Артан Груби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 15:27:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Артан Груби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКАНДАЛОЗНО: Неовластени проценувачи ја потпишале физибилити студијата за трите нови коцкарници на интернет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/#respond Thu, 26 Oct 2023 15:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=893472

Физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е потпишана од неовластен проценувач, открива Плусинфо. Медиумот консултирал стручни лица и експерти кои работат на вакви студии за да добие прецизни информации како и на кој начин е направена студијата и дали истата „држи вода“. Според експертите, анализата на пазарот која треба да е една од клучните основи во секоја физибилити студија е оскудна, без релевантни извори на информации, наведени се низа паушални вредности и има целосна неконзистентност во изјавите. На пример, наведено е дека големината на пазарот на глобално ниво во 2021 година е 57,54 милијарди долари, се очекува раст од 11,7%, а подоцна во истата студија се наведува дека во 2023 година ќе изнесува 70 милиони долари!? Стручните лица посочуваат дека во студијата изостануваат сите суштински анализи и фази кои треба да ги содржи една ваква сериозна анализа. Така на пример воопшто нема фаза на припрема, односно подготвителни активности и во неа не се наведува што треба да содржи и кој дел од планираните инвестиции и тековни трошоци, нема фаза на реализација на проектот ниту фаза на ефектуирање. Исто така ја нема последната значајна фаза, а тоа е фаза на приклучување во систем. Според објавените информации финансиските анализи се исто така во голема мера погрешни и непрецизни.
„Во изготвените проектирани финансиски извештаи во студијата, основните претпоставки се паушално изразени, без повикување на извор на информации, без анализа на историски податоци, без презентирани компаративи и споредливи податоци, како и без наведување на никакви пазарни показатели.“ - вели еден од експертите консултиран на темата.
Истражувањето покажа дека физибилити студијата на новата видеолотарија формирана со амин на Артан Груби, ја изготвила и потпишала извесна Благица Сотировска. Таа е потпишана како изготвувач на Физибилити студијата за основање на три друштва за приредување на игри на среќа во Мај 2023 година. Лицето Благица Сотировска е проценувач од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, меѓутоа не е овластен проценувач. Овластен проценувач е „Друштво за ревизија,проценка и финансиски консалтинг ЕЛИТ Данче ДООЕЛ Скопје“, каде што Благица Сотировска е вработена како проценувач. Согласно наведеното, проценувач ја има изготвено физибилити студијата, а не овластен проценувач, иако самата физибилити студија од страна на Благица Сотировска е потпишана како овластен проценувач. Во регистарот на овластени проценувачи од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, воопшто не е наведена Благица Сотировска, туку правното лице каде што е вработена. Со тоа се заклучува дека неовластен проценувач ја прави физибилити студијата што е спротивно на законот. Анализата открива дека Благица Сотировска во студијата е потпишана како овластен инвестициски советник. Но, на интернет страницата на Комисија за Хартии од Вредност, во регистарот на инвестициски советници нема такво лице. https://www.sec.gov.mk/ucesnici Според добиените податоци од истражувањето Благица Сотировска е исто така потпишана како ревизор, но во регистарот на ревизори и во регистарот на овластени ревизори, исто така, нема такво лице. https://iorrm.org.mk/registers Скандалите очигледно не прекинуваат и нема да прекинат се додека конечно не се истражи овој случај од страна на истражните органи кои засега молчат и не реагираат. Неодамна други медиуми објави низа скандали во однос на други спорни постапки, јавни набавки и договори кои ги склучила новата Лотарија формирана од Владата во текот на летото, која очигледно одма се зафатила со многу работа. И додека јавно Груби и ДУИ се залагаат за намалување на штетните последици од игрите на среќа, во позадина дебело ќе се офајдат од овој бизнис притоа кршејќи низа закони за кои апелираат здруженијата на лиценцирани приредувачи со месеци наназад. СДСМ пак во целата оваа ситуација е во глувчешка дупка. „Очигледно дека сите заедно од власта имаат интерес за ваквите спорни постапки да се избуткаат до крај“- велат познавачите на индустријата за игри на среќа во објавената анализа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/feed/ 0
Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“, тврди вицепремиерот Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893373

Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридроите 8 и 10д Артан Груби. Тој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанновска-Давкова во однос на повиците пто ги упатува за вработувања во конзорциумот „Бехтел и Енка“, што според пратеничката е настпување како менаџер и портпарол на приватна фирма со пари на даночните обврзници. -Се сеќавам во минатото, ако не се лажам во три валди што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година, при секоја странска инвестиција, нели тогашниот премиер, министер за финансии или било кој друг велеше дека се отвараат 1.000 нови работни места и ги повикуваше граѓаните да се вработуваат во тие компании, во индустриските, економските зони. Така беше една цела кампања на целата таа вмроовска Влада да се отвараат работни места во приватниот сектор и ги повикуваа граѓаните да се вработуваат. Ништо не е различно со овој проект, којшто го финансира државата и којшто овозможува над 2.000 работни места за наши граѓани да се вработуваат, рече Груби. Тој побара и пратениците од ВМРО - ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да конкурираат на работните места кои ги бара конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници во земјава. Во однос на тоа дали се платени пенали кон конзорциумот од страна на државата посочи дека податоците се јавни и ги има во ресорните министерства и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Пратеничката Силјановска-Давкова му возврати на првиот вицепремиер во Владата, Груби дека и тој бил во иста влада со ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи му дека треба да брани општо добро, а не да делува како да е вработен во конзорциумот „Бехтел и Енка“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Груби во центарот на нов скандал – сомнителен е тендерот од 2,6 милиони на Лотарија со компанијата со конекции со кланот Зајас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=892776

Ковачевски нека не се прави домазет во својата влада, слика има тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Имено Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник. Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен. Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледа дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/feed/ 0
Едначење по глупост https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=890648

Најнеспособната влада во светот и пошироко го реши проблемот со мечките. Се прашувате како, нели? Епа, остроумните Тачевци викнаа „ЕУРЕКА“ и испланираа за една година од сега да испланираат како ќе ги раселат мечкиштата во западна Македонија. Да, заблескаа по навика и смислија да си дадат рок од година дена за да направат план како да се справат со напаста мечкина и како да ги раселат на други локации. Ви се верува во нивната „промуќурност“? Секако, та ова е чиста класика, би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично. Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко, да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во кратки црти. Затоа, небулозната „одлука“ за мечките е толку природна и нормална. Им прилега, им „стои“ ко „саливена“. Гарант, и оваа мерка е за побрз влез во ЕУ, не знам како не се сетија да го споменат тоа. Тешка, голема мечкина реформа. Украсете ја со европско знаменце. Иако, пиратско многу повеќе ви личи. А, зошто, воопшто и се мачите, таленти? Та додека вие реагирате сите од таму ќе се иселат, па загрозениот вид „луѓе“ ќе стане проблем за мнозинството мечки. Додека вие, според планот, ги иселите и раселите мечките, она малку преостанати луѓе во Маврово и Ростуше ќе фати џенем од Македонија. Ко што тргнало, ако останете на власт, ќе треба да доселуваме луѓе, а не да раселуваме мечки... Туку,  како не ви текна да ги излажете мечките дека дошла зимата, па да си легнат пак пустите, ко суртуците ваши со бесплатно здравство во ЕУ што ги лажевте за името. Тоа ви стои и во описот на работното место, патолошки лажговци. Може и нон-стоп да ги лажете, та штом урсусите станат и се рассонат,  пак да си легнат и нон-стоп да хибернираат. Истото што им го правите на Македонците со ЕУ - името, па уставот, па јазикот, па Бугарите во него, па историјата... Да, така и мечките ќе испоумираат сами, а богами и Македонците ќе ги снема. Сите останати среќни и задоволни. Или, муљајте ги животинките дека ќе им донесете датум за пролетно будење, исто ко што оној за преговори со ЕУ го носите веќе шестта година по ред, неспособњаковиќи трагикомични. А, од Маврово и Ростуша и околијата сардисана со мечки, исто како и сите нормални Македонци би ви рекле „мечки да ве јадат“... Ве јале или не, оваа ступидна „мечкина услуга“  за мештаните и „брза“ акција  на Ќурка и компанија ме потсети и на пораката на Фон Дер Лајен, која ни порача дека историјата се менува?!?! Душичка научнофантастична. И додека очекувате да чуете дека Урсула измислила временска машина, релативизаторката од Брисел ви се врти и ви вели „Зграпчете го моментот!“. Небаре, мигот со војни насекаде е жива посластица за кандидатите за членство.  И, госпожа со огледалца за домородците во чантата, таа не, не се менува. Историјата е нешто што минало, нема враќање назад, не се правете недоветни. И, да, звучиш ко Заев. А, околу она патетично, евтино и демек мотивациско - „зграпчете го моментот,“ си спомнувам дека „Зграпчи го денот“ беше една страница во весникот „Вест“. „Најчитаната“, затоа што беше со голотии. Кај нас, пак, многу одамна, 7-ма година по ред царот/премиерот и претседателот се голи, башка боси. На страна и приглупи, сервилни и субмисивни. Олабавете не’, финтиве ви се ветви ко ланскиот снег, а корисните идиоти кои глумат влада во Македонија одамна не ви се ни корисни. Саде идиоти останаа. Дарба си е дарба. И додека Урсула менуваше историја и штелуваше колективна меморија на цел народ, Цаци упорно стануваше за да ја види сала, Таче понизниот се караше со новинари и ламентираше за непокор, Османи бараше да им купиме нов авион, Владата раселуваше мечки, Маричиќ меѓу два бифтека во бифето бладаше за избеганиот воз, Стево се самодемантираше на две минути, Груби леткаше орлиња, црна Бисера се шеткаше по танга по цркви, Обиџуко феминизираше нов светец, Љупче смишљаше како да фати нова пратка путер и пак да стане славен, а низ македонскиот етер провејуваше сенката на најновата политичка појава која ја краси владејачката сцена. Една од карактеристиките и особеностите на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките и особеностите на актуелната влада, доминантна, е ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Потценување на интелигенцијата на сопствениот народ. И не, тука нема исклучоци... Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија. Иљачот се вика ИЗБОРИ, повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/feed/ 0
Анализа: Владата сама себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/#respond Thu, 12 Oct 2023 08:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=887985

