Артемис-1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 10:59:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Артемис-1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тест мисија на НАСА: Артемис 1 влезе во орбитата на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/test-misija-na-nasa-artemis-1-vleze-vo-orbitata-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/test-misija-na-nasa-artemis-1-vleze-vo-orbitata-na-mesechinata/#respond Sat, 26 Nov 2022 10:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=766840

Десет дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија на НАСА Артемис I, вселенското летало Орион влезе во орбитата на Месечината. Леталото ќе лета 64.000 километри над Месечината, објави во петокот американската вселенска агенција. Поради должината на орбитата, на капсулата ќе и треба една недела да патува на половина пат околу Месечината, по што повторно ќе ја напушти орбитата на Месечината и ќе почне да се враќа на Земјата, наведува НАСА. Во сабота се очекува и Орион да го собори рекордот за најдолго растојание од Земјата поминато со вселенско летало дизајнирано за лет на астронаути. Рекордот е поставен во 1970 година од Аполо 13. По бројни одложувања, новата вселенска програма на НАСА, Артемис, конечно започна минатата недела со лансирањето на вселенското летало Орион. Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, за прв пат по речиси 50 години. Мисијата Артемис I без екипаж ќе го однесе леталото Орион на 40.000 милји од Месечината за да ги покаже своите способности. По враќањето на Земјата, следи Артемида II, првиот вселенски лет на Орион со екипаж. Слетувањето на Месечината ќе биде кулминација на мисиите Артемида. Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан треба да се случи најрано во 2025 година. Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде двајца од нив – најмалку една жена – ќе се префрлат во вселенското летало SpaceX за конечното приближување до Месечината. САД испратија 12 астронаути на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/test-misija-na-nasa-artemis-1-vleze-vo-orbitata-na-mesechinata/feed/ 0
ВИДЕО: НАСА успеа да ја лансира мегаракетата „Артемис 1“ на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nasa-uspea-da-ja-lansira-megaraketata-artemis-1-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nasa-uspea-da-ja-lansira-megaraketata-artemis-1-na-mesechinata/#respond Wed, 16 Nov 2022 07:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=761409

По два неуспешни обиди, НАСА успеа да ја лансира својата нова мегаракета Артемис 1 на Месечината. -Моторите изгледаат добро, изјавија од НАСА околу пет минути пред лансирањето на ракетата која патува со брзина од близу 10.000 км/ч (9655 km/h). Мисијата Артемис 1, шестнеделен пробен лет без астронаут, е прв чекор во плановите на НАСА која планира на Месечината да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочен чекор кон уште поамбициозни идни патување со човек кон Марс. Се работи за прво патување на голема ракета Space Launch System (SLS) и нејзината капсула Орион без екипаж. Орион ќе носи симулиран трочлен екипаж, една машка и две женски кукли кои се опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други параметри кои би можеле астронаутите да ги доживеат. Артемис 1 е прогласена за најсилна и најкомплексна ракета на светот, а SLS претставува најголем нов вертикален лансирен состав кој американската вселенска агенција го изработила. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nasa-uspea-da-ja-lansira-megaraketata-artemis-1-na-mesechinata/feed/ 0
Ракетата на НАСА треба утре да полета кон Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketata-na-nasa-treba-utre-da-poleta-kon-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketata-na-nasa-treba-utre-da-poleta-kon-mesechinata/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=760691

