АРМОР ПЛУС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 May 2021 11:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АРМОР ПЛУС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раст на профитот од 250%: Фирмата „Армор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје добила 126 тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/#respond Wed, 05 May 2021 10:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=505870

Втората афера која на денешниот брифинг со новинарите на обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски се однесува на тендерите кои ги добила компанијата „Армор плус“. Според податоците доставени од Мицкоски до медиумите, оваа компанијата од државни институции и јавни претпријатија, односно од парите на граѓаните добила 126 тендери со што остварила раст на профитот од речиси 250 проценти. Компанијата, како што минатиот месец објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е во сопственост на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, Димитар Петрески. Тогаш од комапнијата меѓу другото во испратениот демант, наведоа дека компанијата, од своето формирање, па се до денес, е со доминантен сопственик со потекло од Република Хрватска, односно, компанијата Пастор TBA од Република Хрватска, која поседува 70% од сопственоста на Армор плус ДОО, со право на одлучување. Пастор TBA – Загреб е реномиран производител кој активно постои на пазарите во Европа и светот повеќе од 90 години. Во структурата на компанијата има вкупно 3 сопственици, информации јавно достапни во Централен регистар на РС Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/feed/ 0
Стотина добиени државни тендери на роднини, мала конкуренција или фаворизирање на една фирма? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-dobieni-drzavni-tenderi-na-rodnini-mala-konkurencija-ili-favoriziranje-na-edna-firma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-dobieni-drzavni-tenderi-na-rodnini-mala-konkurencija-ili-favoriziranje-na-edna-firma/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=497879

Стотина добиени државни тендери на роднини, мала конкуренција или фаворизирање на една фирма? Ваков пример имаме со фирмата Друштво за производство, трговија и услуги АРМОР ПЛУС ДОО увоз-извоз Скопје која според нашите информации е во сопственост на Димитар Петрески, сопруг на Ленче Петреска, сестрата на Викторија Аврамовска Медиќ секретар на Град Скопје. Од информациите кои ги добивме, фирмата АРМОР ПЛУС стана предмет на интерес за истражување, па така според електронскиот систем на бирото за јавни набавки од 2017 година до денес истата има добиено 123 државни тендери со вкупна вредност од 3.071.356 евра. Па логично се поставува прашањето како АРМОР ПЛУС во 2017 година има склучено 16 договори во вредност од 313.484 евра, за набавка на противпожарно возило, набавка на ХТЗ опрема, набавка на опрема за заштита и спасување, ЛЗС браварски и заварувачки ракавици, гумени одела, чуварски униформи, кошули за чуварска служба и мантили, технички средства и прирачен алат за гаснење на шумски пожари, лични заштитни средства односно градежен шлем, набавка на апарат за алкотестирање за сектор инвестиции, развој и проектирање РЕК Битола, набавка на ПП апарати, зимски летни чевли за потребите на општина Радовиш и униформи летни и зимски со проценета вредност од 355.000 денари без ДДВ. Како нарачатели се јавуваат Центарот за развој на Пелагонискиот платен регион, ЈП Градски Паркинг Скопје, Град Скопје, ЈП Стрежево Битола, АД ЕЛЕМ, ЈП Национални шуми Скопје, општина Штип, општина Радовиш, како и ГА-МА АД Скопје. Во 2018 година, расте бројот на добиени државни тендери од страна на фирмата АРМОР ПЛУС, па така за склучени 25 договори земала 1.229.688 евра државни пари, за набавка на војнички чизми, чизми за пилоти и чевли за службена униформа женска, лична заштитна опрема, специјална заштитна опрема за ДДВ екипа за екстремно ниски и високи температури, набавка на опрема 5 комплета специјален противпожарен хидрауличен алат за спасување во сообраќајни незгоди на патишта, ХТЗ опрема, униформи за пожарникари, работни одела и додатоци,, изолационен апарат за дишење, работна облека за чуварска служба, изолациски боци, како и апарат за алкотест за иницирање на алкохол. Најмногу пари АРМОР ПЛУС добила од тендерот кој го склучила со Министерството за одбрана во вредност од 641.911 евра за набавка на војнички чизми, чизми за пилоти и чевли за женска службена униформа. Други државни институции кои во 2018 година склучиле договор со компанијата се и АД МЕПСО, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Куманово, АД ЕЛЕМ, Општина Кичево, Општина Струмица, Општина Крива Паланка, Општина Радовиш, Општина Валандово, Агенција за електронски комуникации, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, ЈП Паркинзи Центар, Народна Банка и ЈКП Водовод Битола. Во 2019 година склучила 34 договори во вредност од 840.852 евра, додека во 2020 година за 44 државни тендери наплатила 580.524 евра и тоа за набавка на ХТЗ опрема, војнички чизми, опрема за пожарникарите, набавка на изолациони дишни апарати, гас детектори, опрема за поплава, облека за медицински и технички персонал, пожарникарска опрема, ракавици, усници за алкотестер и друга опрема за Град Скопје, МВР, ЈП Градски Паркинг – Скопје, општина Струмица, АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ, Министерство за одбрана, ЈП Национални шуми, Дирекција за заштита и спасување, ЕЛС Општина Прилеп, Општина Гевгелија, Општина Крушево, Општина Свети Николе, Општина Валандово, Општина Охрид, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, МАНУ, Општина Битола, Општина Велес, ЈП Паркови и зеленило, Општина Кавадарци, ЕЛС Кратово, Факултет за ветерина и медицина, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони. Од почетокот на годината, фирмата АРМОР ПЛУС до денеска има склучено само 4 договори за државни тендери во вредност од 106.808 евра, а најмногу пари земала од за набавка на Министерството за одбрана за работна заштитна облека за персонал, потоа набавка на ХТЗ опрема за вработените во ГА-МА АД Скопје, како и набавка на опрема и униформи за пожарникарите и калибрација на алкотест за потребите на општина Македонски Брод и АД ТЕЦ Неготино. Од документацијата која е јавно достапна во поголемиот број од склучените договори фирмата АРМОР ПЛУС ДОО Скопје се јавува како единствен понудувач на јавниот оглас. Со што се добива впечаток дека набавката однапред е договорена. А ваква пракса на однапред договорени тендери сме имале и претходно со други фирми блиски до власта. Згора на ова, фирмата АРМОР ПЛУС ДОО Скопје за која наведовме погоре дека е во сопственост на Димитар Петрески, сопруг на Ленче Петреска, сестрата на секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Медиќ, за периодот од 2017 година до денес се јавува како потписник на 12 склучени договори со Град Скопје и градските јавните претпријатија во вредност од над 300.000 евра. Ова е основ на Државната комисија за спречување на корупцијата да ги провери набавките и документацијата во целост со цел да утврди дали има судир на интереси. Дополнително за Јавното обвинителство кое треба да види дали имало против правно влијание во насока на добивање на набавките од страна на фирмата АРМОР ПЛУС ДОО Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-dobieni-drzavni-tenderi-na-rodnini-mala-konkurencija-ili-favoriziranje-na-edna-firma/feed/ 0