Во оваа анализа се вели дека бранејќи се од нападите од ВМРО-ДПМНЕ и од албанската опозиција кои го обвинуваат за отворање на нови три компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет, Артан Груби вели дека тоа е „демонополизација на игрите на среќа“ што според познавачите на состојбите во индустријата во најмала рака е потценувачко. Според упатените во проблематиката демонополизација би значела либерализација на пазарот на онлајн игри на среќа при што сите лиценцирани компании кои приредуваат вакви игри би можеле покрај објектите за таканаречено „земско обложување“ да приредуваат и игри на среќа на интернет. На либерализираните пазари во Европа секоја компанија под одредени услови може да организира игри на среќа. Ваков е законот во речиси сите земји од Европската Унија. Либерализација подразбира слободен пазар и еднакви услови за приредувачите, нешто што не може да се спореди со она што го прави Владата со потпис на Груби. Анализата појаснува дека во моментот, Владата преку партнерство со Аустриа Казинос во компанијата „Државна Видеолотарија на Македонија“ е единствен приредувач на игри на среќа на интернет преку платформата 2win.mk. Владата е сопственик 51% во оваа компанија, a 49% приватниот партнер, што значи дека Владата, од која е дел Груби, има монопол врз игрите на среќа на интернет. Познавачите велат дека со тоа што Владата распиша оглас за три нови компании кои заедно со неа на ист начин, преку партнерство од 51% од страна на Владата во секоја од компаниите, ќе приредува игри на среќа, практично, Владата сама на себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол преку ДВЛМ и платформата 2win.mk. Во објавата се потсетува дека иако домашните компании со години бараа либерализација на пазарот по европски терк, Министерството за финансии повеќе од девет години не ги носи подзаконските акти на Законот за игри на среќа со кои, де факто, сите лиценцирани приредувачи ќе можат да приредуваат игри на среќа на интернет и пазарот ќе се либерализира. Она што Груби се обидува да го направи не е демонополизација на пазарот, туку преземање, е заклучокот на познавачите на индустријата на игри на среќа.
- Она што всушност сака Груби да го направи е внесување на нови компании кои ќе ги „има под свое“ во компанија каде тој, односно Владата имаат 51% сопственост. Како ќе оди изборот на овие компании може лесно може да се претпостави. Груби постави низа блиски соработници на челните позиции во новата видео лотарија која го распиша огласот за новите три нови компании за игри на среќа на интернет. Асистентот од Собранието на Груби додека беше пратеник, Перпарим Бајрами, е директор на оваа нова лотарија, Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ во Дебар е член на Надзорен одбор во Нова државна видеолотарија, а Хавуше Лесковица Исмаиљи, која е шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби е член на Надзорен одбор на новоформираната Државна видео лотарија. Покрај овие лица на раководни позиции во новата лотарија се и други лица кои се директно поврзани со Артан Груби. – посочуваат познавачите на индустријата во објавената анализа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/feed/ 0
„Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-potpis-na-artan-grubi-se-otvora-mozhnost-regionalnoto-podzemje-da-vleze-vo-kotskarskiot-biznis-vo-makedonija-obvinuva-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-potpis-na-artan-grubi-se-otvora-mozhnost-regionalnoto-podzemje-da-vleze-vo-kotskarskiot-biznis-vo-makedonija-obvinuva-vmro-dpmne/#respond Mon, 09 Oct 2023 06:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=886691

