Асоцијација на спортски обложувалници на Македониј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Jun 2021 07:45:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Асоцијација на спортски обложувалници на Македониј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСОМ: Неработна недела за обложувалниците значи отпуштање на 30% од вработените и намелени приходи во буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-nerabotna-nedela-za-oblozuvalnicite-znachi-otpushtanje-na-30-od-vrabotenite-i-nameleni-prihodi-vo-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-nerabotna-nedela-za-oblozuvalnicite-znachi-otpushtanje-na-30-od-vrabotenite-i-nameleni-prihodi-vo-budzet/#respond Wed, 09 Jun 2021 07:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=520841

По вчерашната прес конференција во Владата во врска со предлог измените на Законот за работни односи со кои се предвидува денот недела да биде неработен ден за повеќе дејности и ден за неделен одмор на работниците, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на предлог измените на законот кој ги опфаќа и спортските обложувалници и упатува барање до ресорното министерство и Владата, обложувалниците да бидат изземени од овие законски измени. АСОМ се повикува на Член 83 од Законот за игрите на среќа и забавните игри кој ја регулира работата на спортските обложувалници, а кој предвидува: „Обложувалницата може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или со друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“. Согласно ова, измените на Законот за работни односи со кои денот недела се предвидува да биде неработен не можат да ги опфатат спортските обложувалници. Воедно, истакнуваат дека ниту во светската пракса не постојат примери каде игрите на среќа имааат ограничување на работното време или работни денови во неделата, што во најголема мера е детерминирано од спецификата на понудата и побарувачката. Од Асоцијацијата посочуваат дека, ако и покрај погоре споменатиот член, денот недела биде неработен ден и за спортските обложувалници, тоа директно ќе го загрози работниот процес на целата стопанска гранка и ќе предизвика негативни социјални и економски последици. - Работата на спортските обложувалници директно зависи од понудата на спортски натпревари. Најголем дел од спортските натпревари се играат за време на викендите, односно во недела. Воведувањето на денот недела како неработен ден значително ќе го ограничи и драстично ќе го намали пласманот за играчите во спортските обложувалници. Дополнително треба да се спомене дека играчите ги посетуваат спортските обложувалници во слободно време, односно најмногу во текот на викендите и недела, а не додека се на работа,  истакнуваат од АСОМ. Одлуката недела да биде неработен ден вработените во спортските обложувалници сериозно ќе го загрози деловното работење бидејќи повеќе од 70% од прометот се реализира во недела. Тоа директно ќе влијае врз финансиското работење, ќе доведе до драстично намалување на приходите, како и намалување на бројот на вработени. - Еден голем дел од вработените во спортските обложувалници би можеле да ја загубат работата, бидејќи покривањето на еден дополнителен ден, денот недела, значи поголем број на вработени кои конкретно се една третина од сите вработени во спортските обложувалници. Вработените во спортските обложувалници работат 40 часа неделно, имаат слободен ден, платени им се сите прекувремени работни часови, ноќна работа и работа за празници, согласно законски пропишаното, велат од Асоцијацијата. Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. На годишно ниво, во државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа се слеваат повеќе од 250 милиони евра, по основ на директни приходи и индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвојуваат над 30 милиони евра. Сите директно вработени во целата индустрија на игрите на среќа, кои ги има повеќе од 8.000, одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува над 54.000 работни места. Индустријата воглавно вработува студенти и дипломци кои претставуваат околку 15 % од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување на млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа гранка континуирано имаат отоврено огласи за работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-nerabotna-nedela-za-oblozuvalnicite-znachi-otpushtanje-na-30-od-vrabotenite-i-nameleni-prihodi-vo-budzet/feed/ 0
АСОМ: Повеќе од 250 коментари на ЕНЕР ги потврдуваат негативните последици од измените на Законот за игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-povekje-od-250-komentari-na-ener-gi-potvrduvaat-negativnite-posledici-od-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-povekje-od-250-komentari-na-ener-gi-potvrduvaat-negativnite-posledici-od-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/#respond Tue, 20 Apr 2021 09:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=499713

