асном – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 13:16:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png асном – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-detskiot-likoven-kamp-asnom-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-detskiot-likoven-kamp-asnom-vo-kumanovo/#respond Thu, 29 Jun 2023 13:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=850891

Заврши годинешниот детски ликовен камп „АСНОМ“ што го организира Фондацијата за култура и општина Куманово. На 13-тиот детски камп учествуваа учениците од сите основни училишта, гости-средношколци и корисници на центарот „Порака Наша“. Организаторите се задоволни од интересот. Кампот траеше четири дена, а младите уметници се обучуваа за различни ликовни техники. - Поради тоа што неретко сме ограничени со средства за реализација на овој настан одлучивме да се пријават по двајца талентирани ученици од секое основно училиште. Забележуваме дека учесниците на детскиот ликовен камп во изминатите 13 години колку што постои, многумина од нив продолжуваат да се дообразуваат во областа на уметноста, односно конкретно ликовна уметност, изјави директорот на фондацијата, Марио Арангеловски. Учениците работеа во повеќе техники, се едуцираа за нови форми на изразување. Општината и наредните години ќе издвојува средства за детскиот камп. - Добра работа на овие колонии е дружбата на децата, споделување на идеја, унапредување на нивните уметнички способности, дружбата на менторите кои споделуваат многу работи како може да се унапреди оваа колонија, изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска. Елена Спасовска Радошевиќ, ментор по ликовно образование појасни дека учениците твореле во три ликовни подрачја, графика, сликање и скулптура, оригами, акрил на платно, графика. Ученичката, Евгенија Атанасовска од „Браќа Миладиновци“ веќе втора година учествува на кампот и е задоволна од учеството. За неа е важно што веќе работи во техники кои ги совладала. Учениците велат дека ова е одлична можност да се едуцираат, дел од нив веќе се определиле дека ќе продолжат со образованието во овој правец. Уметничките дела создадени на ликовниот камп во Пелинце ќе бидат презентирани на изложба и собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-detskiot-likoven-kamp-asnom-vo-kumanovo/feed/ 0
ГИ ОДБЕЛЕЖУВАМЕ ДВАТА ИЛИНДЕНА Во чест на востаниците и на делегатите од АСНОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-odbelezuvame-dvata-ilindena-vo-chest-na-vostanicite-i-na-delegatite-od-asnom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-odbelezuvame-dvata-ilindena-vo-chest-na-vostanicite-i-na-delegatite-od-asnom/#respond Tue, 02 Aug 2022 07:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=712889

Во Македонија традиционално на 2 август се празнува почетокот на Илинденското востание, како и одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Во 1903 година започнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, и тоа е еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се воделе битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Мариовско. Востаниците успеале да го ослободат градот Крушево и таму да прогласат република. Во 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ бил конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија. Со повеќе пригодни свечености, денеска во Македонија се празнуваат и двата празника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-odbelezuvame-dvata-ilindena-vo-chest-na-vostanicite-i-na-delegatite-od-asnom/feed/ 0
Водоснабдувањето на „АСНОМ“ е нормализирано https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodosnabduvanjeto-na-asnom-e-normalizirano/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodosnabduvanjeto-na-asnom-e-normalizirano/#respond Thu, 19 May 2022 13:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=679065

Уличниот дефект од Ф-100 мм на Булевар “АСНОМ“ бр.84 во населба Аеродром е саниран. Водоснабдувањето е нормализирано во 15:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vodosnabduvanjeto-na-asnom-e-normalizirano/feed/ 0
Арсовска: За четири месеци решивме три пати повеќе предмети за АСНОМ отколку претходното раководство во три години https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-reshivme-tri-pati-povekje-predmeti-za-asnom-otkolku-prethodnoto-rakovodstvo-vo-tri-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-reshivme-tri-pati-povekje-predmeti-za-asnom-otkolku-prethodnoto-rakovodstvo-vo-tri-godini/#respond Fri, 01 Apr 2022 20:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=657190