Мисијата на НАСА на Месечината изминатиот период беше соочена со бројни проблеми што го одложија полетувањето, а сега лансирањето на „Артемис 1“ е закажано за утре, јавија дел од светските медиуми. Лансирањето се одложуваше поради проблеми со моторот, истекување на гориво, како и двата урагана што ја погодија Флорида. Опишана како најсилна и најсложена ракета во светот, огромната двостепена ракета „СЛС“ претставува најголем нов систем за вертикално лансирање, изграден од американската вселенска агенција, откако „Сатурн 5“ полета на Месечината за време на програмата „Аполо“ во 1960-те и 70-те години. Успешното лансирање ќе означи нова ера на истражување на вселената, кога „Артемис 1“ ќе ја однесе капсулата „орион“ и ќе ја испрати на патување долго 25 дена околу природниот сателит на Земјата. „Артемис 1“ е предвиден како пробен лет со цел да се проба новата „СЛС“ ракета и да се извршат сите подготовки за следни мисии. Наредната мисија, „Артемис 2“, закажана за мај 2024 година, ќе однесе четворица астронаути до Месечината и назад, без слетување на површината. Во 2025 година, НАСА планира на површината на Месечината да спушти двајца астронаути, вклучувајќи го и првото женско лице, додека други двајца ќе останат во орбитата на Месечината во командниот модул. Тоа ќе биде првпат луѓе да чекорат на Месечината, уште од 1972 година. Предвидено е „Артемис 1“ да полета од вселенскиот центар Кенеди, Флорида, во седум часот. Постои можност полетувањето повторно да биде одложено, по проверка на ракетата поради невремето, бидејќи ураганот Никол претходните денови донесе ветрови од 160 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketata-na-nasa-treba-utre-da-poleta-kon-mesechinata/feed/ 0
Бурата Никол го одложи лансирањето на „Артемис 1“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/burata-nikol-go-odlozi-lansiranjeto-na-artemis-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/burata-nikol-go-odlozi-lansiranjeto-na-artemis-1/#respond Thu, 10 Nov 2022 12:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=758602

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида. „Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се подготви за лансирањето“, соопшти НАСА. Ракетата „СЛС“ требаше да полета на 14 ноември, рано наутро, при можни поволни временски услови, но тоа нема да се случи. Следниот прозорец за лансирање е 16 ноември. При успешна мисија, тоа ќе биде прво лансирање на масивната ракета „СЛС“ на НАСА, дизајнирана за патување подалеку во вселената. Ова е вторпат како бура ги нарушува плановите за почеток на „Артемис 1“. Во септември лансирањето беше откажано поради ураганот Ијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/burata-nikol-go-odlozi-lansiranjeto-na-artemis-1/feed/ 0
НАСА поради бура ќе го одложи лансирањето на ракетата Артемис 1 на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-poradi-bura-kje-go-odlozi-lansiranjeto-na-raketata-artemis-1-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-poradi-bura-kje-go-odlozi-lansiranjeto-na-raketata-artemis-1-na-mesechinata/#respond Sun, 25 Sep 2022 11:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=737200

НАСА ќе го откаже лансирањето на новата ракета „Артемис 1“ на Месечината бидејќи на американската сојузна држава Флорида и се приближува тропската бура Јан. Лансирањето на најмоќната ракета на американската вселенска агенција беше закажано на 27 септември. Помошникот администратор во Дирекцијата за развој на истражувачки системи на НАСА, Џим Фри соопшти дека доколку се подобрат условите, постои можност сепак да се случи лансирањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-poradi-bura-kje-go-odlozi-lansiranjeto-na-raketata-artemis-1-na-mesechinata/feed/ 0
Повторно истекува гориво од ракетата што треба да биде лансирана кон Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-istekuva-gorivo-od-raketata-shto-treba-da-bide-lansirana-kon-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-istekuva-gorivo-od-raketata-shto-treba-da-bide-lansirana-kon-mesechinata/#respond Sat, 03 Sep 2022 13:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=728247

