АСЕАН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 06:50:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АСЕАН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСЕАН: Крајно сме загрижени поради актуелното насилство во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/#respond Wed, 10 May 2023 06:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=832498

Лидерите на Сојузот на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска соопштија дека се „екстремно загрижени“ поради насилството во Мјанмар и го осудија неодамнешниот напад врз конвојот со хуманитарна помош во земјата. „Ние сме крајно загрижени за тековното насилство во Мјанмар и повикуваме на итен прекин на сите форми на насилство и употреба на сила со цел да се создадат неопходни услови за испорака на (...) хуманитарна помош и за инклузивен национален дијалог“, се истакнува во соопштението на таа регионалната група, која до четврток одржува средба на врвот. По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на организацијата, регионалните лидери денеска го започнаа дводневниот самит на островот Флорес во источна Индонезија. На отворањето, индонезискиот претседател ги повика колегите на „единство“ за да можат да се справат со предизвиците со кои се соочува групата од десет земји. „Доколку е обединет, АСЕАН ќе игра голема улога во постигнувањето мир и раст“, ​​посочи тој. АСЕАН, критикуван за својата пасивност, се обиде да ја реши кризата во Мјанмар преку дипломатски канали. Но, неговите напори досега не дадоа резултати, додека воената хунта во Мјанмар не се грижи за меѓународните осуди и одбива дијалог со противниците на воениот режим. Во средината на април, најмалку 170 луѓе беа убиени во смртоносни воздушни напади околу Сагаинг, во центарот на Мјанмар. Притисокот врз регионалната алијанса се засили откако конвојот со дипломати и лидери кои доставуваа хуманитарна помош обезбедуван од АСЕАН се најде под вкрстен оган во источен Мјанмар. Нема жртви во конвојот, во кој имало двајца претставници на индонезиската амбасада и двајца претставници на Сингапур во Јангон. Мјанмар останува членка на АСЕАН, но доби забрана за присуство на состаноци на високо ниво поради неуспехот да го спроведе планот за решавање на кризата што ја зафати земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asean-krajno-sme-zagrizheni-poradi-aktuelnoto-nasilstvo-vo-mjanmar/feed/ 0
Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-samitot-na-asean-vo-uslovi-na-tenzii-so-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-samitot-na-asean-vo-uslovi-na-tenzii-so-mjanmar/#respond Fri, 11 Nov 2022 07:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=758887

Годишниот состанок на АСЕАН е отворен денеска во Пном Пен, а филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор и премиерот на Камбоџа, Хун Сен, истакнаа дека треба да се биде „трпелив“ со Мјанмар, земјата што не учествува на самитот. Лидерите на десет членки на Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија – АСЕАН, се собраа во главниот град на Камбоџа, а на „семејната“ фотографија го немаше командантот на мјанмарската хунта. Втора година по ред Мин Аунг Хлаинг не доби покана од неговите колеги. АСЕАН и Мјанмар ја прекинаа комуникацијата откако регионалниот блок го обвини дека не го почитува планот донесен лани за излез на земјата од хаосот по државниот удар во февруари 2021 година. Во текот на денот АСЕАН треба да има состанок и со неговите главни партнери како што се Кина и Јужна Кореја, претставени од премиерот Ли Кечијанг и претседателот Јун Сук Јеол. Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да допатува во Пном Пен рано изутрина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoren-samitot-na-asean-vo-uslovi-na-tenzii-so-mjanmar/feed/ 0
Средба на Бајден со лидерите од АСЕАН, САД сакаат да го намалат кинеското влијание врз регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-bajden-so-liderite-od-asean-sad-sakaat-da-go-namalat-kineskoto-vlijanie-vrz-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-bajden-so-liderite-od-asean-sad-sakaat-da-go-namalat-kineskoto-vlijanie-vrz-regionot/#respond Fri, 13 May 2022 08:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=676103