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека вчера, 19 април, истече рокот за поднесување коментари и забелешки на предлог измените на Законот за игрите на среќа поставени на ЕНЕР. Во периодот предвиден за коментирање на законските измени, доставени се повеќе од 250 коментари од страна на асоцијацијата, поединечни правни субјекти-приредувачи на игри на среќа, стопански комори, деловни партнери и соработници на приредувачите на игрите среќа, но и вработени во оваа стопанска гранка, граѓани и други каде децидно се изразува загриженост од можноста законските измени да бидат имплементирани. „Ние секојдневно ги следевме коментарите кои се поднесуваат на ЕНЕР. Евидентна е загриженоста на сите засегнати страни ако се усвојат законските измени кои се предлагаат, со што практично би се довел во прашање опстанокот на целата гранка. Поконкретно, речиси сите страни стравуваат дека доколку се усвои предложената дистанца од 500 метри од образовните институции, приредувачите на игри на среќа ќе ги затворат сите свои деловни објекти, а тоа како домино ефект ќе се прелее на погоре-споменатите засегнати страни кои ќе се соочат со сериозни последици од неработењето на нашиот сектор.“ – истакнуваат од АСОМ. Во најголем дел од своите коментари, вработените покажуваат стравување дека ќе останат без работа и огромна загриженост за својата егзистенција во услови на економска криза и зголемена невработеност со која се соочува државата. Наведуваат дека се задоволни од своите работодавачи, кои и во услови на ваква економска криза не отпуштиле ниту еден вработен. „Сите придонеси ми се платени, примам редовна плата како и надомест за работа за празници, а тоа во ова време е реткост и сметам дека тоа државата треба да го цени. Сметам дека со затварањето на локалите најмногу би претрпеле вработените кои би добиле отказ. Со самото тоа оштетени и засегнати би биле голем број на фамилии.  Јас лично се плашам дека со овој закон, мојата фирма нема да може да опстане и дека јас и многу други ќе останеме без работа. А каде би оделе после,  кога сега е најтешко да се најде работа“– се наведува во дел од коментарите на вработените, меѓу кои има и по двајца вработени од едно семејство. На предлог измените на Законот, преку коментари се обидуваат да влијаат и деловни соработници кои наведуваат дека преку соработката со компании од игрите на среќа се во можност да исплатат плати на своите вработени, да ги платат давачките кон државата на време и да ја унапредуваат својата работа технички, но и со дополнителни вработувања. Воедно и двете стопански комори, СКМ и ССКМ, ги поднесоа своите забелешки на ЕНЕР каде генерално се истакнуваат придобивките за државата од работењето на игрите на среќа и ризиците од згаснувањето на оваа стопанска гранка. „Сумирано, сите засегнати страни од овие законски измени, практично го потврдуваат она на што ние постојано укажуваме, но државата досега не покажа слух. Нашите позиции се јасни,  законот е целосно контрадикторен, економски неиздржан и правен без анализи на импликациите од него. Од една страна се планира зголемување на, ионака највисоките даноци во Европа кои ги плаќаме, а од друга страна се прават обиди да се згасне целата гранка и да се остават над 8000 луѓе на улица. Тоа нема никаква логика, ниту ќе има некаков економски позитивен ефект, напротив ќе се случи економско цунами, а државата ќе загуби над 250 милиони евра кои на годишно ниво се слеваат во државната каса„- велат од АСОМ и додававаат дека приредувачите на игрите на среќа и нивните вработени се подготвени да ги преземат сите мерки овој спорен закон да не се донесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-povekje-od-250-komentari-na-ener-gi-potvrduvaat-negativnite-posledici-od-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/feed/ 0
АСОМ: Со предлог измените на Законот на игрите на среќа, илјадници вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-predlog-izmenite-na-zakonot-na-igrite-na-srekja-iljadnici-vraboteni-na-ulica-i-otvoranje-pat-za-nelegalno-oblozuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-predlog-izmenite-na-zakonot-na-igrite-na-srekja-iljadnici-vraboteni-na-ulica-i-otvoranje-pat-za-nelegalno-oblozuvanje/#respond Mon, 05 Apr 2021 10:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=492489

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и изразува жалење што и покрај многуте обиди од нивна страна за конструктивно делување во унапредување на регулативата, повторно се предлагаат измени кои водат кон затворање на цела една стопанска гранка, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. Забелешките на Асоцијацијата кои во најкус можен рок ќе бидат и официјално доставени преку ЕНЕР се однесуваат на зголемувањето на даноците и давачките, правните имликации по однос на скратување на стекнатото деловно право преку важечките лиценци, но пред сé на оддалеченоста од 500 м на деловните објекти од образовните инсититуции.