Инженерите на НАСА се обидуваат да го санираат истекувањето на гориво од новата ракета, што денеска треба да биде лансирана од космодромот Кејп Каневерал кон Месечината. Тоа е втор обид за лансирање на ракетата. НАСА има околу два часа поволни услови за лансирање. На 29 август беше стопирано лансирањето поради проблеми со сензор на моторите и истекување на гориво. Тоа ќе беше првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината во 21 век, наречена Артемида по митолошката сестра близначка на Аполон. Сега нема астронаути во капсулата Орион, која би требало да ја носи ракетата, но наместо тоа има тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, вселенско зрачење и други услови. Под претпоставка да биде успешен пробниот лет со куклите, во 2024 година е планирано во вториот лет околу Месечината да има и астронаути. Во третата фаза е планирано слетување на Месечината и според сегашните проекции тоа би требало да биде во 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-istekuva-gorivo-od-raketata-shto-treba-da-bide-lansirana-kon-mesechinata/feed/ 0
Нов обид на НАСА ракетата „Артемис-1“ да ја испрати кон Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-obid-na-nasa-raketata-artemis-1-da-ja-isprati-kon-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-obid-na-nasa-raketata-artemis-1-da-ja-isprati-kon-mesechinata/#respond Sat, 03 Sep 2022 07:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=728103

Доколку се обезбедат поволни временски услови и откако ги отстрани техничките проблеми, американската вселенска агенција НАСА во следните неколку часа ќе се обиде уште еднаш да ја лансира на Месечината својата досега најмоќна ракета „Артемис-1“. Лансирањето на беспилотната мисија „Артемис-1“ е закажано за 14:17 часот по локално време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со можност за одложување и до два часа доколку е потребно, јавува Би-Би-Си. Локалните власти на Флорида наведуваат дека денешното лансирање би можело да привлече околу 400.000 туристи, гладни за случувањата во вселената. Целта на ракетата висока речиси 100 метри ќе биде да фрли капсула во правец на Месечината, нешто што не се случило од крајот на проектот Аполо во 1972 година. Доколку мисијата денеска почне тогаш капсулата „Орион“, што е фиксирана на врвот од ракетата, во вселенатра ќе треба да мине 37 дена, орбитирајќи околу Месечината на оддалеченост од речиси 100 километри. „Артемис-1“ е пробен лет без екипаж во вселената, но ако мисијата се одвива според планот, тогаш на „Артемис -2“, која се очекува да биде лансирана во 2024 година, речиси сигурно ќе има екипаж. НАСА првпат во понеделникот се обиде да ја испрати мисијата „Артемис-1“ на Месечината, но лансирањето беше одложено и поради временските и поради техничките проблеми што мораше да ги реши во меѓувреме. На почетокот се чинеше дека еден од четирите главни мотори на ракетата се прегрева, но тоа се покажа дека е само „лошо отчитување на сензор“, соопшти НАСА, пренесе Би-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-obid-na-nasa-raketata-artemis-1-da-ja-isprati-kon-mesechinata/feed/ 0
НАСА објави: Еве кога ќе има нов обид за лансирање на огромната ракета „Артемис -1“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-eve-koga-kje-ima-nov-obid-za-lansiranje-na-ogromnata-raketa-artemis-1/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-eve-koga-kje-ima-nov-obid-za-lansiranje-na-ogromnata-raketa-artemis-1/#respond Wed, 31 Aug 2022 06:14:50 +0000 https://kurir.mk/?p=726340

