арсен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jun 2023 10:52:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png арсен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски: Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и краставици (ДОКУМЕНТИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/#respond Fri, 02 Jun 2023 10:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=841477

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на анализа направени од Државната фитосанитарна лабораторија. Во извештаите кои стигнаа до мене се за анализа на определување на макро и микро елементи и елементи во трага, во кои е детектирано присуство на тешки метали во домат и крставица, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истакнува дека денешните извештаи кои ги презенитра се официјални документи архивирани и потпишани од ДФЛ односно од МЗШВ во кои се констатира присуство на олово, кадмиум и арсен. -Првиот извештај се однесува на направена анализа на домат, нарачател е АХВ , примерокот е земен на 28.05.2023, а анализата е извршена на 30.05.2023 година. Она што сакам да го презентирам пред јавноста е што во оваа анализа на домат констатирано е присуство на кадмиум од максималните дозволени количини 0,05 мерни едници, во извештајот се детектирани 1,34 мерни единици. Ова е за 27 пати над дозволените количества кои што треба да ги има овој производ. Вториот хемиски елемент, тежок метал олово согласно правилникот за максимално дозволено ниво е 0,10 мерни единици, а во овој резултат количеството на детектирано олово е 4,48 мерни единици или за 45 пати над дозволената граница. Вториот резултат од ДФЛ се однесува на примерок од крставица, нарачател за земање примерок е АХВ, земен примерок на 28.05.2023 година, а датум на завршување на анализата е 30.05.2023 година. Овде во овој резултат се детектирани три хемиски елементи, односно тешки метали. Првиот е арсен каде што согласно правилникот не е дозволено присуство на овој тежок метал во храната. И во резултатот е детектирано 2,0 мерни единици, што е катастрофален податок. Вториот тежок метал е кадмиум со резултат од 0,64 мерни единици, што е за 13 пати над дозволената граница. И третиот елемент, односно тежок метал е оловото кое што е детектирано со резултат од 37,43 мерни единици што е за фрапантни 374 пати над дозволената граница. Ситуацијата е загрижувачка и алармантна. Апелирам за внимателност од страна на граѓаните, бидејќи истите производи најверојатно веќе се пуштени во промет низ цела територија на државата, што значи дека веќе граѓаните ги консумираат, вели Трипуновски. Тој обвини дека Бабовски и Николовски, како што рече, го трујат сопствениот народ. -Овие метали пронајдени во доматот и крставицата можат да се акумулираат во телото со текот на времето и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Јавно му порачувам на Николовски и Бабовски кој деновите откако јавно обелоденив за овој скандал им испратил дописи на вработените во АХВ со кој им забранува изнесување на информации кои се од јавен интерес, дека времето за закани и уцени завршува. Стручните лица се јасни, последиците се оловото, кадмиумот и арсенот се канцерогени и докажано е дека предизвикуваат оштетување на внатрешните органи посебно кај помладата популација. Здравјето на граѓаните е пред и над се и за него нема простор за калкулации. Го прашуваме и ЈО кое наместо да реагира соодветно, се става во одбрана на владата на СДС, Николовски и Бабовски, како може труењето на граѓаните со тежок метал да не е предмет на јавен интерес и дали треба некој да умре, за да реагира по допрен глас? Бабовски и Николовски мора да понесат одговорност. За почеток, нека си поднесат неотповикливи оставки, нагласи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/feed/ 0
Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-gi-promeni-pravilata-za-dozvolenoto-kolichestvo-arsen-vo-hranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-gi-promeni-pravilata-za-dozvolenoto-kolichestvo-arsen-vo-hranata/#respond Fri, 03 Mar 2023 21:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=807901

