата Црква го крева својот глас и му говори на современиот човек со зборови разбирливи, зборови нови, зборови од неговиот сопствен јазик, но коишто не се во согласност со неговиот начин на живеење. Црквата живее и постои во два света, но својот здив го добива од Небесното Царство, како од вистинска Татковина на секој човек. Ете, таа Црква нè повикува да ја разбереме суштината на Божик, на Божик како празник на Божјата подадена рака, како празник за обновување на човековите духовни сили и празник на возобновените можности на човековата личност. Поради тоа, на овој ден да си спомнеме и за последниве исклучително тешки години, исполнети со искушенија, предизвици, болки и разделби. Навистина, како човештво се соочивме дека, и покрај големиот технолошки развој посведочен во нашиов животен век, над нас висат катастрофи со кои човекот е премал да се соочи сам… Црквата, таа духовна мајка, преживувајќи ја историската и општествена реалност, му го нуди својот топол глас на современиот изморен и исплашен човек, своето автентично сведоштво дека, сепак, причината за болеста и за распадливоста во човекот е гревот. Болеста, како и секое друго зло во светот, е последица на секој наш грев, на секоја наша неправда што ја нанесуваме, на секоја омраза што ја допуштаме, на секој гневен поглед што го упатуваме… Возљубени чеда во витлеемскиот Богомладенец, Во Црквата пееме дека Христос дојде во светот за да ја отстрани оддалеченоста на човекот од Бога, да го разруши ѕидот на поделбата меѓу небесните и земните12. Бог се соедини со човекот, а како што вели свети Григориј Богослов: „Тоа што се има соединето со Бога, тоа и се спасува“13. А Спасителот, Кој е пред нас и со нас на секоја Божествена Литургија, ни се дава како лек за секоја наша болка, како прошка на секое наше прегрешение, како залог за единство во Неговата благодат. Само Тој е моќен, преку овие дарови, да ни ја врати слободата, се разбира, доколку се определиме да Го следиме Неговиот пат. Во време кога сите бараме и очекуваме промени во овој свет на економска и социјална нееднаквост и на политичка поделеност, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста. Богомладенецот Христос, Кој во овој свет се покажа како мало и навидум немоќно дете, ја започна најголемата промена во историјата на светот, промена која продолжува до денес и ќе трае до крајот на времето. Нам, како на членови на Неговото свето тело, на Црквата, Тој може да ни ја даде силата и способноста да бидеме и ние почеток и продолжение на промената во светот. Христос, како Творец на сите, не се открива секому посебно, туку на својата Црква. Христос е Спасител на сите луѓе, и да се биде во Него значи да се биде дел од Неговата божествена заедница ‒ дел од Неговата Црква. Во секое разделено општество, во секоја разделена земја, христијаните се тие коишто треба да го понудат единството и да настојуваат на него, покажувајќи им Го на другите луѓе Оној Кој им дава можност за обединување ‒ не само помеѓу себе, туку и во Бога. Единството во Светата Црква се остварува преку смирението и преку послушанието, преку согласноста во Светиот Дух. Гласот на полнотата на Црквата, е гласот на Светиот Дух, Кој говори од единството, а не од поединецот. А за да бидеме такви, треба да се облечеме во Господа, да се удостоиме да учествуваме во Неговата вечна радост и да се исполниме со Неговиот божествен мир. Впрочем, животот на секој вистински христијанин треба да е постојано доживување на Христовиот живот на земјата. За да го исполниме тоа, треба да сме дос­тојни членови на Црквата, да живееме во Црквата и со Црквата, со која Господ Христос раководи. Бог е Оној Кој дава и зема, Кој помага и гради, без Кого залудни се сите човечки напори. Она што можеме да го направиме за другите во секоја прилика, е да покажеме грижа. Грижата за доброто на човекот во еден свет што лежи во зло, грижата за здравјето на другите во едно време на погибија и на страдање, грижата за насушниот леб на оние кои се во тешкотии и во економска несигурност, грижата за ближниот – тоа е она што ќе го спаси светот и нас со него. Затоа, и на овој Божик, и во сите дни, заедно со даровите, да подариме и грижа, да подариме и љубов! Милостивиот Бог нека ни дава сила да се покажеме и ние како Христоносни јасли, да ги издигнеме срцата кон небото и да не го забораваме својот призив и својата должност, благодарејќи Му на Спасителот за непроценливиот дар на љубовта, што им го дал како белег на оние кои Го носат Неговото име. Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци. Честитајќи ви го Божик, на сите чеда на Македонската Православна Црква, овде во Татковината и насекаде по светот, ви посакуваме мир и изобилни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи ве со радосниот поздрав: Х Р И С Т О С С Е Р О Д И ! Честито и од Бога благословено новото лето Господово! † СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско–новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско–канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско–гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско–осоговски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-da-ne-se-otkazuvame-od-ona-shto-ni-e-dar-bozji/feed/ 0