„Измените за одалечување на деловните објекти се целосно неприфатливи и подготвени сме силно да се спротивставиме на ваквиот предлог. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места, односно гасење на целата стопанска гранка. Со ова директно се загрозува егзистенцијата на повеќе од 8.000 семејства, односно повеќе од 8.000 вработени кои преку ноќ ќе останат без работа. Ефектите од ова ќе се прелееат и врз други стопански гранки како и врз повеќе од 50.000 работни места, кои индиректно зависат од нашата работа.“– велат од Асоцијацијата.
Дополнително АСОМ посочува дека со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и укажуваат на домашни и меѓународни правни импликации доколку им се скрати ова право на компаниите. Иако во повеќе наврати досега, АСОМ укажуваше дека ваквото законско решение ќе создаде услови за развој на сивата економија и нелегалното обложување, институциите не ги земаа предвид овие последици при носење на предлог измените на Законот.
„Несфатливо е како инстуциите не можат да ги предвидат ризиците од измените на Законот кои се предлагаат. Ако ние ставиме клуч на врата на легалните спортски обложувалници, практично ќе згасне една веќе добро регулирана стопанска гранка. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето, играчите ќе бараат алтернатива, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците. Ова де факто ќе значи дека државата ќе се соочи со нелегално обложување и ќе отвори пат за развој на сива економија“- предупредуваат од АСОМ.
Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во РС Македонија и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите. Aко интенцијата на Регулаторот била да се зголемат приходите на државата, истиот мора да го земе предвид фактот дека тие средства едноставно нема да можат да се наплатат. Сосема спротивно на тоа, тие драстично ќе се намалат, бидејќи ќе следи забрзано затворање на уплатно-исплатни места и губење на работни места на илјадници граѓани.
„Каква нелогичност е зголемувањето на даноците, наспроти растојанието на кое нé обврзуваат. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата не само што нема да има бенефит од поголеми даноци, туку ризикува да изгуби повеќе од 250 милиони евра кои од игрите на среќа се слеваат во државниот буџет. Ова само потврдува дека законските измени се направени без економски анализи и без да се земат предвид импликациите врз државната економија која во моментов е силно погодена од пандемијата.“ – истакнуваат од АСОМ.
Конечно, заклучоците на Асоцијацијата се дека ова не е европски закон. Европските закони не предвидуваат оддалеченост на објектите, затоа што ниту едно истражување во светот не покажало дека близината на објектите до образовните институции влијае врз навиките на младите. Законодавната пракса во европските земји не познава ограничувања, туку превенција која се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.
„И кај нас, во постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот 20 кој вели „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа и не им е дозволен влез во просториите во кои се приредуваат игрите на среќа“.- нагласуваат од АСОМ и бараат стопирање на процесот и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на современ закон по европски терк.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-predlog-izmenite-na-zakonot-na-igrite-na-srekja-iljadnici-vraboteni-na-ulica-i-otvoranje-pat-za-nelegalno-oblozuvanje/feed/ 0