Арнон Милхан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 20:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Арнон Милхан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холивудски продуцент сведочеше на судењето против Нетанјаху за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holivudski-produtsent-svedocheshe-na-sudeneto-protiv-netanjahu-za-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holivudski-produtsent-svedocheshe-na-sudeneto-protiv-netanjahu-za-koruptsija/#respond Mon, 26 Jun 2023 20:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=849870

Холивудскиот магнат Арнон Милхан денеска, на вториот ден од сведочењето на судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, призна дека долгата листа на подароци, шампањ, пури и накит, кои системски му ги давал на израелскиот политичар, можеби била претерана. Милхан, продуцентот на филмовите „Убава жена“, „Дванаесет години ропство“ и „Боемска рапсодија“, е клучен сведок во еден од трите случаи во кои е обвинет Нетанјаху. Обвинителите се обидуваат да докажат дека Нетанјаху извршил измама и ја злоупотребил својата положба, а Милхан (78) сведочи преку видео врска во Брајтон, Англија. Тие тврдат дека во замена за подароците, Нетанјаху работел за Милхан, а адвокатите на Нетанјаху велат дека тоа биле пријателски гестови. На првиот ден од сведочењето, Милхан рече дека пријателството вклучувало неколку подароци за семејството Нетанјаху кои се претвориле во редовни барања и станале рутина. Рутината станала толку вообичаена што за подароци се користеле кодни зборови, како на пример, за пури „листови“ и за шампањ „рози“. Милхан им рекол на своите соработници да им дадат на семејството Нетанјаху „што и да посакаат“ и дека премиерот го уверил дека ништо не е нелегално. На прашањето дали некогаш одбил барање за подароци, Милхан одговори дека не се сеќава.Тој исто така нагласи дека го смета Нетанјаху за пријател, но дека на полицијата и рекол дека се чувствувал непријатно бидејќи подароците не биле возвратени. Во обвинението против Нетанјаху се наведува дека Милхан нему и на неговата сопруга Сара им дал подароци во вредност од околу 200.000 долари. Нетанјаху, се додава, го искористил своето влијание и дипломатските контакти, вклучително и со поранешниот американски државен секретар Џон Кери, за да му помогне на Милхан да ја продолжи својата американска виза. Покрај тоа, обвинет е дека наводно се обидел да донесе закон со кој Милхан ќе биде ослободен од милионски даноци. Холивудскиот продуцент, кој не е обвинет во случајот, потврди дека му пришол на Нетанјаху за виза, но дека Кери му рекол дека не може да му помогне. Нетанјаху вчера и денеска се појави за време на сведочењето на Милхан пред судот во Ерусалим. Во другите два случаи, премиерот на Израел е обвинет за поткуп, злоупотреба на службената положба и измама, бидејќи во замена за поволно покривање за себе во медиумите, се обидел да им обезбеди на медиумските магнати намалување на влијанието на конкурентски весник и поволни регулативи заради обезбедување повеќемилионски профит. Тој негира дека направил нешто погрешно и тврди дека е жртва на „лов на вештерки“ оркестриран од либералните медиуми и пристрасниот правосуден систем. Судењето започна во 2020 година, а Нетанјаху сè уште не сведочел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holivudski-produtsent-svedocheshe-na-sudeneto-protiv-netanjahu-za-koruptsija/feed/ 0