Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 10:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Претседателот да ги разгледа сите околности за непотпишување на указот доколку Собранието ги усвои скандалозните и противуставни измени на законот за игри на среќа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-da-gi-razgleda-site-okolnosti-za-nepotpishuvane-na-ukazot-dokolku-sobranieto-gi-usvoi-skandaloznite-i-protivustavni-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-da-gi-razgleda-site-okolnosti-za-nepotpishuvane-na-ukazot-dokolku-sobranieto-gi-usvoi-skandaloznite-i-protivustavni-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-sreka/#respond Mon, 03 Apr 2023 10:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=819431

На наше барање, претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ остваривме средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Г-дин Стево Пендаровски. Споделивме со Претседателот на Републиката дека на 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени со цел нашето практично искуство да биде искористено за изработка на одржливо законско решение. За жал, и покрај писменото ветување на Министерството за финансии од 19 декември 2022 дека после изготвувањето на првичниот драфт на измените ќе ни се овозможи како засегната страна да се вклучиме со свои мислења и коментари, тоа не се случи. Изразивме загриженост што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации. Особено што во предложените измени има серија одредби кои се скандалозни и не се во согласност со Уставот. Наведовме дека согласно член 122 став 2 од Деловникот на Собранието, на 07 март 2023 се обративме со Барање за учество на наши претставници на евентуалната седница на Комисија за европски прашања, на која ќе би бил разгледуван Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Откако го информиравме Претседателот на Републиката за крајно штетните последици кои неминовно следат доколку овие законски измени бидат усвоени од Собранието, побаравме да разгледа дали според неговите критериуми постојат доволно услови согласно член 75 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија да го искористи правото да не го потпише указот за прогласување на Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри и истиот да го врати на Собранието на повторно разгледување поради тоа што се работи за скандалозни и противуставни одредби. Предупредивме дека доколку овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Доколку надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред. Станува збор за 10 илјади семејства кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност. (ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД СООПШТЕНИЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-da-gi-razgleda-site-okolnosti-za-nepotpishuvane-na-ukazot-dokolku-sobranieto-gi-usvoi-skandaloznite-i-protivustavni-izmeni-na-zakonot-za-igri-na-sreka/feed/ 0
Нема да има новогодишни прослави во клубовите Адмирал, Астра, Апекс и Казино Фламинго Хотел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/#respond Wed, 16 Dec 2020 17:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=444225

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот. – Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со Ковид-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза, стои во соопштението од АПИС, во врска со денешните информации дека наводно во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави. Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. – За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. Минатиот месец во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, нашите вработени, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, учествуваа во голема хуманитарна акција за донирање крвни единици која се спроведе во нашите работни простории, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/feed/ 0