Божиќна порака на г.г. Стефан: Сите неприлики на современото човештво доаѓаат од моралната криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-g-g-stefan-site-nepriliki-na-sovremenoto-choveshtvo-doagjaat-od-moralnata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-g-g-stefan-site-nepriliki-na-sovremenoto-choveshtvo-doagjaat-od-moralnata-kriza/#respond Thu, 06 Jan 2022 08:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=616374

Православните верници утре (7 јануари) ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божиќна порака. – Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој се помириja небото и земјата и денот кога Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Денес се случила најголемата тајна на нашата побожност – предвечниот Бог „стана човек заради човекот“ и „ се вочовечи за човекот да се обожи“. Синот Божји, како што било претскажано, се роди во Витлеем: од ангелите беше објавен со песна за мир и добра волја меѓу луѓето, пастирите Му се поклонија, а мудреците Го даруваа. Затоа, секој Божик нè потсетува дека не сме сами и оставени и нè повикува со мислите да се пренесеме во Витлеем за да Му се поклониме на Богомладенецот, за да Му се приближиме на Бога за и Тој да ни биде близок и преку верата да се насели во нашите срца. Само доколку сме богољубиви и човекољубиви и доколку живееме по евангелските начела – секој ден ќе ни наликува на Божик и само така ќе имаме мир во себе и добра волја кон сите луѓе. Смислата на Божикното прославување е во радосната вест дека Бог од љубов се родил како човек во Личноста на Господ Исус Христос, за човековиот род и сите созданија благодатно да ги овековечи во Својата Црква. Затоа постојано да Му благодариме на Бога преку верата, љубовта и надежта, со молитви и со добри дела, знаејќи дека само со Божја помош можеме да ги надминеме сите тешкотии и сите искушенија. На овој спасоносен ден да си спомнеме и за последниве тешки години, предизвикани од пандемијата, која покажа дека човекот е премал и немоќен да ѝ се спротивстави сам. Сите неприлики и на современото човештво доаѓаат од моралната криза, од неа се раѓаат сите недоразбирања меѓу народите и од неа произлегуваат сите проблеми со кои секојдневно се сретнува и ова наше поколение. И ако годинашниов Божик го дочекуваме загрижени за здравствената состојба во светот, и за последиците од неа, да не го заборавиме ветувањето на Синот Божји дека Тој ќе биде со нас до крајот на светот, дека Божјата љубов е над сите искушенија и дека неможното за луѓето е можно за Бога. Честитајќи ви го Божик, на сите чеда на Македонската Православна Црква, овде во Татковината и насекаде по светот, како и на сите луѓе со добра волја, ви посакуваме мир и изобилни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи ве со радосниот поздрав: Христос се роди! Честито и благословено Новото Лето Господово!, стои во божиќната порака на г.г. Стефан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-g-g-stefan-site-nepriliki-na-sovremenoto-choveshtvo-doagjaat-od-moralnata-kriza/feed/ 0
Архиепископот г.г. Стефан упати желби за добро здравје до вселенскиот патријарх Вартолемеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-g-g-stefan-upati-zelbi-za-dobro-zdravje-do-vselenskiot-patrijarh-vartolemej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-g-g-stefan-upati-zelbi-za-dobro-zdravje-do-vselenskiot-patrijarh-vartolemej/#respond Mon, 27 Dec 2021 09:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=613546

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан упати желби за добро здарвје и брзо заздравување до вселенскиот патријарх Вартолемеј, кој е позитивен на Ковид-19. -Со особена загриженост ја примивме веста што Мајката Црква ја соопшти – дека по редовниот медицински преглед, кај Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј е дијагностицирана инфекција од Ковид-19, со лесна симптоматија. Изразуваме благопожелби за брзо закрепнување и за враќање на редовните задолженија на Неговата Сесветост, кој за сето време на својата архипастирска служба е на будна стража за доброто и за преуспевањето на Православието, ревнувајќи за зачувување на канонскиот поредок на Православната Црква, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Бигорскиот манастир. Г.г. Стефан ја повикува нашата Црква, свештенството и верниот народ да ни се придружат во, како што се наведува, молитвата за здравје и брзо опоравување на неговата сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. Вартоломеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-g-g-stefan-upati-zelbi-za-dobro-zdravje-do-vselenskiot-patrijarh-vartolemej/feed/ 0