Американскиот претседател Џо Бајден средбата со лидерите од Југоисточна Азија ќе ја отвори со ветување дека ќе потроши 150 милиони долари поддршка на нивната инфраструктура, безбедност, подготвеност за справување со пандемијата и други активности насочени за спротивставување на влијанието на ривалската Кина. Дводневниот самит со Заедницата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) започнува со вечера за лидерите во Белата куќа, пред разговорите во Стејт департментот. Администрацијата на Бајден се надева дека успее да им докаже на државите од АСЕАН дека Вашингтон останува фокусиран на Индо-тихоокеанскиот регион и долгорочниот предизвик што го претставува Кина. Пекинг во ноември вети 1,5 милијарди американски долари развојна помош за земјите од АСЕАН, за борба борба против коронавирусот и зајакнување на економското закрепнување по пандемијата. „Мораме да ја зајакнеме играта во Југоисточна Азија. Ние не бараме од земјите да избираат помеѓу САД и Кина. Но, сакаме јасно да ставиме до знаење дека САД се залагаат за поцврсти односи“, изјави за новинарите висок претставник на американската администрација. Новата финансиска обврска предвидува инвестирање 40 милиони американски долари во инфраструктура за декарбониизирање на снабдувањето со електрична енергија во регионот, 60 милиони долари за поморска безбедност, како и околу 15 милиони американски долари помош за рано откривање на Ковид-19 и други респираторни заболувања, појаснува тој Дополнителни средства ќе бидат наменети за развој на дигитализацијата во стопанството и уредување на информатичката легислатива. Најавено е и присуство на Американската крајбрежна стража во регонот како поддршка на локалните флоти во справување со она што државите од АСЕАН го посочуваат како илегален кинески риболов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-bajden-so-liderite-od-asean-sad-sakaat-da-go-namalat-kineskoto-vlijanie-vrz-regionot/feed/ 0
САД ќе одвојат 100 милиони долари за унапредување на односите со АСЕАН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-odvojat-100-milioni-dolari-za-unapreduvanje-na-odnosite-so-asean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-odvojat-100-milioni-dolari-za-unapreduvanje-na-odnosite-so-asean/#respond Tue, 26 Oct 2021 16:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=585968

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека Вашингтон ќе одвои 100 милиони долари за унапредување на односите со Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН). На виртуелниот самит на АСЕАН, на кој американски претседател учествува првпат од 2017 година, Бајден изјави дека парите ќе бидат наменети за здравство, нова иницијатива за климата, програми за образовна и економска помош за економско закрепнување од корона пандемијата. Бајден ги нарече односите на САД со АСЕАН „суштински“. Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-odvojat-100-milioni-dolari-za-unapreduvanje-na-odnosite-so-asean/feed/ 0
Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-pokani-liderite-na-asean-na-specijalen-samit-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-pokani-liderite-na-asean-na-specijalen-samit-vo-sad/#respond Mon, 04 Nov 2019 08:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=259762

Лидерите на седум од десет земји-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисочна Азија (АСЕАН) не присуствуваа на Самитот АСЕАН. Американскиот претседател Доналд Трамп не присуствуваше на Самитот што се одржува од 2 до денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок, а не испрати ниту потпретседател, ниту државен секретар. Американската делегација на Самитот е предводена од советникот за национална безбедност Роберт О’ Брајан. Според регионалните набљудувачи тоа е нетипично за САД. На денешната среда учествуваат само тројца лидери – премиерот на Тајланд, која оваа година претседава со АСЕАН, на Виетнам и на Лаос. Другите земји-членки на АСЕАН – Сингапур, Малезија, Индонезија, Брунеј, Камбоџа, Мјанмар и Филипини се претставени од министрите за надворешни работи. О’Брајан денеска прочита писмо од претседателот Трамп, во кое тој ги кани лидерите на АСЕАН да ги посетата САД на „специјален самит“ на почетокот на следната година. САД на минатиот самит на АСЕАН беше претставен од потпретседателот Мајк Пенс, додека годинава со О’Брајен во Бангкок допатува министерот за трговија Вилбур Рос. АСЕАН ја сочинуваат Индонезија, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Брунеј, Малезија, Филипини, Сингапур и Виетнам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-pokani-liderite-na-asean-na-specijalen-samit-vo-sad/feed/ 0