Европската комисија денеска усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната. -Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. Нашите граѓани сакаат да бидат сигурни дека храната што ја јадат е безбедна, а новите правила се уште еден доказ дека стандардите за безбедност на храната во ЕУ остануваат највисоки во светот, рече комесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес. Со новите правила се намалува дозволената концентрација на неоргански арсен во белиот ориз и воспоставуваат нови гранични вредности за арсен во прехранбените производи на база на ориз, храна за бебиња, детска храна, овошни сокови и сол. Сегашните максимални дозволени количества на арсен во прехранбените производи беа утврдени во 2015 година врз основа на мислењето на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која наведува дека неорганскиот арсен може да предизвика рак на кожата, мочниот меур и белите дробови. Арсенот е присутен во ниски концентрации во карпите, почвата и подземните води, а храната и водата за пиење се главните патишта на изложеност на луѓето. Рударството и согорувањето на фосилни горива може да придонесат за повисоки нивоа на арсен во животната средина, како и употребата на ѓубрива, средства за заштита на дрвја, инсектициди или хербициди кои го содржат загадувачот. Арсенот е широко распространет загадувач кој се јавува и природно и како резултат на човековата активност. Овој металоид се појавува во различни неоргански и органски форми. Неорганските форми на арсен се потоксични во споредба со органскиот арсен. Поради проблеми поврзани со анализата на неоргански арсен во низа прехранбени производи, максималните нивоа на арсен првично беа поставени само за оризот и производите на база на ориз. Откако станаа достапни сигурни аналитички методи, почна да се следи присуството на арсен во житариците, производите на база на житарици (вклучувајќи трици и никулци), сокови од овошје и зеленчук, вода за пиење (вклучувајќи флаширана вода), кафе, суви листови чај, пиво, риба и морски плодови, зеленчук, млеко, млечни производи, храна за доенчиња и мали деца, храна за посебни медицински намени и додатоци во исхраната.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-gi-promeni-pravilata-za-dozvolenoto-kolichestvo-arsen-vo-hranata/feed/ 0
Коциќ: Концетрациите на арсенот во почвата загрижувачки, најголеми кај целерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocikj-koncetraciite-na-arsenot-vo-pochvata-zagrizuvachki-najgolemi-kaj-celerot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocikj-koncetraciite-na-arsenot-vo-pochvata-zagrizuvachki-najgolemi-kaj-celerot/#respond Wed, 12 Jun 2019 13:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=208464

Концетрации на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво. Помалку концетрации има во зелката и морков, но фрапирачко висока е во целерот, во кој има 16 пати поголема концетрација од дозволеното. Ова се резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во Скопскиот регион, што денеска во Скопје ги презентираше еколошкото друштво „Вила зора“. Ненад Коциќ од „Вила зора“ рече дека проектот е спроведен во четири општини Тетово, Велес, Кавадарци и Скопје заедно со партнери од здружението „Балкански мостови“ – Направени се испитувања врз основа на препораките на експертите за она што најмногу имаа сомневање, а тоа е кадмион и арсен. Концетрациите на арсенот во почвата се загрижувачки. За жал, многу е високо присуство на арсенот во одредени испитувани растенија со помалку концетрации во зелката и во морков, меѓутоа фрапирачко високи концетрации во целерот, со негде до 16 пати поголема концетрација од дозволената, рече Коциќ. Додаде дека одредени земјоделски производи се навистина токсични по здравјето на луѓето и оти крајно време е да се преземат конкретни мерки во смисла на намалувањето на загадувањето на почвата, а со тоа и создавање на услови за присуство на здрава храна. На прашањето каде е забележано најголемо присуство на арсен освен во целерот, тој појасни дека се загрозени и растенијата со помали корени. – Растенијата што имаат подлабоки корени немаат големо влијание од загадувањето затоа што корењата се длабоки и апсорбираат хранливи материи во подлабоките површини каде што загадувањето на стасува. Меѓутоа во сите градови што ги испитувавме има многу ефектирани растенија кои имаат поплитки корења, до кај 40/50 сантиметри и кои што се хранат од овој површински слој, појасни тој. Посочи дека причината за големото пристуство на арсен е од загадување на водата и од загаденоста во околина на железара, односно тешките метали во воздухот се спуштаат и паѓаат во почвата, со дождовите одат се подлабоко и остануваат во производите што се произведуваат кај храната што ја конзумираме. Според него, проблемот може да се реши само со намалување на загадувањето, но потребно е и да се изврши деконтаминација на почвата на повеќе начини. Миткова од Факултет за Земјоделски науки и храна појасни дека почвата може да не биде контаминирана, но доволно е да има контаминација во воздухот или во водите, па тие контаминентите да ги донесат во почвата, а контаминирана почва бидејќи е во контакт со нивните сфери, загадувачките материи може да ги пренесат и во биосферата на растенијата, во подземните водите, и во водите за наводнување на храната. – Почвата не е изолиран систем. Таа е во контакт и со другите сфери, и има многу функции има почвата, но една е најважна, тоа е производство на биомаса односно производство на храна. Се повеќе и повеќе имаме недостаток на храна во светот, иако некој ја фрла храната не знае што да прави со храната гледаме страшни слики на интернет, или по медиумите каде што огромен број од населението, умира токму како резултат од недостиг на храна. Ние имаме дури 12,17 отсто од непродуктивно земјиште и тоа од година во година се зголемува на сметка на обработливата површина. Затоа сериозно да и се посветиме на почвата, да ја запознаеме и да ја чуваме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocikj-koncetraciite-na-arsenot-vo-pochvata-zagrizuvachki-najgolemi-kaj-celerot/feed/ 0