Асанж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 May 2020 15:57:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Асанж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soslushuvanjeto-na-asanz-kje-prodolzi-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soslushuvanjeto-na-asanz-kje-prodolzi-vo-septemvri/#respond Mon, 04 May 2020 15:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=341525

Судот во Лондон денеска соопшти дека сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе продолжи во септември, откако беше одложено поради пандемијата со новиот коронавирус. На сослушувањето во Вестминстерскиот суд, што новинарите можеа да ги следат преку екрани, договорено е процесот да продолжи во септември, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени. Асанж не присуствуваше на денешното сослушување. Тој е во затворот Белмарш, а според неговите адвокати, тој не се чувствувал добро. Партнерката и адвокатка на Асанж, Стела Морис, изјави дека неговиот живот е во опасност поради Ковид-19. Асанж е обвинет во САД поради наводно хакирање на владините компјутери и шпионажа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soslushuvanjeto-na-asanz-kje-prodolzi-vo-septemvri/feed/ 0
Асанж и американски владини претставници утре пред лондонскиот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-i-amerikanski-vladini-pretstavnici-utre-pred-londonskiot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-i-amerikanski-vladini-pretstavnici-utre-pred-londonskiot-sud/#respond Sun, 23 Feb 2020 17:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=307815

Претставници на американската Влада и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе се соочат во судот Вулвич Краун во Лондон под зајакнато обезбедување. Сослушувањето ќе се случи една деценија откако Викиликс објави голем број доверливи воени документи. Рочиштето за екстрадирање ќе почне со изјаснување на адвокатите од САД, кои го обвинуваат Асанж за шпионажа, поради што му се закануваат 175 години затвор. Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи. Американското Обвинителство го товари за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг, кој хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани. Медиумски организации и групи за граѓански слободи, вклучувајќи ги и Амнести Интернешнал и Репортери без граници, сметаат дека обвинувањата против Асанж претставуваат преседан за слободата на медиумите. – Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинение против Асанж, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинението против новинарството, изјави грчкиот пратеник Јанис Варуфакис. Приврзаниците на Асанж се загрижени поради неговото здравје, бидејќи нарушена му е физичката и менталната состојба, а страда и од депресија, болки во рамената и забите. Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани, како и дека ќе приложи докази оти во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет. Ако судот се согласи Асанж да биде екстрадиран, завршните зборови ќе ги има британската Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-i-amerikanski-vladini-pretstavnici-utre-pred-londonskiot-sud/feed/ 0
Викиликс открива: Асанж го чуваат во услови полоши од оние за терористите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-otkriva-asanz-go-chuvaat-vo-uslovi-poloshi-od-onie-za-teroristite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-otkriva-asanz-go-chuvaat-vo-uslovi-poloshi-od-onie-za-teroristite/#respond Sun, 22 Sep 2019 11:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=243506

Британските власти го чуваат Асанж во услови полоши од оние за терористите и не му даваат да ја подготви својата одбрана и случајот против изрекувањето во САД, рекол главниот и одговорен уреник на Викиликс, Кристин Храфнсон. Тој вели дека на основачот на Викиликс, Јулиан Асанж му било скратено правото на коресподенција, дека има право само на две посети месечно и дека е во тешка изолација. Асанж е во затворот во Британија после апсењето во април поради кршење на улоците за кауција, Осуден е на 50 седмици затвор. Иако требало да биде ослободен на 22. септември, ќе остане во затвор поради цврстото уверување на судијата дека ќе избега ако го пуштат. Асанж се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон откако Шведска по него распиша меѓународна потерница поради сексуален напад. Во април оваа година беше предаден на британските власти, а шведското обвинителство повторно го отвори случајот за сексуалниот напад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-otkriva-asanz-go-chuvaat-vo-uslovi-poloshi-od-onie-za-teroristite/feed/ 0
ВИДНО ОСЛАБЕН: Прва видео снимка од Асанж во затворот во Велика Британија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidno-oslaben-prva-video-snimka-od-asanz-vo-zatvorot-vo-velika-britanija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidno-oslaben-prva-video-snimka-od-asanz-vo-zatvorot-vo-velika-britanija-video/#respond Sat, 08 Jun 2019 09:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=206911

Раша Тудеј објави прва видео снимка од основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж од затворот Белмарш во Велика Британија. На видео снимката се гледа Асанж кој е видно ослабен, кој што разговара со луѓето за кои се претпоставува дека се негови цимери од келијата. Исто така, камерата ја снимила и малата келија, со книги и весници расфрлани по подот. Од РТ не потврдуваат дали видеото е направено во келијата на основачот на „Викиликс“. Инаку, Џулијан Асанж, е уапсен во Лодон на 11-ти април оваа година во просториите од амбасадата на Еквадор, каде ги помина последните седум години. Асанж доби азил во еквадорската амбасада за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го чекаше судење под обвинение за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлено. Асанж беше уапсен од страна на полициските служби од Лондон врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд. 47-годишниот Асанж беше баран и од САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи. Еквадорскиот претседател Ленин Морено тогаш изјави дека го повлекол азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidno-oslaben-prva-video-snimka-od-asanz-vo-zatvorot-vo-velika-britanija-video/feed/ 0
Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekvadorskite-vlasti-kje-prodolzat-da-go-zashtituvaat-asanz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekvadorskite-vlasti-kje-prodolzat-da-go-zashtituvaat-asanz/#respond Wed, 07 Feb 2018 08:04:01 +0000 http://kurir.mk/?p=19003

Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат основачот на веб-страницата „Викиликс“ Џулијан Асанж., соопшти еквадорското Министерство за надворешни работи. - Еквадорската влада ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж се додека веќе нема да има закана по неговиот живот. Таа одлука ќе се донесе согласно уставните барања за заштита на човековите права и меѓународните договори за таа област, потпишани од државата, соопшти Министерството за надворешни работи на Еквадор. Лондонскиот суд вчера не најде основа да го задоволи барањето на Асанж за укинување на меѓународната потерница за негов притвор. Судот повторно ќе се занимава со барањето на 13 февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekvadorskite-vlasti-kje-prodolzat-da-go-zashtituvaat-asanz/feed/ 0
Асанж добил еквадорски документи за идентификација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-dobil-ekvadorski-dokumenti-za-identifikacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-dobil-ekvadorski-dokumenti-za-identifikacija/#respond Thu, 11 Jan 2018 07:35:45 +0000 http://kurir.mk/?p=9218

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој повеќе од пет години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, добил идентификациски број од јужноамериканската земја, јави ДПА. Бројот 1729926483 одговара на провинцијата Пичинча во централниот дел на Еквадор, сопштува „Универсо“. Според изданието, можно е на Асанж да му бил даден и пасош. Британски медиуми претходно јавија дека „Џулијан Пол Асанж“ е ставен во граѓанскиот регистер на Еквадор, каде се внесуваат само еквадорски државјани. Портпаролот на регистрациските служби одби да коментира дали ова значи дека тој добил државјанство. Дел од медиумите наведуваат дека на Асанж еквадорско државјанство му било доделено уште минатиот месец, а синоќа тој објави своја фотографија во дрес на Еквадор, што ги подгреа гласините дека таквите тврдења се точни. Австралиецот живее во мал кабинет во Амбасадата на Еквадор, откако официјално Кито му даде азил во 2012 година, кога Шведска поведе истрага против него сексуални престапи. Шведските власти го повлекоа обвиненијата, но Асанж посочи дека стравува да не биде уапсен и екстрадиран во САД поради објавување на доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан на онлајн платформата Викиликс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-dobil-ekvadorski-dokumenti-za-identifikacija/feed/ 0