За само четири месеци успеавме да решиме скоро три пати повеќе предмети за АСНОМ, отколку претходното раководство за три години. Со разговор со граѓаните на терен, без наметнување, со тоа што тие самите ќе бидат согласни и знаат што е во нивен интерес. Само за АСНОМ има над 270 севкупни предмети. Само триесетина биле решени за три години, а сега во четири месеци се решени над 80 предмети, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Дебата на телевизија Шења истакна дека се што е во интерес на граѓаните ќе продолжи да се спроведува, а Град Скопје активно работи на решавање на спорните предмети, каде се туркале проекти без притоа граѓаните да бидат соодветно обештетени. - Проблемот е во тоа што претходно некој непосредно пред избори или сред избори отпочнувал постапки за што и самиот бил свесен дека ги доведува во ситуација да бидат заглавени. За мене како човек, а сега и како градоначалник е недозволиво на некого да му ја срушите куќата, без притоа да имате соодветен договор и обештетување за тие граѓани. Законот за експропријација постои за да биде заштитен јавниот интерес, но без да бидат обештетени луѓето да се тераат процеси, не е хумано., изјави Арсовска. Таа додаде дека Град Скопје работи на исправки на проектите истите да бидат реални и остварливи за доброто на граѓаните, истакнувајќи дека сегашните активности се само доказ дека нешто може да се направи за кратко време само доколку се работи посветено во интерес на градот и граѓаните.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-reshivme-tri-pati-povekje-predmeti-za-asnom-otkolku-prethodnoto-rakovodstvo-vo-tri-godini/feed/ 0
Арсовска: Шилегов го почнал мостот на булевар АСНОМ без визија како ќе го реализира, има нерешени над 150 имотноправни односи, мостот ќе се доврши, но прво да се решат истите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-shilegov-go-pochnal-mostot-na-bulevar-asnom-bez-vizija-kako-kje-go-realizira-ima-neresheni-nad-150-imotnopravni-odnosi-mostot-kje-se-dovrshi-no-prvo-da-se-reshat-istite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-shilegov-go-pochnal-mostot-na-bulevar-asnom-bez-vizija-kako-kje-go-realizira-ima-neresheni-nad-150-imotnopravni-odnosi-mostot-kje-se-dovrshi-no-prvo-da-se-reshat-istite/#respond Wed, 22 Dec 2021 14:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=611718

Шилегов почнал да го гради мостот на булевар АСНОМ без никаква визија и план кога тој ќе заврши и како ќе се поврзат двете страни затоа што постојат нерешени над 150 имотноправни односи, информираше градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на новинарски прашања по денешната конститутивна седница на ЗЕЛС на која беше избрана за претседателка. - Што се однесува до мостот моето објаснување беше јасно и концизно, некој почнал да гради мост без да има решено над 150 имотноправни прашања од кои голем дел се влезено во спорни побарувања измеѓу физички и правни лица кои немаат врска со градот, односно нешто кое граѓаните прво треба меѓу себе да го разрешат па да се пристапи кон експропријација, рече Арсовска. Таа посочи дека проектот ќе се реализира, но за динамиката не може да се гарантира затоа што Шилегов почнал проект кои не знаел како ќе го реализира. - Мостот ќе се доврши, но во оваа фаза треба да се потрудиме да се решат овие имотноправни спорови кои во овој момент ги има на лице место, за тој да биде поврзан. Не е проблем изградбата, тој ќе биде изграден. Поврзувањето од двете страни е нешто кое што има повеќе имотноправни спорови. Треба да се знае дека некој го почнал без да има јасна цел и визија и да знае за колку време ќе биде реализирано, потенцираше Арсовска:]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-shilegov-go-pochnal-mostot-na-bulevar-asnom-bez-vizija-kako-kje-go-realizira-ima-neresheni-nad-150-imotnopravni-odnosi-mostot-kje-se-dovrshi-no-prvo-da-se-reshat-istite/feed/ 0
Во пресрет на Илинден: Погледнете ги „Записите од АСНОМ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/#respond Fri, 30 Jul 2021 08:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=543882

