аркан керим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Mar 2022 16:38:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аркан керим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/#respond Fri, 11 Mar 2022 16:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=645619

Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот. Во своето излагање пред присутните на Собранието Керим потенцираше дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор. „Ќе го вратиме сјајот на туристичко-угостителскиот сектор и ќе го презентираме туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми. Во партнерски однос со институциите ќе се залагаме сите членови на ТУК да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора во наредниот период ќе ја реорганизираме во пет посебни сектори кои ќе функционираат во рамки на Комората, угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот“, истакна Керим. Согласно поделбата од секој сектор ќе биде избран и по еден потпретседател на Туристичко-угостителската комора, со цел сите деловни субјекти од различни дејноста да имаат рамноправен пристап во одлучувањето. Керим најави и воспоставување на регионални претставници во повеќе градови од државата Скопје, Битола, Куманово, Крушево и Дојран, со што со активностите подеднакво ќе бидат реализирани во сите региони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arkan-kerim-e-nov-pretsedatel-na-turistichko-ugostitelska-komora/feed/ 0