армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 10:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелските сили започнаа голема воена операција во Џенин на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-zapochnaa-golema-voena-operatsija-vo-dhenin-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-zapochnaa-golema-voena-operatsija-vo-dhenin-na-zapadniot-breg/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=852484

Израелските сили ја лансираа најголемата операција во изминативе 20 години во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, пренесува Си-ен-ен. Според палестинските власти, при оваа акција на израелските сили загинале најмалку 10 лица, а биле повредени уште околу 100 други лица. Стотици палестински семејства ја напуштија оваа област по нападот. Заменик-градоначалникот на Џенин, Мохамед Џарар изјави дека се уништени домови и инфраструктура, поради што е исклучена струјата и водата во бегалскиот камп. Духа Туркман, 16-годишен жител на Џенин, рече дека добиле два часа да се евакуираат од градот. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение рекоа дека започнале тековни „обемни антитерористички напори во областа на градот Џенин и кампот Џенин“, нанесувајќи удар на „терористичката инфраструктура“. ИДФ извршил околу 10 воздушни напади користејќи дронови, а стотици војници таргетираа, како што пренесуваат, центар за „команда и контрола“ на војниците, како и локации за производство на оружје и експлозиви. Видеата доставени до Си-Ен-Ен од градот Џенин покажуваат како израелски булдожери рушат инфраструктура за да разоружаат потенцијални експлозиви, како и присуство на израелски тенкови надвор од границите на градот. Граѓаните изјавиле дека слушнале пукотници, а на видеото се гледа како ранети Палестинци се евакуирани во државната болница во Џенин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-zapochnaa-golema-voena-operatsija-vo-dhenin-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/#respond Wed, 21 Jun 2023 06:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=848047

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. На презентацијата на новите оклопни возила на Армијата ќе присуствуваат и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. По обраќањата, како што соопшти Министерството за одбрана, предвидено е да се реализира и кратка показна вежба со овие нови и софистицирани оклопни возила на Армијата. Досега, во два наврати пристигнати се вкупно 32 возила од овој тип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/feed/ 0
Во Москва започна судењето на истакнат активист за наводна дискредитација на армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=843871

Во Москва денеска почна судењето на Олег Орлов, еден од лидерите на невладината организација Меморијал, обвинет за „дискредитација“ на руската армија, за што му се заканува затворска казна до пет години. Орлов (70), позната личност на Меморијал, организација која доби Нобелови награди за мир и во неколку наврати ја критикуваше руската инвазија на Украина, ги отфрли сите обвинувања против него. „Се ќе биде добро. Јас сум бранител на човековите права, долги години се справувам со кршење на човековите права и стандардите на хуманитарното право во зоната на конфликтот. Ова е моја обврска“, изјави Орлов пред судењето. Тој додаде дека некој може да каже дека е подобро да се молчи. „Меѓутоа, целиот мој живот и мојата позиција секогаш ме обврзувале и ме обврзуваат да не молчам“, изјави Орлов. Меморијал, основан во 1989 година, собираше документи за злосторствата на СССР, организираше изложби и вршеше притисок врз државата да ја признае својата одговорност. На крајот на 2021 година, руското правосудство нареди распуштање на Меморијалот, додека властите на претседателот Владимир Путин ја интензивираа репресијата на критичките гласови, неколку недели пред почетокот на инвазијата на Украина. Во октомври, организацијата Меморијал ја доби Нобеловата награда за мир, заедно со Украинскиот центар за граѓански слободи и белоруската активистка Алеша Бељацки, која е во затвор во својата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moskva-zapochna-sudeneto-na-istaknat-aktivist-za-navodna-diskreditatsija-na-armijata/feed/ 0
Белоруската армија формира нов полк за ПВО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskata-armija-formira-nov-polk-za-pvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskata-armija-formira-nov-polk-za-pvo/#respond Thu, 23 Mar 2023 08:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=815314

Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов полк за противвоздушна одбрана, објави на Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск. Според соопштението, командата направила посебни напори за создавање современа воена инфраструктура и образовна материјална база за новата формација, како и за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства. Новиот полк е стациониран во градот Лунинец, регионот Брест. За денеска е предвидено единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskata-armija-formira-nov-polk-za-pvo/feed/ 0
Сквадронот за обука и тренинг на Армијата прерасна во официјален НАТО Центар за обука на воени пилоти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skvadronot-za-obuka-i-trening-na-armijata-prerasna-vo-ofitsijalen-nato-tsentar-za-obuka-na-voeni-piloti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skvadronot-za-obuka-i-trening-na-armijata-prerasna-vo-ofitsijalen-nato-tsentar-za-obuka-na-voeni-piloti/#respond Mon, 30 Jan 2023 15:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=793823

