асистенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 14:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png асистенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со општинска поддршка сертифицирани 10 асистенти за лица со попреченост https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/#respond Tue, 16 May 2023 14:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=834881

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес им ги додели сертификатите на десетте лица кои изминатите три месеци посетуваа обука за лични асистенти на лицата со попреченост. Обуката се реализираше во соработка со општинската организација на Црвен крст Битола, а согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола, за оваа намена, беа издвоени 200.000 денари од општинскиот буџет. Со завршувањето на обуката, сертифицираните лични асистенти, се обучени за поддршка на лицата со попреченост и можат работно да бидат ангажирани. Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на лицата кои ја завршија обуката им посака успешен работен ангажман, исполнет со одговорност, хуманост и посветеност во работењето. Согласно измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на корисници на услугите за лична асистнција, а Општина Битола, со реализацијата на овој проект, за добробит на граѓаните, настојува да обезбеди доволен број лица кои ќе бидат оспособени за работа како лични асистенти кои ќе овозможат помош во секојдневното живеење на лицата со физичка попреченост или слепите лица. Минатата година, со овој проект беа обучени 24 лица, а дел од нив веќе се работно ангажирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/feed/ 0
Општина Карпош во врска со асистентите на децата со посебни потреби : Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/#respond Wed, 20 Mar 2019 14:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=176780

Општина Карпош во врска со нашата претходна вест која можете да ја прочитате ТУКА, објави и писмена реакција која ја пренесуваме во целост. Писмена реакција на Општина Карпош на текстот на порталот Курир „СКАНДАЛ: Асистентите на децата со посебни потреби на Општина Карпош од јануари до денес добиле едвај 3 илјади денари“ -Во насока на вистинито и објективно информирање на јавноста, сакаме да укажеме дека со насловот на статијата се  добива впечаток дека Општина Карпош не ги исплатила средствата на личните асистенти за децата со посебни потреби, што е  недобронамерна алузија и дезинформација. Она што е вистина е дека, сепак, овие средства воопшто не се обезбедуваат од Буџетот на Карпош, туку станува збор за трилатерална соработка и договор меѓу UNDP, Министерството за труд и социјална политика и општините. Средствата за овој проект кој се спроведува додека трае учебната година, во кои спаѓа и исплатата на надоместокот за асистентите, целосно ги обезбедува UNDP. Службите за образование при Општина Карпош постојано се во комуникација со личните асистенти и целосно им е образложена ситуација. Штом финансиските средства бидат трансферирани од страна на UNDP, истите веднаш ќе бидат префрлени до асистентите. Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини каде што се спроведува овој проект, и оттаму крајно тенденциозно е издвојувањето на Карпош од сите останати општини каде што има ангажирано вакви асистенти. Бараме овие информации и појаснувања да бидат објавени. Благодариме на соработката, стои во писмената реакција од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/feed/ 0
СКАНДАЛ: Асистентите на децата со посебни потреби на општина Карпош од јануари до денес добиле едвај 3 илјади денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-na-opshtina-karposh-od-januari-do-denes-dobile-edvaj-3-iljadi-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-na-opshtina-karposh-od-januari-do-denes-dobile-edvaj-3-iljadi-denari/#respond Wed, 20 Mar 2019 09:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=176663

Програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, обезбеди средства за ангажирање на 106 образовни асистенти и 34 лични асистенти за деца кои посетуваат настава, со што е зајакната и поддршката на децата со попреченост во образовниот процес. Вака гласи дел од проектот кој што е објавен на страната на Министерството за труд и социјална политика. Точно така обезбедени се лични и образовни асистенти. Но што со нив? Имате слушнато дека проектот се одвива во најдобар ред, дека оние кои што се вклучени како лични или пак образовни асистенти се луѓе со голема душа што сакаaт да помогнат на оние на  кои  им е најпотребна нашата помош. Да ја работи оваа работа не може секој. -Ние секојдневно се справуваме со нови предизвици, не знаеме дали денес нашиот корисник ќе има епилептичен напад, агресија, анксиозен напад итн. Секој ден за нас претставува нов предизвик, нова приказна. Работиме со прекрасни личности, се поврзавме секој на посебен начин со нив, најдовме заеднички јазик. Секој нов ден е нова приказна за нас, за нивните родители, за самите деца. Се трудиме, даваме се од себе да гледаме како тие се движат во нагорна линија, како напредуваат, но не секогаш е така.  Некогаш сме полни со разочарување. Зошто? Денес е 20 Март, плата нема за личните и образовни асистенти. Плата за Февруари.  Неколку пати некој од нас се обратија до општините, до UNDP но конкретен одговор нема, ова за КУРИР го потврдија дел од вработените асистенти низ училиштата во Карпош. Oбразовните асистенти се незадоволни  и се чувствуваат изманипулирани од Надлежните институции како причина за револт и незадоволство  се наведени следните точки: -Ветуван им е договор за вработување од лани но за жал се уште немаат, работат  10 месеци има прекин за време на летниот распуст па потоа имаат нов договор, -Доцнење на плата,  која лани изнесуваше 5.000 денари. -Немаат здравствено и пензиско осигурување, -Не им тече стаж, -Немаат трошоци за храна и превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-na-opshtina-karposh-od-januari-do-denes-dobile-edvaj-3-iljadi-denari/feed/ 0