Ашраф Хакими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 04:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ашраф Хакими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хакими: Мбапе ја заслужува „Златната топка“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-mbape-ja-zasluzhuva-zlatnata-topka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-mbape-ja-zasluzhuva-zlatnata-topka/#respond Fri, 22 Sep 2023 04:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=880476

Мароканскиот репрезентативец, Ашраф Хакими, зборуваше со француските медиуми за актуелната ситуација во ПСЖ, а се осврна и на неговиот соиграч, Килијан Мбапе. . „Килијан е неверојатен. Погледнете го неговиот учинок минатата година и веднаш ќе ви стане јасно за што зборувам. Тој потполно ја заслужува „Златната топка“, затоа што е фанстастичен фудбалер и убедливо најдобар во светот. Неколку сезони е вистински предводник на ПСЖ, а особено е фантастичен во француската репрезентација. Незапирлив е. Тој е за мене вистинскиот кандидат за трофејот“, изјави Хакими. Француската ѕвезда е во најтесниот избор за престижната титула, а со него во „трката“ се Лионел Меси од Интер Мајами и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Свечената манифестација за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-mbape-ja-zasluzhuva-zlatnata-topka/feed/ 0
Сапуница без крај – почна жестоката „војна“ за милиони: Огорнечата сопруга бара вистинско богатство од фудбалерот – Хакими не сака ни да чуе за тоа! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sapunitsa-bez-kraj-pochna-zhestokata-vojna-za-milioni-ogornechata-sopruga-bara-vistinsko-bogatstvo-od-fudbalerot-hakimi-ne-saka-ni-da-chue-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sapunitsa-bez-kraj-pochna-zhestokata-vojna-za-milioni-ogornechata-sopruga-bara-vistinsko-bogatstvo-od-fudbalerot-hakimi-ne-saka-ni-da-chue-za-toa/#respond Tue, 25 Apr 2023 11:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=827378

Последниве денови не е можно да не ја забележите фамата која се разбранува околу бурниот развод на популарниот фудбалер на ПСЖ Ашраф Хакими и прекрасната актерка Хиба Абук. По обвиненијата за силување, со кои моментално се соочува фудбалерот на ПСЖ, досегашната сопруга Хиба Абук одлучила да се разведе од Хакими. Според пишувањата на светските медиуми, актерката доживеала шок кога во текот на бракоразводната парница дознала дека Мароканецот цело богатство го препишал на мајчиното име. Хиба планирала да му земе половина од имотот на фудбалерот, но се докажало дека тој, правно гледано, не поседува ништо. Сепак, адвокатскиот тим којшто го застапува убавата актерка нема да се откаже толку лесно – бара од фудбалерот 10 милиони евра. „La Vanguardia“ пренесува дека актерката одлучила да започне тужба против својот поранешен сопруг поради неверство и лошо управување со нивниот брачен имот. Таа смета дека ѝ припаѓа дел од богатството и се обидува да го извлече од Хакими. Бара 10 милиони долари, што е помалку од неговата годишна плата во ПСЖ, но фудбалерот не сака ни да слушне за тоа. Подготвен е на својата поранешна драга да ѝ даде само два милиони. На мајка му сè ѝ дал За да не мора да го дели својот имот со сопругата, Хакими целиот имот и заработка го препишал на неговата мајка Садија Мут која тврди дека не знаела за потегот на својот син. „Синот не ме извести за препишување на богатството на мое име“, рекла Садија. Таа не разбира зошто јавноста го критикува Хакими којшто со овој потег сакал само да го заштити својот имот. „Дали презел нешто за да се заштити, не знам, но... Во што е проблем и доколку тоа е вистина? Да не го направеше тоа мојот син, тогаш не би можел да се ослободи од таа жена“, рекла Садија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sapunitsa-bez-kraj-pochna-zhestokata-vojna-za-milioni-ogornechata-sopruga-bara-vistinsko-bogatstvo-od-fudbalerot-hakimi-ne-saka-ni-da-chue-za-toa/feed/ 0
Мајката на Хакими се огласи по веста дека ѝ го препишал сиот имот: „Ако не го направи тоа, нема да се ослободи од таа жена“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-hakimi-se-oglasi-po-vesta-deka-go-prepishal-siot-imot-ako-ne-go-napravi-toa-nema-da-se-oslobodi-od-taa-zhena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-hakimi-se-oglasi-po-vesta-deka-go-prepishal-siot-imot-ako-ne-go-napravi-toa-nema-da-se-oslobodi-od-taa-zhena/#respond Thu, 20 Apr 2023 11:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=825924

