Арпад Штербик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Jan 2023 07:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Арпад Штербик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штербик: Станав голман поради македонска легенда, а Скопје и Вардар се – незаборавни! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-stanav-golman-poradi-makedonska-legenda-a-skopje-i-vardar-se-nezaboravni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-stanav-golman-poradi-makedonska-legenda-a-skopje-i-vardar-se-nezaboravni/#respond Thu, 19 Jan 2023 07:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=789210

Арпад Штербик за ИХФ го прераскажа својот животен ракометен пат, од Сента до Вардар и камбекот во Веспрем, со неизбежниот период за него незаборавен – Скопје и црвено-црниот дрес.
„Пораснав во Сента, градче каде ракометот е дел од градската историја, еден од најпопуларните спортови, како во машка така и во женска конкуренција. Мојот татко играше ракомет и јас израснав покрај теренот. Татко ми ме однесе на тренинг и не можеше да заврши поинаку. А, и немав многу опции, не бев доволно физички за фудбал, а во ракометот некако ми беше најудобно. На почеток играв на позиции, а потоа застанав меѓу диреците. И гледав многу мечеви, а посебно некого кого сакав да гледам беше еден голман кој уживав да го гледам, ми се допаѓаше стилот, одбраните. Беше македонскиот репрезентативец Шандор Ходик. И тој е причината зашто станав голман“, пишува Штербик. Преку Југовиќ и Веспрем, Штербик во Шпанија потоа мина една деценија од Сиудад Реал, Атлетико Мадрид до Барселона и потоа во 2014 година дојде во Скопје како спектакуларно бомбастично засилување во изградбата на македонскиот гигант Вардар, кој потоа двапати ќе стане европски првак. „Во 2014 година решив да дојдам поблизу до дома после десет години живеење во Шпанија и затоа дојдов во Вардар. Навистина ми се допадна планот на Сергеј Самсоненко, за тим кој ќе биде конкурентен во Европа. Се сеќавам ми се јави Индира Кастративиќ, да ме праша дали може да i препорачам некои играчи за Вардар, а на крај се испостави дека всушност ме сакале мене. Сите од Вардар ми го изложија планот, играчи...сѐ што на крај ќе излезе дека е Вардар. Многу брзо се договоривме. Тоа беше толгу добра селекција на играчи со неверојатен тимски дух. И успеавме да направиме големи работи. Успеавме да донесеме слава (европската титула – н.з.) која никој не ја очекуваше“, потенцира Штербик. „Скопје живее за спорт. Фантастични се во секој спорт, не само за ракомет и Вардар. И многу ги ценам луѓето во Македонија. Постојано ве поддржуваат и во лошо и во добро. Мои четири години – незаборавни! Секој играч си ја знаеше работата, секој даваше сѐ од себе. Во првата година кога дојдов не беше сѐ професионално како подоцна, но секој ден, секоја недела, ние се развивавме заедно, дававме максимум за една голема цел, за еден голем сон. Имаше и тешки моменти, нормално, но имавме еден неверојатен капитен во Стојанче Стоилов, кој сите нѐ држеше заедно и беше конекцијата меѓу сите нас“. Три години откако дојде го освои последниот клупски голем трофеј, Лигата на шампионите и тоа со клуб кого никој не го гледаше како иден владетел на Европа – Вардар. „Јас не ни помислував дека повторно ќе ја освојам Лигата на шампионите, без оглед што за такво нешто секогаш верувате и сонувате, а не мислев дека тоа ќе биде и моја последна круна. Но, таа 2017 година беше магична. Во Келн на Ф4, сѐ е можно. Нормално, кога ќе обезбедите пласман, верувате и доаѓате подготвени да бидете вистинските, но треба да сте реални дека има и посилни тимови од вас. Во полуфиналето со Барселона ги чекавме нашите пет минути да блеснеме и да ги изненадиме и успеавме. Победивме со еден гол во луд меч. И се сеќавам кога се вративме во хотелот вечерта, одам да го прашам тренерот Раул Гонзалез како во финале со ПСЖ, што ќе правиме, каква тактика ќе имаме, каков стил на игра...? А, тој ми вели: 'Прво да гледаме финале на ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, а потоа цела ноќ ќе имам за подготовка за нашето финале“. И нe подготви. Можеби ПСЖ и нѐ потцени, но небитно е тоа. Имавме голем тим. Сега секој од таа генерација е во топ тим и тоа го потврдува квалитетот. Го победивме ПСЖ со еден гол, повторно во луд меч и потоа беше – експлозија од радост. Не само меѓу нас во клубот, туку во Скопје, помеѓу сите навивачи на ракометот. Дочекот.... Тоа нема никогаш да го заборавам!“, завршува Штербик.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-stanav-golman-poradi-makedonska-legenda-a-skopje-i-vardar-se-nezaboravni/feed/ 0
Коронавирусот го пензионира големиот Арпад Штербик! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koronavirusot-go-penzionira-golemiot-arpad-shterbik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koronavirusot-go-penzionira-golemiot-arpad-shterbik/#respond Tue, 31 Mar 2020 14:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=325002

Поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик објави крај на ракометната кариера поради коронавирусот. Миленикот на вардаровите навивачи, кој сега е под договор со Веспрем, вели дека веќе го одиграл својот последен натпревар во кариерата. Не верува дека со своите 41 година ќе може да се врати на ракометните терени по оваа пауза поради пандемијата од коронавирусот. „Ова за мене беше исклучително тешка одлука. Искрено ќе ви кажам, би ми било многу тешко повторно да се активирам по една долга пауза. Мислам дека дуелот со Татабања официјално беше мојот последен натпревар во кариерата. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден фајнл-фор турнир во Лигата на шампиони, сакав уште еднаш да ја нападнам европската титула, меѓутоа во овие околности тоа за мене е невозможна мисија“, истакна Штербик. Легендарниот голман го бранеше голот на Вардар од 2014 до 2018 година и беше дел од шампионската генерација, која во 2017 година за прв пат го крена пехарот во ЛШ. Претходно имаше освоено три вакви трофеи, а бранеше за тимовите на Барселона, Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Веспрем. На стартот на својата кариера ги бранеше боите на Југославија и освои две бронзи на Светските првенства во Еипет 1999 и Франција две години подоцна. Потоа го смени државјанството и настапуваше за Шпанија со која пак дојде до злато на СП во 2013 и бронза во 2011, а на Европските првенства освои злато во Хрватска во 2018 година и сребро две години претходно во Полска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koronavirusot-go-penzionira-golemiot-arpad-shterbik/feed/ 0
Штербик оди во пензија: Дома ме чекаат жена и две убави деца… https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odi-vo-penzija-doma-me-chekaat-zena-i-dve-ubavi-deca/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odi-vo-penzija-doma-me-chekaat-zena-i-dve-ubavi-deca/#respond Mon, 20 Jan 2020 08:52:14 +0000 https://kurir.mk/?p=292099

Дојде крај на неверојатната кариера на Арпад Штербик, откако врвниот голман обелодени дека на крајот на сезонава ќе му каже збогум на ракометот. Голманот кој во последните 20 години блескаше на ракометните терени ширум Европа, најави дека од јуни ќе му се посвети на семејството. -Среќен сум. Ако сум искрен, морам да признам дека размислував за овој потег веќе четири-пет години. Секогаш имаше нешто што ме предомислуваше, што ме тераше да одам напред. Ракометот е дел од мојот живот, ќе остане дел и кога ќе се пензионирам, но не чувствувам тага од ваквиот потег. Дома ме чекаат жена и две убави деца, немам зошто да бидам тажен. Исто така, сакам и навивачите да не тагуваат, бидејќи ако бидам неопходно ќе дојдам да помогнам, објави Штербик. Шпанскиот ас за нас останува најпрепознатлив по големиот успех со Вардар и освоената прва титула во Лигата на шампионите. Штербик во кариерата има уште три европски круни, со Сиудад Реал, додека со шпанската репрезентација освои две златни одличја, на СП во Шпанија во 2013 и на ЕП во Хрватска во 2018 година. Извор: ЕКИПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odi-vo-penzija-doma-me-chekaat-zena-i-dve-ubavi-deca/feed/ 0
Штербик вчера го одигра последниот меч за Вардар: Голманот го пропушта мечот против ПСЖ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-vchera-go-odigra-posledniot-mech-za-vardar-golmanot-go-propushta-mechot-protiv-psz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-vchera-go-odigra-posledniot-mech-za-vardar-golmanot-go-propushta-mechot-protiv-psz/#respond Sun, 27 May 2018 11:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=58862

