артилерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 13:47:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png артилерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гори на Косово: Српската војска постави артилерија во близина на ГП Јариње https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gori-na-kosovo-srpskata-vojska-postavi-artilerija-vo-blizina-na-gp-jarinje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gori-na-kosovo-srpskata-vojska-postavi-artilerija-vo-blizina-na-gp-jarinje/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=780607

Војската на Србија денеска стационираше неколку топови, односно хаубици со долг дострел, во копнената безбедносна зона, во близина на административниот премин Јариње, пренесуваат српските медиуми. Поставувањето на артилеријата уследило по повикот на Милан Мојсиловиќ, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, кој синоќа итно се упатил кон Рашка. „Задачите дадени на српските вооружени сили и на мене како началник ќе бидат целосно спроведени и реализирани како такви. Ситуацијата подолу е комплицирана, сложена, бара присуство на српските вооружени сили по административната линија, а во наредните периоди Српските вооружени сили како праг на мирот и стабилноста ќе бидат насочени кон егзекуција. Ги имаме сите информации во детали. Мора да знаете дека преземените мерки и добиените задачи ќе бидат целосно исполнети“, изјави Мојсиловиќ за Пинк. Некои од српските медиуми во Белград синоќа објавија дека пукање се слушнало во Зубин Поток, додека некои изјавија дека имало размена на оган меѓу локалните Срби и косовската полиција. Косовската полиција соопшти дека немало инциденти меѓу нејзини припадници и некоја група на северот на Косово. Претставници на КФОР, како одговор на истрагата на Коха Дитора, објавија дека имало пукање во Зубин Поток, но дека во тој инцидент нема повредени, а не е причинета материјална штета.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gori-na-kosovo-srpskata-vojska-postavi-artilerija-vo-blizina-na-gp-jarinje/feed/ 0