асоцијација на приредувачи на игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 09:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png асоцијација на приредувачи на игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Време е за демаскирање на „Антикоцкање“ од Тетово! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vreme-e-za-demaskiranje-na-antikockanje-od-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vreme-e-za-demaskiranje-na-antikockanje-od-tetovo/#respond Tue, 20 Sep 2022 09:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=735149

Периодичното појавување, служењето со закани и конструкции, дополнително ги потхрануваат сомневањата дека зад „Антикоцкање“ од Тетово се кријат политички и бизнис интереси. Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените ова таканаречено движење против коцкање продолжува со своето деструктивно однесување. Редно време е господата кои во името на „Антикоцкање“ ја прозиваат државата, партиите, приредувачите на игри на среќа, закуподавачите на објектите, па дури и играчите, конечно да одговорат чии интереси штитат и што е нивната крајна цел? Постојат редица прашања зошто негативната кампања на „Антикоцкање“ од Тетово се темели на многу манипулации. Додека дејноста игри на среќа обезбедува плати за 8 000 вработени, за 23 000 обезбедува егзистенција и индиректно подржува и помага 54 000 работни места, некој со умисла сака да и нанесе штета на државата и да предизвика огромна Буџетска штета. Дали целата нивна активност е всушност одработување во интерес на нечиј план и сценарио за нелегално заработка од игри на среќа кои би се организирале на црно, без никаков приход за државата? Дали зад негативната кампања се крие нов „Детонатор“, познатиот скандал од 2011, кога полицијата заплени околу 1 500 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници? Тоа ли е целта, да се затвори легален бизнис за да некој печали од диви играчници кои ќе работат на црно? Надлежните државни институции треба транспарентно да им ги предочат на граѓаните вистинските ефекти од забраната на игрите на среќа во соседството. Еве ги фактите. Албанија во 2019 ги забрани и затвори спортските обложувалници и казина, дозволувајќи само „on-line“ игри на среќа. Во септември 2020 година, нивната Влада се пишмани и дозволи повторно да се организираат игри на среќа, дури и да се отвораат објекти во најстрогиот центар на Тирана. Косово со 10 годишен мораториум забрани игри на среќа, но косовските граѓани се префрлија во соседството да се занимаваат со игри на среќа. Во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Овие податоци веројатно ги принудија грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа. Објаснувањето е едноставно, ниту една држава не сака нејзините граѓани да ги трошат своите пари во соседството. За веселата математика дека организаторите на игри на среќа наводно заработуваат 1 милијарда евра годишно. Еве ги фактите во кумулативен износ преку кои државниот Буџет годишно се полни со 280 милиони евра од игрите на среќа: приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20% директно се слеваат во централниот Буџет. Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. Како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње имаат обврска да платат 15% данок на истата. Плаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос (со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7), за 10 илјади вработени. Државниот буџет се полни и преку оданочување на закупнини на деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, со кои се подржуваат меѓу 54 до 100 илјади други работни места надвор од секторот игри на среќа. Конечно, приредувачите на игри на среќа плаќаат огромни суми на ДДВ, но се исклучени од правото да бараат поврат на истото. Кога ќе се сумираат приходи и расходи, за нив останува 10% од кои треба да ги покријат трошоците за инвестициите и да остварат заработка што е основна цел на секој бизнис. Односно, 1 милијарда профит од игри на среќа во Северна Македонија е нереално да се замисли, а камоли да се реализира! Единствено точно е дека „Антикоцкање“ од Тетово бара државата да се откаже од буџетски приходи од 280 милиони евра на годишно ниво, кои се обезбедуваат преку дејноста игри на среќа! Буџетските средства добиени по основ на игри на среќа се слеваат во јавното здравство и во буџетот на Агенцијата за млади и спорт, кои се трошат за поддршка, развивање и унапредување на општествената положба на младите, нивна едукација, креирање превентивни политики за сите девијантни појави, како и за вложувања и развој на индивидуалните и колективни спортови, поддршка на спортските клубови и национални спортски федерации. Конечно, како општествено одговорни компании, претставници на реномирани корпорации од ЕУ, никогаш не одбегнуваме дополнителна регулација на овој економски сектор. Нашите правни тимови уште пред 4 години доставија предлози до Собранието на Република Северна Македонија со цел да обезбедиме поквалитетно решение. Колумна на Горан Стоименов претставник на АПИС (Асоцијација на приредувачи на игри на среќа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vreme-e-za-demaskiranje-na-antikockanje-od-tetovo/feed/ 0