Голманот на актуелниот еропски шампион Вардар, Арпад Штербик денеска нема да настапи за „црвено-црните“ во мечот за третото место на Ф4 турнирот во Келн против ПСЖ. Штербик во вчерашниот меч против Монпелје, кој вардарци го загубија со 27:28, ја напушти играта поради повреда кон крајот на првиот дел и потоа не се врати на терен. На негово место шанса денеска ќе добие Даниел Ѓорѓевски. Штербик на крајот од сезонава заминува за Веспрем, па така вчерашниот меч беше последниот во дресот на македонскиот тим. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез направи уште една замена, откако на местото на Јања Војводиќ ќе настапи македонскиот репрезентативец Мартин Поповски. Дуелот меѓу Вардар и ПСЖ почнува од 15:15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-vchera-go-odigra-posledniot-mech-za-vardar-golmanot-go-propushta-mechot-protiv-psz/feed/ 0
Млад талентиран голман доаѓа во европскиот првак: Позната замената за Штербик во дресот на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mlad-talentiran-golman-doagja-vo-evropskiot-prvak-poznata-zamenata-za-shterbik-vo-dresot-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mlad-talentiran-golman-doagja-vo-evropskiot-prvak-poznata-zamenata-za-shterbik-vo-dresot-na-vardar/#respond Thu, 19 Apr 2018 13:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=43179

Вардар следната сезона останува без најдобриот голман на светот, Арпад Штербик, кој потпиша двегодишен договор со Везпрем. Откако Штербик реши да го напушти Вардар голем број голмани се споменуваа како негова замена, дел од нив и големи ракометни ѕвезди како Ландин, Шариќ, Алиловиќ... но изборот на Вардар падна изгледа на далеку понепозната опција. Според добро упатениот „Балкан-Хендбол“, замена за Штербик во дресот на европскиот првак ќе биде талентираниот 22-годишен српски голман Дејан Милосављев. Тој е голман на Партизан и дел од поширокиот список на националниот тим на Србија. Па така практично следната година во Вардар голманската позиција ќе биде комплетно српска. Во тимот како прв голман ќе остане Страхиња Милиќ, а негова резерва ќе биде Милосавлјев, додека со голманите како тренер ќе работи прославениот Дејан Периќ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mlad-talentiran-golman-doagja-vo-evropskiot-prvak-poznata-zamenata-za-shterbik-vo-dresot-na-vardar/feed/ 0
Штербик открива зошто ја напушти српската репрезентација: Веселин Вујовиќ бараше да наместиме натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-otkriva-zoshto-ja-napushti-srpskata-reprezentacija-veselin-vujovikj-barashe-da-namestime-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-otkriva-zoshto-ja-napushti-srpskata-reprezentacija-veselin-vujovikj-barashe-da-namestime-natprevar/#respond Fri, 02 Feb 2018 18:54:53 +0000 http://kurir.mk/?p=17641