Во пресрет на големиот државен празник Илинден, Музеј на Македонија го претставува каталогот ,,Записи од АСНОМ”, од истоимената изложба од 2020 година, автор Боро Бунтески. Првото заседание на АСНОМ е одржано во манастирот „Прохор Пчињски" на 2 август 1944 година. АСНОМ е формирано како највисоко законодавно и извршно тело кое носело одлуки за конституирањето и развојот на македонската држава. Правото на македонскиот народ на самоопределување, остварено во текот на Втората светска војна, заедно со силите на антифашистичката коалиција е потврдено на Првото заседание на АСНОМ што претставува историски факт. Слободно Скопје е местото на одржување на Второто заседание на АСНОМ (28 – 31.12. 1944 год.), на кое се донесени значајни решенија за изградбата на новата народна власт, за организирана работа на народноослободителните одбори на федералната македонска држава, за кооптирање членови на АСНОМ, за основање на суд за судење на престапите против македонското национална чест, за одобрување на работата на Президиумот меѓу двете заседанија. На Третото заседание на АСНОМ (14 -16.4.1945 год.), донесени се одлуки со кои формално се воспоставува уставно-правна основа, на која ќе се заснова идната македонска држава. Одлуките на АСНОМ донесоа нова епоха во културниот развој на новоформираната македонска држава. Каталогот можете да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/feed/ 0
Мицкоски: Постапката на Владата на Заев за бришење на термините Македонија и АСНОМ е срамна и фашизоидна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-postapkata-na-vladata-na-zaev-za-brishenje-na-terminite-makedonija-i-asnom-e-sramna-i-fashizoidna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-postapkata-na-vladata-na-zaev-za-brishenje-na-terminite-makedonija-i-asnom-e-sramna-i-fashizoidna/#respond Sat, 13 Feb 2021 13:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=468262

Во денешната изјава за медиумите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали за него е прифатлива забраната на терминот Македонија и АСНОМ од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ, истакна дека таквата постапка на власта е фашизоидна и срамна, истата претставува понижување на македонскиот народ и граѓаните во Македонија, како и дека земјава со ваква власт служи за потсмев. „Го напишав јас тоа во еден мој статус на социјалните медиуми. Знаевме дека цензурираат, знаевме дека опструираат, но не знаевме дека се фашизоидни, но треба да не го потценуваат народот и не треба да потценуваат тоа што следи, а следи пораз, дебакл и одговорност за овие луѓе. Така што јас кога би бил на нивно место би бил сериозно загрижен за постапките кои што ги прават по диктат на Зоран Заев, така што тоа што го прави Зоран Заев преку Бојан Маричиќ навистина преставува еден дебакл на отворена сцена, понижување на македонскиот народ на граѓаните во Македонија без разлика на нивната различна етничка припадност и понижување и омаловажување на самата Македонија како држава. Служиме за потсмев “ – истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-postapkata-na-vladata-na-zaev-za-brishenje-na-terminite-makedonija-i-asnom-e-sramna-i-fashizoidna/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/#respond Sun, 03 Jan 2021 09:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=451497

Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев. Од партијата додаваат дека со Заев иднина е невозможна, исто како и ЕУ. -Се што направи Заев е уништување, на она што со векови и децении е градено. Заев успеа за 4 години да ја урниса државата. Нема владеење на правото, има криминал и корупција. Нема квалитетно образование, имаме студентски кои прокиснуваат. Нема бесплатно здравство, имаме пациенти кои примаат терапија во иста просторија со починати лица, се наведува во партиското соопштение. Од паријата велат дека Заев да имал малку лице ќе си поднесел оставка уште кога добивме вето за отпочнување на преговорите со ЕУ. -Со ветото за ЕУ пропаднаа сите ветувања на Заев, тој тврдеше дека се решени сите прашања со соседите, а сега гледаме нови ултиматуми, но и дека ќе влеземе во ЕУ, а сега гледаме дека сме подалеку од ЕУ од кога било. Во ЕУ не се оди со скапи мотори, додека народот нема леб да јаде, додека секој 4 Македонец е на раб на сиромаштија, додека државата има долг од над 60% од БДП, додека имаме неодговорност за криминал и корупција, во случаи каде постои сомнение за вмешаност на врвот на власта. Со Заев ЕУ е невозможна мисија. Со Заев нема иднина, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-imotniot-list-na-drzavata-e-asnom-i-referendumot-od-1991-godina-a-zaev-e-shrederot-koj-go-kine-parche-po-parche-imotniot-list/feed/ 0
Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/#respond Sun, 02 Aug 2020 06:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=384978