Армискиот Сквадрон за обука и тренинг, попознат како Центар за обука на пилоти, од денеска се приклучи на центрите за обука на пилоти во Чешка и во Италија, како официјален НАТО центар кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа. Како што информираат од Министеството за одбрана, со приклучувањето на овој Центар во НАТО структурата за летачка обука во Европа се потврди и фактот дека тој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата во доменот на обуката на пилоти на хеликоптери. – Истовремено со Центарот за обука на пилоти во Северна Македонија, дел од оваа НАТО структура станаа и два тренинг кампуса во Грција и во Унгарија, се наведува во соопштението. Северна Македонија, како што е наведено во соопштението од МО, беше една од десетте сојузнички земји, која заедно со Белгија, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Шпанија и Туркије ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа, со што се потврди и посветеноста на нашата земја за придонес кон зацврстување на колективната одбрана и безбедност. Целта на НАТО структура за летачка обука во Европа е изградба на комплетна пилотска тренинг – архитектура во Европа која ќе даде можност за сеопфатна обука на пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови за потребите на Алијансата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skvadronot-za-obuka-i-trening-na-armijata-prerasna-vo-ofitsijalen-nato-tsentar-za-obuka-na-voeni-piloti/feed/ 0
Во велешката касарна промовирани 149 нови подофицери на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-kasarna-promovirani-149-novi-podoficeri-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-kasarna-promovirani-149-novi-podoficeri-na-armijata/#respond Tue, 27 Dec 2022 14:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=781219

Во кругот на Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска на свеченост беа промовирани во прв подофицерски чин 149 нови подофицери на Армијата, припадници на разни Единици на Армијата на Република Северна Македонија. Mеѓу нив се и 13 жени промовирани во прв чин подофицери, кои во изминатите два месеци се обучуваа во велешката касарна. На свеченоста присуствуваа и министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на ГШ на Армијата генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, како и генерали и претставници на Министерството за одбрана. Министерката Петровска во своето обраќање до присутните истакна дека тие се гордост на Армијата, го чуваат територијалиот интегритет на нашата држава, безбедноста на граѓаните и мирот и сигурноста за сите во државата. – Денешниот ден носи и нова одговорност во Вашите животи, бидејќи Вие сте тие кои ќе ги водите младите војници и во чии обуки тие треба безрезервно да веруваат. Вие бевте предложени од страна на Вашите претпоставени и благодарение на вашите способности и подготвеност. Но, и бидејќи веруваа во Вас и вашите капацитети дека вашиот индивидуален квалитет може дополнително да придонесе за развој на армиските капацитети.Бидете горди на ова ваше постигнување,но не застанувајте тука продолжете со вашата иницијативност и упорност и бидете пример за останатите, им порача министерката Петровска. Таа потенцира дека тие се клучна алка во синџирот на Армијата, првите што стојат до професионалните војници и тие кои им го пренесуваат искуството, кои ќе им ги дадат вистинските насоки да станат вистински професионалци. – Затоа со свој личен пример покажете им како се сака Армијата и како се сака државата,порача министерката Петровска. Петровска најави дека од утре ја прават промоцијата на новите професионални војници,со што, подвлече, заокружуваат една убава година во која донесоа многу заеднички одлуки во корист на подобрувањето на условите и стандардите за сите припадници на Армијата. Меѓу другото најави дека ќе продолжат да одговараат на барањата на Генералштабот и ќе направат се’ Армијата да биде соодветно потполнета, но истовремено и модернизирана согласно стандардите. Петровска порача дека нивна обврска е да креираат кадар, но и услови и современи алатки за работа и да одговорат на нивните потреби кои дополнително влијаат на јакнењето на мотивацијата. Министерката Славјанка Петровска потенцира дека сега пред нив се отвораат нови врати, можности за доедукација, усовршување, курсеви и обуки во сојузничките земји каде ќе го надоградат нивното знаење.Таа им упати благодарност на нивните инструктори и обучувачи од Командата за обука и доктрини и од останатите единици. На свеченоста од страна на министерката Петровска и началникот на ГШ на Армијата, генерал – потполковник Ѓурчиновски им беа доделени признанија на тројцата најдобри.Од нивно име се обрати прворангираниот подофицер Мирослав Начков. – Ви благодариме на укажаната доверба да станеме подофицери на Армијата.Убеден сум дека таа доверба стројот пред вас ќе ја оправда во целост. Но тоа не беше пречка преку призмата на армиските вредности да работиме сплотено како еден, во остварување на заедничката цел. Денес со гордост можам да кажам дека таа цел е постигната. Класа 1-22 , изградивме колектив.Тоа не го направивме сами, имавме огромна поддршка од целиот инструкторски тим,во името на сите едно големо благодарам, порача прворангираниот подофицер Начков, од свечената говорница. Првиот подофицерски чин на промовираните од свечената говорница им го честата и Командантот на КОД полковник Васко Коколански. – Денеска вие остваривте една ваша цел и амбиција.Денеска Армијата се збогати и ги зајакна своите капацитети посебно со лидери на основното тактичко ниво.Денеска произведувајќи ве во вашиот прв подофицерски чин, може да погледнете два месеци претходно кога истапивте од стројот, дојдовте и го поминавте циклусот на обука која беше захтевна, динамична и која од вас бараше исполнителност, одговорност, трудољубивост и постојаност во извршувањето на задачите. Вие градевте и ги вградувавте Армиските вредности,чесност,одговорност, исполнителност, професионалност и лојалност на самиот колектив и изградивте цврст колектив. Сега кога ќе се вратите во вашите единици ќе имате друга улога да бидете лидери кои ќе мотивираат ќе инспирираат и ќе водат, им порача на новите подофицери на Армијата полковник Коколански.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-kasarna-promovirani-149-novi-podoficeri-na-armijata/feed/ 0
Шест поранешни припадници на Армијата на БиХ уапсени поради воени злосторства врз цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=775043

Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ. Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца. Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/feed/ 0
Јапонскиот премиер најави зајакнување на армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-najavi-zajaknuvanje-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-najavi-zajaknuvanje-na-armijata/#respond Sun, 06 Nov 2022 16:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=756529

Јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на денешната меѓународна смотра на воената флота изјави дека неговата земја мора итно да ги зајакне своите воени способности бидејќи има се повеќе безбедносни ризици, вклучително и нуклеарни закани од Северна Кореја и руската војна против Украина. Во поморската смотра учествуваа 18 воени бродови од 12 земји, меѓу кои САД, Австралија, Канада, Индија, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја, а воени авиони испратија и САД и Франција. Јужна Кореја се приклучи по првпат по седум години, што се слуува поради подобрените врски меѓу Токио и Сеул, кои беа затегнати поради воените злосторства на Јапонија. – Безбедносното опкружување во Источното и Јужното Кинеско Море, особено околу Јапонија, станува сè понапната, рече Кишида, посочувајќи на бројните лансирања на ракети од Северна Кореја и зголемената загриженост за влијанието од руската инвазија на Украина. Кишида рече дека е важно избегнувањето спорови и барањето дијалог, но и дека е неопходна подготвеност да се одговори на провокациите и заканите по мирот и стабилноста. Тој го повтори своето ветување за значително зајакнување на воената способност на Јапонија во рок од пет години. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-najavi-zajaknuvanje-na-armijata/feed/ 0
ВРАБОТЕН ВО АРМИЈАТА ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА: 59 годишното лице било од Гевгелија, ова се деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-armijata-pronajden-pochinat-vo-veleshkata-kasarna-59-godishnoto-lice-bilo-od-gevgelija-ova-se-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-armijata-pronajden-pochinat-vo-veleshkata-kasarna-59-godishnoto-lice-bilo-od-gevgelija-ova-se-detalite/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=745385

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат 59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев. Тој појасни дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-armijata-pronajden-pochinat-vo-veleshkata-kasarna-59-godishnoto-lice-bilo-od-gevgelija-ova-se-detalite/feed/ 0
Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=739309

Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски во дебатниот магазин „Клил плус“ на ТВ21 истакна дека неговиот став е дека има потреба од враќање на задолжителниот воен рок. Смета дека служењето на 3 месеци војска би ги подготвило младите идни кадри. -Можам да го кажам стручниот аспект на состојбите и визијата за наредната декада за развојот на вооужените сили. Но, ќе оставам простор и можност на јавноста, екпертите, дури и на политичките партии во периодот кој претстои малку подетално да се зафатат со дискусија на оваа тема. Дали има потреба за воведување на воен рок? Категорично ќе кажам да, знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Од професионален аспект, навистина има потреба. За машката популација се дефинира како задожителна обврска, тоа не значи дека ние би требале да започнеме со реализација идната година, хипотетички да започнеме со 2025 година. Доброволно за женската популација, но со соодветни бенефиции за можно вработување до безбедносните сили, дали во Армијата или полицијата, вели Ѓурчиновски. Вели би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. -Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, вели Ѓурчиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjurchinovski-ima-potreba-od-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-makedonija/feed/ 0