Саида Мух, мајка на фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој е под истрага поради наводно силување, се огласи по веста дека тој ѝ го препишал сиот свој имот. „Ако нешто презел, јас не сум свесна за тоа. Во што е проблемот ако тоа е вистина? Доколку мојот син не го направи тоа, нема да се ослободи од таа жена“, изјавила кратко за мароканските медиуми и со тоа дала до знаење дека нема добро мислење за неговата сопруга, актерката Хиба Абук од која се разведува. За потсетување, Хиба се огласи на Инстаграм откако дозна дека нема да добие ништо по бракоразводната парница. „3апомнете, не можете да контролирате сè во животот, но можете да контролирате како ќе реагирате на тоа. Ослободете се од потребата за совршенство, прегрнете ја убавината на сегашниот момент и верувајте дека универзумот ви го чува грбот“, порача таа. Мислењата за ваквата одлука на Хакими се поделени – некои корисници на социјалните мрежи му искажаа поддршка затоа што сметаат дека Хиба не заслужила ништо, додека други му порачаа дека е срамота да ѝ направи вакво нешто на жената која му родила две деца. За потсетување, Абук побара развод од фудбалерот откако неименувана 24-годишна девојка го обвини дека ја силувал во нивниот семеен дом во предградието на Париз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkata-na-hakimi-se-oglasi-po-vesta-deka-go-prepishal-siot-imot-ako-ne-go-napravi-toa-nema-da-se-oslobodi-od-taa-zhena/feed/ 0
Откако дозна дека се и препишал на својата мајка се јави и сопругата на Хакими, сите ги насмеа со својот коментар https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-dozna-deka-se-i-prepishal-na-svojata-majka-se-javi-i-soprugata-na-hakimi-site-gi-nasmea-so-svojot-komentar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-dozna-deka-se-i-prepishal-na-svojata-majka-se-javi-i-soprugata-na-hakimi-site-gi-nasmea-so-svojot-komentar/#respond Thu, 20 Apr 2023 08:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=825786

По бурата во медиумите предизвикана од веста дека Хиба Абук нема да добие ништо од нејзиниот сопруг Ашраф Хакими во бракоразводната постапка бидејќи тој го префрлил целиот имот на мајка си, шпанската актерка се огласи на Инстаграм. Поради обвинувањата против Хакими за силување, Абук поднесе барање за развод, а потоа и барање за половина од имотот на мароканскиот фудбалер. Меѓутоа, Хакими го препишал својот имот на мајка си Садија Мут, па на хартија тој практично нема ништо, па неговата сопруга нема да добие ниту мал дел од богатството што го заработил. И покрај сите обвинувања против фудбалерот, тој доби значителна поддршка на социјалните мрежи, а самата Хиба објави мистериозна порака на својот Инстаграм профил. „Запомнете, не можете да контролирате сè во животот, но можете да контролирате како реагирате на тоа. Ослободете ја потребата за совршенство, прегрнете ја убавината на сегашниот момент и верувајте дека универзумот ви го чува грбот“, порача таа. Абук, која е 12 години постара од Хакими, зад себе има успешна актерска кариера, а на публиката ѝ е најпозната по улогата во серијата „El Principe“. Се проценува дека нејзината нето вредност е околу 2 милиони долари, а со оглед на тоа што „според документите“ поседува повеќе од фудбалерот, француските медиуми пренесуваат дека половина од тоа треба да му даде на Хакими, а во исто време да ги покрие неговите правни трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-dozna-deka-se-i-prepishal-na-svojata-majka-se-javi-i-soprugata-na-hakimi-site-gi-nasmea-so-svojot-komentar/feed/ 0
Официјално отворена истрага против Хакими за силување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ofitsijalno-otvorena-istraga-protiv-hakimi-za-siluvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ofitsijalno-otvorena-istraga-protiv-hakimi-za-siluvane/#respond Fri, 03 Mar 2023 13:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807646

Против мароканскиот фудбалски репрезентативец од редовите на ПСЖ, Ашраф Хакими, официјално е отворена истрага за силување, соопшти денеска Обвинителството во францускиот град Нант. Мароканскиот фудбалер беше сослушан вчера, а потоа ставен под судски надзор и против него е поведена официјална истрага. Се товари дека минатата сабота силувал жена во својот дом во париското западно преградие Булоњ – Биланкорт. Младата, 24-годишна жена, случајот го пријава минатата недела во полициска станица во Вал-де – Марне, каде рече дека била силувана, но тогаш не поднесе тужба. Според полициски извор, жената изјавила дека го запознала Хакими на социјалната мрежа Инстаграм и оти минатата сабота била гостинка во неговиот дом каде пристигнала со автомобил што го нарачал мароканскиот репрезентативец. Во полициската станица жената изјавила дека Хакими ја бакнувал и допирал без нејзина согласност, пред да ја силува, додаде полицискиот извор. На Хакими му е забранет контакт со жената, но дозволено му е да ја напушта француската територија. Неговата адвокатка Фани Колин изјави во вторникот дека обвинувањата се „лажни“ и додаде дека Хакими е „мирен“ и „на располагање на правдата“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ofitsijalno-otvorena-istraga-protiv-hakimi-za-siluvane/feed/ 0
Фудбалер на ПСЖ под истрага за силување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-pszh-pod-istraga-za-siluvane/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-pszh-pod-istraga-za-siluvane/#respond Tue, 28 Feb 2023 18:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=806253

Француското Обвинителство во градот Нантер отвори истрага за силување против фудбалерот на ПСЖ и ѕвезда на мароканската репрезентација Ашраф Хакими, јавија денеска локалните медиуми.