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска ќе се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје. На чествувањето во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а на чествувањето во Скопје кое ќе биде на Скопската тврдина, ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски. Одбележувањето на Илинден во Крушево на Мечкин Камен е под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Дел од официјалната програма и годинава се содржините од Смилево со кои се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Свеченоста на тврдината Кале во Скопје ќе почне со положување цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на државната химна. Претседателот на Владата Спасовски ќе се обрати на настанот и ќе ја предводи владината делегација во која ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска. На свеченоста на Кале ќе претходи положување цвеќе и на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, каде што владината делегација ќе ја предводи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во придружба на министерот без ресор Музафер Бајрам и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што ќе се обрати претседателот Пендаровски, делегацијата на Владата ќе ја предводи вицепремиерката Мила Царовска, заедно со министрите за земјоделство и за информатичко општество, Трајан Димковски и Дамјан Манчевски, и министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во Крушево, пак, каде што настаните ќе се одбележат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегација ќе ја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. За настаните во Смилево, според најавата, владината делегација е составена од министрите без ресор Едмонд Адеми и Елвир Хасан и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. На спомен-обележјата цвеќе ќе положуват и делегации од други државни институции, од Армијата и Сојузот на борците, претставници на политички партии, здруженија, установи и организации. Оваа година чествувањата се според протоколи и во услови на пандемијата со КОВИД-19. Содржините на програмите се сведени на минимум, само со положување венци цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и народните собири на отворено, како и без групирања во угостителски објекти. Во програмите нема да учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри, а делегациите ќе положуваат цвеќе според протоколи за растојание – просторно од два метра и временско од две минути. Просторот каде што ќе се одржуваат настаните ќе биде заграден и со столчиња поставени на два метра растојание за да ја има потребната дистанца меѓу посетителите. Нивниот број ќе биде ограничен најмногу до 50 проценти од капацитетот на оградениот простор. Ќе има јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, а редарска служба ќе го контролира спроведувањето на мерките и ќе спречува неовластено влегување во просторот. Сите учесници и посетители на настаните, гости, членови на тимовите задолжени за организација, како и гардистите, задолжително треба да носат заштитни маски. Дозери за дезинфекција на рацете ќе има при влез и излез и на неколку места во оградениот простор. Забрането ќе биде служење и поставување штандови со храна и пијалаци, а служење вода ќе биде дозволено само ако е оригинално спакувана. Во зависност од бројот на учесници на настанот, протоколите предвидуваат и мобилни хемиски тоалети, како и медицински екипи со санитетско возило. Целата програма на одбележувањето на празникот од Пелинце, Крушево и од Скопје од 10 часот ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија. Чествувањето на 117-годишнината од Илинденското востание, на Гумење во Крушево почна вчера со импровизираниот напад на градот и испукување од крушевското топче и со свечено кревање на знамето на Крушевската република. Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/feed/ 0
Охрид ги чествува двата Илиндена https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-gi-chestvuva-dvata-ilindena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-gi-chestvuva-dvata-ilindena/#respond Fri, 02 Aug 2019 08:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=225681

Охрид синоќа го почна чествувањето на 116-годишнината од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Во Велгошти беше положено цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците и пригодна културно-уметничка програма, а утрово ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Илинденците во градскиот парк во Охрид. Во 11 часот во село Плаќе предвидено е одржување историски час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-gi-chestvuva-dvata-ilindena/feed/ 0