НАСА синоќа соопшти дека во сабота повторно ќе се обиде да ја лансира џиновската ракета од новата генерација кон Месечината, откако првиот обид во понеделникот не успеа поради технички проблем. Со дебитантското лансирање на огромната ракета во понеделникот требаше капсулата без екипаж да ја однесе на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, 50 години по последната мисија на „Аполо“ на Месечината. -Договорот е дека ќе го промениме датумот на лансирање за сабота, 3 септември, рече на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата „Артемис-1“, која го означува почетокот на американската програма за враќање на Месечината. Прогласена за најмоќна и најсложена ракета во светот, џиновската двестепена ракета Space Launch System (SLS) претставува најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција, откако „Сатурн V“ полета на Месечината за време на програмата „Аполо“ во 1960-тите и 70-тите години. Капсулата „Орион“ има симулиран екипаж од тројца – еден машки и две женски кукли – опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други стресови што би ги доживеале астронаутите. Главната цел на мисијата е да се тестира издржливоста на топлинскиот штит на „Орион“ за време на повторното влегување во атмосферата на Земјата со 39.429 километри на час или 32 пати поголема од брзината на звукот, при повторното влегување од орбитата на Месечината – многу побрзо од вообичаеното -влегување на капсули на астронаути кои се враќаат од ниските земјини орбити. Програмата на НАСА „Артемис“ – именувана по божицата која била сестра близначка на Аполон во античката грчка митологија – има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината уште во 2025 година и да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочна даска за уште поамбициозните идни патувања со човечки екипаж на Марс. . По повеќе од една деценија развој, со години одложувања и милијарди долари натфрлени трошоци од буџетот, вселенското летало „SLS-Orion“ досега НАСА ја чинеше најмалку 37 милијарди долари, вклучувајќи ги тука дизајнот, изградбата, тестирањата и објектите на земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-eve-koga-kje-ima-nov-obid-za-lansiranje-na-ogromnata-raketa-artemis-1/feed/ 0
ВО ЖИВО: Одбројувањето започна: Следете го лансирањето на најмоќната ракета која НАСА некогаш ја изградила https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-zivo-odbrojuvanjeto-zapochna-sledete-go-lansiranjeto-na-najmokjnata-raketa-koja-nasa-nekogash-ja-izgradila/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-zivo-odbrojuvanjeto-zapochna-sledete-go-lansiranjeto-na-najmokjnata-raketa-koja-nasa-nekogash-ja-izgradila/#respond Mon, 29 Aug 2022 11:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=725473

Тимовите за лансирање во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида ги завршија последните подготовки во пресрет на денешниот прв пробен лет на џиновската ракета „Артемис-1“ од новата генерација, во рамки на програмата на НАСА, „Од Месечината до Марс“, 50 ​​години по ерата на ракетата „Аполо“, соопштуваат од НАСА. Претставници на НАСА потврдија дека сите системи се подготвени за лансирање на ракетата, а временската прогноза предвидува 80 отсто поволни метеоролошки услови за лансирањето кое треба да почне денеска околу 10:30 часот по средноевропско време, пренесува „Ројтерс“. Доколку од било која причина дојде до одложување на денешното лансирање на „Артемис-1“ НАСА ги одреди 2-ри и 5-ти септември како алтернативни датуми за лансирање. „Засега сè во врска со вселенското летало изгледа добро. Возбудени сме, ракетата е подготвена и изгледа одлично“, изјавил Џеф Сполдинг, висок претставник на НАСА. Најмоќната ракета која НАСА некогаш ја изградила Американските медиуми наведуваат дека ракетата „Space Launch System“ (SLS), висока 98 метри, е најмоќната ракета која НАСА некогаш ја изградила. Таа е направена да испрати празна капсула „Орион“ во орбитата на Месечината, половина век по програмата Аполо на НАСА која испрати 12 астронаути на Месечината. Доколку овој шестнеделен тест помине како што треба, астронаутите за неколку години би можеле да се вратат на Месечината, но претставници на НАСА предупредуваат дека ризикот е голем и дека летот би можел да биде прекинат. Астронаутски мисии веќе од 2024 година Ако сè биде во ред, НАСА се надева дека Орион веќе во 2024 година ќе ги испрати астронаутите на Месечината. „Тоа е иднината во која НАСА ќе ја испрати првата жена и првата обоена личност на Месечината. А во овие сè покомплексни мисии, астронаутите ќе живеат и работат во длабоката вселена и ќе ги развиваат науката и технологијата за испраќање на првите луѓе на Марс“, изјавил Бил Нелсон, администратор на НАСА, на конференцијата за новинари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-zivo-odbrojuvanjeto-zapochna-sledete-go-lansiranjeto-na-najmokjnata-raketa-koja-nasa-nekogash-ja-izgradila/feed/ 0