ариен робен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Dec 2020 12:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ариен робен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Робен: Имам силна желба да се вратам на теренот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-imam-silna-zelba-da-se-vratam-na-terenot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-imam-silna-zelba-da-se-vratam-na-terenot/#respond Sat, 05 Dec 2020 12:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=439190

Еден од најдобрите холандски фудбалери на сите времиња Ариен Робен потврди дека ќе остане надвор од теренот до крајот на календарската година, но изрази надеж дека ќе му се врати на фудбалот во 2021. Робен минатото лето му се врати на професионалниот фудбал по едногодишна пауза, облекувајќи го дресот на својот матичен клуб Гронинген. Триесет и шест годишниот поранешен холандски репрезентативец, сепак, одигра вкупно 44 минути на два натпревара, по што поради проблеми со мускулниот тонус замина на рехабилитација. – Нештата не одат како што посакувам. Работев напорно изминатите месеци, но за жал, без посакуваниот ефект. До крајот на годинава продолжувам со рехабилитација. Имам силна желба да им се вратам на соиграчите на теренот и се надевам дека ќе можам да играм во текот на 2021. Дали тоа ќе се случи во овој момент не знам, ќе покажат следните неколку недели, изјави Робен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-imam-silna-zelba-da-se-vratam-na-terenot/feed/ 0
Робен: Можеби никогаш повеќе нема да го облечам дресот на Баерн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-mozebi-nikogash-povekje-nema-da-go-oblecham-dresot-na-baern/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-mozebi-nikogash-povekje-nema-da-go-oblecham-dresot-na-baern/#respond Thu, 11 Apr 2019 14:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=185205

Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен е загрижен дека веројатно нема повеќе да го облече баварскиот дрес на официјалниот натпревар. Робен е надвор од теренот од ноември кога последен пат играше во Лигата на шампионите против Бенфика и постигна два гола за победата со 5:1. Холанѓанецот третира повреда и веројатно нема да закрепне до крајот на сезоната кога истекува неговиот договор со Баерн. – Веќе мислам дека нема да можам да играм повторно за Баерн. Тоа е малку очајно, бидејќи не е јасно каква е точна повредата. Има интерес од клубови за следната сезона, но прво сакам да продолжам со тренинзи, а потоа ќе одлучам каде да одам, рече 35-годишниот Робен за „Скај Спортс“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-mozebi-nikogash-povekje-nema-da-go-oblecham-dresot-na-baern/feed/ 0
Ван Бомел го враќа Робен во ПСВ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-bomel-go-vrakja-roben-vo-psv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-bomel-go-vrakja-roben-vo-psv/#respond Thu, 13 Dec 2018 20:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=139962

Тренерот на ПСВ Ајндховен, Марк ван Бомел остварил контакт со 34-годишниот ас на Баерн Минхен Ариен Робен, кој објави дека ја игра последната сезона во германскиот гигант. Ван Бомел призна дека би се радувал ако Робен се согласи на крајот на својата кариера да се врати во тимот, кој го истрела на големата сцена. Робен ја игра својата деветта сезона како играч на Баерн, каде што се пресели во 2009 година од Реал Мадрид. До овој момент тој не навестил за неговата следна дестинација, а дури изјави дека ако не добие доволно добра понуда може целосно да ја прекине кариерата. Пред над деценија, Робен помина 2 сезони во ПСВ, а сега генералниот менаџер на тимот Тоон Гербрандс откри за контактите меѓу Ван Бомел и Робен. – Имаше контакти. Марк, кој играше заедно со Ариен, му испрати порака. Се разбира, се зависи од Ариен, кој ќе донесе одлука, изјави Гербрандс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-bomel-go-vrakja-roben-vo-psv/feed/ 0
Робен: Бев подготвен да одам во Манчестер Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-bev-podgotven-da-odam-vo-manchester-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-bev-podgotven-da-odam-vo-manchester-junajted/#respond Wed, 04 Apr 2018 14:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=36374

Ариен Робен откри дека бил подготвен да премине во Манчестер Јунајтед во 2004-та година, но никогаш не добил официјален предлог за тоа. Во тоа време, кога имал 19 години, Холанѓанецот патувал за средба со Сер Алекс Фергусон во базата на „црвените ѓаволи“ во Карингтон. Сѐ минало добро и Робен се вратил во Ајндховен верувајќи дека ќе го напушти ПСВ и ќе се приклучи на другата млада сензација - Кристијано Роналдо. Од Јунајтед, сепак, не се договориле за трансферната сума и зделката пропаднала. - Разговорот со Фергусон мина многу добро. Зборувавме за фудбалот и за животот. Ја обиколивме базата и се беше во ред. Кога се вратив во ПСВ, сепак, ништо не се случи. Во тоа време Ајндховен преговараше и со Челзи, па можеби тие понудиле повеќе пари, вели Робен за „4-4-2“. Разговарал и со Челзи и му се допаднале нивните планови. - Имавме средба и сè се случи многу брзо. Ако пред тоа од Манчестер ми понудеа договор, сигурно би одел кај нив. Тоа, сепак, не се случи, но и не жалам за тоа, додава тој. Робен премина на „Стемфорд Бриџ“ во 2004 за 12 милиони фунти и освои две титули, потоа беше продаден на Реал Мадрид. Јунајтед, пак, го купи Вејн Руни, кој потоа стана најдобар стрелец во историјата на тимот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roben-bev-podgotven-da-odam-vo-manchester-junajted/feed/ 0