армиски резервисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 05:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png армиски резервисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дваесет и две години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/#respond Tue, 08 Aug 2023 05:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=864412

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Високи државни делегации ќе им оддадат почит со положување цвеќе. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите. Делегација на Собранието во состав: Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска, ќе положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп. Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната делегации на АРМ, Владата и Општината, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите. Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село. На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/feed/ 0
Осумнаесет години од загинувањето на армиските резервисти кај Љуботенски бачила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-rezervisti-kaj-ljubotenski-bachila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-rezervisti-kaj-ljubotenski-bachila/#respond Sat, 10 Aug 2019 07:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=228258

По повод 18-годишнината од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, делегација од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска ќе положи цвеќе на спомен-обележјата во селата Волково и Љубанци. Делегацијата ќе положи цвеќе и на споменикот во касарната „Илинден“ во Скопје. На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-rezervisti-kaj-ljubotenski-bachila/feed/ 0