армиски хеликоптер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 17:59:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png армиски хеликоптер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Армиски хеликоптер се вклучи во гасењето на пожарот во Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/#respond Mon, 25 Jul 2022 17:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=710065

Пожарот кај Богданци утрово беше ставен под контрола, но попладнево избнувна нов, во источниот дел од полигонот „Криволак“ ... Гори нискостеблеста шума на непристапен терен, а во гасењето пред малку се вклучи и армиски хеликоптер... Пожар го зафати армискиот полигон Криволак. Избувнал на стариот полигон за Атомско биолошко хемиска одбрана(АБХО), на непристапен терен. За пожарот којшто е од поголем обем и најверојатно избувнал во ноќните часови, се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен. Во овој момент нема интервенција на истиот од терен затоа што противпожарните служби засега немаат информација колку е безбедно бидејќи се работи за полигон кој се користел за вежби и на него има минско експлозивни средства, велат од ЦУК. А попладнево пак изгаснат е пожарот кој од вчера го зафати атарот на селото Ѓавато, општина Богданци, по целовечерна борба со огнената стихија во чие гасење се вклучи и армиски хеликоптер. Но жители на селото и понатаму стравуваат повторно да не се разгорат жариштата. Сведочат како селото било во обрач од огнот а се слушале и експлозии. На терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевгелија и Кавадарци. Пожарот кој избувна кај Ѓавато и околината, во првите неколку часа имаше опасност по куќите во селото, но и блискиот ветерен парк и станицата за вода, која е дел од системот за полнење со вода на Дојранското езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/feed/ 0