асим муса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Nov 2019 17:05:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png асим муса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Oставката на Асим Муса се уште не стигнала во Собрание, тој и натаму оди на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-asim-musa-se-ushte-ne-stignala-vo-sobranie-toj-i-natamu-odi-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-asim-musa-se-ushte-ne-stignala-vo-sobranie-toj-i-natamu-odi-na-rabota/#respond Tue, 05 Nov 2019 17:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=260528

Три недели откако поднесе оставка од позицијата заменик министер за здравство, Асим Муса продолжува да се појавува на своето работно место. Причина за тоа е фактот дека Владата се уште не ја доставила до Собранието одлуката за негова оставка, за потоа Собранието тоа и да го констатира. „Сите потребни процедури ќе се почитуваат, Владата се очекува наскоро до Собрание да достави и предлог за именување на нов заменик министер и веруваме дека Собранието на пленарна седница во текот на месецот ќе го разреши актуелниот во оставка и ќе именува нов заменик министер во Министерството за здравство“, изјави Мухамед Хоџа – портпарол на Владата на РСМ. Муса присуствуваше на изборното собрание на ДУИ во Струга. Како што дознава Алсат, токму од таму доаѓа и новиот кандидат што ќе го наследи. Станува збор за лекарот Арменд Арслани. Неофицијално, тој ќе биде предложен и изгласан на 12 ноември. Од друга страна, Основното Јавно Обвинителство на Струга продолжува со истрагата во врска со видео снимките објавени во Албанија каде се гледа како Муса зема мито од 50 евра од пациент кој сака да биде опериран. Обвинителството побарало од Република Албанија да го обезбеди оригиналното видео и да се утврди кој го снимал и кој го објавил. ИЗВОР: АЛСАТМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-asim-musa-se-ushte-ne-stignala-vo-sobranie-toj-i-natamu-odi-na-rabota/feed/ 0
Која е разликата? Муса си поднесе оставка, Заев е премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koja-e-razlikata-musa-si-podnese-ostavka-zaev-e-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koja-e-razlikata-musa-si-podnese-ostavka-zaev-e-premier/#respond Tue, 15 Oct 2019 11:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=251913

Асим Муса заменик-министерот за здравство бил вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело, а тој денеска си поднесе оставка. Муса рече дека е убеден во својата правда, кога ја извести јавноста дека се повлекува од функцијата. -Со чест и посветеност сум ја вршел својата функција, мојот искрен обид да им помогнам се претвори во стапица. Ги информирам дека тие се странски државјани, треба да платат приватно и им кажувам колку треба да платат. Секој пациент и соработник знаел дека ова е стапица што сака да ми наштети. Нема да дозволам мојот интегритет да биде нарушен преку ваква стапица преку бомбастични и нереални наслови – рече Муса. Но уште еден голем скандал ја тресеше македонската јавност изминатите години откако се појави снимка со сегашниот премиер, а поранешен градоначалник на Општина Струмица Зоран Заев, а беше отворен и случај од обвинителството именуван како „Поткуп“. На Јутјуб се појави видео објавено од непознат корисник на кое се слуша разговор меѓу градоначалникот на Струмица Зоран Заев и еден локален бизнисмен. На видеото се слуша како наводно Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината. Подоцна премиерот Зоран Заев беше ослободен од обвинение за случајот „Поткуп“, а тој не понесе никаква одговорност. Неодамна уште една афера ја тресеше Македонија, откако премиерот Заев во телефонски разговор со руски пранкери мислејќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко рече дека би дал пари во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА. Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА. Скандалозниот дел може да се слушне во 46 минута, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев “јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”. На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно “во ред е ќе го направиме тоа во кеш”. „Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј. „Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден услoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ. На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koja-e-razlikata-musa-si-podnese-ostavka-zaev-e-premier/feed/ 0
Обвинителството го истражува митото на заменик министерот Муса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-istrazuva-mitoto-na-zamenik-ministerot-musa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-istrazuva-mitoto-na-zamenik-ministerot-musa/#respond Tue, 15 Oct 2019 10:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=251896

Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот, и во рамки на предистрагата со меѓунардона помош ќе се бараат оригиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра, а од прес службата на обвинителството рекоа дека ќе биде земен и исказ од заминик министерот. На албанската телевизија Топ ченел беше објавена снимка на која се гледа заменик министерот Асим Муса како добива 50 евра, како што објавија новинарите, за да организира операција на пациент од Албанија (новинар со прикриен идентитет). Муса денеска се повлече од функцијата и рече дека станува збор за стапица и медиумско дивеење со бомбастични наслови и дека не се точни наводите на прилогот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-istrazuva-mitoto-na-zamenik-ministerot-musa/feed/ 0
По скандалот за мито, заменик-министерот за здравство Муса си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skandalot-za-mito-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-musa-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skandalot-za-mito-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-musa-si-podnese-ostavka/#respond Tue, 15 Oct 2019 09:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=251872

По скандалот за мито заменик-министерот за здравство, Асим Муса, си поднесе оставка. Тој не сакаше да одговори на новинарските прашања и си замина од прес – салата на Владата. Муса рече дека е убеден во својата правда, кога ја извести јавноста дека се повлекува од функцијата. -Со чест и посветеност сум ја вршел својата функција, мојот искрен обид да им помогнам се претвори во стапица. Ги информирам дека тие се странски државјани, треба да платат приватно и им кажувам колку треба да платат. Секој пациент и соработник знаел дека ова е стапица што сака да ми наштети. Нема да дозволам мојот интегритет да биде нарушен преку ваква стапица преку бомбастични и нереални наслови – рече Муса. Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skandalot-za-mito-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-musa-si-podnese-ostavka/feed/ 0
ФАТЕН НА ДЕЛО: Заменик министерот за здравство Асим Муса однапред зема 50 евра од побараните 1.000 за извршување на операција (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faten-na-delo-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-asim-musa-odnapred-zema-50-evra-od-pobaranite-1-000-za-izvrshuvanje-na-operacija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faten-na-delo-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-asim-musa-odnapred-zema-50-evra-od-pobaranite-1-000-za-izvrshuvanje-na-operacija-video/#respond Mon, 14 Oct 2019 19:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=251662

Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше вечерва во 20:10 часот на Top Channel. Имено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга. За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faten-na-delo-zamenik-ministerot-za-zdravstvo-asim-musa-odnapred-zema-50-evra-od-pobaranite-1-000-za-izvrshuvanje-na-operacija-video/feed/ 0