Канцеларијата на обвинителот во Нантер кратко соопшти дека „не сака да комуницира за оваа истрага која е во тек“.

Ниту ПСЖ, ниту Хакими, не се достапни за коментар, пренесуваат француските медиуми.

Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.

Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-pszh-pod-istraga-za-siluvane/feed/ 0
Баерн Минхен за 50 милиони евра во своите редови ќе го доведува дефанзивецот на Интер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-za-50-milioni-evra-vo-svoite-redovi-kje-go-doveduva-defanzivecot-na-inter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-za-50-milioni-evra-vo-svoite-redovi-kje-go-doveduva-defanzivecot-na-inter/#respond Sun, 16 May 2021 12:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=510970

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен е заинересиран да ги засили своите редови за новата сезона со Ашраф Хакими и подготвен е да издвои 50 милиони евра за услугите на дефанзивецот на Интер. Хакими има договор со новиот италијански првак уште четири години, но постои реална можност за реализација на трансферот поради неповолната финансиска состојба во која се наоѓа Интер. Сезонава 22-годишниот дефанзивец одигра 44 натпревари во „сино-црниот“ дрес на кои постигна седум голови, а додаде и девет асистенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-za-50-milioni-evra-vo-svoite-redovi-kje-go-doveduva-defanzivecot-na-inter/feed/ 0
Хакими: Се надевам дека нашите патишта со Борусија повторно ќе се вкрстат https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-se-nadevam-deka-nashite-patishta-so-borusija-povtorno-kje-se-vkrstat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-se-nadevam-deka-nashite-patishta-so-borusija-povtorno-kje-se-vkrstat/#respond Tue, 30 Jun 2020 12:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=365823

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими се збогува со Борусија Дортмунд за кого играше на позајмица две последователни сезони. – Дојде време да се заврши прекрасната фаза од мојот живот. По две прекрасни години, јас сум подготвен да го напуштам тимот што ми даде толку многу уште од првиот момент по моето пристигнување во Дортмунд. Сега разбирам дека го направив вистинскиот избор пред две години. Сакам да им се заблагодарам на сите тимски партнери, тренерскиот персонал и клупскиот персонал за љубовта и довербата што ми ја покажа. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Борусија кои не поддржуваа на секој натпревар. Никогаш нема да го заборавам жолтиот фан штанд на Борусија, тоа е неверојатен поглед. Конечно, им се заблагодарувам на моето семејство и пријателите за нивната континуирана поддршка. Се надевам дека нашите патеки повторно ќе се вкрстат. Се гледаме наскоро, Борусија! – напиша Хакими на Твитер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hakimi-se-nadevam-deka-nashite-patishta-so-borusija-povtorno-kje-se-vkrstat/feed/ 0
Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ashraf-hakimi-kje-se-vrati-vo-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ashraf-hakimi-kje-se-vrati-vo-real-madrid/#respond Sat, 23 May 2020 07:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=349271

Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави агентот на играчот Алехандро Камано. Мароканецот моментно е на позајмица во Борусија (Дортмунд), но неговиот закуп истекува. Сè уште не е јасно каква ќе биде неговата иднина. Во Дортмунд тој е солиден стартер, додека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе мора да работи напорно за да го замени стартерот Дани Карвахал, а клубот на оваа позиција ги има и Начо Фернандез и Алваро Одриосола. Во последните неколку дена има извештаи дека Интер му дал понуда на играчот, но агентот негираше такво нешто: „Нема таква понуда. Ашраф ќе се врати во Реал Мадрид“. За 21-годишниот талент се заинтересирани и Тотенхем, Челси, Арсенал, Јувентус и Баерн (Минхен). Во Дортмунд, исто така, се надеваат дека ќе можат трајно да го задржат. – За мојот договор со Реал Мадрид? Мојот агент се занимава со ова и јас не сум многу запознаен со тоа што се случува – не знам колку години ми остануваат. Договорот е истиот што го потпишав во 2017 година, ништо не се смени, рече Хакими. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ashraf-hakimi-kje-se-vrati-vo-real-madrid/feed/ 0