АСО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 09:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АСО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСО: Над 278.000 граѓани го осигурале животот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-278-000-gragjani-go-osigurale-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-278-000-gragjani-go-osigurale-zivotot/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=758994

Бројот на граѓани кои го осигурале својот живот според најновите податоци надмина 15 отсто од целото население, согласно со податоците од последниот попис спроведен лани. Од сите осигуреници 82 отсто имаат полиси со кои е осигурана смртта, но средствата не се враќаат на осигуреникот доколку ризикот не се случи. Другите 18 отсто вложуваат во осигурување живот со штедна компонента кое овозможува да ги добијат парите со одредена добивка по истекот на договорот за осигурување живот Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување во првите шест месеци годинава надминаа 1 милијарда денари (17,3 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од истиот период претходната година. Од почетокот на годинава па до крајот на јуни склучени се над 34.000 договори за осигурување што е за 24,5 отсто повеќе во однос на претходната година, а полиси за осигурување живот имаат повеќе од 278.000 граѓани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Од вкупниот број полиси дури 229.000 се за таканаречено ризико осигурување. Кај овој тип осигурување во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија. Бројот на граѓани кои имаат ризико осигурување пораснал за нешто повеќе од 29.000 во првите шест месеци годинава. Од сите договори за осигурување живот над 45.000 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во овој тип на осигурување има над 11.600 полиси. Петте компании за осигурување живот во првите шест месеци годинава исплатиле вкупно 345 милиони денари (5,6 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на ризик смрт. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-278-000-gragjani-go-osigurale-zivotot/feed/ 0
АСО организираше обука со која активно се приклучи во одбележување на европскиот месец за сајбер безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/#respond Mon, 31 Oct 2022 08:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=752977

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) активно се вклучи во одбележувањето на месецот на сајбер безбедноста, организирајки обука за подигнување на свеста на своите вработени за оваа актуелна тема од дигиталната сфера. European Union Agency for cybersecurity (ENISA) го прогласи октомври за месец на сајбер безбедност. Секоја година во октомври, ширум Европа и светот, се организираат голем број на настани од различен вид, со цел да се подигне нивото на сајбер безбедноста. Дводневната обука ја спроведе компанијата „Сигмоид“, која работи на полето на информациската безбедност за домашни и странски клиенти. Вработените на интерактивен начин се запознаа со основните поими на сајбер безбедноста, научија како да препознаат одредени напади и што да направат во таков случај, како да учествуваат во управувањето со информациската безбедност итн. Воедно, на обуката беа презентирани и активностите на АСО кон осигурителната индустрија. Имено, веќе втора година друштвата од осигурителната индустрија организираат и спроведуваат обуки за своите вработени за сајбер безбедност, почитувајки ги одредбите од Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурување. Повратните информации до АСО покажуваат дека овие обуки дале позитивен резултат и дека вработените во осигурителната индустрија имаат подобра перцепција за улогата и значењето на сајбер безбедноста. АСО и во иднина ќе продолжи со активности за подобрување на сајбер безбедноста како за вработените во регулаторното тело така и во компаниите претставници на осурителната индустрија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/feed/ 0
АСО: Од регионот на Неготино 30 лозари пријавиле штети од невремето во осигурителните компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-od-regionot-na-negotino-30-lozari-prijavile-shteti-od-nevremeto-vo-osiguritelnite-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-od-regionot-na-negotino-30-lozari-prijavile-shteti-od-nevremeto-vo-osiguritelnite-kompanii/#respond Thu, 01 Sep 2022 08:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=727066

Земјоделско осигурување имаат 180 лозари во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета од последното невреме со град кој оштети лозови насади. Од силното невреме штети врз имотот пријавиле и 19 осигуреници од таа општина. Вкупно 562 жители на Неготино имаат полиси за осигурување имот и тоа е само 3 отсто од сите жители на таа општина. Со овие 562 полиси се осигурани 7% од становите (домовите) во општина Неготино, соопштуваат од АСО.

 Триесет лозари од регионот на Неготино пријавиле штети до осигурителните компании по силното невреме со град што го зафати овој крај кон средината на август. Полиси за земјоделско осигурување имаат вкупно 180 осигуреници физички лица во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета врз своите лозови насади, покажуваат официјалните податоци кои Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) ги обезбеди од осигурителните компании.

