артан нежни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Jun 2021 13:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png артан нежни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Артан Нежни и Зоче Коленичарски https://arhiva.kurir.mk/kolumni/artan-nezni-i-zoche-kolenicharche/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/artan-nezni-i-zoche-kolenicharche/#respond Fri, 18 Jun 2021 10:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=525104

Во оксиморонската земја од Југоисточна Европа со идиотска северна придавка, државичка која нема пасоши за своите граѓани затоа што ајваните од власта ги потрошија на светските нарко-босови и терористи, а од неодамна „имат снемано“ и возачки дозволи, свидетелства и регистерски таблички, протекторат во кој е многу полесно да дојдеш до кило „бело“ отколку до ковид-вакцина, веќе подолг период секој ден е ново доживување и загарантирана авантура. Да, благодарение на владините неспособњаковиќи и армијата криминогени суртуци околу нив, денот одамна не почнува само со кафе, туку по правило е зачинет и со нов скандал, афера или глупост на некој од плејадата таленти, чеда кои имале супер загарантирана иднина како циркузанти, кловнови или шибицари, ама пустите некој ги излажал дека можат да водат и држава. Таксират. Не за нив, за Македонија... И таа марионетска циркуска тајфа 4 години да ти владеела со државата. Половината „избрани“ на кастингот за серијата „Продади си ја татковината, наполни ги џебовите“ веќе ги фатиле со рацете во медот, па за да ги спасат владејачите си измислиле домашни затвори и притвори ко најголема казна. И станале домаќини, на сила. Ок, тие и така биле небитни статисти кои си дале на значење и мислеле дека се Заевци, па ќе можат да крадат ко да не виделе, а да не одат во затвор, макар и домашен. Арно ама, ЗЗ бил еден и единствен, заштитен вид, башка три пати аболиран, на страна стоте дела кои му ги скриле и забошотиле. Оти, Зоче со урокливото оче, не бил уникатен само по бројот на аболиции, бил и единствениот светски фраер кој три пати имал прва девојка. Дури и Чак Норис прва девојка имал само два пати. ЗЗ е и единствениот кој ко копиљ заработил 2,4 милиони марки од препродажба на пиперки, уникатно премиерче кое единствено во светот примило медал од црногорски принц, човече кое тресело по 33 (триесет и три) гафови на час, железно-опинчарче кое без проблем носело 10 броја поголеми кондури, побожно чедо кое насмејано раскажувало како сменило вера во 90-те и редок светски „спесимент“ чија висина на IQ толку многу личела на неговите иницијали... Фер, ама можел да продаде буквално се’, од тегла ајвар и отровни краставички до име на држава и устав, продавач од кој би се засрамил и Ог Мандино. Го бивало за се’, буквално. Само една работа не му одела. Не знаел како да ги излаже вистинските Македонци. Не му минувало. Бандата среброљупци околу него вољна за евро повеќе да му ги целива и табаните никогаш и не била тоа. Лукративните опортунисти се истите оние кодоши во турско, па најголеми Срби во српско, па Бугаришта во бугарско, па нај-Југословени во СФРЈ, а сега да ти биле Европјани. Упс, па не сме во ЕУ, нели? Статива, ама Зоче така им кажа, да гласаат за промена на име и „одма“ ќе станеле. И суртуците гласале. И станале. Северџани... А ЗЗ, за да го испуни даденото „обеќање“ кон паствата му северна, желна не за ЕУ туку  за германска плата (мислеле дека со почеток на преговори со ЕУ ќе ја добијат на тацна, а не знаеле дека во Немачко се работи за платата, многу) бил волен и да моли и лизни-мазни по негатори да прави, само и само за да добие пуст датум кој ќе му продолжи датум на употреба. И така немал кичма, па не му било проблем, свиткај се и моли-коли, плачи, кукај, заплаши ги дека по тебе без’рбетниот ќе дојде на власт некој вистински Македонец. Тоа што тој кај којшто коленичиш не те признавал за народ - мање важно, ти велел дијалект нивни ти е јазикот – ту, ту, ти крадел цела историја – е, де, ти ги присвојувал светците, револуционерите, те правел подолу од г..., не е битно, ама ич. Зоче знаел да коленичи, бил шампион во тоа, собрал уште тројца антимакедонски ајвани со себе и трк кон исток на баци рака во Софија. А во исто време, Македонците организирано се движеле на север, кон Ниш и Врање. По вакцини... Арно ама, Муртинхаузен се зезнал, многу. Ај што сакал да оправи нешто што самиот со најсервилниот и најглуп договор во свет го утнал, ај што сакал пак да влета со тотална распродажба на се’ што останало, не пресметал дека влетал во бугарско предизборие, во кое над 70% од гласачите рекле НЕ за МКД во ЕУ. Па така, улетал ко шпанска Инквизиција во Монти Пајтон, бацил неколку раце и пољубил уште повеќе врати, гарант купил и нешто роба од Илиенци по навика, па рикверц и џомка дома на запад во северниот му протекторат. А во меѓувреме, премиер во Македонија да ти бил Артан Груби, оти така се договорија шутраците коалициски, ви текнува. И не џабе ЗЗ е нон-стоп некаде по светов. Не дека нешто прави, туку морално е Пиги. Мислите сам сакаше да оди на утакмица за да промовира најнова муртинска мода со дрес над кошулче и за да пола стадион го псуе и тера УПМ? Јок. Мора Артан да газдуе и премиеруе. Фер, нели. А тој Груби разнежнет од позицијата му севишна, допирајќи го ко орле (што толку милува да го прави со рачињата) небото и врвот на својата политичка кариера, се стопил и загрижил за проблемите на оние чии деца тепаше на Кале, па биднувајќи премиер да ти доживеал невидена трансформација. И така со едно чири-бу, чири-ба, Груби станал Артан Нежни. И, ок, не ко лав, ама ко разјарен орел влета во одбрана на македонскиот идентитет од атакот на ретроградните Бугарите, ги обвини за 18-вековни методи, ги направи пуздер. И додека квартетот „Зоранови“ коленичеше по Софија, Арти стана поголем Македонец од Заев. Се потресовте, разнежнивте и растреперивте, гарант и солзи ви потекоа? Па, не баш, нели, не можеш да бидеш поголем Македонец од некој кој тоа е само на хартија. Таа трпи се’. А повеќе од неа трпат само Македонците, кои никако и никако да сфатат дека бандитите на Илинденска се само хартиени тигри...        ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/artan-nezni-i-zoche-kolenicharche/feed/ 0