Народот едвај врзува крај со крај, а Владата наместо економски пакети, мерки или нови работни места им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем ова се прави со одлука на влада, со потпис на Артан Груби, при што на државна лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, и дозволува да распише оглас за доделување на лиценци за онлајн коцкање во партнерство со државата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира. За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните. Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси“ - се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-potpis-na-artan-grubi-se-otvora-mozhnost-regionalnoto-podzemje-da-vleze-vo-kotskarskiot-biznis-vo-makedonija-obvinuva-vmro-dpmne/feed/ 0
Груби: Засега остануваме на ставот за 100 дена премиер Албанец, освен ако ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-zasega-ostanuvame-na-stavot-za-100-dena-premier-albanets-osven-ako-vmro-dpmne-ne-gi-glasa-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-zasega-ostanuvame-na-stavot-za-100-dena-premier-albanets-osven-ako-vmro-dpmne-ne-gi-glasa-ustavnite-izmeni/#respond Thu, 05 Oct 2023 18:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=885743

Доколку не се усвојат уставните измени парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин и ќе се примени одлуката за 100 дена Албанец премиер, а кој ќе биде таков премиер ќе одлучи лидерот на ДУИ Али Ахмети, чии одлуки се најдобри за граѓаните што е докажано многупати досега, порача првиот вицепремиер Артан Груби. -Засега остануваме на ставот за 100 дена премиер Албанец, освен ако ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа уставните измени, тогаш ќе се откажеме. Во договорот за коалицирање со СДСМ стои дека кандидатот за премиер Албанец траба да биде предложен од страна на ДУИ, од страна на господинот Ахмети. Неговите одлуки за државата секогаш биле добри и сите граѓани виделе добро од нив, рече Груби во интервју за ТВ Канал 5. Нагласи дека најдоброто нешто за земјава во овој момент е премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека не е точно оти ДУИ ги држи „сите конци“ во Владата. -Не е точно дека ДУИ ги држи сите конци во Владата. Димитар Ковачевски во овој момент е најдоброто нешто за оваа држава, нема никакви предрасуди и сметам дека би бил многу добар да ја повлече Република Северна Македонија кон Брисел, посочи Груби. За Бугарија рече дека може да има нови барања за земјава во пристапниот процес само во однос на преговарачката рамка, но не и по основ на историјата. Истакна дека во ДУИ имаат црвени линии за коалицирање со оние што не го почитуваат Охридскиот рамковен договор и што се против евроатлансктие интеграции на земјава. Не ја исклучува можноста да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ доколку ги прифатат уставните измени пред изборите или веднаш по изборите. -Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги гласаат уставните измени по изборите, но ниту еден од нашите стратешки партнери не верува во тоа. Да бидам брутално искрен освен нас никој од стратешките партнери не верува дека доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени, рече Груби. Очекува на следните избори да победи проевропскиот фронт без разлика дали ќе одат со СДСМ со заеднички листи или не и додаде дека очекува победа на ДУИ во албанскиот блок. За поранешниот премиер Никола Груевски вели дека може да се врати во земјава само за да одлежи затвор и додава дека не го познава многу и немал многу контакти со него. -Никогаш во животот не сум бил во Будимпешта и не сум се сретнал таму со Груевски. Никакви УСБ-иња од него не добиле Ахмети и Џафери и измените на Кривичниот законик не се по негов диктат. Ако се по негов диктат веќе се донесени и стапени на сила и зошто не доаѓа во земјава. Новите законски измени нема да го спасат од затвор зашто против него се водеа повеќе постапки, рече Груби. Посочи дека уште од 2016 година се разговарало за измените на Кривичниот законик и за членот 353 и нагласи дека во тоа не учествувал актуелниот министер за правда ,па затоа не го ни потпишал предлог-законот. -Доколку ВМРО-ДПМНЕ не создадеше кворум ова законско решение немаше да биде донесено. Не е точно дека преку неговото донесување се обидувавме да ги донесеме уставните измени. Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои и сега сакаат да гласаат за уставни измени, но се под притисок од раководството, порача Груби и додаде дека не се потребни притисоци, туку лидерство. Истакна дека за изготвување нов Кривичен законик се разговарало и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека тој се подготвува толку долго време што не верува дека ќе биде донесен до крајот на мандатот на оваа владејачко мнозинство, а можеби и на наредното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-zasega-ostanuvame-na-stavot-za-100-dena-premier-albanets-osven-ako-vmro-dpmne-ne-gi-glasa-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Милошоски обелодени нова злоупотреба на европското знаменце: На Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-obelodeni-nova-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-na-grubi-mu-se-brza-da-gi-pokrie-nezakonitite-odluki-koi-shto-veke-gi-potpishal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-obelodeni-nova-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-na-grubi-mu-se-brza-da-gi-pokrie-nezakonitite-odluki-koi-shto-veke-gi-potpishal/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=885056

