Арнар Видарсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 18:16:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Арнар Видарсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Исландскиот селектор доби отказ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/islandskiot-selektor-dobi-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/islandskiot-selektor-dobi-otkaz/#respond Fri, 31 Mar 2023 18:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=818658

Раководството на Фудбалската федерација на Исланд (КСИ) му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон само неколку денови по убедливиот триумф од 7-0 над Лихтенштајн во евроквалификациите, но за 45-годишниот стратег тоа беше само шеста победа на исландската клупа на 31 натпревар. „Ова, секако, е тешка одлука, но ја сметаме за потребна и исправна“, соопшти синоќа КСИ. „Арнар направи многу добри работи и заслужува пофалба за својот ангажман. Меѓутоа, сега почнуваме потрага по негов наследник за да започнеме подготовки за следните натпревари на екипата кои ќе се одржат ова лето“, изјави претседателката на КСИ, Ванда Сигургеирсдотир. Видарсон го предводеше Исланд од 2020 година, а претходно беше тренер на исландската репрезентација до 21 година и на белгиските клубови Локерен и Серкл Бриж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/islandskiot-selektor-dobi-otkaz/feed/ 0
Видарсон: Македонија има одлична репрезентација, но ќе ви ја расипеме забавата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vidarson-makedonija-ima-odlichna-reprezentacija-no-kje-vi-ja-rasipeme-zabavata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vidarson-makedonija-ima-odlichna-reprezentacija-no-kje-vi-ja-rasipeme-zabavata/#respond Sat, 13 Nov 2021 13:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=595072

Македонските репрезентативци утре ќе се сретнат со репрезентацијата на Исланд како последен натпревар во рамки на квалификациите за СП Катар 2022. Македонската репрезентација сама одлучува за својата судбина , и со победа против Исланд сигурно одиме на второто место и обезбедуваме бараж за Катар. Репрезентацијата на Исланд нема никакви шанси за пласман понатаму , но тоа не значи дека однапред ќе дојдат со бело знаме и ќе се предадат. Тие успеаа да ни направат услуга ремизирајќи со Романија 0-0 на гостински терен што доволно говори дека се квалитетна репрезентација која во никој случај не треба да ја потцениме. Арнар Видарсон, селекторот на Исланд пред мечот посочи дека е импресиониран од начинот на кој игра Македонија но исто така истакна дека Исланд е тука да ни ја расипе забавата: -Драго ни е што сме тука во Македoнија. Знаеме дека ова за вас е многу важен меч , а ние сме импресионирани како Македонија игра по Европското првенство. Ви посакуваме многу среќа, но ние ќе мора да одиграме на највисоко ниво утре и да ја саботираме вашата забава – истакна селекторот на Исланд и додаде: -Сигурен дека секој професионалец е секогаш мотивиран за добар резултат на секој меч, така да не е тоа дека немаме шанса, па сега не сме мотивирани. Ние развиваме нов тим со нови млади играчи, го подготвуваме овој тим за во иднина, што значи дека утре ќе бидеме многу мотивирани, посочи Видарсон Видарсон исто така истакна дека очекува израмнет меч , во кој подеднакви шанси имаат и двете репрезентации , и рече дека без разлика на се ќе ужива во овој натпревар со ладно пиво после натпреварот: -Не’ чека неизвесен меч исто како оној кој го игравме на домашен терен. Шансите се 50 – 50. Своевремено имавме голем успех, но сега создаваме нов тим, и за овие играчи е важно да имаат што повеќе репрезентативни мечеви во нозете. Македонија има многу квалитети, но и некои слабости, а ние ќе се обидеме да ги искористиме истите, без разлика на се ќе уживам во натпреварот и ќе се напијам пиво после него, ќе видиме само дали во Романија или во Македонија, заврши Видарсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vidarson-makedonija-ima-odlichna-reprezentacija-no-kje-vi-ja-rasipeme-zabavata/feed/ 0