архива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 07:55:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png архива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожар во судот во Куманово, изгоре дел од архивата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/#respond Tue, 11 Jul 2023 07:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=855285

Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата. На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). – Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-sudot-vo-kumanovo-izgore-del-od-arhivata/feed/ 0
Франција ја отвора архивата за периодот на геноцидот во Руанда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-otvora-arhivata-za-periodot-na-genocidot-vo-ruanda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-otvora-arhivata-za-periodot-na-genocidot-vo-ruanda/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=493533

Франција денеска за пошироката јавност ја отвора архивата за настаните во Руанда меѓу 1990 и 1994 година, 27 години по почетокот на геноцидот врз Тутсите во оваа африканска земја, соопшти францускиот Службен весник. Станува збир за приватните архиви на поранешниот претседател Франсоа Митеран, а потоа и на премиерот Едуар Баладур. Неколку документи, особено дипломатски телеграми и доверливи белешки, се појавија во извештајот за улогата на Франција во Руанда меѓу 1990 и 1994 година, поднесен од комисија на историчари кон крајот на март. Извештајот се однесува на улогата на Франција во текот на четирите одлучувачки години, кога се случи геноцидот на владеачките Хути врз 800.000 Тутси, меѓу април и јули 1994 година. Историчарите особено укажуваат на одговорноста на Митеран и Генералштабот на француската армија кои ги игнорираа предупредувањата за опасноста од геноцид. По повод 27-годишнината од почетокот на геноцидот предвидени се неколку комеморации, меѓу кои и во Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж за „неповратно“ приближување со официјален Кигали. Иако дојде до затоплување на односите меѓу двете земји со доаѓањето на Макрон на власт во 2017 година, улогата на Франција во Руанда е се уште деликатна тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-otvora-arhivata-za-periodot-na-genocidot-vo-ruanda/feed/ 0
Изгоре ли криминалот со ИПА фондовите со архивата во животна средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgore-li-kriminalot-so-ipa-fondovite-so-arhivata-vo-zivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgore-li-kriminalot-so-ipa-fondovite-so-arhivata-vo-zivotna-sredina/#respond Fri, 11 Sep 2020 14:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=402136

Во пожарот кој што пред некој ден ја зафати зградата на поранешна Комерцијална банка најмногу штета претрпе Државниот инспекторат за животна средина. Огнот, кој според првичните информации настанал од дотраеност на електричната инсталација, ги зафатил архивата на Инспекторатот и дел од канцелариите. Оттука се поставува прашањето и се отвораат дилеми дали изгореле евентуално некакви документи кои укажувале на злоупотреба на пари од европските проекти, а наменети за проекти од оваа област. За ова прашаа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Еве јавно прашуваме, потенцирам јавно прашуваме, би ги повикал тука и медиумите да го истражат случајот, дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција‘, вели порпаролот Димче Арсовски. Директорот на Инспекторатот за животма средина, Фејзула Спахија потврди дека изгорела целокупната документација а штетата допрва ќе ја проценуваат. -Ни се отвори голем проблем, изгоре целата документација. Последните предмети се кај инспекторите, но и таму пожарникарите интервенирале со вода.Не знаеме што е зачувано од компјутерите, а што не. Ова ќе биде огромна штета за нас. Само мојата канцеларија не е уништена. Ќе побарам средба со министерот за животна средина за да ни најдат простории каде би можеле да се сместиме. Целокупната штета допрва ќе ја проценуваме, вели директорот на Инспекторатот, Фејзула Спахија. Наспроти изјавите од инспекторатот, и од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пожарот е премногу сомнителен и повикаа институциите целосно да го истражат случајот но побараа и официјален записник со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени. -Пожарот кој го зафати државниот инспекторат за животна средина сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина.Затоа јавно прашуваме, што содржеа тие документи кои што изгореа? вели Арсовски. Оваа состојба фрла голема дамка на целокупното работење на институциите од ваков тип посебно ако се знае дека во минатото имаше шпекулации за правичноста на работењето со ИПА фондовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgore-li-kriminalot-so-ipa-fondovite-so-arhivata-vo-zivotna-sredina/feed/ 0