Три осигурителни компании склучувале договори за земјоделско осигурување со земјоделци, најголем дел лозари, од општина Неготино. За овој период има вкупно 188 земјоделски осигурувања од кои 180 полиси на индивидуални земјоделци, а 8 договори за осигурување склучиле компании од овој крај кои се занимаваат со лозарство и земјоделство.

Истовремено повеќе од 50 лозари кои немаат земјоделско осигурување пријавиле штети до општинската управа со молба државата да им утврди и исплати надомест на дел од штетата што им ја нанело невремето. Оваа пракса, со која државата обештетува пост-фестум и долг период наназад ги демотивира земјоделците да ги осигуруваат своите посеви и плодови, наскоро ќе биде укината. Тоа го предвидува новиот закон што се подготвува со кој земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во уредувањето на процесите активно ќе учествува државата во соработка со сите компании за неживотно осигурување.

Штети врз осигуран имот, по силното невреме во Неготино, пријавиле вкупно 19 осигуреници од кои 18 се физички лица и една компанија. За овој период на територија на општина Неготино сите 11 компании за неживотно осигурување имале 734 полиси со кои осигурувале имот. Од нив 562 договори за осигурување имот се на физички лица, а 172 полиси имаат фирми и други правни субјекти со седиште во Неготино.

Споредбата на официјалните податоци од последниот попис на Државниот завод за статистика спроведен лани и бројот на активни полиси покажува дека само 3 отсто од жителите на Општина Неготино го осигурале својот имот.

Споредбата на бројот активни полиси за осигуран имот и бројот на станбени единици во општина Неготино, од последниот попис лани, покажува дека само 7 отсто од становите се осигурани.

Зошто е важно да се осигура имотот, што опфаќа и на што треба да се внимава?

Осигурувањето на имотот е важно бидејќи за мал износ на премија што го плаќа сопственикот на имот на осигурителната компанија добива полиса која го штити од голема загуба која би можела да настане на имотот предизвикана од ризик дефиниран во самата полиса.

Во спротивно, доколку имотот остане неосигурен, претрпените штети предизвикани од овие ризици можат да бидат големи и тешко надоместливи за сопственикот на имотот.

При склучување на полисата за осигурување, треба да внимаваме осигурената сума да биде соодветна на вредноста на имотот. Во случај ако настане штета, осигурителната компанија има обврска да исплати надомест во висина на претрпената штета.

Најчести ризици на кои се изложени земјоделците се временските непогоди, како град, мраз, суша, силен ветар, обилни количини на атмосферски врнежи и слично.

Имотот на домаќинствата и правните субјекти најчесто е изложен на ризици од пожари, поплави, земјотреси, удари од гром, луња (многу силен ветар) експлозии, кражби, излевања од водоводна, канализациска и топлинска мрежа и други можни оштетувања на имот.

Сите информации за осигурување имот се содржани во документот со назив Услови за осигурување имот кој секоја компанија за осигурување е должна да му го даде на секој осигуреник.

АСО особено препорачува сите осигуреници, пред да купат полиса за осигурување, со внимание да ги прочитаат Исклучоците од осигурувањето кои дефинираат кои ризици не се покриени и за нив не следува обештетување.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-od-regionot-na-negotino-30-lozari-prijavile-shteti-od-nevremeto-vo-osiguritelnite-kompanii/feed/ 0
АСО: Решени 31 процент повеќе претставки во корист на осигуреници, парични казни за две осигурителни компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/#respond Wed, 17 Aug 2022 08:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=719724

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, покажуваат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Оттаму денеска информираа дека добиле 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителните компании и брокерските друштва во првите шест месеци од годинава, а бројот на претставки по кои постапувале се зголемил за 65 проценти во споредба со истиот период лани. Врз основа на обработените претставки, утврдиле пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрекле и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилската одговорност и од осигурување имот. -Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. Во корист на осигуреници се решени четири претставки за осигуран имот, две претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, стои во соопштението. Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи, АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки. Според АСО, што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. Од оваа класа осигурување, АСО обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај. Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто. Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки. Најголем раст на поплаките се заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само четири такви претставки. Бројот на осигуреници- физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106. Во овој период, 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. Од Агенцијата потсетуваат дека не разледуваат анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/feed/ 0
АСО: Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/#respond Tue, 12 Jul 2022 08:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=703725

Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци од годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат животно осигурување надмина 281.000. Тоа е за 8 отсто повеќе осигурени лица во споредба со крајот на претходната година. Во првите три месеци во осигурување живот граѓаните вложија 494 милиони денари, односно осум милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Како што информираат од АСО, најбројни се вложувањата во таканареченото ризико – осигурување. Повеќе од 220.000 граѓани имаат ризико осигурување и тоа е за речиси 20.000 осигуреници повеќе во споредба со крајот на 2021 година. – Овој продукт вклучува осигурувањето на животот на осигуреникот и во случај на негова смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Кај овој вид осигурување доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија, појаснуваат од АСО. Осигурување живот со штедна компонента, на крајот на март годинава, како што велат, имаат 50.000 граѓани. Овој продукт овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена камата. -До крајот на март годинава околу 11.000 граѓани имаат животно осигурување популарно наречено „јунит линкд осигурување“. Кај оваа класа дел од парите уплатени за осигурување живот се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Токму заради тоа што вредноста на овие вложувања зависи од берзите ризикот од вложувањето во овој производ го превзема осигуреникот. Тоа значи дека на истекот на периодот на кој е склучен договорот за осигурување износот на парите што треба да ги добие осигуреникот ќе зависи од пазарните (т.е. берзанските) цени на уделите на инвестициските фондови во кои биле вложувани парите од животното осигурување, нагласуваат од АСО. Прецизираат дека од вкупните вложувања во животно осигурување во првите три месеци, 387 милиони денари (6,3 милиони евра) се вложувања во класичните осигурителни производи : ризико и осигурување со штедна компонента. Вложувањата во „јунит линкд“ осигурување за овој период достигнаа 107 милиони денари (1,7 милиони евра). – Петте компании за осигурување живот во првите три месеци годинава исплатиле вкупно 180 милиони денари (2,9 милиони евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на случена смрт. Минатата година беше рекордна од аспект на вкупните вложувања во осигурување живот кои надминаа 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра, порачуваат од АСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/feed/ 0
АСО: Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 30 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/#respond Thu, 09 Jun 2022 08:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=688705

Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија 978 милиони денари или 15,9 милиони евра за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена од годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници и тоа е 30 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Според податоците, вредноста на сите исплатените штети за неживотно осигурување во периодот јануари – март годинава е за 6 отсто повисока во однос на истиот период лани. -Најголемо учество во структурата на исплатените штети има најголемата осигурителна класа – задолжителната автомобилска одговорност (ЗАО) која е обрврзувачка со закон. Вредноста на исплатените штети за ЗАО изнесува 473 милиони денари, односно 7,7 милиони евра и тоа е 48 отсто од вредноста на сите штети платени во овој период. Во споредба со истиот период лани вредноста на исплатените штети е зголемена за 4 отсто, соопшти АСО. Најголем раст на вредноста на исплатените штети, се вели во соопштението, има кај приватното здравствено осигурување. -Осигурениците наплатија 84,5 милиони денари или 1,4 милиони евра трошоци за медицински прегледи и лекување за период од три месеци. Тоа е за 94 отсто (690.000 евра) повеќе од истиот квартал минатата година, велат од АСО и додаваат дека од почетокот на корона кризата пред две години ова е најбрзорастечки осигурителен производ. Значаен за истакнување, посочуваат, е растот и на исплатените штети кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурувањето имот. -До крај на март годинава се исплатени речиси 1.800 отштетни побарувања за осигуран имот во вредност од 116 милиони денари (1,9 милиони евра). Тоа се 17 отсто повеќе исплатени средства во однос на истиот период 2021 година, прецизираат од АСО. Нагласуваат дека патничкото осигурување има најголем релативен раст на вредноста на исплатени штети. -Очигледно дека укинувањето на ограничувањата предизвикани од здравствената пандемија охрабри повеќе осигуреници да патуваат надвор од земјава. Во првите три месеци друштвата за осигурување исплатија речиси 2,5 пати повеќе пари за штети покриени со патничко осигурување. Нивната вредност достигна 13,7 милиони денари или 223.000 евра, потенцираат од АСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/feed/ 0
АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/#respond Tue, 17 May 2022 08:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=677681