Херојот на шпанската ракометна репрезентација Арпад Штербик, во интервју за српски Телеграф говорел за причините поради кои ја напуштил српската репрезентација за која настапуваше до 2006 година. – Па, знам дека многу жалат што не бранам за Србија, што е и како е. Некако ја загубив желбата, а кога тоа ќе се случи кај некој играч, подобро е да си замине. За репрезентацијата секогаш се игра со срце и се дава максимумот. Пред сè, поради случувањата кои настанаа, ми беше тешко. Започнав во репрезентацијата во 1997 година, а тогаш беше добро, но подоцна работите започна да одат на полошо и полошо, беа зборовите на Штербик пред десетина години. Тој беше првиот ракометар кој јавно зборуваше за понудата да им се препушти натпреварот на Хрватите во последното коло од главната фаза на ЕП во Швајцарија 2006 година. Причината беа шансите, кои Србија ги немаше, а нивните соседи ги имаа и за тоа им беа потребни бодовите од тој меч. – Селекторот Вујовиќ на ручек ни кажа дека ние се наоѓаме во таква ситуација во која би можеле да им ја препуштиме победата на Хрватите, и да очекуваме тие да ни вратат на ист начин на некое друго првенство. Пред самиот натпревар во соблекувалната се појавија и Мичовиќ и Радојичиќ и го побараа истото од нас. Ги погледнавме и нив и го побаравме Вујовиќ. Одговорија дека се наоѓа пред соблекувална, дека му е незгодно да влезе и дека тој ја чека, како и Хрватите, нашата одлука, изјави голманот за српските медиуми. Прв кој се спротиставил на оваа понуда бил Жикица Милосављевиќ, кој потврдил дека претходната година на СП во Тунис одиграл еден таков меч за обложувалница и дека никогаш повеќе нема да го направи истото. – Потоа станав и јас. Им реков нека не победат и со десет разлика, но јас нема да го направам тоа. Не би ја продал средбата на мојата мајка, а не пак на Хрватите. Ако Вујовиќ сака да ја води екипата, нека седне на клупа, ако не, воопшто не ни треба. Поради оваа ситуација плачевме јас, Дејан Периќ и Дени Анџелковиќ. Душата ме болеше, ја објасни Арпад ситуацијата во соблекувалната пред натпреварот со Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-otkriva-zoshto-ja-napushti-srpskata-reprezentacija-veselin-vujovikj-barashe-da-namestime-natprevar/feed/ 0
Штербик одбрани за финале- Шпанија пресилна за светскиот шампион Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odbrani-za-finale-shpanija-presilna-za-svetskiot-shampion-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odbrani-za-finale-shpanija-presilna-za-svetskiot-shampion-francija/#respond Fri, 26 Jan 2018 19:49:04 +0000 http://kurir.mk/?p=15425

Изненадување во полуфиналето на Европското првенство, Шпанија со 27:23 го победи светскиот шампион Франција и утре во големото финале ќе се бори за златниот медал. Шпанците го одиграа најдобриот натпревар на шампионатот кога најмногу требаше, а тоа го направија токму кога добија засилување во Арпад Штербик. Голманот на Вардар остави белег во првото полувреме, во период од 10 минути во кој Франција не постигна гол, а Шпанците почнаа да ја кројат победничката предност. Франција играше фантастичен ракомет во двете групни фази од Европското првенство, многумина веруваат дека лесно ќе се прошетаат до златото, но на патот до него им застана Шпанија. Во 18 минута беше 8-8, а до крајот на првиот дел Французите постигнаа само еден гол. Штербик не бранеше, но на двапати влезе и одбрани седмерец, дозволувајќи предноста да расте. „Фуријата“ и без тоа играше одлична одбрана и на одмор замина со 15-9. Французите тешко се снаоѓаа и пред сопствениот гол, без некоја поддршка од Жерар и Димулан на голот, па водството порасна и до огромни девет разлика на 15-тина минути до крајот. Неминовно беше дека ракометната суперсила кога-тогаш ќе замавне и ќе се обиде да се врати, сепак притисокот во финишот на мечот не беше доволен. Шпанците изненадија со одличната одбрана, Францизите изгледаа немоќни во нападот, црн период им беше од 17 минута до 27, кога цели десет минути не можеа да постигнат гол. Во тој период Арпад Штербик одбрани два пенали. Со серија од 6-0 дојдоа на 20-23 во 51. минута, ама Шпанците имаа психолошка сила да го задржат водството. Соле постигна седум гола, Ентрериос еден помалку, Коралес заврши со 10 интервенции, а Штербик одбрани три од четири пенали. Кај Франција, Сорендо имаше шест од шест, а Димулан запиша седум одбрани само во вториот дел. Во вториот дел Шпанците дојдоа и до неверојатни девет голови разлика, Франција се обиде да се врати во мечот и покрај големата негатива но се што направи беше да го ублажи поразот. Соле со седум голови беше најдобриот стрелец кај Шпанија, Ентрериот постигна шест. Родриго Коралес имаше десет одбрани, Штербик фати три пенали. Во составот на Франција Сорендо имаше шест од шест, Никола Карабатиќ реализираше само три пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shterbik-odbrani-za-finale-shpanija-presilna-za-svetskiot-shampion-francija/feed/ 0