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денес го искажа ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии што фирми се наоѓаат црната листа на САД. -Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконити, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите кои што ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби. Ова е приватизација на игрите на среќа и ДУИ за жал, од партија која што се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија коцкарите и казината, вели тој. Милошоски потенцира: „Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, кој што дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските инвестиции кои што Австрија ги има во овој сектор“. -Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал.  Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија. Сите тие одлуки се незаконити и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за која што веќе има судски спор против државата Република Македонија, порача тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-obelodeni-nova-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-na-grubi-mu-se-brza-da-gi-pokrie-nezakonitite-odluki-koi-shto-veke-gi-potpishal/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Черепот од притвор во Бугарија и од американската црна листа со амин на Груби до партнер во бизнис со Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-cherepot-od-pritvor-vo-bugarija-i-od-amerikanskata-tsrna-lista-so-amin-na-grubi-do-partner-vo-biznis-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-cherepot-od-pritvor-vo-bugarija-i-od-amerikanskata-tsrna-lista-so-amin-na-grubi-do-partner-vo-biznis-so-makedonija/#respond Tue, 03 Oct 2023 06:57:16 +0000 https://kurir.mk/?p=884462

Васил Божков Черепот од притвор во Бугарија и од американската црна листа со амин на Груби до партнер во бизнис со Македонија? Огласот на Лотарија за избор на фирма со која истата ќе формира три нови друштва е како скица за бугарската 8888.бг на Черепот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Черепот е лице кое се сомничи и се доведува во врска со сериозни кривични дела, но и со врски со Пригожин и Русија. Кој е мотивот власта, а пред се Груби од истиот да сакаат да направат бизнис партнер на Македонија? ЈО да отвори истрага и да го испита случајот околу огласот кој го распиша Лотарија“ - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-cherepot-od-pritvor-vo-bugarija-i-od-amerikanskata-tsrna-lista-so-amin-na-grubi-do-partner-vo-biznis-so-makedonija/feed/ 0
Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-grubi-ja-vetil-kotskarskata-industrija-na-cherepot-blizok-do-prigozhin-i-moskva-mafijash-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-grubi-ja-vetil-kotskarskata-industrija-na-cherepot-blizok-do-prigozhin-i-moskva-mafijash-vo-pritvor/#respond Sun, 01 Oct 2023 07:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=883729

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Огласот на Лотарија е кроен по лицето на 8888.бг на Васил Божков Черепот, бугарски мафијаш, кој од неодамна се наоѓа во притвор, а е познат по голем број криминали и сомнежи за убиства. Груби сака да ја направи Македонија партнер во бизнисите со Черепот. Черепот е проблематичен по повеќе основи, како поради неговите криминални дејанија, така и по неговите блиски врски со Москва и Пригожин, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Бугарските медиуми го квалификуваат како човек на Пригожин, а Груби го мести за партнер на државата во бизнисот со игри на среќа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-grubi-ja-vetil-kotskarskata-industrija-na-cherepot-blizok-do-prigozhin-i-moskva-mafijash-vo-pritvor/feed/ 0