АПИС: Предложените законски измени на Законот за игри на среќа содржат дискриминаторски, противуставни одредби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-predlozenite-zakonski-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-srekja-sodrzat-diskriminatorski-protivustavni-odredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-predlozenite-zakonski-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-srekja-sodrzat-diskriminatorski-protivustavni-odredbi/#respond Fri, 02 Jul 2021 12:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=531037

Министерството за финансии остана глуво на нашите апели и ги достави измените на Законот за организирање игри на среќа во Собранието на Република Северна Македонија. Во услови на тешки економски последици од корона кризата со предложените измени се предвидува затворање на автомат клубовите и спортските обложувалници и отпуштање на речиси 10 илјади вработени. Државата ќе изгуби околу 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа. Се затвора 100% законски бизнис што ќе предизвика отворање на подрумски простории каде ќе се игра на црно, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Горан Стоименов, претставник на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија. -Денес, претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС и Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ се собравме спроти Собранието за да ги упатиме следните пораки до сите пратеници: Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ, кои индиректно помагаат меѓу 54 000 до 100 000 работни места во земјата и бараме да бидеме третирани од државата во која инвестираме со години на ист начин како и другите странски инвеститори. Не е точно дека малолетниците ќе бидат повеќе заштитени ако автомат клубовите се дистанцираат на 500 метри од образовните објекти. Ваквиот концепт е целосно промашен и претставува предизборен популизам. Малолетниците пешачејќи или превезувајќи се до училиштето каде посетуваат настава, повторно ќе мора да поминуваат покрај објектите каде се организираат игри на среќа. Тврдењата дека називите на фирмите и излозите на спортските обложувалници и автомат клубовите ги привлекуваат малолетниците и наводно така преку очите им се создава навика за игри на среќа, нема врска со реалноста. Тогаш, по истата логика и со истите аргументи, владата и собранието треба да ги дистанцираат сите кафулиња, кафеани и тобака за да малолетниците се заштитат од алкохол и цигари, вели Стоименов. Тој додава дека предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Бидејќи согласно постоечката урбанизација, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Затоа, дистанцата од 500 метри „де факто“ значи целосно затворање на оваа индустрија. -Клучното прашање е ако во цела ЕУ и западна цивилизација има организирани, легални игри на среќа, зошто Северна Македонија, која тежнее да стане членка на европското семејство, би била исклучок? Надлежните државни институции треба транспарентно да им ги предочат на граѓаните вистинските ефекти од забраната на игрите на среќа во соседството. Еве ги фактите. Албанија во 2019 ги забрани и затвори спортските обложувалници и казина, дозволувајќи само „on-line“ игри на среќа. Во септември 2020 година, нивната Влада се пишмани и дозволи повторно да се организираат игри на среќа, дури и да се отвораат објекти во најстрогиот центар на Тирана. Во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Меѓутоа со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција ќе бидат инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа, истакнуваат од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС). Тој додава дека погрешен е впечатокот дека ние генерално сме против измени на законот за организирање игри на среќа, туку сме против нелогични, погрешни и политички мотивирани измени. Постоечката регулатива во Северна Македони15ја е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во наша надлежност, што е исклучителна потврда дека ние сме врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваме законските норми. Одговорно тврдиме дека постојат повеќе опции заштитата на малолетниците да биде уште повеќе зајакната, а државата да ги остварува и понатаму постоечките буџетски приливи. -Апелираме до пратениците да не ги заведува еуфоријата од локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Бараме да се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет на која ќе ги соочиме аргументите. Предложените законски измени содржат дискриминаторски, противуставни одредби кои предвидуваат ретроактивно дејство за веќе завршена правно-финансиска работа. Ние ќе бидеме принудени да ја тужиме државата за надомест на штета што ќе предизвика многу сериозни финансиски импликации по буџетот, вели Стоименов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apis-predlozenite-zakonski-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-srekja-sodrzat-diskriminatorski-protivustavni-odredbi/feed/ 0