ашраф гани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Aug 2021 14:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ашраф гани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Братот на пребеганиот авганистански претседател им се приклучи на талибанците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-im-se-prikluchi-na-talibancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-im-se-prikluchi-na-talibancite/#respond Sat, 21 Aug 2021 14:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=553394

Хашмат Гани Ахмадџај, братот на пребеганиот авганистански претседател, Ашраф Гани, му се приклучи на радикалното талибанско движење, се наведува во пораката објавена на Твитер на страницата на Исламскиот емират на Авганистан. „Хашмат Гани, братот на поранешниот претседател Ашраф Гани, се приклучи на Исламскиот емират на Авганистан со помош на внукот на лидерот на мрежата Хакани, Халил ал Рахман Хакани“, се наведува во соопштението. Притоа талибанците објавија и фотографија на која Хашмат Гани се ракува со нивни претставници. Хашмат Гани (60) од 2002 година е претседател на Големиот совет на кучите (етничка група блиска до Паштуните во Авганистан). Покрај тоа, тој го предводи деловниот конзорциум „Гани груп“, што во себе вклучува компании што обезбедуваат услуги во областа на безбедноста за приватни и јавни клиенти, увоз и извоз, градежништво и недвижен имот. Седиштето на компанијата е во Кабул, а една од филијалите се наоѓа во Дубаи. Откако Американците објавија дека се повлекуваат од Авганистан, талибанците извршија брза акција насочена против владините сили и во Кабул влегоа без отпор на 15 август. Гани ја напушти земјата, како што подоцна соопшти, „за да се избегне крвопролевање“, а на 18 август Обединетите Арапски Емирати објавија дека му дале азил на Гани и на неговото семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bratot-na-prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-im-se-prikluchi-na-talibancite/feed/ 0
Гани тврди дека го напуштил Кабул со милиони долари, туку за да спречи крвопролевање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gani-tvrdi-deka-go-napushtil-kabul-so-milioni-dolari-tuku-za-da-sprechi-krvoprolevanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gani-tvrdi-deka-go-napushtil-kabul-so-milioni-dolari-tuku-za-da-sprechi-krvoprolevanje/#respond Wed, 18 Aug 2021 20:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=552388

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој од завчера се наоѓа во егзил во Обединетите Арапски Емирати, денеска излезе со прва изјава по бегството од земјата и објасни дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли извештаите дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари. Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за напуштање на земјата кога талибанските сили во неделата влегоа во Кабул. -Да останев ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул, рече Гани во видео пораката објавена на Фејсбук, што е негов прв јавен коментар откако беше потврдено дека тој се наоѓа во Емиратите. Гани, исто така, кажа дека ги поддржува преговорите меѓу талибанците кои ја презедоа власта во Кабул и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека „преговара за враќање во својата земја од која избега“, пренесуваат француските медиуми. -Ја поддржувам иницијативата на владата за преговори со (поранешниот потпретседател) Абдула Абдула и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Посакувам овој процес да биде успешен, рече тој во видео пораката. Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати попладнево потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани се наоѓа во оваа заливска земја. Гани избега од земјата во неделата попладне кога талибанците влегоа во Кабул, но засега никој не знаеше каде се наоѓа. Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан денеска излезе со податокот дека Гани со себе зел 169 милиони долари. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би -Би -Си. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gani-tvrdi-deka-go-napushtil-kabul-so-milioni-dolari-tuku-za-da-sprechi-krvoprolevanje/feed/ 0
Пребеганиот авганистански претседател од државната каса украл 169 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-od-drzavnata-kasa-ukral-169-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-od-drzavnata-kasa-ukral-169-milioni-dolari/#respond Wed, 18 Aug 2021 13:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=552194

Побегнатиот претседател на Авганистан Ашраф Гани украл 169 милиони долари од трезорот, изјави авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, Мухамед Зохир Агбар на конференцијата за новинари во Душанбе, пренесува Спутник. Амбасадорот бегството на претседателот го нарече „предавство на земјата и нацијата“ и вели дека тој „украл 169 милиони долари од државната каса“. Ашраф Гани побегна од Авганистан дента кога талибанцита ја презедоа контролата во Кабул. Неговата локација не е потврдена, иако се шпекулираше дека тој се наоѓа во Оман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prebeganiot-avganistanski-pretsedatel-od-drzavnata-kasa-ukral-169-milioni-dolari/feed/ 0
Бегството на Гани: На соработниците им кажал дека оди на состанок, а побегнал со хеликоптер за Таџикистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/begstvoto-na-gani-na-sorabotnicite-im-kazal-deka-odi-na-sostanok-a-pobegnal-so-helikopter-za-tadzikistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/begstvoto-na-gani-na-sorabotnicite-im-kazal-deka-odi-na-sostanok-a-pobegnal-so-helikopter-za-tadzikistan/#respond Tue, 17 Aug 2021 18:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=551861

Откако талибанците пред два дена ја презедоа контролата врз Авганистан Би -Би -Си денеска разговараше со поранешната пратеничка Елеј Ершад, која во разговорот со британскиот јавен сервис поранешниот претседател Ашраф Гани го нарече „кукавица“ поради неговото бегство во соседен Таџикистан. -Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им кажал дека оди на состанок со министерот за одбрана, рече Ершад. “Толку сум лута што не можам да опишам со зборови. Ги напушти земјата и луѓето. Не знам зошто му верував и гласав за него”, додаде поранешната пратеничка во авганистанскиот Парламент, Елеј Ершад. Соработник на досегашниот претседател вчера за Би -Би -Си кажа дека авганистанските лидери го замолиле Гани да ја напушти земјата за да се избегне крвопролевање, додавајќи дека сега поранешниот претседател планира еден ден да се врати во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/begstvoto-na-gani-na-sorabotnicite-im-kazal-deka-odi-na-sostanok-a-pobegnal-so-helikopter-za-tadzikistan/feed/ 0
Претседателот Ашраф Гани го напушти Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-ashraf-gani-go-napushti-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-ashraf-gani-go-napushti-avganistan/#respond Sun, 15 Aug 2021 14:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=550872

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан Гани заминал кон Таџикистан. Естонија и Норвешка денска побараа итна седница на 15-члениот Совет за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-ashraf-gani-go-napushti-avganistan/feed/ 0