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата. Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник. -Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување. Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници. Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година. -Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО. За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници. -Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/feed/ 0
АСО: 308.000 евра отштета на осигурен имот, највисока исплатена во првите девет месеци од 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/#respond Thu, 30 Dec 2021 09:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=614822

Осигуреник наплатил 18,9 милиони денари (308.000 евра) штета за осигурен имот, што е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите девет месеци од годинава. Станува збор за осигурен имот на правно лице, а штетата е исплатена во третиот квартал годинава, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Во наведениот период, кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурување имот, исплатени се штети во вкупна вредност од 469,6 милиони денари (7,6 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизја на осигурување. Втората највредна исплатена штета е за одговорност од осигуран воздухоплов. За настаната штета од тоа осигурување се исплатени 14,3 милиони денари (232.000 евра). Во петте најголеми исплатени штети по една е за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, за зелена карта и за осигурување од финансиски загуби. По основ на задолжителна автомобилска одговорност осигурителна компанија, во овој период, исплатила 10,7 милиони денари (173.000 евра). За покривање финансиски загуби осигуреник од осигурително друштво наплатил 8,65 милиони денари (141.000 евра). За штета покриена со зелена карта осигурителна компанија на осигуреник му исплатила 6,2 милиони денари (100.000 евра). – Во првите девет месеци најголемата штета исплатена за осигурани стоки во превоз (карго) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра). Кај каско осигурување моторни возила по една штета биле исплатени 2,75 милиони денари (45.000 евра). Кај осигуран имот на физичко лице најголемиот износ за штета што го исплатила компанија за осигурување изнесува 2,9 милиони денари (48.000 евра), информира АСО. Во доброволната класа со најмногу активни договори – осигурување од незгода, во првите девет месеци највисоката исплатена штета изнесува 3,6 милиони денари (58.000 евра). Кај приватното здравствено осигурување најголемата исплатена штета за овој период изнесува 615.000 денари (10.000 евра), а кај патничкото осигурување 1,4 милиони денари (23.000 евра). –Осигуреници наплатија вкупно 2,89 милијарди денари (47 милиони евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 милиони евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани. Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети, што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година, наведува Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Таа е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/feed/ 0
АСО: Одземењето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема да влијае на стабилноста на осигурителниот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-odzemenjeto-na-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-nema-da-vlijae-na-stabilnosta-na-osiguritelniot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-odzemenjeto-na-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-nema-da-vlijae-na-stabilnosta-na-osiguritelniot-pazar/#respond Thu, 13 Aug 2020 08:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=390094

Осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу Еуростандард банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании, истакнаа од Агенцијата за супервизија на осигурување. Од АСО посочија дека според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1 отсто од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор. – Средствата кои осигурениците ги уплатиле по основ на премии во друштва за осигурување се вложени во инструменти и пласмани почитувајќи ги принципите на диверзификација и нивната вредност на 30.6.2020 година изнесува 14.742.452.987 денари. Во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се наоѓаат 4.691.078.198 денари што е околу 32 проценти од вкупната вредност на сите вложувања кои друштвата за осигурување ги направиле од средствата на осигурениците. Од овој износ, во Еуростандард банка на 30.6.2020 се наоѓаат пласмани на две друштва за осигурување во вкупен износ од 24.446.041 денари, што претставува 0,5 отсто од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки, додадоа од АСО. Од Агенцијата нагласија дека вкупната вредност на средствата со кои располагаат друштвата за осигурување, а се од други извори, односно капитал и останати обврски, изнесува 11.645.170.177 денари. Од нив, во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се 1.485.690.994 денари, или скоро 13 отсто. Од овој износ, 6.624.875 денари се вложени од страна на две друштва за осигурување во Еуростандард банка, што претставува 0,4 проценти од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки и парични средства на сметки во банки. Од АСО информираа дека во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување. – Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување, заклучија од Агенцијата за супервизија на осигурување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-odzemenjeto-na-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka-nema-da-vlijae-na-stabilnosta-na-osiguritelniot-pazar/feed/ 0